дома блог страница 2241

Податоците се ажуpиpaни: Проверете дали добивте ваучep од Влaдата на “нашата земја”

Денеска е објавен ажурираниот список според кој граѓаните можат да проверат дали се наоѓаат на листата за добивање на финансиска помош од Владата во висина од 6000 денари, што следи согласно четвртиот пакет мерки за справување со последиците од Ковид 19.

Граѓаните можат да проверат ТУКА, а потребно е само да го внесете вашиот матичен број за да дознаете дали сте опфатени од најновиот сет мерки.

Имено, на страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk се посочува дека дополнително ќе бидат објавени листите за филмските работници, естрадни уметници и самохраните родители.

Финансиската поддршка е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, а од владата посочуваат дека помошта на загрозените категории граѓани нема да оди преку платежни картички туку директно на нивните трансакциски сметки и нема да биде временски ограничена.

Мајка од Прилеп пpиjaвила: 54-годишен пpoфecop се обидел на изврши обљyба вpз нejзината ќepка

На 18.12.2020 во 10.30 часот во Полициcката станица Крушево, 42-годишна жена од Прилеп пpиjaвила дека во средно училиште во Крушево Д.К.(54), професор во училиштето, се обидел да изврши обљyба врз нејзината малолетна ќерка.

Д.К. бил пpиведен и задpжан во Полициcка cтаница Пpилеп и по целocно докyментирање на cлyчajoт, пpoтив него ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва.

Фондацијата “Никола Јанечев” дониpaше милион денapи за киcлopoдна станица во болницата во Кавадapци (Фото)

Денес, на ден Св.Никола, Фондацијата “Никола Јанчев” со поддршка од Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и Компанијата Кожувчанка од Кавадарци, донираше еден милион денари за кислородна станица во болницата во Кавадарци.

Имено, секоја година Фондацијата “Никола Јанчев” традиционално на овој празник прави донација, па така и оваа помогнаа онаму каде што е најпотребно. Парите ќе бидат наменети за кислородна станица во новата модуларна, Ковид болница во Кавадарци која се планира да биде изградена за две до три недели.

Министерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на денес оддржаната прес конференција во Кавадарци каде се заблагодари за овој чин на висока општествена одговорност и за тоа што луѓето од Фондацијата “Никола Јанчев” ја препознаа важноста да помогнат онаму кадешто е најмногу потребно- во здраствениот систем.

Генералниот Директор на Компанијата Кожувчанка од Кавадарци, Јанинка Чупаркоска истакна дека воопшто не се двоумале за одлуката каде да ја упатат оваа година донацијата и посака:

“Се надеваме дека пандемијата за брзо време ќе биде зад нас, а дека оваа наша акција ќе остане да се памети за едно време кога човечкиот живот беше и е најважен. Град Кавадарци има луѓе, херои со големо срце на кои на прво место им е човечки живот и љубовта кон градот и граѓаните. Бидете хумани, оставајте траги во времето! Среќни празници и секое добро Кавадарци! Ние сме тука, затоа што сме си потребни едни на други.”

Проданоски: “Заев посети го Участакот да видиш како бугарската администрација се изживyвала, и прашај за кpиминалите во Прилеп”

Секаде во светот кога се гради или реконструира нешто, тоа се прави со намена да биде од општа корист за сите. Само во Прилеп, за жал, се трошат милионски суми на проекти кои се нефункционални и создаваат нови проблеми – истакна на денешната прес конференција Дејан Проданоски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Реконструкцијата на дел од булеварот “Гоце Делчев”, која патем започна во март годинава, а дури денеска ќе се пресече црвена лента, чини неверојатни 1 милион евра.

За потсетување иста таква сума општината плати за набавката на четирите автобуси за градскиот превоз.

Еден милион евра за што? За нерешен сообраќаен проблем кој веќе им создава невидени главоболки на возачите.

Еден милион евра за центар на градот без доволен број паркинг места и изолирана без пристап чаршија.

Се расфрлате со парите на граѓаните како да се ваши лични, без око да ви трепне.

Градоначалниче, ве повикуваме денеска, кога заедно со вашиот ментор, Зоран Заев, ќе сечите црвена лента, да им објаснете на граѓаните, како тоа еден сообраќаен знак на овој булевар чини 340.000 денари?

Како една рампа пред општината чини 100.000 денари и како потрошивте неверојатни 573.000 денари за интегриран систем со семафорска опрема, а реалната цена за која што може да се набави е 3.000 долари?

Кога веќе заедно со вас е тука и Зоран Заев, го повикуваме да го посети Участакот, да прочита и да научи како се изживалала така наречената за него бугарска администрација. Со свои очи да види во какви окови биле врзувани борците за слобода од НОБ и какви ѕверства извршувале фашистичките бугарски окупатори.
Грѓаните очекуваат одговор на овие прашња!

Почитувани,

Зоран Заев, човекот кој најави двојазичност од Прилеп и кој преговара и тргува со македонскиот јазик, денеска се поклонува пред великанот Блаже Конески.

Ова зборува дека овие луѓе имаат целосно изгубено допир со реалноста и целосно имаат изгубено чувството на срам и вина.

Ете со вакви луѓе се соочуваме и се бориме денеска!”

(Фото) Во Албанија уловено вистинско чудовиште – бик ajкула тешка 600 килограми

Ajкула од околу 600 кг во текот на ноќта се фатила во мрежите на рибарите од Валона на неколку километри оддалеченост од островот Сазан. Ајкулата е уловена во неутрални води на околу 10 милји од Сазан, на длабочина од околу 500 м.

Рибарот Петрит Ламани раскажа дека неговиот брод имал три дена на море и денес во раните утрински часови забележале дека нешто ги влече.

Овој вид ajкула нареченa Бик ajкула е опасен пpeдатор, кој живее на длабочина од 500-600 метри. Таа е долга шест метри и големината, но и острите заби го отежнале нејзиното вадење од мрежите.

Уaпceн 29-годишен прилепчанец заради држење и продажба на мapиxyaна

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.12.2020 во 16.40 часот на ул.„Борка Утото“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп од слобода го лишиле 29-годишникот од Прилеп, затоа што при преглед кај него биле пронајдени мapиxyaна и дигитална вага, пишува во дневниот билтен на МВР.

Против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во водите на вештачкото езеро беше пронајдено телото на исчезнатата прилепчанка

Утринава во водите на прилепското вештачко езеро беше пронајдено безживотното тело на 50-годишната прилепчанка по која имаше потрага 2 дена.

Според Дарко Неданоски, спелеолог и раководител на спасувачката служба „Златоврв“, биле подготвени со чамци и евентуално нуркање во езерото за да ја побараат како една од алтернативите да се дознае што се случило со прилепчанката, пренесува ТВ21.

-Бевме подготвени да го пребараме езерото, но го забележавме телото како плута. Се очекуваат екипи од крим техника од полицијата и од јавното обвинителство да го испитаат случајот, изјави Неданоски.

50-годишната Весна го напуштила домот во 24 часот на 16-ти декември и не се вратила. Изминатите два дена голем број на доброволци го пребаруваа теренот, а денес требало да се пребарува езерото.

99 години од paѓањето на великанот Блаже Конески

Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 година во с. Небрегово (Прилепско). Тој потекнува од познатиот прилепски сој Љаме (Љамев(ци), Љамески), од гранката Конески (по поглаварот Коне, неговиот дедо).

Основното образование го започнал во Небрегово, но по преселбата го продолжил и завршил во Прилеп, каде завршил и нижа гимназија. Како најдобар ученик во училиштето како стипендист оди во Крагуевац, да учи виша гимназија која ја завршува. По завршувањето на гимназијата во Крагуевац, се запишува на Медицинскиот факултет во Белград, но после еден семестар следи студии по филологија, а по капитулацијата на Кралството Југославија, на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ продолжува да студира филологија.

Конески по ослободувањето активно се вклучува во стандардизирањето на македонскиот јазик и ја изработува граматиката на современиот македонски јазик. Го составил и правописот на македонскиот литературен јазик, а исто така бил уредник на „Речникот на македонскиот јазик“.

Конески е основач на студиите по македонистика на Скопскиот универзитет. А во периодот од 1958 до 1963 бил ректор на универзитетот.

Во 1967 станува член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и е нејзин прв претседател (до 1975). Исто така бил член на Македонскиот ПЕН центар и еден од основачите на Друштвото на писателите на Македонија во 1947 година и негов прв претседател.

Работел и како уредник на литературните списанија „Нов ден“ и „Македонски јазик“.

Конески е истакнат јазичар, меѓународно реномиран славист, еден од најзначајните протагонисти во процесот на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, втемелувач на македонистиката на Филолошкиот факултет во Скопје (кој денес го носи неговото име), ценет професор, еден од основачите и прв претседател на МАНУ, член на академиите на науките и уметностите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ. Конески е вистински полиграф. Тој е суптилен лиричар, автор на 13 поетски книги, лауреат на значаен број македонски и меѓународни награди и признанија (Хердерова награда, Његошова награда, Златен венец на Струшките вечери на поезијата, итн.).

Ова се писмените гаранции за тутунарите: “А где ја печат?” (Фото)

После повеќечасовна дискусија, синоќа во општина Прилеп беше постигнат договор помеѓу претставниците на тутунарите, министерството за земјоделие и откупувачите.

Тутунарите добија одредени писмени гаранции на кои се потпишаа сите откупни компании, освен компанијата “Сокотаб” која откупува дури 7 милиони килограми тутун, од договорени 23 милииони.

Според она што е истакнато во изјавите после средбата, на која одново присуствуваше и министерот Аријанит Хоџа, тутунарите очекуваат овие гаранции да се почитуваат, во спротивно велат дека ќе се вратат на блокадите.

Со ова прекинуваат блокадите на патиштата, а ќе продолжат во понеделник пред откупните пунктови на комапнијата “Сокотаб”, се додека претставник од оваа компанија не се потпише на соопштението.

Она што стои во соопштението кое е потпишано е следно:

1. Непречено да се одвива линија на продажба на тутун.
2. Во последните два дена има подобрување на откупот, и сите откупувачи се согласуваат да продолжат да воспостават флексибилна линија со тоа што реално ќе се процени квалитетот на тутунот.
3. Секој ден министерот на МЗШВ ќе ја објави на транспарентен начин продадената количина на тутун и просечната цена.
4. На 75% од одкупениот тутун, заеднички ќе се состанеме и ќе изнајдеме решение за вишокот на тутун, за кој првично има согласност од откупувачите дека ќе биде откупен.

Според претставникот на Иницијативниот одбор на тутунарите, Игор Мирчески, проценката на преодните класи и меѓукласите ќе оди во погорна класа, а одбитокот ќе биде 5%.

За ова гарант бил самиот министер за земјоделие.

Останува да видиме во наредните денови дали сето ова ќе се почитува и дали тутунарите ќе бидат задоволни од проценката на нивниот труд и мака.

Чecтита cлава и вековито име: Го пpaзнyваме Cв. Hикола, cветецот кој им помагал на cиpoмашните, лекyвал и е заштитник на мopнapите

Православните верници денеска го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства. На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере…

Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците.

Постои верување дека на овој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник.

Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како Св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината.

Така на пример во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник “Новини”, кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на Св. Никола, затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога.

Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат Св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале среде море како крепи една гемија готова да потоне.

Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат ѓемијата на суво. Виделе, не виделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа.

Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како Свети Никола, треба да прават добри дела како што правел тој.

Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за Свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари.

За Свети Никола строго е забрането да се работи, да се шие, мие, пере, пегла, чисти, како и да се јаде мрсна храна бидејќи празникот е посен.