дома блог страница 2242

(Видео) Милионскиот проект на градоначалникот го пapaлизиpaше градот?

Реконструираниот дел од булеварот “Гоце Делчев” во Прилеп официјално ќе биде отворен утре на големиот празник и заштитник на градот Св. Никола.

Проектот чија реализација започна во март месец оваа година, официјално ќе заврши утре, а црвената лента се очекува да ја пресечат градоначалникот Илија Јованоски и според неофицијални информации премиерот Зоран Заев.

Но, дали овој проект вреден 1 милион евра ќе ги оправда очекувањата и дали ќе овозможи побезбеден и регулиран сообраќај?

Видеото е снимено денеска попладне, а на истото може да се види дека возилата едвај се движат по новиот булевар…

Следете ги делата на Светиот Николај Чудотворец, сакајте, даруваје и помагајте: Ви посакуваме честита слава и прекрасна празнична вечер

Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, е еден од најголемите христијански празници, кој се празнува секоја година на 19ти декември, според новиот календар. Од неговиот живот и дело учиме да бидеме дарежливи, да помагаме, да почитуваме и сакаме.

Љубовта кон Бог, исцелителната моќ која ја поседувал, како и чудата кои ги правел во името на Бога, го издигнуваат неговото дело како најпочитуван светец од Православната христијанска црква, но е почитуван и од Католичката црква, како и од муслиманите.

Свети Никола е најчестата слава во Република Македонија, илјадници домови вечерва на заслогот, и утре на празникот, со вкусна посна трпеза дочекуваат гости, ќе се помолат, ќе побараат негова наклонетост и заштита, за нив и најблиските.

Неговото име посебно се почитува од прилепчани. Прилеп го има Св. Никола како заштитник на градот. Секоја година градот примаше илјадници гости за овој ден, а традиционално во центарот на градот на 19-ти декември се послужуваа вкусни посни сармички, грав, риба, вино и ракија. За жал, поради пандемиjaта предизвикана од коpoнавиpycoт, оваа година сите манифестации се откажани.

Порталот Mаркукуле.мк, на сите православни Христијани, пред се на оние кои го имаат Св. Никола како свој куќен заштитник, им посакува прекрасно поминати празнични мигови, многу љубов, добро расположение, бериќет и благодет. На сите оние пак кои го носат името Никола, Коле, Нина…., им посакуваме честито и вековито име.

Нека Светецот Никола биде со сите нас, да се наслониме и помолиме за неговата љубов, да побараме благослов, вечно да го славиме неговото име, неговото дело и да научиме да се сакаме, почитуваме и помагаме.

НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ И НАПОМОШ !

На 21 декември погледнете во небото! По 800 години ќе се појави “Божиќната ѕвезда”

Планетите Јупитер и Сатурн ќе се “поклопат” и ќе направат “голема планетарна конјукција” или “Божиќна ѕвезда” на 21 декември 2020 година. Оваа појава на небото не се случила уште од среден век.

Оваа година астрономите и сите љубители на ѕвезденото небо ќе имаат можност да го видат “Божиќниот бакнеж” или “Божиќната ѕвездра” кога Јупитер и Сатурн ќе се “поклопат”. Оваа појава на небото се појавува по 800 години пауза.

Колку оваа појава е необична и ретка? На 21 декември, планетите ќе изгледаат како една блескава ѕвезда лоцирана околу орбитите на Јупитер и Сатурн. Нивниот голем спој за последен пат се случи во 2000 година, но лошо беше видлив на небото.

(Видео) Најпрво се затемни небото, а потоа започна “библиската kaтacтpoфа”: Рој од скакулци го уништија половина континент

Роеви од скакулци ги уништувaaт посевите на фармерите и сточарите во источна Африка- предизвикувајќи прехрамбена kpиза во целиот регион каде живеаат 35 милиони луѓе.

Од јануари до август роеви од скакулци ги преплавија Сомалија, Етиопија и Кенија, пустошejќи ги посевите. Владите, поддржани од агенцијата на Обединетите нации и меѓународните хуманитарни организации, одговорија со интензивни воздушни и копнени прскања против пестициди.

Широко распространетите врнежи во Етиопија и поплавите предизвикани со циклонот во Сомалија, предизвикаа поволни услови за размножување на скакулците, соопштуваат од Организацијата за храна на ООН.

(Видео) Неверојатно откритие: За време на градежните работи пронашле статуа од 9 метри

Станарите во зградите во Чонгкинг, град на југозападот од Кина, со години поминувале помеѓу двете згради изградени на стрмната падина, не знаејќи дека под нив се крие џиновска статуа.

Градежните работници неодамна сосема случајно го откриле овој импозантен кип без глава, кој е висок околу 9 метри.

Снимките од оваа мистериозна статуа наскоро се појавија на кинеските социјални мрежи. Многу луѓе сметаат дека се работи за статуа на “Буда”. Кипот е за сега делимично прекриен, а прикажува фигура која седи и во рацете држи голем камен. На статуата се видливи и набори и некои други детали на облека.

Не скокајте од карпа, не е волна: Пронајди го Прилеп на фотографиите

Една прекрасна утринска глетка од Селечка планина на Прилеп, иако ништо не се гледа од градот…

Сликата потсетува на народната приказна за “Итар Пејо, мариовците и маглата”. За тие што не знаат се работи за комична приказна, која нема намера да навреди никого, туку е дел од богатиот македонски фолклор.

Во продолжение слушнете ја и приказната:

“Топло” добредојде за министерот Хоџа во Прилеп (Видео)

Трет ден тутунопроизводителите од прилепско го блокираат магистралниот пат Прилеп – Градско во знак на незадоволство од текот на откупот на тутунот и ниските просечни цени. И денеска беа на излезот од Прилеп кај Заполшкиот мост од 10 часот, до 16:00. Бараат реална проценка на тутунот и најмногу пет отсто одбитоци. Поверениците од вагите да ги повлече Сојузот на земјоделските здруженија.

Додека траат блокадите на патиштата, се одвива и откупот на тутунот на пунктовите.

Со почеток од 15:30 часот имаше закажано и нова средба со министерот Хоџа во општина Прилеп. При доаѓањето во Прилеп, министерот беше запрен од тутунарите, а после 15-20 минути извикување “Уааа”, беше пуштен да помине.

Тутунарите потоа се упатија пред општина Прилеп. Подоцна ќе информираме за резултатот од новата, трета средба.

Цapoвcка доби “вpeла шлaкaницa” од Инcтитyтот за иcтopиja

Најрелевантната образована единица за историски образовани прашања во Република Македонија “Институтот за историја” при Филозофскиот факултет во Скопје со жестока реакција за предлог концептот за кратење на предметот историја на министерката Мила Царовска и негово вклопување во друг предмет заедно со општествени науки.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на “Институтот за историја”.

Како матица на историското образование и наука во македонската држава од нејзиното основање до денес, чии кадри претставуваат потпора и темел на сите нивоа и сегменти на македонското образование, исполнувајќи ја својата општествена должност и совест, Институтот за историја соопштува:

1. Таканаречениот „Концепт“ што го нуди МОН е донесен на целосно нетранспарентен начин, без консултација ниту со Институтот или други високошколски установи, ниту со научната и професионалната јавност. Институтот цени дека е скандалозно да се влечат вакви сериозни потези без воопшто и да се информира – а не пак да се побара совет од струката, од која утреден ќе се бара планираното да го спроведе во дело, во училишните клупи.

2. Идејните творци на концептот не само што немаат компетенции да го реформираат начинот на кој една научна дисциплина се доближува до учениците, туку покажуваат и елементарно непознавање на материјата која мислат дека ја реформираат. Вакви дилетантски потези, како и сите досегашни, се однапред осудени на пропаст.

3. Т.н. „Концепт“ предвидува интегрирање на историјата со науки од сосем различен вид во миг кога македонската историја, македонскиот јазик, и македонскиот идентитет воопшто, се безмилосно нападнати и неосновано оспорени однадвор. Во еден ваков несреќен момент, секое продолжување на замислената интеграција може да се протолкува како внатрешно институционално содејство со надворешни желби и притисоци.

Со оглед на искажаново, Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје решително го отфрла понудениот концепт и бара од надлежното министерство и Владата да го повлечат и да ги прекинат сите активности во врска со предметот Историја.

Едногласно,
членовите на Институтот за Историја

(Видео) Мистepиja на гpoбот на Свети Никола: И покрај paзopниот земjoтpec останал целосен – се останато било уништено

Античката византиска црква која се наоѓа во турското приморско градче Демре, иако на луѓето им звучи како чудна локација, е едно од најголемите христијански светилишта. Зборуваме за црквата во Анталија, за која турските археолози тврдат дека е местото на кое е погpeбан Свети Никола.

Весникот “Хуриет” пред две години пренесе дека археолозите откриле недопрен храм и гpoбница под црквата Свети Никола во Анталија.

– Постигнавме навистина добри резултати, но вистинските работи допрва ќе се откриваат. Можеби ќе го пронајдеме и недопреното тело на Свети Никола – изјавил директорот на Агенцијата за истражување и споменици во Анталија, Ќамил Карабајрам.

Се верува дека моштите на Свети Никола се пpokpиумчарени од морепловци од областа Демре во Анталија во италијанскиот град Бари.

Според до сега пронајдените документи, турските археолози веруваат дека телото на светецот сеуште би можело да се пронајде во комплексот на храмот пронајден во Анталија.

– Постои гpoб кој е поразличен од сите останати во црквата. Гробовите на другите свештеници се на самите краеви од храмот, додека овој е на средина. Ѕидовите на гробот се и понатаму неоштетени, па веруваме дека тој е недопрен. Ова е мистерија, бидејќи, иако имало разорен земјотрес, овие ѕидови се сеуште на своето место, изјавил за Дејли Меил Карабајрам.

Свети Никола е најчеста слава во Македонија: Стара приказна која раскажува зошто овој светец е најпочитуван кај народот

Свети Никола е голем празник, а како слава го има секое второ македонско семејство. Трпезата е посна, а Свети Никола се смета за заштитник на морињата.

Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите.

Во христијанскиот календар, Свети Никола се слави на 6 декември според стариот Јулијански календар т.е. на 19 декември, според новиот Грегоријански календар.

И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како Св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината.

Така на пример во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник “Новини”, кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на Св. Никола, затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога.

Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат Св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале среде море како крепи една гемија готова да потоне.

Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат ѓемијата на суво. Виделе, не виделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа.

Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како Свети Никола, треба да прават добри дела како што правел тој.

Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за Свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари.

За Свети Никола строго е забрането да се работи, да се шие, мие, пере, пегла, чисти, како и да се јаде мрсна храна бидејќи празникот е посен.