дома блог страница 2233

(Фото) Фрчат канџи во Прилеп, се полни буџетот, а на плоштад во Скопје “дрифта” Бентли

Граѓани утрово ни испратија фотографии со поставени “канџи” на нивните возила, поради непрописно паркирање. Велат дека oваа практика е зачестена во последно време и дека секојдневно врие од блокирани возила во центарот на градот.

Добро е да се санкционира секое неправилно паркирање, но санкциите да важат подеднакво за сите.

Вчера целата јавност беше сведок како возач со “Бентли”, со голема брзина поминa на сред плоштадот “Македонија” во Скопје, каде што се движат граѓани.

За овој прекршок лицето добило казна од 45 евра, а за тоа градоначалникот дури и јавно се пофали на социјалните мрежи…

Факултетското студентско собрание на ПМФ со став за новиот концепт на образованието: “ДА за реформи во образованието, НЕ за спојување повеќе предмети во еден”

Став на ФСС на ПМФ околу новиот концепт во основното образование.

– Почитувани професори, почитувани колеги и соработници, изминатиов период сме сведоци на еден нов концпет предложен од МОН кој ги таргетира природните и општествените науки. Како што веќе и самите знаете предметите физика, хемија, биологија и географија би се изучувале како еден предмет, односно природни науки. Делови од географија би се поврзале со историја и граѓанско образование во еден предмет, односно општествени науки. Ние како студенти кои студираат некоја од овие природни науки и математика СМЕ ПРОТИВ ОВОЈ КОНЦЕПТ!!! Во продолжение ќе ги изнесеме нашите ставови зошто (не)треба да се примени овој концепт.

ДА за реформи во образованието, НЕ за спојување повеќе предмети во еден.

– Прво и основно, ниту еден професор од нашиот факултет, кој се бави со методика во образованието по природни науки, не е консулитран околу овој концепт зошто (не)треба да се имплементира.

– Периодот во кој се направени истражувањата за овој концепт е премногу краток и сметаме дека не е доволно долг за да се донесуваат било какви заклучоци.

– Постојано се експериментира со образованието по природни науки!!! Пред неколку години е имплементирана Кембриџ програмата по која учениците учат. Сега се наметнува овој концепт. Не може на секои пет години да се наметнува нешто ново и непроверено кога станува збор за природни науки.

– Потребите за Кембриџ и сега овој концепт бараат лабораториска работа. Во најголем дел од основните, па и средни училишта нема основни услови кога станува збор за лабораториска работа по биологија, хемија или физика. Наставниците се приморани да импровизираат и на сопствен трошок да изведуваат ‘’експерименти’’.

– Што ќе се случи доколку на некој ученик подобро му одат биологија и хемија, а послабо му оди географија или физика? Како наставникот, односно наставниците ќе донесат оценка по предметот природни науки?

– Факт е дека географијата е до некаде тесно поврзана и со општествените науки, но како може некој што (не)дипломирал на географија да ги предава токму тие делови и обратно?

– Овој замислен концепт можеби е добро да се имплементира во Македонија, но пред тоа да се обзебдат соодветни обуки на наставниците и нормални услови за работа во училиштата.

– Со овој концепт, стравуваме дека работните места ќе се намалат и да не го заборавиме фактот дека дури една третина од наставниците во било кое училиште го сочинуваат токму наставници кои дипломирале на некој од нашите институти.

– Невозможно е за 8 месеци да се напишат учебници и учебни помагала преку кои ќе се учи и работи и да се подготви соодветна наставна програма.

Сметаме дека реформите што ги предлага МОН, нема да допринесат за развој на образованието во Македонија, туку само ќе го уназадат. Како студенти кои се вљубеници во природните науки и математиката, цврсто стоиме зад овој став и сме поддршка на нашите професори!
Со почит, ФСС на ПМФ

Власта повторно “замачкува очи” со смешни казни: Момчето кое вчера влета на плоштадот претходно возел 234km/h, а бил и апceн за opyжје

Возачот на автомобилот марка „бентли“ кој со поголема брзина вчера се движеше низ скопскиот плоштад, притоа загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, е пронајдет и kaзнет, но јавноста не престанува да коментира за оваа смешна постапка на власта и полицијата.

Станува збор за извесен Б.А. од Арачиново, а потврда за ова стигна и од скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на социјалните мрежи објави фотографија од записникот кој му е врачен на сторителот.

На истата може да се забележи дека Б.А. е kaзнет според членот 187, став 6 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

И додека тој вчера на смешен начин беше kaзнет со глоба од 45 евра, лани во месец декември тој беше дел од „спектакуларната“ акција за дpoга и opyжје на МВР кога му беше извршен и претрес во домот каде полицијата пронајде и нелегално opyжје.

До ден денес истиот е на слобода, а власта и скопскиот градоначалник вчера се пофали дека никој не бил над законот.

Циклон се движи кон Македонија- најавени интензивни врнежи од дожд и снег

Денес времето во државава ќе биде сончево со умерена локална облачност. Претпладне по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност а во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, соопштува метеорологот Славчо Попоски.

Утре претпладне ќе се задржи стабилно и суво додека во попладневните и во вечерните часови особено во западните и во северните предели ќе има повремени слаби врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 8 до 16 степени. Врнежите ќе се интензивираат во сабота навечер и во текот на ноќта кон недела како и во недела кога ќе се прошират насекаде и истите на планините ќе бидат од снег. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

(Видео) И додека ние чекаме на Бугарија, во Србија започна вakцинацијата: Прва се вakцинираше премиерката Брнабиќ

Во Србија денеска почна вakцинацијата против кopoнавиpycoт, а првата вакцина ја прими премиерката Ана Брнабиќ.

Таа јавно ја прими вакцината на „Фајзер“ во Институтот за вирусологија, вakцини и серуми „Торлак.

Вакцините ќе бидат доставени во „Торлак“ од министерот за труд и член на kpизниот штаб, епидемиологот д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, како и членот на kpизниот штаб, епидемиологот д-р Предраг Кон.

Првите количини на вakцината во Србија пристигнаа во вторникот, а денеска ќе ги примат корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад.

Србија е прва земја во регионот што ја доби вakцината од компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“.

Од 1887 година прилепчани не ги признавале Бугарите и нивните училишта (ФОТО)

Историски документ кој датира од 1887 година.

Фото/oldprilep.com

Се работи за известување на кое се потпишани 30-тина прилепчани, кои велат дека сакаат да имаат свое македонско народно училиште, бидејќи не се Бугари и не го признаваат бугарското училиште.

Откриена мистерија стара 80 години: Еве зошто нацистите не можеле да ги прочитаат шифрите на СССР

Kриптографите на Советскиот Сојуз за време на вoeните години беа една од најважните единици на фронтот, а нацистите маки мачеле за да ги прочитаат.

“… оној што ќе ја открие руската техника за шифрирање ќе биде награден со железен крст, враќање во матичната држава и обезбедување на работа во Берлин, а по завршување на вojната- со имот во Крим”, така пишувало во наредбата на Адолф Xитлep од август 1942 година. Но таа наредба никогаш не била извршена.

За време на Втората светска вojна дешифрантите не можеле да прочитаат ниту еден советски криптограм обработен на машински шифри. Таков систем на шифрирање можел да биде ранлив само во еден случај: ако заедно со шифрите биле пронајдени и техниката и клучевите. Меѓутоа, руските шифранти се докажале како вистински херои.

Експертот во подрачјето на криптографијата Дмитриј Ларин во своето дело “Заштита на податоците на советските партизани во Втората светска вojна” тврди дека “советските криптографи според инструкциите имале доверливо обезбедување, тие што ги носеле шифрите пред себе секогаш имале канистер со бензин и во раката држеле гpaната, како би ги уништиле документите, опремата и себе се, доколку непријателот им се приближи”.

Германците организирале вистински лов на советските криптографи со цел да дојдат до нивната техника и шифри. Како резултат на тоа многу круптографи го загубиле животот. Рускиот историчар В.А.Анфрилов пишува дека “први на удap биле криптографите во советската амбасада во Германија, кои на 22 мај 1941 најбрзо стигнале да ги запалат најважните шифри”.

Истиот ден била нападната зградата на советското претстваништво во Берлин. Криптографот на советското трговско претставништво Николај Логачов се заклучил во една соба и ги запалил шифрите, губејќи свест од густиот чад. Луѓето на Хитлep провалиле во собата, но веќе било касно- сите шифри биле уништени. Логачов бил заробен, а покасно заменет за припадниците на германското дипломатско претставништво во Москва”.

За секоја порака на фронтот се развивал посебен код кој никогаш не се повторувал. Поради недостатокот на криптографски систем, противниците никогаш не успеале да ги дешифрираат пораките на СССР од фронтот.

На фронтот биле користени криптографски машини и апарати за тајно телефонирање. Најдоверлив криптографски апарат кој бил користен за шифрирање на пораки од посебна важност била машината со ознака М-101 “Izmrud”, направена во 1942 година.

Владата е извор на лажни вести?! “Директно од Финска ја демантираат дека се прават образовни реформи како во Финска”

-Владата е извор на лажни вести бидејќи директно од Финска ја демантираат дека се прават образовни реформи како во Финскa, напиша на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Милошоски сподели соопштение од Македонско-Финското здружение во кое се тврди дека историјата во основните и средните училишта во Финска се изучува како посебен предмет.

Во соопштението пишува дека не само што историјата е посебен предмет, туку во новата наставна програма знаењето на историја и историските вештини се “ште повеќе засилени и заврстени”.

Да потсетиме дека пред само неколку дена премиерот и министерката Царовска потенцираа дека создаваат некаков “фински модел”, каде учениците од основните училишта ќе ги “спасат” од вишокот информации и историјата нема да постои како посебен предмет.

(Видео) Ниту една светилка не свети на плоштадот “Александрија” во Прилеп: Вистински xopop во режија на општина Прилеп

Веќе подолго време не свети ниту една светилка на плоштадот “Александрија” во Прилеп

Еден од најубавите плоштади во цела држава, деновиве изгледа како сцена од xopop филм, а на општинските власти како воопшто да не им е грижа за тоа.

Шарените канделабри беа вистински украс преку целата година, но и одлично се вклопуваа во предновогодишната атмосфера во градот.

За жал веќе подолго време сликата е ваква, а тоа надополнето со густата магла вечерва изгледа страшно.

(Видео) Еве како се живее во најстуденото место на планетава: Температурата во Јакутск денес беше -43 степени, а може да се спушти и до минус 50

Руската република Јакутија е богата со шуми и реки, рудни богатства, но и со голема традиција на локалните жители.

Mеѓутоа, Јакутија е дефинитивно најпозната по главниот град Јакурск, кој се смета за најстудениот град во светот.

Република Јакутија, која староседелците ја нарекуваат Саха, територијално е најголемиот руски федерален субјект. Ова место, секако, не е за оние кои не сакаат зима, особено ако се земе во предвид дека температурата во зима паѓа и под -50 степени Целзиусови, пренесува РТС.