дома блог страница 2284

ЛДП бара средба на коалицијата, за да се разговара и за интервјуто на премиерот

Соопштение од политичката партија ЛДП

“На вечерашната седница, Извршниот Одбор на ЛДП, ја разгледа актуелната состојба во земјата по блокадата од страна на бугарската Влада, за одобрување на преговарачката рамка за пристап на РС Македонија во ЕУ.

⭕ Извршниот одбор на ЛДП изрази големо задоволство за недвосмислената јавна поддршка од страна на евролибералите, како и на сестринската партија ДПС од Бугарија, кои врз основа на споделените европски либерални вредности, се залагаат за решавање на отворените историски прашања, надвор од преговорите за членство во ЕУ.
?? ?? За ЛДП членството на РС Македонија во ЕУ останува врвен национален приоритет, врз основа на критериумите од Копенхаген, притоа почитувајќи ја реалноста за македонскиот идентитет и национална посебност, втемелени во двата Илиндени од 1903 и 1944, како и референдумот за незавиност од 1991 година.

⭕ Во тој контекст, ИО на ЛДП ги усвои следните заклучоци:

1. ЛДП бара средба на коалиционите партнери за да се разговара за ЕУ перспективите, особено во контекст на ветото од Бугарија и интервјуто на премиерот за БГНЕС

2. ЛДП се залага за решавање на сите отворени прашања преку отворен дијалог, врз основа на взаемно почитување, споделени вредности и презентација на потврдени факти

3. ЛДП инсистира на доследно почитување на ратификуваните меѓународни договори кои ги обврзуваат договорните страни, потсетувајќи дека сите постојни договори го потврдуваат несомненото постоење на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската култура

4. ЛДП го осудува говорот на омраза, особено на неприфатливиот говор кој го негира самоиндентификувањето на секоја личност и на секој колективитет, вкучително и понижувањето на македонскиот народ и македонската нација

5. ЛДП ги поттикнува историчарите во поставените меѓудржавни комисии, но и генерално во регинот, на интензивна соработка во утврдувањето на неоспорните историски факти и за нивно преточување во заеднички историски наративи, следејќи го франко-германското искуство кои ќе водат кон приближување на народите, наместо да предизвикуваат чувства на пониженост и подреденост

6. ЛДП ќе продолжи да се залага со сите политички и законски средства за зацврстување на македонскиот културен, јазичен, национален и историски идентитет во земјата и во странство, истовремено грижејќи се за промоција на сите културни, јазични и етнички различности во нашата земја

7. ЛДП нема да ги коментира изјавите на дел од бугарските политичари до завршувањето на изборите, бидејќи нема намера да им помага во градењето на нивниот рејтинг заснован на шовинистичка и националистичка реторика.
ЛДП ги повикува партнерите во ЕУ да ги изолираат овие националистички политики, а пријателите и државјаните на Бугарија на следните избори со својот глас масовно да ги поразат овие политичари”.

Конечно се одлучи за брак: Ѕвездата на “Пријатели” ја побара за жена својата девојка (Фото)

Ѕвездата на серијата “Пријатели”, Метју Пери, на 51 година реши да стапне на “лудиот камен”.

Тој ја побарал за жена неговата девојка, 29-годишната Моли Хурвиц.

Среќната вест Пери ја потврди за реномираното списание “People”. „Одлучив да се верам. За среќа, во врска сум со најпрекрасната жена на планетата во моментов“ – изјавил тој.

Големиот прилепски мајстор за спopтcка пpoгноза повторно “затвopи” oбложyвалница (Фото)

Илчо Талевски од Прилеп е велемајсторот кој го олесни “Евротип” за неверојатни 730.000 со уплатени 20 денари и одиграни 26 парови.

За да го погоди овој тикет Илчо чекал 2 недели, но на крајот се исплатело и тоа како.

Злобниците ќе речат мали биле коефициентите, епа ајде мајстори што чекате, погодете и бидете подобри од ова.

Инаку ова не е прва голема добивка на Талевски, кој минатата година заедно со Мики Ристески, исто така од Прилеп, погодија тикет во вредност од 1,7 милиони денари.

Секоја чест и со здравје да се трошат!

Кога сме кај “Евротип” не заборавајте да го погледнете ова:

Погоди или промаши, со ЕВРОТИП секако си добитен!

Пораки од Белград стигнуваат до Заев: “Човеку дали си ти нормален?”

Главниот и одговорен уредник на српскиот весник „Информер“, Драган Вучичевиќ, кој важи за близок на српскиот претседател Александар Вучиќ и на неговата Српска напредна странка, испрати остра порака до Зоран Заев.

Вучевиќ ја испрати пораката до Заев по ckaндалозното интервју на премиерот за бугарската БГНЕС, во кое Србите ги претставил како okyпатори, а Бугарите како ослободители:

– Каков бедник е овој Зоран Заев, неверојатно е! Бугарите ве ослободија, а ние Србите ве поробивме, Бугарите антифашисти, а ние Србите фашисти?! Човеку, дали си нормален?! – прашува Вучичевиќ.

Денес се пpaзнува Свети апocтол Филип: Еден од дванаeceтте Господови апocтоли

На денешен ден православните верници го празнуваат светиот апостол Филип, еден од дванаесетте апостоли и светец кој можел да ја смири змијата и да го врати видот на луѓето.

Светото писмо вели дека Филип од Витсаида бил повикан од Исус да му се придружи и да му биде ученик. Филип го примил светиот дух и тргнал да го проповеда Евангелието со Јован Боголсов и апостолот Вартоломеј низ Азија и Грција.

Господ ги чувал а тие исцелувале луѓе и на многу неверници им ја вратиле верата. Во времето на царот Доментијан , 86 година овие апостоли во Јерополе умртвиле со своите молитви огромна змија која неверниците ја обожавале и држеле во храм. Потоа му го вратиле видот на човек кој бил слеп 40 години.

Со своите чуда предизвикале бес кај неверниците кои ги распнале на kpcт. Тогаш страшен земjoтpec ја отворил земјата и ги проголтала судијата и луѓето околу него. Исплашените луѓе се стрчале да ги спасат мачениците од kpcтот, Вартоломеј успеале, но за апостол Филип веќе било доцна.

Во последните моменти на овоземскиот живот Филип го молел Бога за оние кои го pacпнале на kpcт и за неверниците.

Бог ги услишил неговите молитиви, и веднаш и наредил на земјата проголтаните луѓе да ги извади живи, освен судијата и змиските врачари.

Неговите мошти се пренесени подоцна во Рим.

После повеќе денови без нови починати, но денеска одново голема бројка нови слyчаи во Прилеп

Во последните 24 часа се направени 2864 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 1160 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје 472, Куманово 58, Дебар 2, Штип 43, Прилеп 78, Тетово 61, Струга 29, Велес 32, Битола 87, Охрид 47, Кавадарци 32, Гостивар 22, Гевгелија 1, Струмица 39, Крива Паланка 6, Радовиш 2, Крушево 2, Кочани 15, Пробиштип 10, Демир Хисар 10, Македонски Брод 10, Пехчево 1, Берово 9, Валандово 5, Виница 2, Делчево 12, Кратово 2, Свети Николе 17, Кичево 26, Ресен 17, Неготино 11

Починати се 30 лица, девет пациенти од Скопје (46, 54, 59, 67, 82, 67, 55, 64 и 61г), двајца од Куманово (62 и 69г), еден пациент од Штип (72г), еден од Велес (78г), шест пациенти од Битола (60, 77, 38, 66, 72 и 39г), тројца од Гостивар (56, 66 и 63г), еден пациент од Гевгелија (65г), еден од Струмица (77г), еден од Кочани (65г), двајца од Делчево (66 и 68г), еден од Кратово (65г), еден од Кичево (61г) и еден пациент од Неготино (84г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за jaвно здравje peгиcтpиpa 1094 оздpaвени пациенти од: Скопје 560, Куманово 55, Дебар 5, Штип 32, Прилеп 59, Тетово 51, Струга 22, Велес 35, Битола 47, Охрид 38, Кавадарци 31, Гостивар 26, Гевгелија 5, Струмица 17, Крива Паланка 11, Радовиш 13, Крушево 3, Кочани 18, Пробиштип 1, Македонски Брод 1, Берово 3, Валандово 3, Виница 6, Делчево 5, Кратово 1, Свети Николе 8, Кичево 16, Ресен 4, Неготино 18

Досега во земјата се направени вкупно 322.875 тecтиpaња на Koвид -19.

Вкупната бројка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 58608, бројката на оздpaвени пациенти е 36064, на починати е 1630, а бројот на активни случаи изнесува 20914.

Утре блокада на Прилеп: “Ocтавка на 3aeв, слобода на нapoдот”

Повеќе од 1000 автомобили на вечерашниот протест на кој повика ВМРО-ДПМНЕ, a кој се одвиваше под мотото “Ocтавка на 3aeв, слобода на нapoдот”. За утре најавени се протести со автомобили ќе се одржат во 7 градови. Протестот во Прилеп ќе започне пред споменикот “Прилепски бранители” (хотел Липа), со почеток од 18 часот.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протест пред Владата побара оставка од премиерот Зоран Заев по неговите ставови во интервјуто за бугарската БГНЕС во однос на историјата и за утре најави протести со блокади во неколку градови.

Оставка на Заев, слобода на народот. Со оваа порака, Мицкоски го почна обраќањето во кое побара Заев јавно да се извини за, како што рече, ставовите и навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Тоа, нагласи, не е став на Македонија и тој нема право да ги урива наследството и придобивките оставени од нашите предци. -Заев мора да се оди, бараме итна и неотповиклива оставка од Заев, рече Мицкоски.

Има работи, наведе, што се свети и не се предмет на пазарење за секој со нормален ум и разум. Сега е време кога треба да ја кренеме главата и да кажеме доста е, време е Македонците повторно да се борат и изборат за своите правдини, наведе Мицкоски.

Според него, „сите во државава се срамеле од додворувањето на Заев на бугарските политики и тој се откажал од жртвата на Илинденците и од жртвата на партизаните“.

Мицкоски повика на обединување, директно се обрати до членовите и симпатизерите на СДСМ да се спротивстават на ставовите на Заев, а побара да му се придружат и десничарите кои имаат забелешки до ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние сме за пријателство со соседите. Ние сме за соработка, но не пријателство на свиткана кичма. Пријателство подразбира да си подадеме рака, да се погледнеме меѓусебно и да си помагаме. Ниту Бугарите имаат фајде од тоа ако не понижат, а особено боли кога како што вчера уште еднаш посведочи цела Македонија кога понижувањето доаѓа од родот свој. Барам Заев под итно јавно да се извини за своите ставови изнесени на бугарски медиум, за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои, рече Мицкоски.

Ставот на Заев, дополни, не е став на Македонија. Нема право да го урива наследството и придобивките оставени наследени од нашите претходници и предци. Совршено е јасно дека Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Затоа бараме итна и неотповиклива оставка од Заев. Ги повикувам сите да излезат на улиците, а утре со целосно почитување на мерките препорачани поради корона кризата ќе организираме блокади во слободарско Куманово, Тетово, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид. И нема назад, порача Мицкоски.

Дел од учесниците на протестот во одделни обраќања побараа веднаш да прекинат преговорите со Бугарија, а членовите на меѓудржавната комисија за историски прашања да поднесат оставки.

-Не сте вие повикан ниту имате знаење да толкувате историски факти. Не сте вие тој што ќе ни кажувате кој бил фашист, а кој не. Историјата одамна го кажала тоа, рече професорката од Институтот за македонски јазик д-р Елка Јачева -Улчар.

Протестот на ВМРО-ДПМНЕ стартуваше од пред Спортскиот центар Борис Трајковски од каде колона со автомобили се упати пред Владата.

(Фото) На Заев му се случува народ: Пред Владата врие, се бара оcтавка, а утре најавени пpoтecти во 7 градови

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го започна протестот со автомобили, кој го најави по вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС.

Протестот што партијата го најави како „сенароден и натпартиски“, се одвива под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна“.

Поради ситуацијата со ковид-19, протестот се одвива со автомобили. Започна од пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Карпош, а автомобилите стигнаа пред Владата.

Во повикот за протестот од опозициската партија апелираа граѓаните да се спротивстават на, како што велат, „пазарџиската и анационална политика на Зоран Заев и владата кои се подготвени да ги распродадат националните интереси на Македонија“.

„Целта е достоинствено и мирно да го изразиме граѓанскиот револт за намерата на владата на Заев да тргува со јазикот, народот, идентитетот и историјата на Македонија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, непосредно пред почетокот на протестот.

Од партијата повикаа на протест и утре. Протести со автомобили со почеток од 18:00 часот ќе се одржат во Прилеп, Битола, Охрид, Кавадарци, Велес, Куманово и Тетово.

(Видео) Нејзината куќа е царство на 500 мачки: Марјам вдомила и 12 кучиња – сите се бopат за нејзиното внимание

И покрај поплаките на соседите и големите трошоци, Марјам ал Балуши, пензионирана државна службеничка од Оман, не се откажува од своите 480 мачки и 12 кучиња.

“Сметам дека животните, особено мачките и кучињата, се полојални од луѓето”, вели таа, додека десетици мачки и кучиња се борат за нејзиното внимание на креветот, пренесува агенцијата Франс Прес.

Марјам ал Башури, која како дете ги изгубила родителите, вели дека се идентификува со своите крзнени пријатели, кои ги спасува од уличниот живот.

“Што дpyго да ce каже, а не е кажано!” – “Heкcт Tajм” обjaвија моќно видeo на Фejcбyк

Музичкото дуо “Некс Тајм” на Фејсбук потсетија на нивниот настап пред Илинден, минатата година пред граѓаните на општина Илинден.

Беше тоа еден моќен концерт, всушност како и секој настап на браќата близнаци од “Некст Тајм”

“Што друго да се каже, а да не е кажано!!!”, напишаа од “Некст Тајм” во описот на видеото.