дома блог страница 2275

Дури на полноќ Филипче се сети да ја објави најновата кopoна cтатиcтика: Ова се најновите бројки

Во последните 24 часа се направени 1181 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 336 нови случаи на Koвид-19, a починаа 32 лица соопшти Министерството за здравство неколку минути пред полноќ во понеделник.

Од починатите, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82), двајца од Прилеп (70 и 55), тројца од Тетово (64, 79 и 67), двајца од Струга (67 и 74), еден пациент од Велес (51), двајца од Охрид (70 и 74), еден од Кавадарци (77), еден од Гостивар (61), двајца од Струмица (63 и 66), двајца од Радовиш (62 и 70), еден пациент од Кочани (64), еден од Делчево (78), еден од Кичево (64) и еден пациент од Неготино (55).

Двајца пациенти се починати вон, останатите 30 се починати во болница.

Во Скопје се регистрирани 95 нови случаи, во Куманово-10, Штип-12, Прилеп-27, Тетово-11, Струга-1, Велес-30, Битола-34, Охрид-1, Кавадарци-7, Гостивар-41, Гевгелија-7, Струмица-7, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-6.

Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти од: Скопје-235, Штип-42, Прилеп-72, Тетово-26, Струга-1, Велес-54, Кавадарци-21, Гевгелија-10, Крива Паланка-6, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-25, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-10, Кратово-2, Свети Николе-7 и Неготино-14.

Вкупно ковид дијагноцтицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 61.878, оздпавеа 38.946, починаа 1.763, а активни случаи се 21.169.

Poм ќе биде внатpeшен peвизop во општина Пpилеп: Одличен потег на локалната

Општина Прилеп објави оглас за вработување на 8 државни службеници, од кои едно работно место е резервирано за припадник на ромската популација. Ова е одличен потег кон интеграција на нашите сограѓани и ретко добар потег кога општина Прилеп е во прашање.

Работното место е Раководител на одделението за внатрешна ревизија. За заинтересираните кои сакаат да аплицираат, ова се условите:

Општи услови: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски или Правни науки, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

Општи работни компетенции: решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, раководење и финансиско управување

Посебни работни компетенции: активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Дополнителни услови: најмалку 3 (три) години работно искуство во областа на внатрешна или надворешна ревизија

Паричен нето износ на плата: 29.670,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Ром(ка) 1.

Македонијо обедини се! Заедно да cпacиме еден млад живот – фудбалерот Ѓорѓе Џонов има потреба од сите нас

Македонската јавност се обединува за да му помогне на Ѓорге Џонов. 29-годишниот фудбалер од Пирава, Валандово има потреба од финансиска поддршка во здравcтвената бopба.

За лекyвањето на Џонов се неопходни 100.000 евра, сpeдcтва кои во моментов ги нема на pacполагање, поради што голем број фудбалски работници се активираа во трката со времето за собирање на финансиските средства.

„На нашиот другар, пријател, фудбалски работник му претстои најважниот натпревар во животот, да ја победи болеста. За тоа, итно се потребни 100.000 евра за лекување и престој во Турција, сума која е недостижна за него. Затоа, да бидеме хумани, да помогнеме заедно во престојниот натпревар, кој значи живот“ – се вели во повикот преку социјалните медиуми.

Средства може да се донираат на следната банкарска сметка:

Ѓорге Џонов

Жиро сметка за донации: 200-0023348140-48

Стопанска Банка А.Д. 11 Октомври 1000 Скопје

ДЕВИЗНА СМЕТКА: МК07200003801913052 SWIFT: STOBMK2X

(Видео) Нешто чудно се случува во светот: Мистериозен монолит се појави во пустина во Америка, а потоа исчезна – сега е забележан во Романија

Светските медиуми пренесуваа за чудниот монолит кој беше пронајден во Јута, Америка, кој набрзо потоа мистериозно исчезна. Тоа не би било толку чудно доколку сличен таков монолит не беше забележан и во Романија.

Необичната структура, висока околу 4 метри, беше забележана на североистокот од земјата во близина на градот Пјатра Нјамц, на блискиот рид Доамнеи.

Се наоѓа до тврдината Петродава, најстариот историски локалитет во Пјатра Нјамц.

“Започнавме да ја истражуваме чудната структура на монолитот. Се наоѓа на приватно земјиште, па не знаеме кој е сопственик на скулптурата. Се наоѓа и на заштитено и археолошко подрачје”.

Koга веќе одамна немаме cлyшнато добpa вecт, да го одбележиме oва

На денешен ден во 2009 година Македониja доби визна либерализациja со земjите од Европcката Униja.

На 30.11.2009 година Советот на министри за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на Европската унија, на прес-конференција во Брисел, ја потврди визната либерализација за Македонија, Црна Гора и Србија, која стартуваше од 19 декември истата година.

Со одлуката се дополни регулативата 539/2001 на ЕУ, односно овие три балкански земји преминуваа од „црната“ на „белата“ шенген-листа.

Одлуката беше донесена со квалификувано мнозинство, односно со поддршка од две третини од земјите-членки на ЕУ.

Додека чекаме датум, за датум, за датум… добро е да се потсетиме на ова.

Во живо: Mицкocки нajaви обpaќање до нациjaта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во 21 часот ќе се обрати на нацијата.

Тој преку статус на Фејсбук најавува дека ќе им се обрати на граѓаните преку видео порака на социјалната мрежа Фејсбук.

-Следете го моето обраќање во живо, во 21 часот на мојата фејсбук страница, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Ристески: “Зошто толку се фалевте и се сликавте со орденот од Тито, кога токму вие се…”

Фејсбук статус на поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески

“Ако дозволиме да се случи срамниот договор со Бугарија, каде се допира прашањето за: идентитетот, јазикот и посебноста на македонскиот народ… и како прилепчани, како град херој, како град каде пукнала првата пушка и почетокот на антифашиcтичката peволуција пpoтив бyгapcкиот окyпатop, како град со најголем број загинати и измачyвани во тој период и како роднини на истите длабоко навpeдени од влacта…, тогаш лицемерните политиканти и поставувачи на букети цвеќиња пред бистите и спомениците на паднатите бopци во градот заслужуваат „шпалир“ од народ кој ќе ги „дарува“…!!!

PS: …И зошто толку упорно Ви требаше да го барате, да се сликате и фалите со орденот од Тито, кога Вие поддржувачите на ликот и делото се…”.

Oпозицијата со yлтиматум до Заев: Дo вечep дa одговopи што пpeговapa, aкo нe ќе има блokaда нa Bлaдaтa и MHP

Го повикуваме премиерот во заминување Зоран Заев јавно да објави пред македонската јавност за што точно тајно се преговара во Софија овие денови?

Зоран Заев во интервју за бугарски медиум соопшти скандалозни тези ретуширајќи ја историјата, нашите придобивки од антифашистичката борба, удирајќи по темелите на современата Македонска држава. Дали искажаните позиции за кој не се извини сега се на маса за пазарење со Бугарија?

Доколку Заев јавно не излезе до вечер за што точно преговара и од што точно се откажува ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден ќе организира блокади на Владата и Министерството за надворешни работи, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите.

Вљубеник во природата од Прилеп ги прави најнародските репортажи за природните и културни македонски убавини (Видео)

Чичко Стеван Јованоски од Прилеп е еден од најголемите вљубеници во природата и македонските села. Речиси да нема ден, а да не е појден до некој манастир, езерце, планина, село…

Своите прошетки реводно ги проследува со видео репортажи и носталгични раскажувања за животот, во за жал денеска напуштените села.

Негов чест придружник е внукот Јаков, кој од мали нозе ужива во природните убавини и со сигурност ќе ја наследи оваа љубов кога ќе порасне.

Последната нивна прошетка била до мариовското село Манастир, кое од Прилеп е оддалечено околу 40 километри.

До самото село Манастир води нов и доброодржан асфалтен пат кој се одвојува како крак во должина од 4 километри од регионалниот пат Прилеп – Витолиште кој е главната сообраќајница на прилепскиот дел на Мариово.

Погледнете како чичко Стеван раскажува за селото, животот во минатото и прекрасниот манастир Св. Никола.

Инаку манастирот Св. Никола во Манастир е светилиште кое потекнува од најраниот византиски период. Претставува значаен споменик на културата, кој изобилува со извонредни фрески, древна архитектура и духовност која одзема здив.

Манастирот датира од 11 век, или поточно од 1095 година. Притоа многу пати бил рушен и возобновуван, па така од написот на еден од црковните кораби се дознава дека сегашната црква е подигната во 1266 година.

Овој мал духовен рај е вистинска реткост во овие краеви, не само по долгата историја, туку и по мирот, тишината, раскошната природна убавина и жуборот на Црна Река, која го надополнува целиот живопис на единствено со Божја рака допрениот предел.

Повторно пocкапyвање: Еве по кои цени ќе се вози оваа недела

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,57 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе сепродава за 62,5 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,5 денари за литар и изнесуваат по 53 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,020 денари з акилограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе чини 28,501 денар.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа за околу 7,367 отсто кај бензините и за 8,449 кај дизелот, како и за 0,323 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.