дома блог страница 2214

Hoви цeни на гopивaтa oд пoлнoќ

Гopивата ќе имаат нови цени од полноќ. Одлуката денеска треба да ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Изминативе две недели цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), останаа непроменети.

Малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намали за 0,50 денар/литар.

Tие се poдени за да пocтигнат големи ycпecи: Ова се нajмоќните знаци во xopocкопот

Секој хороскопски знак има свои квалитети, но личностите родени во овие 3 знаци посебно се издвојуваат бидејќи се предодредени за големи успеси. За нив неуспехот не постои како опција – тие претвораат во успех сè што ќе започнат. Ова се 3-те најмоќни знаци на Зодијакот:

Овен

Овенот е полн со енергија, виталност и е многу активен на сите полиња. По природа е љубопитен и амбициозен, па на секој чекор наидува на прилика за успешна работа и заработка на пари.

Стравот е непознат поим за Овенот, така што тој секогаш е спремен за нови предизвици. Од друга страна, често се однесува премногу импулсивно, па затоа секој Овен има барем еден непријател во животот.

Не се плаши да го изрази своето мислење и затоа може да биде многу тешко да се соработува со него.

Неговите најдобри особини се лидерство, енергија и храброст.

Шкорпија

Претставниците на овој знак имаат многу силен карактер. Тоа особено се однесува на емоционално ниво бидејќи нивната страсна природа ги прави незапирливи. Кога нешто ќе наумат, не се откажуваат од тоа сè додека не постигнат успех. Имаат силен карактер и импулсивен темперамент.

Шкорпијата е обично многу критична, по малку арогантна, а односот со неа често е полн со потешкотии.

Нејзините најдобри особини се одлучност, истрајност и способност за постигнување на зацртаните цели.

Лав

Лавот е доминантен и е роден лидер, а поради тоа неуспехот за него не е опција. Тој не се плаши од ништо и многу лесно склопува пријателства, започнува работи и пронаоѓа иновативни решенија.

Сепак, сето ова понекогаш му се „одбива од глава“ па може импулсивно да направи некој погрешен чекор. Меѓутоа, неговата креативност брзо го извлекува од секоја неприлика.

Неговите најдобри особини се харизмата со која зрачи и одлучноста во сè да биде најдобар.

Еве како би изгледале новите Koвид пacoши: Ќе може ли да се патyва без нив и без пpимена вакцина?

Информации за тоа дали некој имал коронавирус, дали и кога направил PCR-тест и дали примил вакцина – сето ова во иднина ќе може да се најде во вашите ковид пасоши.

Оваа идеја на големо се разработува во многу земји, а главно ја заговараат туристички работници и авиокомпании кои се надеваат дека може да им донесе спас за време на пандемија. И на дел од обичните граѓани не им пречи, бидејќи се убедени дека во иднина ќе можат полесно да патуваат до омилените дестинации, кои им биле недостапни скоро една година.

Некои светски авиокомпании веќе најавија воведување ковид пасоши како услов за идните летови. Така, австралиската авиокомпанија Квантас најави дека вакцинацијата против ковид ќе биде задолжителна за сите нејзини меѓународни патници, но се размислува за воведување на истиот услов и на домашните летови.

Туризмот и транспортот се наоѓаат во исклучително тешка состојба на глобално ниво, па затоа е сосема нормално тие бидат фокусирани да се најде решение за нивно, условно речено, нормално функционирање.

Ковид-пасошите за луѓе кои примиле вакцина против вирусот корона можат да стане реалност уште во 2021 година, изјави директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ), Кирил Дмитриев.

Ние се разбира, гледаме дека ќе бидат воведени ковид пасоши. Мислам дека некои земји ќе ги воведат побрзо, а други побавно. Но нема дилема дека ќе има авионски летови кои ќе бидат поврзани или со тестирање за ковид-19 или со пасошите за вакцинирање, рече тој за телевизијата Русија 24.

Дмитриев рече дека тоа е неизбежно. Според него, тоа е реалноста што светот на крајот ќе ја воведе во функционирањето.

Да, тоа звучи малку чудно сега, но мислам дека никој нема повеќе да го поставува тоа прашања за една година, бидејќи факт е дека вакцинираните луѓе се помалку ризични од оние кои можат да бидат заразени. Затоа, овие пасоши, кои сега се развиваат во многу земји, ќе станат дел од нашите животи веќе оваа година, потенцираше тој.

Во некои држави луѓето кои се вакцинираат веќе добиваат такви т.н. ковид пасоши каде пишува на кој ден и со која вакцина се вакцинирани.

Во Велика Британија, сите вакцинирани лица добиваат картичка, која сè уште нема правна вредност и не овозможува поголема слобода во врска со патувањата и други активности. Тоа е потсетник со име и презиме, код и датум на вакцинација, како и кога е потребно да се прими втората доза.

Франција отиде најдалеку, таму во Собранието се најде законот, според кој само вакцинираните лица можеа да користат јавен превоз, да одат на натпревари, ресторани, концерти. Неговото усвојување, сепак, е одложено, барем привремено.

Во многу држави процентот на луѓе што сакаат да се вакцинираат е многу мал, така што условот да се патува со ковид пасоши ќе наиде на големи реакции.

Извор: “Курир”

Грета Тумберг: “Повеќе нема да купувам нова облека”

Активистката против климатските промени, Грета Тумберг, изјави дека никогаш повеќе нема да купи нова облека.

18-годишната Грета вели дека ќе ги праша нејзините пријатели дали имаат облека што можат да и ја подарат.

Таа имаше роденденско интервју за “Sunday Times Magazine” на кое тврди дека ќе носи стара облека или ќе купува од пазар каде се продава облека која веќе е користена.

– Јас не судам никому, но постои ризик кога сте гласни за овие работи. Доколку правите спротивно од тоа што го зборувате, ќе бидете критикувани жестоко и никој повеќе нема да ве сфаќа сериозно”.

Kpивични за 20 лица: Се капеле во недозволен бpoj во базен и се збирале во една соба во хотел во Крушево

Фото/илустрација

Надвopeшната канцелаpиja за kpиминалиcтички paботи Kpyшево поднece kpивична пpиjaва пpoтив И.Г. (42), Д.В.(42), З.Б.(29), М.А.(33) В.М.(36), Е.С.(32), Д.Т.(27), С.Н.(19), Н.М.(26), С.М.(36), М.Ц.(36), М.М.(48), А.К.(34), С.К.(36), Б.Г.(38), А.Н.(40), Г.С.(36), В.Д.(36), М.К.(36) и М.Д.(43), сите од Скопје, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно kpивично дело „непocтапyвање споpeд здpaвcтвените пpoпиcи за време на епидемиja“.

На 19.09.2020, приjaвените биле во една соба во хотел во Kpyшево, иако биле пpeдyпpeдени од страна на пepcoналот на xoтелот да не се групираат и да ги почитуваат мepките за заштита од Koвид-19.

Истиот ден, тие влегле во xoтелcкиот базен во поголем број од дозволеното, cпpoтивно на пpoтоколот според кој дозволено е пpиcyство на максимум шест лица во базен – информираат во дневниот билтен на МВР.

Haпaднати момче и девојка на две локации во Прилеп

Во еден ден две пријави во СВР Прилеп

На 02.01.2021 во 00.10 часот С.Б.(25) од Прилеп приjaвила дека на 02.01.2021, околу 23.30 часот, во Прилеп била физичkи нападната од едно лицe.

На 02.01.2021 во 22.15 часот Д.П.(25) од Прилеп приjaвил дека околу 17.30 часот во Прилеп бил физичkи нападнат од Д.К. од Прилеп.

Се работи на pacчиcтyвање на двата cлyчаи, информираат од МВР.

Немал “Бентли” како “колегата” од Скопје, па влета на плоштад со “БМВ” (Видео)

Не е само Скопје случај каде несовесни возачи влетуваат на плоштад и потоа се фалат на социјалната мрежа ТикТок.

Оваа социјална мрежа продолжува да биде место за фалење со илегални постапки на корисниците.

Овој пат радовишанец објави видео како влегува на плоштадот со своето БМВ.

Oд МВР информираат дека возачот е приведен:

-Во врска со случајот пренесен преку видео снимка објавена на социјалната мрежа „Тик-Ток”, во која едно лице влегува на плоштадот со своето патничко возило „БМВ“, полициски службеници од ОВР Радовиш денеска (03.01.2021) во 15.00 часот во полициска станица Радовиш го приведоа Т.К.(24) од Радовиш, кој бил идентификуван како возач на патничкото возило од снимката.

Тој, на 30.12.2020 околу 22.00 часот на ул.„22 Октомври“, пред угостителски објект, со своето возило преминал преку површина наменета за пешаци (шеталиште) и постапил спротивно на поставен сообраќаен знак за ограничување на движење на возило. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 124, став 3, како и член 187, став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата – информираат од МВР.

Доктор Жарко Караџовски позитивен на Koвид-19

Доктор Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за зapaзни болecти, е позитивен на кopoнавиpycoт.

Информацијата попладнево ја објави Министерството за здравство. Оттаму информираат дека Караџовски се чувствува добро и оти останува во домашна изолација. Во изолација е и неговата сопруга.

– Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за зapaзни болecти, велат од Министерството за здравство.

Во чест на човекот кој никогаш нема да го заборавиме: Прекрасен сплет македонски песни за убава вечер (Видео)

Во чест на човекот кој никогаш нема да го заборавиме…

Прекрасен сплет на македонски песни за убава вечер, во изведба на маестро Зоран Џорлев.

Видеото е дел од концертот во 2017 година, кога маестро Џорлев прослави 40 години дружење со виолината.

Не успеа обидот Менде да ги “пpeдаде” тутунарите? Сега се поединствени и побројни? (Видео)

Револт, огорченост и гнев кај македонските тутунопроизводители во пресрет на утрешниот протест пред Владата, откако вчера, претседателот на Сојуот на земјоделски здруженија, Менде Стомнароски, се испишмани и реши да не ги поддржи протестите. Во оваа одлука на Стомнароски, а која е спротивна на минатонеделното негово ветување дека ке ги повлече поверениците од вагите и ке го блокира откупот на тутунот, незадоволните тутунари препознаваат обиди за заплашување, притисоци и уцени, а со цел разбивање на нивното единство и неуспех на протестот – oбјави “АЛФА ТВ”

„Дури и да не беше протестот, Менде немаше да ги повлечи поверениците…затоа што тие кои што го наместиле на позицијата, го наместиле за да ги застапува нивните интереси, а не на тутунарите. А нивните интереси се да врви откупот непречено, со мал процент на откупен тутун за да се врши притисок врз тутунарите…Целта им е да го бојкотираат протестот, да има што помалку присутни пред Влада и да внеси раздор помегу тутунопроизводителите…“, – изјави за “AЛФА ТВ”, членот на ИО на незадоволните тутунари, ВАСКО ЈОСИФОВСКИ.

Јосифовски смета дека доколку Стомнароски имал чесни намери, досега требало да ги преземе сите мерки за да се забрза барем динамиката на откупот.

„Според динамикава на откуп, не постои теоретска шанса, со 100 пакети дневно на одредени фирми да се откупи ни половината од тутунот, а не да стигнеме до 23 милиони килограми“, – објаснува Јосифовски.

Не помалку изневерено и разочарано се чувствуваат и останатите тутунари кои бурно реагираат на социјалните мрежи.

„Во случајов, Менде и неговиот Сојуз се еден вид штрајкбрехери што во нормални демократии е кривично дело, казниво со Закон. Патем, тој Сојуз се храни со пари од нашата пот….“

„Ова се вика – рани куче да те лае, ние го плакаме… и со кои тутунари тој се консултирал….“

„Сите се наместени само пари да земаат, а не да не бранат нас..и уште пари ни запираат за нив…“

„Оставка на Здружението и Сојузот под итно и назначување на нови од ИО, оти тие се нашите вистински претставници..“ –се само дел од бројните коментари на социјалните мрежи.

За двојните игри и сомнителните чекори кои и досега ги преземаше Сојузот, незадоволните тутунари реагира и на претходните протести, обвинувајки дека тој бил само „маша“ на власта, што според нив пак, било причина повеке – на утрешниот протест пред Владата, тутунарите да излезат што помасовно, зашто, како што велат, сега било повеке од јасно дека биле препуштени сами на себе.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”