дома блог страница 2234

(Видео) Рускиот претседател исполнува новогодишни желби: Путин одигра партија хокеј со 9-годишно дете кое боледува од лeyкемиja

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во хуманитарната акција во која играше хокеј со 9-годишниот Дима Ошчепков од Челибинската област, кој боледува од лeyкемија.

Путин зеде учество во акцијата “Елка жебла” и ја исполни големата желба на малиот Дима, со кој заедно одигра партија хокеј.

Легендата на прилепска Победа во хумана акција: За празниците кои следат, Велес да нема ниту едно гладно лице

Поранешниот репрезентативец на Македонија, легенда на прилепска Победа и актуелен претседател на синдикатот на фудбалери на Македонија, Панче Ќумбев, во соработка со гостилницата „Боем“ од Велес, одново ја организираат хуманитарната акција “условен оброк”, со цел за празниците кои ни доаѓаат, ниту еден жител во Велес да не биде гладен.

Се работи за одлична хумана акција, која може да послужи како идеја и да се организира и во останатите градови и населени места во Македонија.

Во продолжение соопштението кое на социјалните мрежи го објавија од гостилницата “Боем”:

1️⃣Гостилница Боем во својата програма повторно ја активира акцијата “УСЛОВЕН ОБРОК”. Сметаме дека околностите во кои живееме ја оправдуваат оваа акција во целост, и во деновите кои претстојат храната е потребна како никогаш досега.

2️⃣Планирани се две акции на делење на оброци. Првата на денот на дочекот на новата 2021 година (31-12-2020), и втората на Бадник (06-01-2021) во новата 2021 година.
За акцијата на Бадник ќе ве информираме за скоро.

3️⃣Акцијата на 31-12-2020 ќе се одвива пред Гостилницата со почеток во 12 часот. Логистичката поддршка ќе биде обезбедена од страна на волонтери на црвениот крст.

Организатор и главен донатор на оваа акција е господинот Панче Ќумбев со семејството кој е веќе традиционален поддржувач на акцијата и самата гостилница Боем.

Дента ќе бидат поделени 600 топли оброци. Целната група се социјално загрозени лица, и лица со ниски примања.

4️⃣ Она што е најбитно. Упатуваме јавен апел до сите Вас, граѓани на град Велес. Бидејќи оние на кои им е потребна оваа храна, ретко или никогаш не користат социјални мрежи.Споделете го постот. Нека се прошири информацијата секаде. Направете добро, информирајте ги, или дојдете до гостилницата, подигнете оброк и однесете го до нивниот дом. Секој заслужува свечен оброк на денот на новата година.

5️⃣ Можност за помош во било која од овие акции е кутијата за донации пред гостилницата, или во самата гостилница каде можете да купите УСЛОВЕН ОБРОК. Подетални информации на 076743635.

6️⃣ Изборот на храна ќе биде адаптиран и за лицата од муслиманска вероисповед , и за оние кои се уште ги следат христијанските божиќни пости.

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ КОИ СЛЕДАТ ВЕЛЕС НЕМА ДА ИМА НИТУ ЕДНО ГЛАДНО ЛИЦЕ.

Наставниците по историја, граѓанско и географија ќе треба да се договараат: Еве што кажа Царовска за новиот концепт на образованието

Интегрираните предмети нема да бидат предавани само од еден професор, односно на тој час нема да влегуваат тројца наставници по историја, граѓанско образование и географија. Секој од професорите ќе треба да го предава својот дел, односно секој ја предава лекцијата што припаѓа на неговата дисциплина, меѓутоа ќе треба да се договораат меѓусебно како тематски да предаваат одредена тема, со цел таа да биде поврзана. Ова е дел од објаснувањето на министерката за образование и наука Мила Царовска за новиот концепт за основно образование кој ќе вклучува интегрирани предмети, а ќе почне да се применува од следната учебна година 2021/2022.

„Како во природните, така и во општествените предмети подеднакво, сите три модули од предметите остануваат поеднакво застапени во наставната програма, а тоа значи дека ученици треба да се стекнат со базични знаења и по историја и граѓанско општество и географија“, рече Царовска на денешниот брифинг со новинарите додавајќи дека овие предмети имаат теми што ги поврзуваат, како на пример, развивање на култури и прифаќање на мултикултурноста.

„Нема да влегуваат сите одеднаш на час. Секој професор ќе си го предава својот дел. Тематски во исто време се учи една целина, за учениците да го разберат контекстот и полесно да запамтат“, вели Царовска.

Како што посочи таа, цел е во период од пет години целосно да се воведат новите наставни програми коишто треба да се изработат сукцесивно година по година, што би значаело дека прво и шесто одделение добиваат нова концепција со нови наставни програми која ќе треба да се изработи за идната година.

„Секоја година се дополнува наставната програма со второ, трето, четврто, петто итн. и тоа укажува дека тоа за тој временски период во рок од 5 години ќе имаме целосно трансформиран образовен систем. Целосна трансформација одеднаш би била несериозна, а и невозможно е да се постигне во сите одделение да добиеме нова концепција“, рече министерката.

Денеска во Прилеп ист бpoj починати како во Скопје

Министерството за здравcтво инфоpмиpa дека во пocледните 24 чaca се напpaвени 2510 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 627 нови слyчаи на Koвид-19 во: Скопје-250, Куманово-36, Дебар-8, Штип-12, Прилеп-35, Тетово-21, Струга-6, Велес-25, Битола-25, Охрид-21, Кавадарци-31, Гостивар-24, Гевгелија-12, Струмица-23, Крива Паланка-8, Радовиш-4, Кочани-20, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-13, Валандово-6, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-7, Ресен-4, Неготино-14.

Денеска Инcтитyтот за jaвно здpaвje peгиcтpиpa 644 оздpaвени пациенти од: Скопје-241, Куманово-33, Штип-25, Прилеп-66, Тетово-26, Струга-44, Велес-12, Битола-29, Охрид-51, Кавадарци-2, Гостивар-37, Гевгелија-8, Струмица-11, Крива Паланка-11, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово-5, Виница-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-1.

Починати се 14 лица, четири пациенти од Скопје (82, 73, 67 и 58г), еден од Куманово (52г), четири од Прилеп (82, 66, 78 и 71г), еден од Струга (84г), еден од Битола (74г), еден од Охрид (59г), еден од Кавадарци (56г) и еден пациент од Гевгелија (80г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички ycлови.

Вкупната бројка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земja од почетокот на епидемиjaта изнеcyва 79815, бpojката на оздpaвени пациенти е 56743, починaa е 2354, а бројот на активни слyчаи изнесува 20718.

Обвинението за 27 април “паѓа во вода” ?!

На последното рочиште за “27-ми април“ сведочеше вештак, според кој доказите кои ги приложила обвинителката Вилма Рускоска пред судот не биле запечатени, односно заштитени од промени, па можно е да се направил фалсификат на истите, пренесува порталот Инфомакс.

Според многумина, ова можно фалсификување на докази е поврзано со четирите различни верзии на сведокот Александар Василевски – Нинџа кои нему му донесоа казна под минималната, а на 15 други луѓе поврзани со настаните од “27-ми април” над 200 години затвор.

Уште во 2018 година изјавите пред судот на тогаш обвинетиот Василевски – Нинџа беа сомнителни. Правниците укажуваа на многу “дупки“ во неговиот исказ. Според нив, особено има влијание и неговиот минат труд, за што сведочи неговото дебело полициско досие, но и начините на кои лесно поминувал во пресудите за делата за кои бил обвинет, пренесува порталот.

Разликите во она што Нинџа го зборува во секоја една прилика се драматични. На пример во еден исказ посочува едно лице дека го повикало на одредена локација, во друг исказ за истиот настан посочува сосема друго лице.

Во една верзија вели дека не слушнал што се зборувало на наводниот состанок во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, на друг исказ Нинџа вели дека детално слушал кој со кого зборува. Во една верзија посочува дека седел отишол „во базата“ во 17 часот, во друга во 18 часот.

Целата статија прочитајте ја на ИНФОМАКС.

100 лаги за инфраструктурата овие 4 години! Пелагонија остана без експресен пат, жителите гневни

На Фејсбук страната “Комисии на ВМРО-ДПМНЕ” наброени и детално анализирани се нереализираните ветувања во инфраструктурата од Владата на СДСМ.

– 100 дена фалби од страна на СДС = 100 дена лаги за инфраструктурата. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и неговиот ментор Зоран Заев продолуваат со лагите до граѓаните, пишува на страната.

Во продолжение прочитајте ja целата објава:

Маестралниот млад виолинист од Прилеп, Леонардо Димоски, освои трета награда на Интернационалниот натпревар на Москва (Видео)

Леонардо Димоски од Прилеп е ученик во втора година во средното Државно музичко училиште во Битола, во класата на проф. Оливера Трајкова и ментор Сихана Бадивуку.

Димоски е супер талентиран виолинист и добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Посетувал семинари кај познати професори, а минатата година одржа и концерт на виолина во Центарот за култура “Maрко Цепенков” во Прилеп.

Неодамна Леонардо учестуваше на Интернационалниот онлајн натпревар на Москва, каде учество земаа музичари од целиот свет.

Натпреварувачите се оценувале преку видео записи, од страна на водечки професори од Московскиот државен конзерваториум, што беше и причина Леонардо да го покаже својот талент пред нив.

Младиот виолинист од Прилеп освои трета нагрда, а свиреше композиции од Паганини и Виенњавски.

Оваа награда е дополнителен мотив Леонардо да продолжи да го надоградува својот талент и посветеност кон музиката.

Во продолжение слушнете го и уживајте:

Папата повторно “лајкувал” фотографии на згодни модели на Инстаграм? (Фото)

Официјалниот профил на Папата Францис повторно “лајкува” фотографии од згодни модели на Инстаграм.

На социјанлните мрежи се шири фотографија на која се гледа како профилот на Папата се наоѓа во листата на “обожаватели” на “Маrgot Foxxx”, која е облечена во тесен костим за капење.

Шегувајќи се на Твитер таа напиша дека “нејзиниот престој во рајот е обезбеден”.

Sвездата на Xoливyд која ќе ја игpa Клеопатpa: “Бapaвме македонcка актepка кoja ќе одговapa на ликот, но таква немаше”

Израелската филмска ѕвезда, Гал Гадот, е избрана да го глуми ликот на Клеопатра, во најновиот филм за последната владетелка од македонската династија Птоломеиди.

Критиките не стивнуваат откако беше познато кој ќе ја глуми Клеопатра. Критичарите велат дека актерката треба да биде од арапско или африканско потекло, а не од Израел.

Во изјава за “Би-Би-Си”, Гал Гадот вели:

“Доколку се држиме до фактите, Клеопатра била Македонка. Ние баравме македонска актерка која ќе се софпаѓа со ликот на Клеопатра, но немаше”.

Филмот уште не започнат со снимање го следат контроверзии поради оваа тема. Хана Флинт од весникот “Гардијан” го нарече овој потег “чекор назад во работат на Холивуд”, додека пак директорот Лекси Александар вели дека Клеопатра треба да ја глуми црномуреста актерка.

Гал Гадот исто така во една прилика истакна:

“Имам пријатели актери од целиот свет, без разлика дали се Муслимани или Христијан, или Католици, или атеисти, или Будисти, Евреи… Луѓето се луѓе, сакам да го прославам делото на Клеопатра и да оддадам чест на оваа неверојатна историска икона на која толку многу и’ се восхитувам”.

Таа вели дека оние кои не се согласуваат можат да направат свои филмови.

Kлеопатра е родена во античката египетска престолнина Александрија и била последен владетел од македонската династија Птоломеиди, која владеела со Египет цели 300 години.

Според истражувањата на Сали Ен Ештон во 2008 година од музејот во Кембриџ, Клеопатра имала мешано потекло.

Во 1963 година ликот на Клеопатра го играше Елизабет Тејлор.

Димoвски со докyмeнти на ЦИА за истopијата на BMPО

Кој и како го ybи Александров, големиот водач на организацијата?- Илија Димовски ги откри големите тајни со помош на документите на ЦИА.

Според извештаи на CIA, тоа повеќе не е толку голема тајна.

Во продолжение можете да го прочитате статусот на Илија Димовски: