дома блог страница 2215

(Видео) Купете си сопствен “затвop”: Куќа во Вермонт крие мopничава тајна

Во Вермонт, САД, се продава куќа со четири спални соби, две купатила, убава градина и затвopcка ќелија.

Куќа од 2.190 квадратни метри, сместена во местото Гидал, Вермонт, некогаш била затвop на округот Есекс.

Иако окружниот затвop не е во употреба од 1969 година, во куќата сеуште има затвopcки ќелии. Цената на куќата е 149.000 американски долари.

Здружението на лозари повика на поддршка за простестот на тутунарите, утре пред Влада во 12 часот

Здружението на лозари од Тиквешијата со изјава повика за поддршка на протестот на тутунарите, пренесува КУРИР.

Утре и тие ќе излезат пред Влада на протест со почеток од 12 часот.

И тие се на мака по неисполнетите ветувања од страна на Владата.

Слушнете ја нивната изјава

Гepманиja го одложи попиcoт за 15 мaj 2022 поради Koвид, кај нас 3aeв вели морало сега, оти немало да одиме напред

Поради коронавирусот Германија го одложи спроведување на пописот на 2022 година. Иако првично оваа сложена операција требаше во земјата да се изврши годинава, донесена е одлука пописот сепак да се одржи на 15 мај 2022 година.

Во објавата на германската агенција за статистика се наведува дека пописот се одложува поради ковид пандемијата која несомнено влијаела и на процесот на подготовка на пописот.

Во Македонија пак, премиерот Зоран Заев инсистира на одржување на попис во април годинава. Дневниот број на новозаболени од коронавирус е во благо опаѓање, но бројот на смртни случаи и натаму е висок.

-Пописот не смее и нема да зависи од волјата на политичките партии и лидери. Пописот, како статистичка операција, според највисоките стандарди на ЕУ, ќе го организира и спроведе Државниот завод за статистика кој за пилот фазата ги доби највисоките оценки. Нашите граѓани чекаат попис речиси две децении, оваа шанса нема да ја пропуштиме. Сѐ е подготвено, а развој е можен само со точни статистички податоци, категоричен е Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Заев подготвува фалсификат попис, односно да направи пописен инженеринг како што направил и изборен инженеринг.

-Нејасни се за нас три поенти, односно три состојби. Првата, зошто не се објавува методологијата на попишување која што требаше да биде интегриран дел на Законот за попис за сите да ја видат? Под број два, зошто СДСМ е против терминалите за отпечаток на прст кои што секако треба да се набават и е законска обврска за локалните избори кои ќе се одржат оваа година и третиот дел тоа е дека СДСМ се обидува да направи попис во кој луѓето нема да имаат доверба, граѓаните нема да имаат доверба и институциите нема да имаат доверба, истакнаа вчера од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат и дека нема да го поддржат пописот, а како што најавија идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе кредибилен попис по сите стандарди на ЕВРОСТАТ и другите европски и институции на Обединетите Нации.

Двејн Џонсон му купи џип на човекот кој го примил во својата куќа кога бил бездомник (Фото)

Aкетерот Двејн Џонсон му подари џип на својот стар пријател, кој го примил во својата куќа, додека тој бил бездомник.

Актерот му подари автомобил на неговиот пријател Бруно Лауер – кој работи како WWE беречки менаџер- како благодарност за помошта која му ја пружил во животот.

“Средба со мојот животен пријател, Бруно Лауер- или како што сакам да го наречам , “Downtown Bruno”, напиша “Тhe Rock”.

Oд бездомник до еден од најплатените актери во Холивуд. Но, Двејн Џонсон никогаш не заборавил на луѓето кои му помогнале да стигне до врвот.

Неговата кариера е неверојатна, а по сличен пат чекори и неговиот колега од рингот Џон Сена.

Минатата шест, оваа година пет продолжени викенди: Еве на кои датуми се паѓаат

Во 2021 година македонските граѓани ќе имаат пет продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се поврзуваат со викендот, за разлика од годинава, кога имаше шест продолжени празнични викенди.

Првиот продолжен викенд за сите граѓани ќе биде за време на новогодишните празници, кога неработен ден беше 1 јануари, петок.

Втор неработен ден кој се спојува со викенд е 3 мај, вториот ден на христијанскиот празник Велигден.

Продолжен викенд ќе има и за 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, кој е неработен ден и е во понеделник.

Граѓаните ќе имаат продолжен викенд и за Денот на Републиката – 2 Август, кој догодина е во понеделник.

Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи исто така е во понеделник.

Пожapoт во “Глобал” ocтави виcтинcки xopop зад себе: Пpичинета огpoмна штета (Фото)

Пожapoт, кој избyвна синоќа по 23 часот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е изгacнат рано утринава, а на одредени места во внатрешниот дел, каде се сместени поголем број тезги и пpoдавници се уште тлee и повpeмено се пojaвуваат мали пламени јазици.

-Синоќа, (сабота) 02.01.2021 година во 23.12 часот избyвна голем пожap во ГТЦ Глобал. ТППЕ Струмица веднаш по првата дојава излезе на лице место.

Согледувајки ја cepиознocта и големината на пожapoт веднаш е извpшена мобилизациja на целиот состав на единицата и тоа 38 пожapникapи cпacители и 6 ПП возила.

Побарана е помош од ТППЕ Радовиш со 3 ПП возила и 6 пожapникapи cпacители, ТППЕ Кавадарци со 3 ПП возила и 8 пожapникapи cпacители, ТППЕ Валандово со 3 ПП возила и 4 пожapникapи cпacители, ТППЕ Штип со 1 ПП возило и 5 пожapникapи cпacители и ЈПКД Комуналец со 2 возила цистерни за дотур на вода.

Извршено е гacнење на пожapoт од три влеза и тоа од ул.”Ленинова”, ул.”4 Јули” и ул.”Васил Сурчев”. Пожapoт е ликвидиpaн во 03.50 минути.

Оставена е дежурна екипа заради догасување на одредени жаришта во приземниот дел. Причинета е огромна материјална штета – објавија од ТППЕ Струмица.

Реал доведува “мегаѕвезда” од Премиер лига: Се создава тим кој ќе владее со Европа- Перез ги отвори картите

Реал Мадрид е сериозен во намерата да го доведе еден од најдобрите играчи на светот- Моамед Салах.

Откако го договори трансферот на Алаба од Баерн Минхен, првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перес е на добар пат да го ангажира и Салах, тврди новинарот на “Скај Спорт” Анџело Маниџианте.

Флорентино е сериозен во намерата да создаде тим кој во наредниот период ќе владее со Европа.

Претседателот на Реал сака да ја искористи моменталната состојба во Ливерпул. Имено, Египќанецот изјавил дека бил незадоволен со статусот кој го има во Ливерпул, но и дека не размислува за трансфер во Шпанија.

Салах на 175 утакмици за Ливерпул има постигнато 110 голови и запиша 45 асистенции.

Застрашувачко видео кое ги прикажува сите земјотpecи околу Петриња

Видеото објавено од Сеизмолошката служба на Република Хрватска ги прикажува сите земјотpecи што се случија околу Петриња минатиот понеделник и вторник.

Во описот на видеото се вели дека на 28 декември 2020 година, во 6 часот и 28 минути, се случил силен земјотpec со јачина од 5 степени со епицентарот во близина на Петриња. Истиот ден следеа уште неколку силни земјотpecи, а следниот ден, на 29 декември 2020 година, во 12 часот и 19 минути, областа околу Петриња беше погодена од разорен земјотpec со јачина од 6,2 степени, кој беше проследен со бројни последователни земјотpecи.

Видеото ги прикажува епицентралите на сите анализирани земјотpecи што се случија на 28 и 29 декември. Круговите се пропорционални на јачината на земјотpecoт, а времето е прикажано во времето UTC (координирано универзално време), што е за еден час помалку отколку во Хрватска, објави Сеизмолошката служба на Катедрата за геофизика од Научниот факултет во Загреб.

Еве какво време не очекува за Божиќ

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а снег на планините ќе биде времето за време на празниците Бадник и Божиќ.

Утринските температури на некои места ќе паднат по нулата, а дневните ќе достигнат максимални 13 степени.

Драма во САД: Голем број сенатори го оспоруваат изборот на Бајден – конечната битка на 6-ти јануари

Единаесет сенатори од Републиканската партија најавија средба следната седмица заради оспорување на резултатите од гласањето на електорскиот колеџ на претседателските избори во САД.

„Конгресот би требало веднаш да именува Изборна комисија, со целосни овластувања за истрага и за утврдување на фактите, која ќе изврши итна десетдневна ревизија на изборните резултати“, се вели во заедничката изјава на единаесеттемина сенатори.

Седум актуелни и четворица новоизбрани членови на Горниот дом бараат сојузните држави поединечно да ги преиспитаат резултатите на комисијата и, ако е потребно, да одржат посебно законодавно заседание за потврдување на резултатите од изборите.

„За таа цел, имаме намера на 6 јануари да гласаме за да ги оспориме електорите од спорните држави како ‘нерегуларни’ додека таа итна десетдневна ревизија не биде завршена“, се додава во заедничката изјава.

Меѓу потписниците се сенаторите Тед Круз од Тексас, Рон Џонсон од Висконсин, Џејмс Ленкфорд од Оклахома, Стив Дејнс од Монтана, Џон Кенеди од Луизијана, Марша Блекбурн од Тенеси, Мајк Браун од Индијана, Роџер Маршал од Канзас, Бил Хагерти од Тенеси, Томи Табервил од Алабама и Џош Хоули од Мисури.

Електорите ја потврдија победата на Џо Бајден на изборите од 3 ноември, откако сите 50 сојузни држави ги потврдија резултатите од гласањето. Според официјалните резултати, Бајден собрал 306 електорски гласови наспроти 232 на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Конгресот на заедничка седница на 6 јануари треба да ги потврди гласовите на електорскиот колеџ, а потпретседателот на САД, Мајк Пенс, ќе претседава со пребројувањето на гласовите од секоја држава.

Инаугурацијата на новиот претседател е закажана за 20 јануари.