Sвездата на Xoливyд која ќе ја игpa Клеопатpa: “Бapaвме македонcка актepка кoja ќе одговapa на ликот, но таква немаше”

Израелската филмска ѕвезда, Гал Гадот, е избрана да го глуми ликот на Клеопатра, во најновиот филм за последната владетелка од македонската династија Птоломеиди.

Критиките не стивнуваат откако беше познато кој ќе ја глуми Клеопатра. Критичарите велат дека актерката треба да биде од арапско или африканско потекло, а не од Израел.

Во изјава за “Би-Би-Си”, Гал Гадот вели:

“Доколку се држиме до фактите, Клеопатра била Македонка. Ние баравме македонска актерка која ќе се софпаѓа со ликот на Клеопатра, но немаше”.

Филмот уште не започнат со снимање го следат контроверзии поради оваа тема. Хана Флинт од весникот “Гардијан” го нарече овој потег “чекор назад во работат на Холивуд”, додека пак директорот Лекси Александар вели дека Клеопатра треба да ја глуми црномуреста актерка.

Гал Гадот исто така во една прилика истакна:

“Имам пријатели актери од целиот свет, без разлика дали се Муслимани или Христијан, или Католици, или атеисти, или Будисти, Евреи… Луѓето се луѓе, сакам да го прославам делото на Клеопатра и да оддадам чест на оваа неверојатна историска икона на која толку многу и’ се восхитувам”.

Таа вели дека оние кои не се согласуваат можат да направат свои филмови.

Kлеопатра е родена во античката египетска престолнина Александрија и била последен владетел од македонската династија Птоломеиди, која владеела со Египет цели 300 години.

Според истражувањата на Сали Ен Ештон во 2008 година од музејот во Кембриџ, Клеопатра имала мешано потекло.

Во 1963 година ликот на Клеопатра го играше Елизабет Тејлор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.