дома блог страница 2235

Спасовски: “За три месеци имаме изpeчено 43.170 казни во cooбpaќajoт”

„Од почетокот на нашите полициски акции во cooбpaќajoт, од септември, имаме изречено 43.170 санкции, околу 7.000 за неприлагодена брзина, околу 6.000 за поминување на црвено, околу 7.000 за возење без возачка дозвола, 5.000 за нерегестрирани возила или техничка неисправност. Важно е да имаме континуитет во контролите”, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата Студио 10, на телевизија 24.

“Ние замислете имавме само пет апарати за мерење алокохол на возачите и само осум исправни радари за мерење на брзината на возилата. Затоа моравме да набавиме нови радари, нови апарати за мерење алкохол, а за тоа се неопходни пари и процедура. Сега со ЕВН имаме обебзедено дополнителни уреди кои ќе се составен дел на радарите, да имаме радари кои ќе се користат и ноќно време, до сега немавме техничка можност тоа да го правиме. Сите радари се поврзани преку софтвер и затоа се зголемува ефикасноста.“ – истакна Спасовски.

Тој најави дека во иднина сите казни за возачи ќе одат компјутерски, односно ќе се постават камери на сие патишта, во градовите, и самата камера ќе го регистрира прекршокот, ќе испрати сигнал до софтверот, а софтверот ќе ја напише казната. На овој начин ќе се избегне човечкиот фактор и секој же биде казнет за тоа што го сторил.

(Видео) Мало гермаско градче случајно стана туристичка атpaкциja – не можат да се ocлободат од тypисти

Фројденберг, мал град на западот на Германија, стана многу популарен на социјалните мрежи откако на Интернет се проширија фотографии од убавите куќи во тоа место.

Фројденберг се наоѓа во пошумените области на Северна Рајна-Вестфалија и е близу до поголемите градови Келн, Дортмунд и Бон, на оддалеченост од само еден час возење, додека од Франкфурт е оддалечен час и половина.

Лежи во ридско подрачје, помеѓу 240 и 505 метри надморска височина. Целата нејзина површина зафаќа 54 квадратни километри, од кои две третини се под шума.

Што го прави толку посебен? Познат е по својата специфична и автентична архитектура. Имено, сите негови куќи од 17 век, осумдесет од нив, изгледаат исти и се посебни по начинот на градење. Тие имаат карактеристична црно-бела фасада и вкрстени греди.

Најдобро време да го посетите градот е есен или зима. Тогаш се чини уште помагичен, особено кога снегот ги украсува покривите на куќите.

Зимските фотографии на Фројдберг, чие име во преводот значи планина на радост, го направија вистинска ѕвезда на Инстаграм. Случаен пост на Инстаграм го извлече овој град од мракот и сега му се пишува друга приказна.

AСОМ: “За половина година од онлајн обложување во државата влегоа 100 милиони денари, да се најде решение што поскоро”

По шест месеци он-лајн спортско обложување, од денеска играчите повеќе не можат да ја користат оваа услуга. Државата не ја продолжи Уредбата со законска сила која ја донесе на 24 април годинава.

АСОМ бара итно имплементирање на Уредбата во Законот за игри на среќа и забавните игри, за што до Владата и Министерството за финансии веќе достави предлог текст.

Според анализата на АСОМ, за половина година во државната каса влегле повеќе од 100 милиони денари само од он-лајн услугата. Сега, велат од АСОМ, се кратат овие средства, а токму во период кога е потребна ревитализација на економијата, погодена од кризата со Ковид.

Дополнително, додаваат дека земајќи во предвид дека играчите веќе почнаа да се префрлуваат он-лајн, придобивките во буџетот на годишно ниво би биле и многу поголеми или според нивните проекции помеѓу 500 и 600 милиони денари.

АСОМ сметаат дека Владата требала да делува проактивно, односно да го озакони решението кое освен што има придобивки за индустријата и за вработените има и силен придонес во државната економија.

Од Асоцијацијата посочуваат дека тие се целосно отворени за соработка со институциите и оставаат простор да се најде решение.

Но, нагласуваат дека секој ден претставува загуба за индустријата, но и за државата која со прекин на оваа услуга отвора простор играчите да се вратат кон нелегалното обложување на странските сајтови, а парите наместо во државната каса да се одлеваат надвор од земјата.

УХМР предвидува дpacтична промена на вpeмето и вpнeжи од cнeг

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност. По котлините значително облачно или со пojaва на магла, особено претпладне. Во јужните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец.

И во четврток ќе се задржи стабилно и суво време, по одделни котлини со појава на магла и значителна ниска облачност. Под влијание на влажен бран од петок попладне до недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег. Поради продор на студена воздушна маса од север, во сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1000м, па снег ќе има и во повисоките населени места, особено во западните делови од земјава.

Митревски: На секого му е јасно дека некој некому ветил – “не се секирај, ова ќе го избришеме од историјата”

Археологот Драги Митревски во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ, посочи дека ако власта сакаше пописмени генерации требаше да ги зајакне програмите, да се воведеа дополнителни обуки на наставниците, збогатување на програми.

„Ако го нарекувате концепт, јас не би го нареков ова концепт можеби повеќе е антиконцепт. Концепт не може да биде затоа што се работи за контраверзно едно решение без оправданост и што е најважно спротивно на целите што има пред себе да си ги постигне. Еве, ајде да поверуваме дека се работи за унапредување на образованието, дека не се работи за политика. Иако од космос се гледа за што станува збор. На секого му е јасно дека некој некому ветил – не се секирај, ова ќе го избришеме, ќе го тргнеме од историјата. А, најлесно може да се тргне ако се укине историјата. Но еве да поверуваме дека не е политика, дека сепак е некаква реформа, да поверуваме дека причина е малото, ниското ниво на знаења кај децата. Демек децата ни биле нас неписмени па сега мора да направиме нешто. Како тоа да го исправиш со разводнување на програмите“, запраша Драги Митрески, археолог при своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Митрески додаде дека каков е тој концепт каде што вештачки се спојуваат предмети. Ќе се менуваат наставни програми по кои сите работеле по тие наставни програми.

„Не, целта не може да се постигне со такви менувања. Со ваков концепт на власта ќе се постигне сосема обратна цел. Не знам дали за тоа некој е свесен“, рече Митрески.

Овие тpи xopocкопcки знаци ги oчекyва голем пpилив на пapи во пpвиот мeceц од Hoвата година

Астролозите тврдат дека припадниците на овие три знаци значително ќе си ја подобрат финансиската состојба уште во првите денови на 2021 година!

Бик

Нивната напорна работа конечно ќе биде наградена во јануари. Станува збор за значителна сума, а се’ што треба да направат е да не избрзуваат со одлуките и овие пари да ги потрошат паметно исполнувајќи си некоја дамнешна желба.

Девица

Претставниците на овој знак ќе се радуваат што финансиските проблеми конечно ќе им станат минато. Ќе имаат толку многу пари, што нема да мораат да се одрекуваат од ништо.

Јарец

Парите буквално ќе им се „лепат“, но многу е важно да не ги трошат на глупости. Сега е вистинско време да вложат во автомобил или во некој недвижен имот.

Чибишев: “Лубриканти, бадеми и ф’стаци експресно набавија, ама за вакцини молиме кај соседите”

Фејсбук статус на доктор Андон Чибишев.

– Дојде декември а ние се уште немаме доволно вакцини за сезонски грип, да не зборуваме за вакцини за Koвид 19. Сериозните држави веќе ги добија вakцините и со голема посветеност се подготвуваат да го вakцинираат населението. А, ние, допрва молиме кај соседите да ни донираат вakцини од нивните количини. Набавката ќе стигне дури на лето.
Да, ама, затоа експресно набавивме лубриканти, бадеми, ф,стаци, лампиони, бифтеци.
Страшно и жално! Неспособни, време е да си одите.

Регистрацијата на возилата со странски таблици ќе биде на пола цена, ова се деталите

Собранието го изгласа Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици. Според него, сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.

Законот кој стапува на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник, по усвојување од Собранието, возилата, за кои е поднесено барањето за регистрација задолжително треба да ги исполнуваат следните услови:

– сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон;

– да влегле на територијата на Република Македонија до 1 октомври 2020 година.

Од владата веќе информираа дека постојат и други услови за да се регистрираат возилата, па така останува да важи критериумот за увоз во земјава на стари возила со стандард најмалку „ЕУРО 4“.

Воедно, лицата кои ќе сакаат да ги регистрираат возилата со македонски таблички ќе мора да ги имаат регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето на законот на сила и да поседуваат важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон.

Првата самостојна изложба “Ротации” на прилепскиот уметник Кристијан Јованоски, од утре во галеријата на Цепенков

На 23 декември 2020/ среда/ од 12.00 часот во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде поставена изложбата „Ротации“ од прилепскиот уметник Кристијан Јованоски. На Јованоски ова му е прва самостојна изложба по дипломирањето.

Кристијан Јованоски за „Ротации“

„Ротации“ е проект што ги поврзува неколку дела од 2018, 2019 и 2020 година. Како што и самиот наслов зборува сам за себе, визуелни прикази на едно т.н. патување и белег на искуства прикажани во простор. Станува збор за инсталација составена од слики, цртежи, иобјекти.Цртежот е основата по која почнав да ги гледам, проучувам и осознавам деталите во светот кој го живееме кои за мене се релевантни во креирањето, а со тоа и живеењето.

Реалноста со својата динамичност која се манифестира преку верига промени на настани е афирмацијата што го предизвика ова набљудување на едно константно патување. Восприемање на реалноста низ призмата на „тивките сознанија“ потсвесно ја буди постојаната потреба на бришење на мисловните стеги со цел да се допре до флуидноста на едно движење. Еден од сегментите кои ја надополнуваат водечката особина при едно живеење,како што е насочената мислата, така и патот/патувањето и идејата за истото.

Идејата за патот е една од основните причини на моите дејствувања кои се пласираат во различен облик но со иста цел, а тоа е потрагата по решение или одговор. Мобилноста на физичкото и потребата да отидеме на поубаво место ги сметам како акт на идејата за трансформација на мигот кој е непрепознатлив поради сопственото дистанцирање.

„Ротациии“ е проширен процес на набљудување а воедно и заобиколување на сопствените дејствувања, вонвременско и присуство од перспектива на набљудувач. Преку оваа инсталација се обидувам да прикажам проекција на одредени сегменти од едно сведочење, да ги отворам новите облици на толкување на нашиот интуитивен елемент, на свесноста за каузалноста која ја минуваме во временското, минливото. Цртежот го сметам за медиум кој прв го запознав и линијата е таа која ја гледам како се трансформира низ времето кога ја пренесувам на некаква подлога, а присутноста во создавањето ја сметам за владеење на мигот. Миговното дејствување е сведоштво на сопствените трауми, когнитивноста која е нужна за поставување прашања, што за мене претставуваат пресврт во сопствената динамика на дејствувањето.

„Ротации“ е токму тоа, скелет на кој се придржува постојаното раѓање при врежувањена секој нов потег и креативен чин, поклонување пред монументалноста на новите сознанија и свечената обвивка од творечкиот акт. Преку делата се обидувам да се поврзам со потеклото, битисувањето и целосната комплексна градба на едно постоење.

Koи билe Ромео и Јулија oд библиcкиoт гpaд? Тајна стара 3.000 години

Археолозите веруваат дека парот починал во исто време.

Во библиското место Бетсаида, Израел, беа откриени остатоци од мажи и жена во прегратка, а археолозите кои ги открија нивните остатоци ја нарекуваат двојката Ромео и Јулија.

Археолозите веруваат дека тие починале во исто време, иако не се сигурни што ги ybило, изјави Рами Арав, директор на проектот Бетсаида и професор по религиозни студии на Универзитетот во Небраска Омаха.

„Многу ретко ќе најдете ваква двојка“, рече Арав на виртуелната конференција за археологија што ја одржаа Универзитетот во Њујорк и Израелскиот орган за антиквитети од 25 до 28 октомври.

Откако го проучи скелетот, Арав рече дека мажот починал во доцните тинејџерски години, а жената во раните или пред тинејџерските години.

И покрај интимната положба на погребаната двојка, археолозите не можат да бидат сигурни дека тие биле романтична двојка, изјави Арав, истакнувајќи дека оној што ги погребал ги ставил во „позиција на гушкање“.

Научниците знаат дека Бетсаида била престолнина на Гешур, царство споменето неколку пати во хебрејската Библија. Приказните раскажани во Библијата тврдат дека Гешур понекогаш бил во судир со Израел.

Археолозите би сакале да извлечат ДНК од скелетот на парот за да дознаат повеќе за нив, но во моментов немаат средства за да го сторат тоа.