дома блог страница 2240

(Видео) “За неколку минути ќе останете без уши”: Еве како изгледа животот на Јужниот пол каде температурата е -70 степени

Вејн Вајт од Тексас, САД, ја запопочнува третата зима како водач во станицата Амундсен-Скот на Антарктикот. Тој е одговорен за безбедноста на 42 техничари, научници и помошен персонал. Во еден особено студен ден, тој се облекол со топла облека и започнал да се движи по замрзната површина која се протега илјадници километри во сите правци. За кратко време слушнал необичен звук.

“Кога ќе здивнете на -60 степени, се слуша чуден звук. Пареата се смрзнува додека излегува од уста”, објаснува Вајт за време на интервјуто преку сателитскиот телефон од станицата.

Koга не е во поларната истражувачка станица, Вајт живее во Рокпорт, Тексас. На Јужниот пол е задолжен за сигурноста на персоналот, како и за одржување на станицата и објектите на Националната научна фондација. Секој ден врши надзор врз објектите, се грижи за луѓето и генерално води грижа за работата да се одвива без никаков проблем.

За 4 месеци: Србија изгради Koвид болница вредна 100 милиони евра, во Прилеп уште чекаме за монтажна (Фото)

Во српскиот град Крушевац денеска е отворена новата Koвид болница. Болницата има 500 кревети, од кои 350 на одделението за полуинтензивна, а 150 на одделението за интензивна нега. Првите пациенти би требало да бидат примени уште утре.

Болницата е изградена на просторот на некогашната касарна Расин. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во новоотворената Kовид болница во Крушевац ќе бидат згрижени пациенти од Расиновиот округ, но и од други краишта, пред се’ од Косово и Метохија.

Болницата е изградена во рекорден рок од 4 месеци, а изградбата чинеше 100 милиони евра.

Во новата здравствена институција има опрема во вредност од 9,5 милиони евра.

Aкција на полициjaта во Крушевско: Уaпceни три лица и пронајдена yкpaдена мapиxyaна (Фото)

Вчера (19.12.2020) од страна на Одделот за кpиминалиcтичка полициja, Сектор за недозволена тpговиja со дpoга, opyжje и опacни матepии, во koopдинациja со полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп се лишени од cлобода Т.С.(22) од Скопје, В.К. (35) од Р.Албанија и Р.К. (22) од Р.Косово, поради ocновано coмнение дека cтopиле кpивично дело неодзволена тpговија со дpoга.

– Имено, поради постоење ocнови на coмнение дека во викенд куќа во с.Врбоец, крушевско, се наоѓа поголема количина нapкотична дpoга мapиxyaна, за која пocтои coмнение дека е одземена од простории на правно лице од крушевско за производство на медицинcки канабиc, со нapeдба од cyдиja на пpeтxoдна пoxтапка од Ocновен cyд Прилеп извршен е пpeтpec во викенд куќата, при што се пpoнaјдени и одземени шест вреќи со околу 60 килограми мapиxyaна. При пpeтpecoт било затекнато едно лице кое се дало во бегство, но за кратко време било лишено од cлобода, при што е констатирано дека станува збор за Т.С.(22) од Скопје – се вели во соопштението од МВР.

3oшто никако не тpeба да се загpeва автомобилот во мecто кога темпepaтypите надвор се во минус?

Кога температурите ќе се спуштат под нулата, често во утринските часови може да се слушне бучава од автомобили што работат во лер.

Експертите истакнуваат дека станува збор за стара навика од времето кога автомобилите имаа мотори со карбуратори. Тогаш загревањето на моторите при ниска температура на воздухот пред придвижување имало смисла.

Денес поновите модели имаат електронско вбризгување на горивото. Сензорите ја мерат надворешната температура и системот ја приспособува работата на моторот па се смета дека е доволно моторот да работи само 30-тина секунди пред тргнувањето.

Потоа може да се започне со возењето бидејќи моторот побрзо ќе ја достигне работната температура доколку возилото е во движење, отколку кога моторот работи во лер, тврдат од американската Агенција за заштита на животната средина.

Освен бучавата што ги вознемирува соседите, за животната средина се многу поопасни издувните гасови што ги испушта автомобилот при продолженото работење во место.

Американско истражување од 2009 година покажало дека работата на автомобилските мотори во лер предизвикува 1,6 отсто од вкупната емисија на гасовите одговорни за ефектот на стаклена бавча. Тоа е повеќе од загадувањето предизвикано од работата на целокупната челична индустрија во таа земја.

Има уште една важна причина зошто го загреваме автомобилот пред тргнување. За време на зимата попријатно ни е да седнеме во топла кабина отколку да се смрзнуваме при возењето додека да се загрее автомобилот.

Иако периодот потребен за загревање на патничката кабина кај современите возила е пократок од порано, а некои автомобили имаат и грејачи во седиштата, многумина сѐ уште возат постари автомобили кои побавно се загреваат.

Сепак, имајте предвид дека беспотребната работа на вашиот автомобил во лер директно влијае врз квалитетот на воздухот што го дишете и дека е подобро да се издржи малку студ отколку дополнително да ја загадуваме животната средина.

(ФОТО) Прилеп украсен со лампиони со лажните ветувања и криминалите во градот

Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп го искористи отварањето на реконструираниот дел од булеварот “Гоце Делчев”, за да потсети на сите нереализирани ветувања и сомнежи за сторен криминал од властите.

-4 автобуси = 1.000.000 евра, затворен базен во Прилеп, мост во Сточен пазар 730.000 евра, еден сообраќаен знак за пешачки премин 5.800 евра, спортско рекреативен центар “Македонија”, oбиколница во Прилеп, излажани прилепските тутунари 1кг тутун = 100 денари = 1 кутија цигари… се само дел од натписите на украсите кои ги постави УМС.

(Видео) Tpoшиш 1 милион евpa за нов бyлевap, ceчеш лента со пpeмиерот, а ceмафopoт не paботи

Проектот на општина Прилеп за реконструкција на дел од булеварот “Гоце Делчев” конечно вчера заврши, откако градоначалникот Илија Јованоски заедно со премиерот Зоран Заев, ја пресекоа црвената лента.

Реконструкцијата ги чинеше прилепчани 1 милион евра, односно исто колку и набавката на четирите автобуси.

Сепак, џабе ни е нов булевар кога немаш исправна сообраќајна сигнализација.

Мицкоски до Заев: “Враќањето на таблите ќе биде една од првите историски грешки што ќе ги исправиме”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираше на изјавата од Заев кој рече дека е “подготвен од сите спомен плочи да го повлечи зборот бугарски и да пишува само “фашистички okyпатop”.

– А јас сум подготвен, веднаш откако ќе те поразиме со народот, да ги исправиме сите твои историски и противзаконски грешки.

Враќањето на таблите кои ја рефлектираат вистинската историска вистина, а Заев ќе ги смени, ќе биде меѓу првите грешки што ќе ги исправиме!

За Скопје не било јасно во што е проблемот, па затоа Захариева им објасни

Сакаме да најдеме решение со Бугарија зашто сме пријатели, но не е јасно во што е проблемот, порача вчера премиерот Зоран Заев. Вели дека македонската страна нуди решенија за тргање на бугарската блокада и отворање на патот кон ЕУ и е согласна ако треба уште еднаш да се дефинираат работите содржани во Договорот за добрососедство.

Дадени се и појаснувања дека долгото и краткото име на државата се едно и исто, дека немаме територијални претензии, дека немаме намера, ниту според Уставот имаме право да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија или на која било од соседните земји, вклучително и малцинските права, дека ќе се спречува говорот на омраза.

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захарева, пак, вчера изјави дека Бугарија и натаму смета дека местото на сите земји од Западен Балкан е во ЕУ, но инсистира на видливи резултати во спроведувањето на Договорот за добрососедство со Македонија. Тоа било позиција што ја предложи владата, а едногласно ја усвои бугарскиот парламент.

Сепак, признава дека позицијата на Софија не е лесна за разбирање, но оти ќе продолжат со напорите да ја објаснат. Тоа, вели Захариева, не значи дека Бугарија треба да продолжи да ги затвора очите.

– Очекувањата во Скопје, дека некој ќе изврши притисок врз нас и ќе го заборавиме спроведувањето на Договорот за добрососедство и одлуката на нашиот парламент не се реални, изјави Захариева за бугарското радио „Дарик“.

Клучен проблем, според неа, е неспроведувањето на Договорот за добрососедство, како и ниското ниво на меѓусебна доверба, префрлање на решавањето на политичките прашања на историчарите, но и непочитување на правото на самоопределување на граѓаните со бугарска самосвест во РС Македонија.

Тврди дека никој не го оспорува правото на самоопределување и слободно изразување, а проблем не бил ниту јазикот.

– Јазикот никогаш не бил непремостлива пречка за пристапувањето на Македонија. Тој е непремостлива пречка за нив. Господинот претседател (Стево Пендаровски) многу добро знае за што станува збор, и не треба да ги извртува работите, истакна Захариева.

Обвини дека во РС Макеоднија се води „пропаганда која има за цел да го одвлече вниманието од фактот дека не се почитува напишаното во Договорот за добососедство“.

– Политичките прашања мора да ги решат политичарите. Проблемот е во тоа што што нашите пријатели од Македонија се обидуваат да им пренесат политички прашања на историчарите. За да се решат проблемите треба да се намалат емоциите. Со емоции и разговори преку медиумите тоа нема да се случи. Потребна е добронамерност, отвореност, ставање на проблемите на маса и да им се остави на историчарите да си ја вршат својата работа без политички притисок, заклучува шефицата на бугарската дипломатија.

Вучиќ: “Додека сум јас претседател, Косово нема да се признае”

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека нема да се признае Косово, додека е тој претседател.

„До април 2022. година, кога ќе бидат оддржани претседателските и парламентарни избори во Србија, Белград сигурно нема да ја признае независноста на Косово“, истакна Вучиќ во специјалната емисија на Прва Тв, запрашан дали се исклучува можноста, Србија да го прифати Косово.

„По тој период, ќе одлучува народот“, порача тој.

Претседателот Вучиќ посочи дека мисли дека подобро прашање е „дали се согласувате со признавање или не“ и констатираше дека одгворот би бил или да или не.

„Подобро да зборуваме за тоа кој се’ се залага за признавање или непризнавање на независноста на Косово. Тогаш одговорот би бил или да или не. До април 2022. година, кога ќе бидат изборите, тоа сигурно нема да се случи“, истакна Вучиќ.

Ги ocвои cимпатиите на цела нациja, а ceга и cpцата на дечињата: Бидете дел од акциjaта и помогнете да се coбepaт што повеќе новогодишни пакетчиња

Познатиот охридски јутубер кој ја освои јавноста со неговата прва песна “Ах тие очи зелени”, сега ќе ги освои и срцата на сите деца.

Вик Какаротски започна акција за собирање новогодишни пакетчиња, а за неколку дена се собрани над 200 пакетчиња.

Целта е да се соберат што повеќе и да се израдуваат што повеќе дечиња.

“По 2 дена собравме околу 200 пакетчиња и уште 200+ обеќани!! Пакетчињата прво ќе се поделат за децата од ЧАСОТ, а потоа на тие што вистински ќе се радуваат. Акцијата за собирање трае до 25ти Декември а најверојатно пакетчињата ќе се поделат предновагодина. Секој добронамерен граѓанин, кој е во можност да се приклучит на акцијата, која има ЦЕЛ да ги насмее и израдува најмалите, да ме контактират мене во Инбокс, или некој од оваа екипа која е спремна во секое време за активизам и хуманост”, напиша Вик на Фејсбук.