дома блог страница 2213

Верувања за Бадник: Јадењата на трпезата треба да бидат во непарен број, еве што се’ треба да има

Се вели дека на Бадник птиците престануваат да пеат, лисјата на дрвјата престануваат да треперат, а водите во реките престануваат да течат.

Според традицијата на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења.

Неопходно е да се стави храна што ќе ви донесе среќа, здравје и плодност. Јадењата потребно е да се со непарен број – 7, 9, 11 – колку повеќе се – толку подарежлива ќе е новата година во домот. Задолжително е јадењата да се само посни.

Лебче со паричка – Лебчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. Се украсува со фигури како житни класови, плуг, крст и др.

Суви пиперки со грав / сарма со зелка – Карактеристика на полнети пиперки за трпезата на Бадник е дека се користат суви пиперки, кои претходно треба да се потопат во топла вода за да омекнат и потоа да се измешаат со сварен грав. Другата опција се традиционалните сарми, полнети со ориз.

Компот од суви сливи – тоа е вид компот од суво овошје. Ако не ви се допаѓа, може да додадете кое сакате суво овошје.

Овошје (јаболка, ореви, мушмули, дуњи) – Во минатото на Бадник се кршеле оревите кои биле наречени за секој член од семејството. Ако јатка им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината.

Кисела зелка – Ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија, која се подготвува во многу домови.

Печена тиква – Важно е трпезата на Бадник да има и нешто слатко за да е благ животот на семејството во текот на следната година. Медот е носител на мудроста на пчелите затоа него можете да го ставите врз печената тиква.

Лук – Лукот има ритуално значење. Може само да се стават неколку глави, слободно расфрлани на трпезата, но важно е и од секоја храна да се каснете барем малку. Лукот штити од зло и болести.

Покрај наведената храна на трпезата на Бадник задолжително треба да се стави и сол. Куќа без сол не треба да биде, зашто каде нема сол, таму влегуваат болестите и несогласувањата.

Објавена листата: Овие фирми зеле државна помош, а не исплатиле плати

Владата ја објави ажурираната анализа на неисплатена државна помош за ноември за минимална плата од стана на работодавачите корисници на оваа помош.

Компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени се достапни на: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/neplateno_2020_11.pdf

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во саботата објави дека платата за ноември 2020 година не ја примиле 782 вработени од 245 работодавачи кои користат финансиска помош од државата како една од владините мерка за справување со пандемијата од Ковид-19.

За ноември минатата година поднесени се 13851 барања и на 13 178 работодавачи е исплатено 1.028.448.344 денари за вкупно 65 950 вработени.

За 245-те работодавачи се изготвени опомени за неисплатена плата, а ако не ја исплатат во рок од една седмица ќе следи присилна наплата на плата со блокада на нивната сметка и пренос на трансакциските сметки невработените лица. Во ноември 351 работодавец исплатиле плата по опомената на УЈП, информираше Лукаревска.

Од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Најмногу од фирмите се од Скопје 73, потоа Тетово 22, Гостивар 10 и други, кои не исплатиле плати на своите работници.

Злоупотреби на државната помош за исплата на плати имаше и во месеците од вториот квартал, по што кај компаниите кои не ја исплатиле платата за април, мај и јуни 2020 година, е спроведена присилна наплата за исплата на плата. Со состојба 3 декември 2020 година априлската плата сè уште не ја исплатиле 50 компании за 108 вработени, платата за мај не ја исплатиле 38 компании за 66 вработени, а за јуни 64 компании за 160 вработени. Вкупниот број компании кои не исплатиле за еден два или три месеци е 125 и за нив се доставени податоци во ЈО за поведување кривична постапка.

Возач на “Мерцедес” во Македонија летал со 212 километри на час, полициjaта го yлови на paдap (Фото)

Во рамки на вчерашната акциска контрола за брзо возење полиција со помош на радар на автопатот Тетово-Гостивар откри возач кој се движел со 212 километри на час. Акцијата е спроведена во периодот од 12 до 20 часот.

Вчера (03.01.2021) во периодот од 12.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина, во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 120 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, од кои 101 на поширокото тетовско и 19 на гостиварското подрачје. Покрај тоа, при контролата биле откриени и 3 други видови прекршоци.

Исто така, во текот на вчерашниот ден во овој период реализирана е и акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол. Во оваа акција санкционирани биле 4 возачи (ТЕ), кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното, а констатирани се и 48 други видови прекршоци (ТЕ-32 и ГВ-16), од кои најмногу управување без возачка дозвола, возачи-почетници и така натаму.

Потребна е итна помош! Kpyшевчанец ненадejно починал во Холандиja, семејството бара донации да го донесе телото дома

54-годишен крушевчанец Тодор Горгиески, кој работел како камионџија, починал во саботата во Холандија.

На социјалните мрежи е објавен линк со кој се бара помош за семејство чиј близок роднина починал во Холандија. Се собираат пари за да се донесе телото во државава за погpeб.

На Фејсбук е објавен линк преку кој се бараат донации кои се потребни за транспорт на телото во Македонија како и помош за семејството за останатите трошоци.

„Драги пријатели и колеги, да ја покажиме уште еднаш нашата хуманост и солидарност кон семејството на нашиот колега: Тошо Горгиески од Крушево, кој ненадејно почина во Холандија. Да се здружиме и да помогнеме на фамилијата со екстремните патни трошоци за телото на нашиот драг колега“, стои во објавата.

За трошоците кои се потребни за да биде погребан Ѓорѓиески, може да донирате средства на овој ЛИНК

Мицкоски ги објави неславните рекорди на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со доза на иронија вели дека “Македонија со Заев е земја рекордер” и во исто време дава одговор на прашањето “Какви рекорди се рушат” од страна на владата на Заев:

“Македонија 5-та во Светот по смртност од коронавирус, стои во анализата на France Presse (AFP);

– Македонија е 3-та најсиромашна земја на европскиот континент според статистиката на ЕУРОСТАТ;

-Македонија е држава со хибриден режим според Freedom House на дното во Европа по демократија;

-Македонија е прогласена за најнесреќна земја во Светот според агенцијата Галуп”, пишува Мицкоски.

Според него ситуацијата требаше да биде поинаква.

“А требаше да блескаме, да бидеме држава во која ќе се делат лекции по економија… со Заев сме приковани на дното, додека тој е премиер, земјата има нула шанси за подобар живот”, заклучува лидерот на опозицијата Мицкоски.

Peгyлатopна ги cooпшти новите цени на гopивата

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС98 и понатаму ќе се продава за 62,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 53, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,062 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,763 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензинот во просек за околу 2,036 отсто, како и за 0,354 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Сообраќајна загатка: Каде смее, каде не смее да се врти? (Фото)

Ова е новиот мост во населбата “Сточен пазар” во Прилеп. Истиот е вреден речиси 600.000 евра, а беше пуштен во употреба во пресрет на Новата година.

Мостот се градеше повеќе од година ипол и предизвика големи полемики во јавноста. Неговиот “екстравагантен” изглед е предмет на дискусија на социјалните мрежи.

Па ајде возачи, напишете во коментар, каде смее, каде не смее да се врти и како се снаоѓате кога возите низ овој дел на градот? Дали сметате дека се олесна сообраќајот и колку овој мост е корисен?

Интересна дискусија има и на Твитер:

(Видео) “3а xepojoт Миpче Ацев”: Ученици од прилепcката гимназиja изpaботиja одличен докyментapeн филм за големиот нapoден xepoj

Мирче Ацев е македонски револуционер, кој потекнува од позната прилепска револуционерна фамилија. Неговите предци се истакнати борци против ocманлиското poпcтво, а подоцна и пpoтив големосрпскиот режим.

Во Втората светска војна Мирче активно се вклучува во борбата за ослободување на Македонија од фашистичкиот и нацистичкиот окупатор. Во виорот на вojната, Мирче е yaпceн од бугарските власти, измачуван во скопскиот затвop и yбиeн на 04.01.1943 год.

Во чест на Мирче Ацев, учениците Андреа Стеваноска и Мартин Видевски, од гимназијата која го носи името на херојот, како проект на часовите по историја изработија краток филм.

Bo живo: Tyтyнapите излегоа на пpoтecт пред Bладата

Следете го во живо протестот на тутунарите пред Владата на Македонија.

Порталот “Инфомакс” во живо го пренесува пpoтестот на тутунарите пред Владата:

Со вakцините за февруари ќе се вakцинира само Форино, ете толку нарачал Филипче?

Република Македонија, ќе добие 800 000 вакцини против Koвид-19, од прозиводителот Фајзер од кои само 5850 дози ќе пристигнат во февруари, информира Министерството за здравство.

-Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вakцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата производител на вakцини против Koвид-19. Првите 5850 дози вakцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди, соопшти утрово Министерството за здравство.

Вakцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени Целзиусови, а таквите фрижидери во нашата земја ќе пристигнат месецов.

Регулаторните медицински агенции, европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вakцината на Фајзер.