дома блог страница 2283

Комуналец им е прв комшија, а околу нив има цела прашума (Фото галерија)

Руинирани ходници, тавани пред распаѓање, клозети во мизерна состојба, а капак на се и цела прашума околу објектот.

Во вакви услови работат административците во старата општинска зграда во Прилеп, каде секојдневно стравуваат да не доживеат повреда на работното место.

Во оваа зграда моментално функционираат: Управата за имотно правни работи, Подрачното одделение за земјоделие, подрачното одделение за правда, канцеларија на министерството за транспорт и врски, подрачно одделение на министерството за економија, пазарниот инспекторат, Општинската изборна комисија и уште десетина невладини организации од кои 2-3 за деца со посебни потреби.

Местото наликува на некој запуштен објект во кој никој не стапнал во изминатите 20-30 години, нешто налик на сцените од градот Припјат кој бил испразнет поради нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Вработените велат дека сликата е иста во изминатите 3 години, и не се променила дури ни сега кога JKП “Комуналец” им се први соседи.

Пред една недела тука бил дојден и новиот министер за земјоделие Аријанит Хоџа кој самиот видел во какви услови работат административците од неговиот сектор.

Службениците велат дека дури кога врне низ ходниците се движат со чадори, а на шега велат и дека се отпорни на корона со оглед на условите во кои работат.

Во продолжение нешто и од минатата година:

Во оваа прашума и мизерни услови работат државни службеници: Сцени како во напуштениот град Припјат кај Чернобил (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

(Видео) Виолетово небо ги изненади граѓаните: Причината за тоа е навистина бизapна

Граѓаните на шведскиот град Трелеборг биле изненадени кога го виделе виолетовото небо над себе, а како што се наведува во медиумите, причината за тоа се локалните оранжерии за домати.

Имено, луѓето од фармата одлучиле да го користат новото осветлување, со кое се штеди енергија, но не очекувале дека целата населба ќе биде виолетова.

Граѓаните велат дека се чувствуваат како да живеат во некој научно-фантастичен филм.

Како што изјавуваат од фармата, светлината би требало да им помогне и во зголемување на производството. Меѓутоа, соседите воопшто не се задоволни, па работниците на фармата го исклучуваат светлото од 17 до 23 часот.

(Видео) Каракачанов: “На Бугаринот “акалот” му иди другиот ден, така и на Заев”

Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, повторно се шегува на сметка на премиерот Заев.

– Постои стара бугарска поговорка која вели: “На Бугаринот акалот му иди другиот ден, па така и со колегата Заев”. Дали му верувам или не, не е важно. Јас не верував на изјави и на интервјуа, кога гледам што се случува, вели Каракачанов.

Тој истакна дека доколку Македонија ги исполнувала обврските изминатите три години, во овој момент немало да се разговара на ваков начин.

Празници за време на пандемиja: Еве како ќе се прославуваат Божиќ и Нова година во Европа

Факт е дека 2020-та беше далеку од свечена година, но со оглед на тоа дека се ближи нејзиниот крај, многу европски влади се трудат да ги избегнат строгите мерки за време на божиќните и новогодишните празници.

Иницијативата за спасување на прославите доаѓа откако другите верски празници, вклучувајќи ги и христијанските, последните неколку месеци се прославени скромно.

Владата на Велика Британија ги објави плановите за привремено ублажување на рестрикциите на пет дена, од 23 до 27 декември, со што ќе овозможат до три семејства заедно да го прославуваат Божиќ.

Тоа значи дека мали групи на семејства и пријатели ќе можат да се собираат, можеби и за прв пат по неколку месеци. Англија во моментов е под вториот кapaнтин, а забележа над 1,5 милиони случаи на Koвид-19.

“Божиќ ќе биде поинаков оваа година. Многумина од нас сакаат да поминуваат време со семејството и пријателите, без оглед на вера и потекло, а сепак не смееме да заборавиме да бидеме внимателни. Виpycoт не знае дека е Божиќ”, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

„Ако епидемиолошката состојба продолжи да се подобрува, карантинот ќе биде укинат на 15 декември и ќе биде заменет со полициски час низ целата земја од 9 до 7 часот наутро, освен на 24 и 31 декември, кога движењето ќе биде слободно“, рече претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Филипче: “Добро се менаџира во Прилеп” – Дали ова видео е доказ за тоа?

На денешната прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче, новинар на ТВ “ТЕЛМA” побара негов став околу барањето на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, за воведување карантин во градот.

Филипче истакна дека во текот на вчерашниот ден телефонски разговарал со градоначалникот и истакна дека според мислењето на епидемиолозите, засега нема потреба од водедување на карантин во градот.

“Епидемиолозите сметаат дека таква мерка нема потреба да се направи, затоа што добро се менаџираат болничките капацитети. Но, ние ќе имаме утре средба, да разработиме некои податоци и случувања во Прилеп”, истакна Филипче.

Во меѓувреме на социјалните мрежи кружи видео инсерт од вестите на ТЕЛМА, а е снимен во болницата “Борка Талески” во Прилеп:

Битолчанец на едноставен начин обезбеди киcлopoд за сите пациенти во битолската болница: Лекот е пет пapи, ама на кој да му текне (Фото)

Досетлив битолчнаец на едноставен начин успеа да обезбеди кислород за сите пациенти во битолската клиничка болница.

Неговиот Фејсбук статус во целост го пренесуваме во продолжение:

“Имало и такви денови кога можеме да се пофалиме, а и да ја покажеме нашата солидарност и да побарам поддршка од сите вас лекари, медицински сестри, а и обични граѓани кои имате роднини или пријатели кои се медицински лица во другите градови низ Македонија. Еве за што се работи.

Знаеме дека најголем проблем за медицинските лица и за пациентите по болниците низ цела Македонија е снабдувањето на пациентите со кислородна поддршка.

Кога бев хоспитализиран на инфективно, деноноќно гледав како сестрите растрчани бараа места за пациенти на кои им треба кислород, а беше голем проблем да се најди слободен приклучок. Да објаснам.

Во секоја соба се инсталирани по два кислородни приклучоци, а се сместени по три или четири пациенти. Замислете да имаат потреба тројца пациенти од кислород, а веќе двата се зафатени.

Тој проблем со мојот чичко го решивме и сега цела инфективна болница имаат во секоја соба по четири маски за дишење. Како???

Откако ме отпуштија, по два дена го хоспитализираа мојот чичко со лош наод на бронхопневмонија и сатурација 84 и требаше веднаш да прима кислород. Го ставија во соба со двајца пациенти кои веќе користеа кислород. За него немаше, но рекоа дека ќе го преместат за скоро.

Јас испаничен го завртев цел град за да најдам боца со кислород, но не најдов. Кога бев на болница забележав дека сите кои користат кислород, не го користат цел капацитет од регулаторот, туку 90% од пациентите користеа 7 или 8 кислородни единици, а регулаторите беа до 16.

Така дојдов до идеја од еден регулатор со Т спојка која може да се набави во секој дуќан за автоделови, да направам да дишат двајца пациенти. Купив антибактериско црево, маска и спојка и му ги однесов на болница кај мојот чичко. Тој направи бајпас на уредот и го приспособи да можат двајцата со цимерот да го користат.

По два дена откако видовме дека успешно работи, ја исконтактирав директорката Билјана Гагачева која по полчас убедување ми дозволи да им комлетирам еден уред кој потоа го тестираа и успешно помина. Потоа ми се јави и ме замоли да направиме за цела болница.

Чичко ми, иако хоспитализиран, цел ден правеше адаптери и ја обезбедивме цела болница. По четири дена, синоќа, добив порака од директорката дека сите успешно работат и дека пациентите се обезбедени со кислород. Еве како тоа изгледа.

Старите велат лекот е петпари само треба да се најди. Ве молам сите кои имате пријатели и роднини медицински лица низ другите градови, споделете за да им помогнеме да се обезбедат и тие”.

Филипче: “Нема потреба од кapaнтин во Прилеп, добро се менаџира”

На денешната прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче, новинар на ТВ “ТЕЛМA” побара негов став околу барањето на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, за воведување карантин во градот.

Филипче истакна дека во текот на вчерашниот ден телефонски разговарал со градоначалникот и истакна дека според мислењето на епидемиолозите, засега нема потреба од водедување на карантин во градот.

“Епидемиолозите сметаат дека таква мерка нема потреба да се направи, затоа што добро се менаџираат болничките капацитети. Но, ние ќе имаме утре средба, да разработиме некои податоци и случувања во Прилеп”, истакна Филипче.

Исто така министерот додаде дека утре ќе го разгледале прашањето и за повикот до матичните лекари да се вклучат во дежурствата на Инфективното одделение.

Секој ден нова донација: Mozzart донираше лаптопи и во Kлиниката за детcки болecти (Фото)

Продолжуваат хуманитарните кампањи на компанија Mozzart, која овој пат донираше лаптоп компјутери во Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Лаптоп компјутерите ќе бидат наменети за реализација на проект за психолошка онлајн поддршка на децата кои се лекуваат на хемато-онколошкото одделение и за нивните родители. Со оваа поддршка децата и родителите ќе имаат можност полесно да го надминат овој неверојатно тежок период, кој дополнително им се отежнува со оглед на пандемијата на коронавирусот, заради што се приморани уште долго да престојуваат изолирани без контакти со надворешната средина.

Од ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести се заблагодарија на донацијата која им била неопходна за да можат да го спроведат проектот за психолошка онлајн поддршка на родителите и децата кои се лекуваат на ова одделение на Клиниката.

„Во ова тегобно време за сите, особено за децата, секој добар збор и дело значат многу. Убедена сум дека со помош на оваа донација, децата пациенти, но и нивните родители, барем за кратко, виртуелно ќе и се откраднат на короната и ќе зборуваат за новото утре, за новите планови и авантури кои им претстојат на децата. Во име на децата во болницата и медицинскиот персонал на Клиниката за детски болести, благодарност до компанија Mozzart за донацијата.“ – изјави директорката на Клиниката, Д-р. Аспазија Софијанова.

На доделувањето на донацијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар – Саша Богдановиќ, кој ја поздрави оваа акција на компанијата Mozzart.

„Го поздравувам проектот на компанијата Mozzart, кои донираа 5 лап топ компјутери за онлајн психолошка поддршка на дечињата во Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Во време на прогласена глобална пандемија на коронавирус, подадената рака и поддршката за нашите деца е повеќе од важна и потребна. Оваа благородна акција нека биде повод и пример и за други општествено одговорни компании и тие со своите активности и во доменот на своите можности да помогнат и придонесат во овие специфични времиња, затоа што само така, сите заедно, полесно ќе ја пребродиме оваа тешка моментална состојба.“ – изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Од Mozzart велат дека во овие тешки моменти во услови на глобална криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, потребно е да се прилагодиме на новата ситуација која налага голем дел од активностите да бидат онлајн, за што се неопходни и дигитални уреди. Токму затоа, периодов тие донирааат компјутери, а покрај донацијата во ЈЗУ Клиниката за детски болести, донираат и лаптоп компјутери во основни училишта, наменети за ученици од социјално ранливи категории, со цел непречено следење на онлајн наставата во услови на Ковид-19.

„Нашата компанија преку различни и бројни акции континуирано го поддржува здравствениот систем, а се надеваме дека со оваа донација ќе помогнеме во успешно спроведување на проектот за психолошка онлајн поддршка на децата кои се лекуваат на хемато-онколошкото одделение во Клиниката и за нивните родители. Ова не е прв пат да ја посетиме ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести. Досега таму дониравме медицинска опрема во вкупна вредност од 1.100.000 денари, понатаму дониравме прочистувачи на воздух во рамки на кампањата „Хуманитарен тикет за викенд“. Уште од почетокот на пандемијата, компанија Mozzart постојано реализира општествено одговорни активности во сите сфери и области, со цел полесно надминување на кризата и справување со предизвиците кои таа ни ги носи. Подготвуваме и нови хуманитарни акции кои ќе се реализираат во наредниот период.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.

Компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Covid-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа финансиски средства, пакети со храна, телевизори, компјутери, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од оштеството.

3aeв пpeд cyдот: Beљанocки, Jaнакиecки и Риcтecки не ce opганизатopи и ocмислувачи на „27 април“

Премиерот Зоран Заев денеска пред судот посочи дека обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристески не се организатори на настаните од 27 април. Тој на општо изненадување посочи дека тие не се главните виновници, иако процесот се води против нив.

-Сметам дека тие не се организатори, мотиватори, туку дека тоа е Никола Груевски. Овие луѓе се изнамипулирани од страна на Груевски и не е коректно за правниот систем да се води ваква постапка, рече Заев.

ЛДП бара средба на коалицијата, за да се разговара и за интервјуто на премиерот

Соопштение од политичката партија ЛДП

“На вечерашната седница, Извршниот Одбор на ЛДП, ја разгледа актуелната состојба во земјата по блокадата од страна на бугарската Влада, за одобрување на преговарачката рамка за пристап на РС Македонија во ЕУ.

⭕ Извршниот одбор на ЛДП изрази големо задоволство за недвосмислената јавна поддршка од страна на евролибералите, како и на сестринската партија ДПС од Бугарија, кои врз основа на споделените европски либерални вредности, се залагаат за решавање на отворените историски прашања, надвор од преговорите за членство во ЕУ.
?? ?? За ЛДП членството на РС Македонија во ЕУ останува врвен национален приоритет, врз основа на критериумите од Копенхаген, притоа почитувајќи ја реалноста за македонскиот идентитет и национална посебност, втемелени во двата Илиндени од 1903 и 1944, како и референдумот за незавиност од 1991 година.

⭕ Во тој контекст, ИО на ЛДП ги усвои следните заклучоци:

1. ЛДП бара средба на коалиционите партнери за да се разговара за ЕУ перспективите, особено во контекст на ветото од Бугарија и интервјуто на премиерот за БГНЕС

2. ЛДП се залага за решавање на сите отворени прашања преку отворен дијалог, врз основа на взаемно почитување, споделени вредности и презентација на потврдени факти

3. ЛДП инсистира на доследно почитување на ратификуваните меѓународни договори кои ги обврзуваат договорните страни, потсетувајќи дека сите постојни договори го потврдуваат несомненото постоење на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската култура

4. ЛДП го осудува говорот на омраза, особено на неприфатливиот говор кој го негира самоиндентификувањето на секоја личност и на секој колективитет, вкучително и понижувањето на македонскиот народ и македонската нација

5. ЛДП ги поттикнува историчарите во поставените меѓудржавни комисии, но и генерално во регинот, на интензивна соработка во утврдувањето на неоспорните историски факти и за нивно преточување во заеднички историски наративи, следејќи го франко-германското искуство кои ќе водат кон приближување на народите, наместо да предизвикуваат чувства на пониженост и подреденост

6. ЛДП ќе продолжи да се залага со сите политички и законски средства за зацврстување на македонскиот културен, јазичен, национален и историски идентитет во земјата и во странство, истовремено грижејќи се за промоција на сите културни, јазични и етнички различности во нашата земја

7. ЛДП нема да ги коментира изјавите на дел од бугарските политичари до завршувањето на изборите, бидејќи нема намера да им помага во градењето на нивниот рејтинг заснован на шовинистичка и националистичка реторика.
ЛДП ги повикува партнерите во ЕУ да ги изолираат овие националистички политики, а пријателите и државјаните на Бугарија на следните избори со својот глас масовно да ги поразат овие политичари”.