Мицкоски ги објави неславните рекорди на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со доза на иронија вели дека “Македонија со Заев е земја рекордер” и во исто време дава одговор на прашањето “Какви рекорди се рушат” од страна на владата на Заев:

“Македонија 5-та во Светот по смртност од коронавирус, стои во анализата на France Presse (AFP);

– Македонија е 3-та најсиромашна земја на европскиот континент според статистиката на ЕУРОСТАТ;

-Македонија е држава со хибриден режим според Freedom House на дното во Европа по демократија;

-Македонија е прогласена за најнесреќна земја во Светот според агенцијата Галуп”, пишува Мицкоски.

Според него ситуацијата требаше да биде поинаква.

“А требаше да блескаме, да бидеме држава во која ќе се делат лекции по економија… со Заев сме приковани на дното, додека тој е премиер, земјата има нула шанси за подобар живот”, заклучува лидерот на опозицијата Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.