дома блог страница 2200

Изгуби 14 милијарди во еден ден: Маск падна од “тpoнот”! Џеф Безос е повторно најбогатиот човек на светот

Сопственикот на компаниите “Тесла” и “SpaceX” Илон Маск, кој неодамна беше прогласен за најбогатиот човек во светот, повторно се најде на второто место на листата, откако изгуби 14 милијарди долари во еден ден.

Акциите на неговата компанија за производство на електрични возила “Тесла” паднаа за 8%, со што вредност на Маск се намали за 13.5 милијарди долари, односно на 176.2 милијарди долари.

Според Форбс, по овој настан Џеф Безос повторно се врати на првото место на светската листа.

Имено, вредноста на богатството на Безос се проценува на 182.1 милијарди долари, што е за 6 милијарди долари повеќе од Маск.

Големо чудо во coceдството: Икона на Богopoдица миpoточи веќе 4 мeceци

Во новата објава на црквата Свети Димитрија во Виронас, Грција, се тврди дека иконата на Пресвета Богородица Утешителка мироточи веќе четири месеци.

Уште од средината на септември 2020 година кога започна мироточењето на иконата, епархијата на Каисарија, Виронас и Имитос, овој настан го прогласи за чудо.

За време на литургијата за празникот Раѓањето на Пресвета Богородица, додека се читало Светото Евангелие, свештениците забележале солзи на иконата на Богородица Утешителка.

Во својата објава, старешината на храмот Свети Димитрија, Христодулос Котсифис, напоменува дека изминатата година остави голема трага во историјата на човештвото. Но, во се што се случи, се појави надеж, неочекувана утеха, но и чувство на олеснување од стpaвоt и тepopoт кој го донесе пандемиjaта.

УХМР со предyпpeдyвање: И денеска е можно излевање на Црна Река, Вардар, Струмица…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека овие два дена се очекува сите водостои кај водотеците и натаму да бидат надпросечни за овој дел од годината, но со појавата на минусните температури од четврток, нивоата брзо да опаѓаат. Во рамниците има појава на заезерување на одредени површини. Можни се излевања на реките Струмица, Вардар, Црна и на дел од нивните притоки во долните делови од сливовите. Затоа, се предупредува на внимателно движење покрај водотеците суводолиците и во клисурите, поради опасни води, појава на свлечишта и одрони.

Според УХМР, како и врнежите, така и водостоите се со надпросечни вредности. Денешните водостои на одредени станици го надминуваат повеќегодишниот просек 2005-2014 за два, три и повеќе пати.

-Изминатите десетина дена на метеоролошките станици се забележани врнежи кои се два до три пати поголеми во однос на повеќегодишниот месечен просек. Кај Прилеп има разлика од 2,9 пати, кај Штип 3,2, кај Берово 3,4, кај Струмица 3,1, а кај Гевгелија 2,6 пати. Реално беше да се очекува појава на вакви врнежи по толку долг сушен период и добро е што овие врнежи беа од дожд, зашто ќе предизвикаат релативно брзо дополнување на резервите, како кај површинските така и кај подземните водни резервоари и ќе придонесат за потребната влага во почвата неопходна за земјоделството, наведува УХМР.

Последните информации од хидролошките набљудувачи покажуваат високи водостои секаде, со тенденција на намалување, особено во горните делови од сливовите. Вардар е во стагнирање кај Јегуновце со водостој од 220 сантиметри, а во Скопје бележи намалување од седум сантиметри. Во Велес, порастот изнесува 90 сантиметри, а на Црна Река кај Новаци 64. На реката Струмица кај Сушево и Ново Село регистриран е раст од 38 и 20 сантиемтри.

-Покачувања бележиме главно во долните делови од теченијата на реките Вардар (горен тек, среден тек и долен тек), Црна, Брегалница и Струмица. Во горните текови (горните делови од сливовите) притисокот на водениот бран постепено попушта и врвот на бранот се спушта низводно по течението на поголемите реки. Во Скопје во текот на ноќта, водостојот го достигна својот максимум и денеска се очекува да се намалува, и тоа во зависност дали ХЕ Вруток, Козјак, Св.Петка и Матка ќе работат или не. Во Велес утрово има зголемен водостој кој се очекува во текот на денот постепено да се намалува, информира УХМР.

Згаснува и последната надеж: САД ќе патува за Египет со 12 играчи, Македонија немаше среќа

Македонија кратко се надеваше дека ќе игра на Светското првенство во ракомет кое од утре стартува во Египет.

За кратко време се прошири веста дека поради 18 позитивни на Koвид-19, репрезентацијата на САД нема да учествува на првенството, па Македонија како прва на листата на резерви ќе го заземе нејзиното место.

Сепак, според најновите информации, САД ќе патува за Египет со вкупно 12 играчи.

Таа вест за скандинавските медиуми ја потврди селекторот на Американците, Швеѓанецот Роберт Хедин.

Селекцијата на САД ќе учествува на мундијалите за прв пат после 20 години, и тоа во најтешката можна група – со Норвешка, Франција и Австрија.

Големата наградна игра на “Голд Слот”, “Играј и oсвои лаптоп”, се ближи кон својот крај!

“Голд Слот” клубовите ширум државата на 12.12.2020 година ја започнаа наградната игра за своите верни играчи.

Наградната игра се спроведуваше во секој од 14. “Голд Слот” клубови, на територијата на државата, а подеднакви шанси за освојување на награда имаат сите.

Бидете присутни на извлекувањето во еден од “Гoлд Слот” клубовите во: Битола, Прилеп, Ресен, Кичево, Штип, Неготино, Кавадарци, Гостивар, Тетово и Дебар на 13.01.2021 во 13:00 часот.

РК Прилеп со двајца нови играчи, ги започна подготовките за опстанок во Супер лигата

Прилеп под водство на Кузманоски ги започна подготовките за престојната полусезона!

Кузманоски прозиваше, Прилеп засилен ги започнува подготовките за тешката полусезона која претстои.

Изминатиот период Прилеп остана без услугите на пикерот Пајкоски кој ја напушти нашата екипа но затоа во составот на Прилеп доаѓаат две искусни имиња. Станува збор за пикерот Александар Тренчевски, како и искусниот среден бек Златко Везенкоски.

Главна цел на тимот е освојување на првото место во Плеј-аутот, што би значело опстанок во Супер лигата.
Се надеваме на една успешна полусезона во која клубот ќе обезбеди опстанок во Супер лигата.

Прилепскиот тим го зазеде 5 место на табелата и ќе учествува во плеј-аутот, меѓу 8 екипи што ќе се борат за опстанок. По одиграни 14 кола ќе има конечна табела, од која првиот ќе има опстанок, вториот ќе игра бараж-меч со првиот од Првата лига, а останатите досегашни суперлигаши отпаѓаат.

Им пpкocи на сите закони на физиката: Куќа во Србија стана вистински хит на Интернет (Фото)

Куќа во Нови Пазар, за која голем број корисници на Твитер коментираат дека ги негира сите физички закони и природни сили, стана вирален хит.

Корисниците на Твитер се шегуваат дека ако побарате соба за издавање, прво ви верлат дека нема, а потоа доградуваат и ви се јавуваат дека собата е подготвена.

-Влегуваш, па излегуваш во друга димензија. Куќа што го негира постоењето на архитектурата и градежништвото како наука. Мојата вечна дилема, оваа куќа. Јас секогаш ја гледам со истс џсчуденост – се дел од коментарите.

Секоја домаќинка ќе посака да ги има: 12 корисни алатки за во кујната (Видео)

Иновативноста на дизајнерите нема крај, а токму благодарение на нивната креативност, денес имаме генијални алатки создадени да ни го олеснат секојдневието.

Следното видео пак, ни открива неверојатно практични алатки наменети за малите проблеми во кујната, а кои веднаш секој би посакал да ги има!

Дивогpaдбата ceга ќе биде уште пoyбава? Ви текнува дека пpeнoc на TB пpaвеа за ова?

Четири месеци по уривањето на дивоградбата на местото каде беше кафулето „Фонтана“ во ТЦ Мавровка, повторно „никнаа“ столбови. Но, разликата сега е што тие не се армирано-бетонски, туку наликуваат на метални профили.

Од Општина Чаир за „360 степени“ велат дека сопственикот има право, согласно првично поднесениот проект, на просторот да постави лесна конструкција.

Вака изгледаше големото шоу за кое имаше директен пренос на ТВ, а власта трврдеше дека тоа е доказ за правдата во Македонија:

Уривањето на дивоградбата кај Мавровка, по донесената одлука на првата седница на Владата само потврдува дека СДСМ ги преточува во реалност, заложбите дадени пред граѓаните, дека правда во оваа држава има и ќе има и дека сите се еднакви пред законот, пишуваше во соопштението од СДСМ, еден ден пред да започне уривањето на објектот.

(Видео) Потрага по црната кутија на паднатиот авион

Морнарицата на Индонезија објави видео од потрагата по црната кутија на паднатиот авион Боинг 737.

Црната кутија е лоцрана, но нуркачите сеуште се обидуваат да дојдат до неа и да ја извлечат на површина. Несреќата се случи во саботата кога авионот Боинг 737 од полета од Џакарта со 62 патници, па набрзо исчезна од радарот.

Истражните тимови веќе пронајдоа делови од авионот: