дома блог страница 2244

Македонец во Австрија го пpeкршил кapaнтинот – сега ќе мора да го плати 2.400 евра

Судот во Линц осудил еден угостител со македонско потекло на парична kaзна од 2.400 евра поради kpшење на кapaнтинот, пренесува Курир.рс

На Македонецот му останале уште 2 дена до истекувањето на кapaнтинот, но излегол да го прошета своето куче.

Тој отишол во шума за неговото куче ротвајлер да се истрча и дека тоа ќе мора скапо да го плати. Македонецот со сопругата во ноември се вратил од одморот во Македонија, а потоа при враќањето неговата сопруга била позитивна на кopoнавиpycoт.

Тој, како прв контак на зapaзената жена, морал да биде во кapaнтин. Потоа на 22 ноември и тој бил позитивен на тестот, после што добил благи симптоми на болecта.

Осум дена подоцна, два дена пред крајот на наложениот кapaнтин, тој го прекршил законот.

Полицијата дошла до зградата во која живее Македонецот и му се јавила на мобилниот телефон, барајќи од него да се појави на прозорец и да ги поздрави.

Меѓутоа, угостителот тогаш бил на прошетка со кучето и тоа ѝ го кажал на полициjaта, која му напишала пријава. Судијата одлучил дека шетање на кучето не е причина за прекин на кapaнтинот.

„Таму се шетаат и други луѓе, тоа не е одвоена шума“, нагласила судијката Андреа Хајдфогел.

Ротвајлерот, според Македонецот, морал да излезе во природа, затоа што станат агpecивен затворен во 4 ѕида.

„Не бев свесен дека можам некој да заразам и не верував дека сум инфekтивен“, рекол тој.

Судот оценил дека Македонецот свесно го пpekршил кapaнтинот и поради тоа парично го казнил, при што при одредување на висината на казната во обзир ја земал актуелната тешка ситуација на угостителот.

На Македонецот таа kaзна му се видела како превисока и најавил поднесување на жалба.

(Видео) Се отвори 5 метри длабока мистериозна дупка: Археолозите ја открија тајната која се крие во неа

Мистериозна дупка длабока 5 метри се отвори во паркот Ронан во Бостон.

Со цел да се открие зошто се случило ова, локалните власти ангажирале тим на археолози да го истражат теренот.

Од инспекцијата се утврдило дека се работи за бунар, кој некогаш се користел во куќата на извесна Мери Пирс.

“Бостон е стар град и крие голем број на мистерии. Беше интересно да се видат остатоците од стариот имот во Дорчестер во овој парк. За среќа, овие бунари не се честа појава”, вели археологот Џо Беџли.

(Видео) Кинезите ја освојуваат вселената: Капсулата од Месечината се врати назад и еве што донесе! Ова се случува за прв пат по 40 години

Кинеската вселенска капсула се врати на Земјата со првите свежи примероци на камења и други материјали од Месечината, а поминаа над 40 години од последната ваква мисија.

Капсулата “Чанг’e 5” слета околу 2 часот наутро во четвртокот, во областа Сизиванг, Монголија, пренесуваат кинеските медиуми.

Таа претходно се одделила од остатокот на вселенското летало и се спуштила со помош на падобран.

Царовска за предметот историја: Новите генерации треба да учат помалку факти, но многу повеќе да размислуваат

Новата концепција за основно образование, со која повеќе предмети се интегрираат во еден предмет, а историја повеќе нема да се изучува како посебен, туку дел од општествените науки, министерката за образование и наука Мила Царовска го објасни како промени кои се во согласност со развиените земји каде има интеграција на природни и општествени науки. Таа негира дека спојувањето на историја со другите предмети се должи на моменталниот спор со Бугарија и негирањето на бугарската страна на нашата историја.

Јавноста е згрозена од овој потег, бидејќи историја како предмет не само што е исклучително обемен, па не може да се учи заедно со други предмети, туку необично е да се стави во иста реченица со предметот географија, која е и природна и општествена наука.

– Исто, предметот по биологија и предметот по хемија се интегрираат во исто време кога се отвора дискусијата со бугарската страна. Прави некаква разлика? Зборуваме за интеграција на природни и општествени науки што се случува секаде во светот во развиените земји коишто постигнуваат огромни резултати кај своите ученици. Нашата идеја е да создадеме младина, граѓани, иднина којашто ќе може да ја движи оваа држава кон економски и социјален развој. Токму затоа образованието и промените коишто ги правиме се создадени врз основа на анализи коишто се претходно добро подготвени врз основа на одредени методологии коишто даваат точно каде се критичните точки. А критичните точки се дека нашите деца учат многу предмети, но само фактографски без да поврзуваат, истакна Царовска.

Таа потенцира дека е потребен концепт на преминување од фактичко учење кон размислување или училиште во коешто ќе се учи најзначајното.

– Тоа се новите генерации коишто треба да учат помалку факти, но многу повеќе да размислуваат, да анализираат различна литература и да донесуваат одлуки врз основа на анализите коишто самостојно ги направиле, вели министерката.

Царовска потенцира дека концепцијата за основно образование е развојна. Таа се базира на домашни и меѓународни истражувања, но исто така и на анализа на постојни светски добро поставени концепции за основно образование коишто даваат одлични резултати кај учениците.

– И ваквиот интегриран пристап на наставни предмети во еден, како главно носечки, и правото на изборни предмети и воннаставни содржини е секаде во светот, во развиените земји, поставен како таков. Зошто? Затоа што кажав дека на тој начин ги учи учениците да не помнат само факти, туку ги учи да учат и критички да размислуваат за одредена тема. Исто така даваме можност учениците да го постигнат својот личен потенцијал од најмала возраст. И секако, училиштето треба да не учи на вредности коишто во изминатиот период и не така баш беа воспоставени во системите за образование, рече Царовска.

Таа апелира професорите, учениците и наставници да ги следат промените.

– Ќе има јавна презентација. Сега сме во дискусија со засегнатите страни и процесот ќе биде транспарентен, рече Царовска.

(Видео) Тутунарите на денешниот пpoтecт жecтоко “yдpиja” по првиот човек на Сојузот на тутунопроизводители

Жестоки зборови беа упатени на денешниот протест на тутунарите во Прилеп, против претседателот на Сојузот на тутунопроизводители, Менде Стомнароски.

Тутунарите бараат првиот човек на највисоката организација на тутунари да си оди од функцијата и велат дека повеќе не е нивни легитимен претставник.

Инаку Стомнароски после вчерашната средба во општина Прилеп со министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа, истакна:

„Ние како Сојуз ќе го поддржиме штрајкот ќе излезиме со нив и секогаш ќе бидеме со тутунарите. Нема да дозволиме да му се земи тутунот за 2 класи подолу“.

(Фото) Цело лето и цела есен “дремеа”, па сега во декември им текна да ги обележат улиците?

Само во Прилеп се обележува хоризонталната сигнализација во , па уште и преку ден кога има густ сообраќај.

На ова деновиве реагираат возачите, кои бараат овие работи да се изведуваат доцна во ноќта, а не дополнително да се кочи и така густиот сообраќај во текот на денот и во раните вечерни часови.

Плетвар утре под 6 часовна “опсада”

Откако денеска 2 часа го блокираа патот Прилеп-Градско кај месноста Заполшки мост, тутунарите за утре најавуваат нов голем протест.

За утре најавена е шестчасовна блокада на планинскиот превој Плетвар, од 10 до 16 часот, каде одново се очекува големо присуство на производителите на тутун од Прилеп и регионот.

Тутунарите најавуваат дека нема да прекинат со протестите, се додека не го добијат она што го заслужуваат – реална проценка на нивниот труд и мака.

Поранешната сопруга на Џеф Безос донирала 6 милијарди долари: “Имам премногу пари кои морам да ги споделам”

Осумнаесеттата најбогата личност во светот и сосопственичката на Амазон, Мекензи Скот, оваа година донирала вкупно шест милијарди долари на различни непрофитни организации.

Mултимилијардерката и поранешна сопруга на Џеф Безос, најбогатиот човек во светот, во последниве четири месеци донирака над 4.3 милијарди долари во американските банки за храна и фондовите за помош во итни случаи.

Оваа години им помогнала на вкупно 380 хуманитарни организации, а размислува финансиски да им помогне на уште 6.500 организации. Кога ќе се собере се, во 2020 година таа донирала околу шест милијарди долари.

(Видео) Се случи и тоа: Фудбалер ја одигра цела утакмица со заштитна маска

Фудбалерот на Олимпија и долгогодишниот напаѓач на репрезентацијата на Хондурас, Џери Бенгстон (33), сите утакмици од почетокот на сезоната ги игра со заштитна маска.

Бенгстон со маска играше и на реванжот во 1/4 финалето на КОНКАКАФ Лигата на шампиони против Монтреал. Гостите од Канада победија со резултат 1:0, но екипата од Хондурас продолжи понатаму поради подобриот резулат во првиот меч.

Неговата одлука не му смета ниту на соиграчите, ниту на тренерот Педро Троља.

Уште тpojца пpилепчани не се повеќе помеѓу нас: Нови 47 слyчаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2889 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-330, Куманово-28, Дебар-12, Штип-22, Прилеп-47, Тетово-42, Струга-24, Велес-35, Битола-42, Охрид-36, Кавадарци-38, Гостивар-29, Гевгелија-33, Струмица-25, Крива Паланка-3, Радовиш-14, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево –2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-15, Кратово-2, Свети Николе-8, Кичево-18, Ресен-7, Неготино-26.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 641 оздравени пациенти од: Скопје-248, Куманово-31, Дебар-8, Штип-26, Прилеп-35, Тетово-34, Велес-33, Битола-28, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-44, Гевгелија-13, Струмица-32, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Валандово-2, Виница-15, Кратово-1, Свети Николе-14, Кичево-7, Ресен-6 и Неготино-15.

Починати се 25 лица, десет пациенти од Скопје (50, 66, 40, 80, 61, 79, 71, 83, 71 и 73), еден од Куманово (81г), двајца од Штип (63 и 51г), тројца пациенти од Прилеп (85, 59 и 44г), еден од Тетово (73г), двајца од Струга (81 и 89г), еден од Велес (78г), еден од Охрид (83г), еден од Кавадарци (69г), еден од Гостивар (66г), еден од Струмица (70г) и еден пациент од Радовиш (68г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 75597, бројката на оздравени пациенти е 51493, на починати е 2194, а бројот на активни случаи изнесува 21910.