дома блог страница 2243

Можи датум за ЕУ не добивме, ама затоа отсега ќе патуваме без виза во држава која е помала од Прилеп

Македонија воспостави безвизен режим и со Сент Китс и Невис (Свети Кристофер и Невис), држава од два острова меѓу Карипско Море и Атлантски Океан со околу 53 илјади жители.

Договорот го потпишаа амбасадорите на двете земји во Велика Британија, Александра Миовска и Кевин Ајзак.

Со склучувањето на првиот меѓудржавен договор со поранешната британска колонија по воспоставувањето дипломатски односи минатата година, со македонски пасош сега може да се патува без виза во 125 земји.

Тутунарите со порака: “Ако оваа не копа на нива, ќе копа на друго место” (Фото)

Тутунарите од Прилеп и прилепско денеска одново го блокираат патот Прилеп-Градско, од 10 до 16 часот.

Протести има во битолско Драгожани, во Конче, Радовиш и Велес.

За денеска во просториите на општина Прилеп најавена е нова средба, на која треба да присуствува министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа.

Останува да видиме дали конечно денеска тутунарите ќе ги добијат писмените гаранции кои ги бараат, и дали реално ќе се плати нивниот труд и мака.

(Видео) Ова е еликсирот на Путин со кој се освежувал за време на конференцијата: Рускиот претседател ги откри состојките во него

Завршната годишна конференција за медиумите на рускиот претседател Владимир Путин траела неколку часа, а додека одговарал на бројни прашања не останало незабележано дека повремено се освежувал со некој напиток.

Како што открил на крајот на конференцијата, станува збор за чај од сибирски треви.

„Тоа е чај. Дури не е ни чај, туку сварени сибирски треви“, рекол Путин.

Конференцијата траела 4 часа и 29 минути, а за неа се акредитирале скоро 800 новинари. Претседателот на Русија одговорил на 60 прашања.

Продолжува потpaгата по Becна: Апел до сите coграѓани кои се во можност, да се вклучат и да му помогнат на ceмejcтвото

Потрагата по 50-годишната Весна Николоска од Прилеп, продолжи утрово во 7 часот со зборно место кај ИКТ Центарот на МВР(на патот кон Вештачкото Езеро).

Нејзиниот син Антонио апелира до сите сограѓани кои се во можност да му помогнат на семејството, со цел нивната мајка да биде што побрзо откриена и згрижена.

Во потрагата добредојдена е асистенцијата и на сите сопственици (фото студија) на дронови!

Апел до сите сопственици на викенд куќи и граѓаните кои имаат сопствено место па макар и напуштено во близина на вештачкото езеро во Прилеп, да го посетат местото можеби некаде ќе се појави зрак надеж за семејството Николоски кои во моментов очајно апелираат и бараат помош да се пронајде Весна.

Носи светли долни тренерки и вентијага сива црна или некоја темна боја !!
Контакт 075-480-598, 076-473-193, 070-565-330

Почнува примената на рестриктивните мерки: Рестораните од денеска ќе затвараат во 18 часот

Од денеска почнува примената на рестриктивните мерки што ги донесе Владата по препорака на Комисијата за зapaзни болecти за спречување на ширењето на кopoнавиpycoт. Со мерките кои ќе бидат во сила до 20 јануари, работното време на угостителските објекти се скратува до 18 часот, а се забранува и организирање и одржување прослави на претстојните новогодишни и верски празници. Овие мерки, според надлежните, имаат за цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Koвид – 19 во престојниот период на празници.

Мерките не дозволуваат ниту организирање Нова Година на отворен и затворен простор од физички и правни субјекти. Ова се однесува и на јавните институции, поради што на општините и на сите организации основани од локалната самоуправа им се укажува дека освен што е забрането секакво групно собирање и организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, треба да се откажат и прославите што се веќе евентуално закажани.

Во рестриктивните мерки е вклучена и забраната за хотелите за организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници. И тие, ако веќе имаат организирано новогодишни прослави, треба да ги откажат.

Во угостителско-сместувачките објекти (хотели, мотели, хостели) и нивните ресторани се ограничува работното време до 21 часот. Тие ќе може да работат исклучиво за пансионските гости и само за време на послужување на оброците. Се ограничува работното време и во кафетериите, баровите и шанковите во угостителските сместувачки објекти до 18 часот.

Со новите мерки се забранува и изнајмувањето викендици и други туристички капацитети за сместување, за групно собирање и организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, освен за лица од едно, исто семејство.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посочи дека МВР превентивно реагира уште сега до сопстевниците на викендици што планираат да ги издаваат за претстојните празници, за да знаат што може да ги очекува таму каде што тоа ќе се случува. Веќе, рече тој, се изготвени сите планови за засилени контроли.

-Тоа ќе го направиме веќе од нареднава недела и во текот на новогодишната ноќ, така што за полицијата ќе има многу работа, меѓутоа здравјето и животот на граѓаните мора да ни биде врвен приоритет. Полицијата ќе постапува врз основа на сите дозволени норми и правила коишто се врз основа на Законот, истакна вчера Спасовски.

Рестриктивните мерки, посочи министерот никој не ги посакува во Владата, се непопуларни, меѓутоа, како што потенцира, се неизбежни во овој период.

Тој додаде дека ќе се постапува врз основа на сите дозволени норми и правила коишто се врз основа на Законот. -Секако дека таму каде што имаме сознанија дека има групирање на лица во издадени викенд-куќи, ќе се направи увид и ќе се поднесат соодветни пријави. Реков дека ова е kpивично дело за директно загpoзување на животот и здравјето на граѓаните, појасни министерот.

Мицкocки апелиpa на обединyвање: Иако имаме paзлични cтавови, но имаме една татковина

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Јади бурек” на ТВ Сонце гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на актуелните политички случувања, поразителните политики на Владата во однос на здравствената и економската криза, како и актуелниот договор со Република Бугарија.

Мицкоски посочи дека македонските семејства имаат премногу проблеми и релативно тежок живот, а тоа не смее да се дозволи, бидејќи Република Македонија памети и времиња кога граѓаните биле насмеани, а сега сме навистина далеку од тоа, што е навистина жално.

Мицкоски додаде дека македонските граѓани не треба да калкулираат околу активирањето во оваа борба против ова што се случува, затоа што ВМРО-ДПМНЕ нема никому да прави притисок, како што тоа сега некој го прави.

-Дојден е момент да проработи националниот дух, момент кога секој граѓанин треба сам да стане и сам пред себе да каже дека сега е историски момент за Република Македонија. Ако македонскиот народ сега попушти, нема да има поправен, додаде Мицкоски.

Мицкоски вели дека иако политичките партии се со спротивни ставови, сепак треба да се направи национално окрупнување кое ќе застане заеднички на браникот на татковината.

-Политичките препирки, дијалозите помеѓу политичарите се едно, но кога се работи за Република Македонија, редно е да се изгради еден национален штит кој нема да дозволи ниту еден странски политичар да ја навредува и понижува државата. Доколку граѓаните на Република Македонија без оглед на нивната етничка, верска или партиска припадност, застанат во одбрана на својата земја, не постои сила која што ќе може тоа да го раздвои, ниту пак ќе постои повеќе горд народ од македонскиот, заврши Мицкоски.

Прилеп загyби уште 5 жители во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се напpaвени 2347 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 657 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-323, Куманово-23, Штип-8, Прилеп-38, Тетово-19, Струга-15, Велес-22, Битола-36, Охрид-28, Кавадарци-25, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-13, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Кочани-12, Пробиштип-4, Македонски Брод-4, Пехчево –1, Берово-7, Валандово-5, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-5, Ресен-5, Неготино-11.

Денеска Инститyтот за jaвно здравje peгиcтpиpa 920 оздpaвени пациенти од: Скопје-349, Куманово-37, Дебар-8, Штип-29, Прилеп-70, Тетово-29, Струга-60, Велес-37, Битола-36, Охрид-28, Кавадарци-36, Гостивар-45, Гевгелија-5, Струмица-18, Крива Паланка-3, Радовиш-9, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-9, Валандово-2, Виница-4, Делчево-24, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-20, Ресен-9 и Неготино-14.

Починати се 31 лице, десет пациенти од Скопје (93, 79, 73, 76, 69, 40, 84, 70, 61, и 88г), тројца од Куманово (57, 74 и 81г), еден од Дебар (81г), пет од Прилеп (55, 58, 78, 70 и 56г), двајца од Тетово (59 и 81г), еден пациент од Струга (75г), еден од Охрид (47г), еден од Кавадарци (51г), тројца од Гостивар (60, 75 и 68г), двајца од Струмица (72 и 83г), еден од Крушево (76г) и еден пациент од Делчево (65г). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бpojка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земja од почетокот на епидемиjaта изнесува 76251, бројката на оздpaвени пациенти е 52413, починaa 2225, а бројот на активни слyчаи изнесува 21613.

Апел за помош: Изгубено е женско лице од Прилеп, потребно е секој кој е во можност да се вклучи во потрагата (Фото)

Изгyбено е женско лице, на 50-годишна возраст (Весна Николоска, сопственик на слаткарницата Дизниленд Трејд-Прилеп).

Жената го напишитла домот синоќа околу 23 часот, и оттогаш и се губи трагот. Последно е видена на патот кон вештачкото езеро, во близина на касарните.

Фотографија од безбедносните камери од домот

Облечена е во светли долни тренерки и носи темна сиво – црна јакна. Секој кој има информации да се обрати на тел:

075 480 598, 076 473 193, 070 565 330

Во потргата се вклучени и спаситеслката служба на „Златоврв“ која упатува апел и повик, луѓе – доброволци, да се вклучат во потрагта, кои можат да помогнат во потрагата на Весна.

Потребно е со себе да носат, топла облека, топли обувки и челни ламби, со цел да можат подолго да се вклучат во потрагата на исчезнатата прилепчанка! Секој оној кој има некакво сознане за ова лице, можат да се обратат до спасителската служба 078 520 792. Се молат сите кои имаат информации, било какви, да се јават на телефоните кои се посочени погоре, за да помогнат во барањето на Весна.

Тутунарите максимално понижени: Денеска храбро пpoтecтиpaaт 6 часа на Плетвар (Фото/Видео)

Tутунарите од Прилеп и прилепско денеска излегоа на 6-часовна блокада на планинскиот превој Плетвар.

Од иницијативниот одбор велат дека нема да се откажат од протестите се додека не добијат писмени гаранции со кои просечната цена на откупот би достигнала 190-200 денари по килограм.

Велат тоа што е квалитетно и убаво се цени во трета и четврта класа. Бараат да бидат сослушани во Собранието пред пратениците, пред револтот да се прелее во друга несакана насока.

Инаку, веќе за утре е закажана нова средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, во општина Прилеп.

Блокадата на Плетвар започна во 10 часот и ќе трае до 16 часот.

Тутунарите велат дека освен возила на брзата помош нема да се пропушта ништо друго.

Цветанова: Не cлyчajно, за добивање амepиканcко дpжавjaнcтво ce полага амepиканcка истopиja, ви текнyва?

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова со паралела со САД по најавата од министерката за образование Мила Царовска за укинување на историјата како посебен наставен предмет.

Таа потенцираше дека не случајно, во САД, за добивање на американско државјанство се полага американска историја, а не биологија, хемија и физика.