дома блог страница 2232

Hocтaлгиja за едно вpeме: Caмо една македонcка екипа се има cooчено со ваков тим на ѕвезди (Фото)

14 септември 2000 година и ден денеска е еден од најголемите датуми кога фудбалот во Прилеп е во прашање.

Во рамките на првото коло од Купот на УЕФА, Победа се соочи со ѕвездениот тим на калчолигашот Парма. Иако црвено-белите беа поразени во двата дуели, љубителите на фудбалот и денес се сеќаваат кој се гостуваше тогаш во Македонија.

Во редовите на Парма тогаш беа: Џиџи Буфон, Фабио Канаваро, Лилијан Турам, Серџо Консисао, Аморосо, Саво Милошевиќ, Жуниор и Марко Ди Вајо.

Оваа ѕвездена екипа против себе го имаше тимот кој на Прилеп му го донесе првиот трофеј во натпреварувачката 2000/2001 година освојувајќи го Купот на Македонија.

Во редовите на црвено-белите тогаш беа: Боби Тенев, Панче Ќумбев, Игор Николаевски, Благојче Нацев, Жилсон, Раде Каранфиловски, Панче Ристовски, Тони Наумоски, Николче Здравески, Дарко Диниќ, Сашко Крстев, Тони Мегленски, Горанчо Тодоровски и Влатко Стојчевски.

Натпреварот кој тогаш се одигра на Градски стадион во Скопје пред 9.500 публика, заврши со триумф на Италијанците од 0:2.

Стрелци на головите беа: Серџо Консисао во 23-та минута и Марко Ди Вајо во 74-та.

Како ли само моќно изгледале “Мајмуните”…. морници по цела кожа….

На повратниот натпревар во Парма, Победа загуби со 4:0, а тогаш головите ги постигнаа: Монтано, два погодици постигна Бонацоли и одново стрелаше Ди Вајо.

Фабио Канаваро

Аморосо

Лилијан Турам

Серџо Консисао

Легендарниот Џиџи Буфон, единствениот од овој ѕвезден тим кој се уште настапува за Јувентус

Жуниор

Марко Ди Вајо

Сподели и донирај: Пожap остави ceмejcтво од Скопје на улица, секоја помош е добредојдена!

Опожарена е куќата на семејството Божиновски од Скопје при што без покрив над глава остана 6 члено семејство. Од пожарот била зафатена и изгорена целата куќа.

Апел за помош:

Апелираме до сите хумани граѓани, да застанеме рамо до рамо и заеднички да се сплотиме во рамките на можноста да помогнеме со финансиска поддршка за возобновување на нивниот дом по катастрофалната загуба која го снајде ова семејство.

Можете да помогнете на жиро-сметка на НЛБ Банка 210501555488072 на име Лилјана Божиновска со цел на дознака “за донација”, или девизна сметка на име Лилјана Божиновска на НЛБ Банка со:

IBAN Code МК07210501555488072
SWIFT: TUTNMK22

Александар Николоски вечерва гостин во емисијата “Заспиј ако можеш”

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва ќе гостува во „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

Емисијата започнува во 22:30 на Алфа ТВ.

(Урнебесно видео) Сред емисија и падна забот: Не знаеше што ја снајде па почна да го бара, а потоа…

Забележавме дека водителите изгубија сè за време на програмата, тоа беше претежно пријатно за око, но Соња Кортес „ја сврте играта“ затоа што изгуби заб за време на шоуто!

Парагвајката е водителка на многу гледаната емисија „Знам сè“, но додека танцуваше во студиото и зборуваше во камерата, одеднаш и падна заб!

После шоуто, Соња Кортес тврдеше дека станува збор за бонбона, сепак, од Месечината може да се види таква дупка меѓу забите!

Изгледа дека стоматологот не заврши одлична работа, и како сето тоа изгледаше, погледнете го клипот подолу.

25-годишен прилепчанец пријавен за исчезнат

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 22.12.2020 во 10:00 часот во Одделението за внатрешни работи Прилеп, З.З.(53) од Прилеп пријавил дека неговиот син В.З.(25) се оддалечил од домот.

(Фото) “Tиe paце пpeгpнyвале, збopyвaaт за долг живот, љyбов…” – Eмотивна cлyчка во caлон за yбавина е нajyбавото нешто што ќе го пpoчитате денecка

Објава на социјалните мрежи за случка во салон за убавина стана вирална во целиот регион. Иако не е познато каде точно се случило, сепак ова е нешто најубаво и напозитивно што ќе прочитате денеска.

За што се работи прочитајте во продолжение:

“Во салонот за убавина каде што работам, со претходно закажан третман, една многу симпатична возрасна жена, која не ја познавав до тогаш, за разлика од другите кои ја познаваа многу добро.

Откако и направија фризура, таа седна пред мене и ме замоли да и ги излакирам ноктите со безбоен лак. Си земав за право да ја прашам зошто одбра безбоен лак,таа ми одговори со срамежлива насмевка.

-Рацете ми се грозни, на мојата кожа остарена не би и прилегало некоја друга боја, би привлекло внимание и многу озборување.

-Се насмеав со тежина на душата и реков;-Рацете ви се многу убави госпоѓо. Раскажуваат за еден долг живот, љубовта,
радоста и солзите.

Овие раце допирале многу, прегрнувале луѓе, кои сте ги сакале низ животот и луѓе за кои сте се грижеле. Тие раскажуваат за историјата на еден изминат живот.

Таа сеуште срамежливо се смееше, уште малку молчеше, со поглед исполнет со сјај од солзи реши заедно да избереме друга боја на лакот, розова…

Понекогаш кога се срамиме и со несигурност гледаме во нешто наше, вистинско освежување и будење е ако другите забележат убавина”.

Бил Гејтс порачува: “Оваа година беше лоша, но ни пристигнуваат добри вести за 2021- животот ќе се врати во нормала”

Основачот на компанијата “Мајкрософт” и вториот најбогат човек во светот, Бил Гејтс, вели дека оваа година беше лоша, но смета дека пристигнуваат добри вести за 2021 година.

“Над 1.6 милиони луѓе ги загубија животите за време на пандемиjaта од кopoнавиpycoт, над 75 милиони беа зapaзени, а економската штета се брои во трилиони долари. Милиони луѓе останаа без работа и имаа големи проблеми за да ги платат сметките, а над милијарда деца го пропуштаат клучното време за да се стекнат со образование. САД оваа година беше сведок и на настаните поврзани со Џорџ Флојд и Бријана Тејлор, деструктивните шумски пожapи и претседателски избори кои беа навистина чудни”, напиша Гејтс во својот блог “Gates notes”.

Меѓутоа, тој тврди дека работите ќе се подобрат во 2021 година.

“Сепак, во следната година ни пристигнуваат добри вести. 2020 година ја поминав со колегите во Фондациите ширум светот, барајќи решение како да се подобри тестирањето и да се спречи Koвид-19. Koга ќе помислам на прзината на научниот напредок во 2020 година, јас сум воодушевен. Човечката раса никогаш не направила ваков напредок кога станува збор за лечењето на било која болecт во една година”, додава Гејтс.

25 години прилепска рок група “Бен Хур”: За јубилејот изненадување за публиката (Видео)

Деновиве момците од рок групата “Бен Хур” изработија интересен видео клип за песната „Перо мајсторо“, а кој е веќе прикачен на youtube каналот.

Фото/Оldprilep.com

Повод е 25 годишнината од издавањето на нивниот деби студиски албум, насловен како “Секс пиво рокенрол“, а во кој беше вклучена и оваа песна.

За одбележување на овој јубилеј момците од “Бен Хур” ја одбраа токму оваа песна, заради веселата хармонија и текстот, како честитка со желби за поубава Hова година до сите, во овие претпразничи денови.

Снимена е со изведба на инструменти во живо во скопското студио „City sound“, од страна на тогашните членови на бендот: Борче Шабаноски, гитарист и автор на музиката, Душко Темелкоски, вокалист и коавтор на текстот, заедно со прилепскиот новинар Зоран Милошески, како и Тоде Илиоски на бас гитара и Диме Џагадуроски на тапани.

Како гостин на клавијатури беше вклучен прилепскиот хит мејкер Горан Милошески. Аранжманот е заеднички на сите членови на групата, додека продуцент на снимањето во студиото беше познатиот Братислав Брацо Зафиовски.

130 милиони евpa, пapи што ги загyби Maкедониja од EУ-фондовите, дpжавата можеше да ги искopиcти за капитaлни пpoeкти

130 милиони евра, пари што ги загуби Македонија од ЕУ-фондовите, државата можеше да ги искористи за капителни проекти, смета лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Медиумите објавија дека Македонија загубила 130 милиони евра од фондовите на ЕУ, не затоа што ЕУ не ги дала парите, туку затоа што Владата и институциите кои ги менаџираат кадрите од владиното мнозинство не ни аплицирале за овие пари.

-Овие пари државава можеше да ги искористи за градба на инфраструктурни капитални проекти, патишта, железничко поврзување и редица други зафати кои на економијата ќе и донесеа свежи пари во услови на рецесија, ќе задржеа работни места, вели Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ овие пари ги нема во државава затоа што администрацијата која ја менаџира Заев е неспособна да ги искористи.

-А, како би биле способни кога главната дејност на Владата е криминал, лаги и продажба на идентитетот. Владата по принципот “лежи лебу да те јадам” нема да стигне никаде. Впрочем и парите на картичките за поткуп ќе завршат, а што потоа? Потоа, се разбира истиот филм од владата, час лаги, час занимавање со опозицијата и хајки, час продажба на идентитет. На тој филм народот ќе му стави крај. Затоа што работите вријат!, вели Мицкоски.

(Видео) Неверојатно откритие: Под мразот пронашле целосно зачувано тело на волк, старо 56.000 години

Замрзнато, зачувано тело на волк беше пронајдено во северна Канада. Се смета дека волкот живеел пред 56.000 години, соопштуваат канадските научници.

Сокриено во вечниот мраз десетици илјади години, женското младенче волк беше откриено од копачот на злато во Доусон сити.

Канаѓаните го нарекоа “Жур”, што во превод значи волк, по јазикот на староседелците, пренесува БиБиСи.

Научниците велат дека младенчето, чии влакна и заби останале недопрени, е најкомплетната позната мумија на волк.

“Волкот е практично 100% зачуван, единствено се изгубени очите”, вели професорот Џули Мичен за “EurekAlert”.

Користејќи разни технологии, тимот успеал да открие бројни аспекти на животот од животното, почнувајќи од неговата старост и веројатната причина за cmpтта.