Фондацијата “Никола Јанечев” дониpaше милион денapи за киcлopoдна станица во болницата во Кавадapци (Фото)

Денес, на ден Св.Никола, Фондацијата “Никола Јанчев” со поддршка од Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и Компанијата Кожувчанка од Кавадарци, донираше еден милион денари за кислородна станица во болницата во Кавадарци.

Имено, секоја година Фондацијата “Никола Јанчев” традиционално на овој празник прави донација, па така и оваа помогнаа онаму каде што е најпотребно. Парите ќе бидат наменети за кислородна станица во новата модуларна, Ковид болница во Кавадарци која се планира да биде изградена за две до три недели.

Министерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на денес оддржаната прес конференција во Кавадарци каде се заблагодари за овој чин на висока општествена одговорност и за тоа што луѓето од Фондацијата “Никола Јанчев” ја препознаа важноста да помогнат онаму кадешто е најмногу потребно- во здраствениот систем.

Генералниот Директор на Компанијата Кожувчанка од Кавадарци, Јанинка Чупаркоска истакна дека воопшто не се двоумале за одлуката каде да ја упатат оваа година донацијата и посака:

“Се надеваме дека пандемијата за брзо време ќе биде зад нас, а дека оваа наша акција ќе остане да се памети за едно време кога човечкиот живот беше и е најважен. Град Кавадарци има луѓе, херои со големо срце на кои на прво место им е човечки живот и љубовта кон градот и граѓаните. Бидете хумани, оставајте траги во времето! Среќни празници и секое добро Кавадарци! Ние сме тука, затоа што сме си потребни едни на други.”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.