Не успеа обидот Менде да ги “пpeдаде” тутунарите? Сега се поединствени и побројни? (Видео)

Револт, огорченост и гнев кај македонските тутунопроизводители во пресрет на утрешниот протест пред Владата, откако вчера, претседателот на Сојуот на земјоделски здруженија, Менде Стомнароски, се испишмани и реши да не ги поддржи протестите. Во оваа одлука на Стомнароски, а која е спротивна на минатонеделното негово ветување дека ке ги повлече поверениците од вагите и ке го блокира откупот на тутунот, незадоволните тутунари препознаваат обиди за заплашување, притисоци и уцени, а со цел разбивање на нивното единство и неуспех на протестот – oбјави “АЛФА ТВ”

„Дури и да не беше протестот, Менде немаше да ги повлечи поверениците…затоа што тие кои што го наместиле на позицијата, го наместиле за да ги застапува нивните интереси, а не на тутунарите. А нивните интереси се да врви откупот непречено, со мал процент на откупен тутун за да се врши притисок врз тутунарите…Целта им е да го бојкотираат протестот, да има што помалку присутни пред Влада и да внеси раздор помегу тутунопроизводителите…“, – изјави за “AЛФА ТВ”, членот на ИО на незадоволните тутунари, ВАСКО ЈОСИФОВСКИ.

Јосифовски смета дека доколку Стомнароски имал чесни намери, досега требало да ги преземе сите мерки за да се забрза барем динамиката на откупот.

„Според динамикава на откуп, не постои теоретска шанса, со 100 пакети дневно на одредени фирми да се откупи ни половината од тутунот, а не да стигнеме до 23 милиони килограми“, – објаснува Јосифовски.

Не помалку изневерено и разочарано се чувствуваат и останатите тутунари кои бурно реагираат на социјалните мрежи.

„Во случајов, Менде и неговиот Сојуз се еден вид штрајкбрехери што во нормални демократии е кривично дело, казниво со Закон. Патем, тој Сојуз се храни со пари од нашата пот….“

„Ова се вика – рани куче да те лае, ние го плакаме… и со кои тутунари тој се консултирал….“

„Сите се наместени само пари да земаат, а не да не бранат нас..и уште пари ни запираат за нив…“

„Оставка на Здружението и Сојузот под итно и назначување на нови од ИО, оти тие се нашите вистински претставници..“ –се само дел од бројните коментари на социјалните мрежи.

За двојните игри и сомнителните чекори кои и досега ги преземаше Сојузот, незадоволните тутунари реагира и на претходните протести, обвинувајки дека тој бил само „маша“ на власта, што според нив пак, било причина повеке – на утрешниот протест пред Владата, тутунарите да излезат што помасовно, зашто, како што велат, сега било повеке од јасно дека биле препуштени сами на себе.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.