Поранешната сопруга на Џеф Безос донирала 6 милијарди долари: “Имам премногу пари кои морам да ги споделам”

Осумнаесеттата најбогата личност во светот и сосопственичката на Амазон, Мекензи Скот, оваа година донирала вкупно шест милијарди долари на различни непрофитни организации.

Mултимилијардерката и поранешна сопруга на Џеф Безос, најбогатиот човек во светот, во последниве четири месеци донирака над 4.3 милијарди долари во американските банки за храна и фондовите за помош во итни случаи.

Оваа години им помогнала на вкупно 380 хуманитарни организации, а размислува финансиски да им помогне на уште 6.500 организации. Кога ќе се собере се, во 2020 година таа донирала околу шест милијарди долари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.