дома блог страница 223

Николоски: Инсталациите на службите се во сите сфери на општественото живеење, засекогаш ќе расчистиме со овие структури

Ако не се расчисти најновиот случај со прислушкување и со следење на политички противници, што го правела АНБ во изминатите години, Македонија ќе продолжи и во иднина да се соочува со вакви злоупотреби, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш”, кој сподели загрижувачки информации за инсталации на безбедносните служби во сите сфери на општественото живеење.

„Имаме работа со инсталации кои се во јавниот живот, на универзитетите, во медиумите, во бизнисот, во најмалку една политичка партија и кога ќе го видите целиот овој контекст, се сфаќа колку е голема и тешка битката пред нас“, рече Николоски.

Според потпретседателот на партијата, АНБ наместо да работи на сузбивање на тероризам, што е нивна основна работна задача, тие се занимавале со следење на актуелниот премиер, неговото семејство и функционери од актуелната Влада, а сега кога се фатени на дело, се обидуваат целиот тој криминален процес да го претворат во ријалити шоу и воајеризам.

„Целта им е наместо да се зборува дали премиерот, вицепремиерот биле следени или прислушкувани, дали за нив се правеле лажни белешки до партнерски служби, или не, ние ќе зборуваме дали во тие документи има приватни разговори, кавги и сл. Сакаат од целиот процес да направат естрада. Тогаш јавноста нема да зборува дека е рушена демократијата, туку ќе зборува за приватните животи на функционерите“, истакна Николоски кој ги повика обвинителството и судството да реагираат, да ги разгледаат сите материјали, со цел да докажат дека се надвор од овој процес пред јавноста.

Николоски потсети и дека додека службите во Македонија го ределе со етикети како антизападен, како потпретседател на Парламентарното Собрание на Совет на Европа и како член на Комитетот за мониторинг, бил дел од работна група која што испитувала злоупотреба на службите во неколку европски држави.

Кривична на прилепчанецот кој беше фатен со 32,5 кг. мapихуана на патот Прилеп-Битола

-СВР Битола поднесе кривична пријава против И.А.(37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.09.2025 на магистралниот пат Битола-Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 32,5 килограми марихуана, која требал да ја транспортира до границата со Република Грција – информираат од МВР.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Прилеп по првпат ја доживеа детската олимпијада – над 150 насмеани мали шампиони трчаа и се забавуваа со Менде!

На 5 септември 2025 година, под организациската палка на ⋮IWConnect, на игралиштата во Паркот Могила на непобедените, 13 тимови се натпреваруваа во 6 различни спортски и креативни игри.

Водител на програмата беше Михајло Миленковски, актер при театарот „Војдан Чернодрински”, кој со свojата харизма ги водеше децата низ настанот. Со многу енергија, смеа и тимски дух, децата покажаа дека спортот и заедништвото се вистинска магија.

Организаторите упатуваат благодарност за анимацијата на најмалите до градинката ЕДУ “ШАМПИОНИ”, кои со својата енергија на настанот му дадоа една поинаква магија.

На крајот беа прогласени тројца шампиони – тимовите кои најмногу се истакнаа во спортскиот дух, тимската работа и креативноста.

-Упатуваме огромна благодарност до Општина Прилеп што ни го овозможи просторот и ја поддржа оваа детска идеја. Исто така им се заблагодаруваме на нашите партнери Алкалоид, Витаминка, Прилепска Пиварница, како и на Маркукуле портал за медиумската поддршка, Dance Studio New Generation и сите други пријатели кои ни беа со рака под рака. Секое дете си замина со насмевка, медал и спомени што ќе ги носи долго. Ова беше само почеток – со нетрпение ги очекуваме следните заеднички моменти – стои во соопштението од IWConnect.

Во продолжение погледнете како се забавуваа најмалите на детската Олимпијада во Прилеп:

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Kрушево со одговор до преплашениот Градоначалник

Соопштение на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево, како одговор на ФБ објава на градоначалникот, Томе Христоски:

-Изјавата на градоначалникот Томe е класичен пример за политичка самобендисаност и обид за манипулација со јавноста. Наместо да одговори на реалните проблеми со кои секојдневно се соочуваат жителите на Крушево и нереализираните ветувањам тој се крие зад флоскули за „дела и проекти“ кои постојат само во неговата имагинација.

Срамно е што градоначалникот наместо да се соочи со критиките и фактите, обвинува медиуми и анкети кои не му одат во прилог. Ако неговата единствена „анкета“ се неговите сограѓани, тогаш уште побрзо ќе ја добие вистинската слика. Незадоволството е масовно и реално, а довербата е одамна изгубена.

Затоа, Крушево заслужува нова енергија, чесен и работлив човек кој ќе го врати духот на еснафското Крушево и ќе работи искрено во интерес на сите граѓани. Тоа е Нико Чонески, човекот кој ќе биде следниот градоначалник и кој заедно со своите сограѓани ќе го врати сјајот на нашиот град.

Горивата поскапуваат од полноќ

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 69 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,245 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,148 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,869 отсто, кај дизелот за 2,557 и кај екстра лесното масло за 3,327 отсто додека кај мазутот има намалувањето за 4,292 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2938 отсто.

Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect и MTV The Greatest Hits 80s & 90s – за првпат во Прилеп!

26.09.2025/петок/, почеток од 20.00ч, голема сала ЦК “Марко Цепенков” Прилеп

Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect ќе настапи со самостоен концерт во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и тоа со најпопуларниот проект до денес – MTV The Greatest Hits 80s & 90s.

Публиката во големата сала ќе има ретка можност да ужива во незаборавните хитови од златната доба на музиката, во нови аранжмани, со врвни вокали и бенд, придружени од моќниот звук на оркестарот.!

Влезниците, по цена од 400 денари, за концертот се веќе во продажба.

Ќе се продаваат секој работен ден на билетарницата од Центарот од 10 до 12.00 часот.

По пауза од 31 година: Во Битола денес ќе се игра меѓународен фудбалски натпревар (ВИДЕО)

Попладне во Битола, по пауза од 31 година, повторно ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар на кој ќе настапат младинските репрезентации на Македонија и Италија.

Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија професионално и во зададените рокови го реновираа стадионот „Петар Милошевски“ за играње меѓународен натпревар од високо ниво, а потврда добија и од специјална инспекција на УЕФА која додели лиценца за фудбалски натпревари на клупско и репрезентативно ниво.

Средбата меѓу репрезентациите на Македонија и Италија, фудбалери на возраст до 21 година е закажана за 18:15 часот, а најголем дел од влезниците се продадени. На публиката ќе и биде овозможено следење на натпреварот од целосно обновени трибини, а за новинарите подготвени е посебен медиумски центар. Вложувањата и интервенциите во стадионот претставуваат значаен чекор за развојот на фудбалската игра во градот и регионот, посочија од Општина Битола во пресрет на попладневниот натпревар за кој обезбедено е и осветлување.

Последен пат меѓународен фудбалски натпревар беше одигран во 1994 година кога во Битола гостуваше младинската фудбалска репрезентација на Шпанија.

Жална Македонија! Му го запалил глисерот на брат му, а пожарот зафатил зграда и автомобил

На 09.09.2025 во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.С.(52) од Охрид.

Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на ул.„Даме Груев“ во Охрид предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) од Охрид. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.

З.С. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Во битолско се произведува оригинално ПЕКОРИНО, зрее цела година и има неверојатен вкус, а оваа сабота ќе може да се проба во Прилеп (ВИДЕО)

Во сабота, 13.09., на платото пред Градскиот Саат во Прилеп, ќе се одржи седмото издание на Фестивалот “Mлеко”. Oва е четврти пат на фестивалот во Прилеп, а прилепчани и гостите во градот под Марковите Кули, ќе имаат можност да си купат и да дегустираат голем број органски производи, произведени од вредните раце на македонските земјоделци и производители.

Во пресрет на фестивалот ви презентираме дел од учесниците, чии производи ќе бидат изложени и понудени на штандовите во центарот на Прилеп.

Од живописното битолско село Трново, под падините на Пелистер, ни доаѓаат производите од “МАНДРА ПЕЛИСТЕРСКИ ОВЧИ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ”. Овие вкусни млечни производи се плод од макотрпната работа со околу 300 овци, чие млеко е основата на врвните производи на мандрата Пелистерски овчи производи.

Тука традицијата се спојува со модерните знаења, кои се стекнати во Грција и Италија – земји познати по своите сирења. Во мандрата се произведуваат четири вида сирење: бело, биено, кашкавал и пекорино. Секој вид има свој „тертип“ – прецизен процес на зреење и нега. На пример, пекориното зрее цели 8 месеци, потоа се вакумира и продолжува да зрее уште 4 месеци за да добие длабок, богат вкус. Кашкавалот пак, зрее 3 месеци пред да биде подготвен за консумација.

ВИДЕО ПРОДУКЦИЈА: “РАДИО ПЕЛА”

На Градски денеска Победа – Башкими, натпревар од Купот на Македонија

Денеска со почеток од 15:30часот, на градскиот стадион “Гоце Делчев”, Победа ја пречекува екипата на Башкими од Куманово, во рамки од 16-тина финалето од Купот на Македонија.

По тешкиот пораз од 5:0 на гостувањето кај Преспа викендов, црвено-белите ќе треба да покажат карактер и помогнати од новите засилувања да се изборат за поволен резултат пред своја публика.

Башкими е прволигаш и со сигурност ќе сака триумф во Прилеп. Наше е да ги поддржиме победашите во што поголем број и во овие тешки денови за клубот да им дадеме максимална поддршка.