дома блог страница 2212

Мексико му нуди политички азил на Асанж

Мексиканската влада соопшти дека е подготвена да понуди политички азил на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Британски судија вчера ја блокираше екстрадицијата на Асанж во САД.

– Ќе го замолам министерот за надворешни работи да организира британската влада да го ослободи г. Асанж и Мексико да му понуди политички азил, изјави претседателот на Мексико, Мануел Лопез Обрадор.

Шефот на државата ја поздрави одлуката на британскиот суд и ја опиша како „триумф на правдата“.

– Асанж е новинар и заслужува шанса, нагласи Обрадор.

Мексиканскиот лидер вети државата да не се меша во политичките работи на други земји.

Во минатото, Мексико им обезбеди политички азил на многу луѓе, вклучувајќи ги Ево Моралес, Августо Сесар Сандино и Леон Троцки.

Џамбаски: “Заев ми рече – почекајте да поминат изборите кај нас, знаеме ние каква е историјата”

Во формални и неформални разговори со г-н Зоран Заев како премиер, тој велел „да ние знаеме дека тоа е така, ама почекајте да поминат изборите кај нас“. Кога ние сме ги кажувале нештата што треба да бидат сменети за да се спроведе Договорот за добрососедство, пренесува порталот Република.

– Ќе ви кажам кога за последен пат разговаравме, кога се откриваше споменикот на бугарскиот херој Каварналиев кај Дојран, тој самиот замоли: „Ајде сега, ние знаеме каква е историјата, но почекајте да поминат изборите тука кај нас“, вели бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски како одговор на тврдењето на водителката на емисијата „Неделата на НОВА“ дека Зоран Заев се надева дека по промена на власта во Бугарија, Македонија ќе добие „зелено светло“ за старт на преговорите со ЕУ.

Според Џамбаски, Заев водел бугарска политика во лошата смисла на зборот, кажувајќи им го на сите тоа што тие сакаат да го слушнат. Европратеникот од редовите на Европските конзервативци и реформисти изјави дека не верува ставот на Бугарија во однос на стартот на преговорите за Македонија да се смени бидејќи само мала политичка група која припаѓа според Џамбаски на т.нар. градска левица имала позитивно мислење за стартот на преговорите за Македонија.
Во однос на прашањето за вакцините Џамбаски е дециден дека и покрај политичкиот спор со Скопје, Бугарија треба да им помогне на луѓето во Македонија и да не ги остава.

Значењето на Бадник и Бадниковото гранче

Бадник или Коледе е денот пред раѓањето на Исус Христос (Божик), a според христијанската традиција суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.

Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24 декември, додека пак според Јулијанскиот календар секогаш е на 6 Јануари. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, особено поврзани со Бадниковата вечера.

Зборот Бадник веројатно доаѓа од старословенското значење – да бидеш буден.

И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето и будноста покрај обредниот оган.

Кога станува збор за обредните елементи поврзани со Бадниот ден и Бадник, мора да се има предвид дека тоа се комплексни обичаи кои се случуваат неколку ден пред Бадниот ден, но и по него и сврзани се со обележување на раѓањето на Исус како симболза новото Сонце – новата година.

Самото најавување на доаѓање на новото божество започнува на Св. Игнат. Од тој ден па се до Бадна вечер нашите предци палеле оган среде село и на врвовите на брдата за да го осветлат патот, како божеството не би го заобиколило нивното село.

На ден пред Бадник ритуално жените се подготвувале за месење на обреден леб (се користело брашно кое тогаш се мелело од првиот страк на пченицата, кој што го нарекувале Божја брада) и се чувал поврзан со црвени конци. На тој ден се одбира и домашно животно кое ќе биде „жртвувано“ за Божик, како и опрема за сечачот на Бадникот.

Во најголем дел кај Јужните Словени, како традиција за Бадник е сечење на младо дабово дрво, сер, а поретко бука или ела. Најчесто се сечел еден бадник, но во некои краеви се сечеле и три, а забележано е и сечење на девет бадници во Херцеговина. Постои и специфичен обичај да се сечат гранки според бројот на машките членови на семејството.

Сечење на Бадникот е обвиткано со многу строги обредни правила: по Бадникот се одело рано наутро и најчесто одел домаќинот. Бидејќи одење по бадниково дрво представувало еден од најважните чинови, домаќинот бил облечен во нова облека.

Сечачот на Бадникот пред сечењето не зборува, а кон Бадникот пристапувал со поздрав и обраќање за на тој начин го побратими или велича бадникот. Бадниково дрво се сечело секогаш од источната страна. При сечењето се земал и првиот ивер на кој му се придавале посебни апотропејни моќи.

Бадникот не се внесува во куќата се до првиот самрак и најчесто се оставал потпрен на ѕид.

Внесување на бадникот е проследено со обредно внесување на сламата и сито кое е наполнето со суви овошја со кои се посипувал бадникот, а потоа со ситото се ставало на трпезата или до огништето.

При внесувањето на Бадникот домаќинот ги поздравува домашните, а тие го поздравуваат Бадникот со благослови. Одејќи со сламата низ куќата домаќинот ја имитирал квочката, а домашните го следеле со ономатопеја на пилињата. На тој начин се барала подршка од натприродните сили за благосостојба и плодност.

По вечерата Бадникот се ставал во огниште да гори и најчесто домашните го чувале цела ноќ. Во некои краишта Бадникот се полевал со мед, во други на него се ставала златна пара. Во некои краишта, Бадникот не се оставал да догори до крај и неговиот остаток се чувал како силен апотропеон за болести, заштита од штетници и слично.

Името на Бадникот доаѓа од зборот бдеење, кое било својствено за практиката бадникот да гори цела ноќ со што неговите моќи се пренесувале на огништето кое го симболизирало семејството и напредокот.

Реколтата ќе оди кypбан: И денеска нема peшение за тyтyнapcките маки

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на денешната средба со претставници на Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари повторно ги разгледаа можностите за излегување во пресрет на барањата на производителите на тутун.

Министерот Хоџа истакна дека е потребно зајакнување на динамиката на откупот на тутунот, со цел да се заврши откупот на реколтата во законскиот рок.

-Истовремено беше изразена волја Владата да вложи максимални напори за достигнување на просечната цена на тутунот во висина од 180 денари и ќе преземе мерки тоа и реално да се оствари, наведуваат во владиното соопштение.
Според министерот Хоџа, во оваа фаза е потребно да се интензивираат комуникациите и напорите, откупувачите на тутун да останат на ветеното за исполнување на обврската за откупување на вишокот на тутун и да продолжи динамиката на откупот со подеднакви количини од сите категории на тутун.

Според Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари, нема да има веќе протести, тутунарите ќе го предаваат родот иако не се задоволни од проценката. Досега, за два месеца, се откупени пет милиони килограми од вкупно планираните 25 милиони. Просечната цена е околу 150 денари, а не 166,8 денари.

-Не прими министерот, премиерот наводно бил зафатен или отсутен. Разговаравме. Нема решение за проблемот. За она што го баравме, 100 денари субвенција за секоја класа, по 30 денари во просек, министерот дефинитивно кажа дека државата нема средства и покрај сите наши напори да го преубедиме дека има, зашто вчера беа исплатени 33 милиони за „Макпетрол“, а пред тоа и за секакви други непотребни работи. Значи, само за тутунарите нема средства. Едноставно, ни беше речено дека оваа реколта ќе оди курбан. Наше, како Иницијативен одбор, беше да го дигнеме проблемот на највисоко ниво и во тоа успеавме, но, ниту имаме механизам, ниту можеме да го решиме. Едноставно, државата не сака да го реши проблемот, рече Мирчески според кој, по секоја средба откупот на терен е полош.

MBP ги повикyва гpaѓаните да пpиjaвyвaaт гpyпиpaње за Божиќните пpaзници

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса [email protected], на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници.

Граѓаните можат да се јават и анонимно да пријават (локација) на која забележале недозволено собирање на луѓе, спротивно на мерките пропишани за справување со пандемијата.

-Полицијата, исто како и за време на новогодишните празници, ќе постапи по пријавите и ќе преземе мерки во координација со Јавното обвинителство за санкционирање на непочитувањето на мерките и препораките кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, односно одлуките кои ги носи Владата на Република Македонија, стои во соопштението од МВР.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сѐ со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје

(Видео) Уште една пречка за Џо Бајден да се пресели во Белата куќа

На само два дена пред конечното потврдување на победата на Џо Бајден во Сенатот пристигнуваат вести дека 11 сенатори нема да го гласаат потврдувањето. Како што пренесуваат американските медиуми, сенаторите сметаат дека постоеле сериозни нереголуарности за време на изборите.

Иако би било тешко да се спречи потврдувањето на победата на новоизбраниот претседател Бајден, овие настани би можеле да ја продолжат процедурата и да ја одложат инаугурацијата закажана за 20 јануари.

Секој член на Конгресот има право по било кој основ да се спротистави на Електорскиот колеџ, намедува WA.

Меѓутоа, по приговорот не се постапува доколку не е во пишана форма и доколку не е потпишан од најмалку еден член на Претставничкиот дом и Сенатот.

Во случај кога постои такво барање- заедничката седница на двата дома на Конгресот се прекинува и нивните членови започнуваат одвоени заседанија, како би биле разгледани приговорите.

(Видео) Русите уживаат на -35 степени: Пливаа во Бајкалско езеро и ја прославија Нова година

Група на Руси одлучиле Нова година да ја прослават на Бајкалско езеро кое се наоѓа во Сибир и каде температурата на воздухот паѓа до -35 степени.

Во езерото пливаа 10 луѓе и покрај тоа што температурата во овој регион може да се спушти и до -35 степени Целзиусови.

Пред да влезат во водата, храбрите капачи трчаа неколку километри низ снежната шума.

(Видео) Градоначалникот се избрука: Не носеше пантолони за време на интервју

Градоначалникот на белгискиот град Антверп, Барт Де Вевер, беше фатен во незгодна ситуација за време на едно “Онлајн” интервју.

Имено, водителката забележа дека градоначалникот не носи пантолони.

“Носите убава кошула, веројатно ја избравте специјално за нас. Но под кошулата, дали сте само со долна облека?”, праша новинарката на “Радио2”.

Де Вевер праша “Kaко знаете?”, a потоа се сети дека позади него има огледало.

– Не забележав. Ете, оваа година започна со овој момент кој долго ќе го паметам, рече тој.

(Видео) Сите му се восхитуваат на овој доктор: На пациентите кои имаат кapцином им отпишал долг од 650.000 долари

Дека сеуште постојат добри луѓе во светот докажува доктор Омар Атик од Аркансас.

Како што пренесува “Аркансас демократ газет”, др. Атик за празниците испратил честитки на адресите од околу 200 пациенти кои имаат kapцином, со кои ги известил дека повеќе немаат долгови во неговиот Центар за лечење од kapцином. На овој начин отпишал 650.000 долари долг.

Овој центар работи околу 20 години, но во февруари 2020 година бил затворен поради недостаток на персонал.

“Клиниката се откажува од парите на пациентите. Мислевме дека нема подобро време за тоа од празниците”, се наведува во соопштението.

Нашиот преубаво украсен град (Фото)

Бидејќи сите фаќавме сеир со Битола, Неготино, Охрид…, редно е покажеме како е украсен и нашиот град Прилеп.

Елката е повеќе депресивна, отколку Новогодишна…

Уште неколку “украсни” творби, и тоа е се’ народе…