дома блог страница 2199

Работник му го иcпoкpши cкапоценото “Ферари” на познатиот голман, а неговата реакција ги изненади сите (Фото)

Фудбалерот од Италија, Федерико Маркети беше непријатно изненаден кога дојде по своето Ферари, вредно цело богатство и го најде искршено.

Имено, според италијанските медиуми, работник во перална за возила влегол во возилото за да го препаркира, изгубил контрола над него и удрил во оградата покрај патот, предизвикувајќи голема штета на автомобилот.

Иако многумина би збеснале, реакцијата на Маркети беше сосема нормална. Не му беше сеедно, но не направи сцена.

Ова се термините во кои Македонија ќе ги игра своите натпревари на Светското првенство во Египет

Ракометната репрезентација на Македонија сепак ќе учествува на Светското првенство кое од денеска ќе се одржува во Египет.

Светската ракометна федерација ја постави Македонија за прва резерва, а откако вчера Чешка и официјално го откажа настапот поради голем број позитивни случаи на коронавирус, избраниците на селекторот Данило Брестовац, сепак ќе настапат на Мундијалот во Египет.

Ракометарите беа во исчекување на оваа одлука и бидејќи го имаа статусот на прва резерва, тие се тестираа на коронавирус и резултатите беа негативни.

Македонија првиот натпревар на ракометниот Мундијал ќе го игра веќе утре со почеток од 19 часот против Шведска, а во групата се наоѓаат и уште селекциите на домаќинот Египет и Чиле со кого изминатата недела одигравме два контролни натпревари во Скопје.

(Фото) Дружба е држба, служба е служба: Нетенјаху ја избриша насловната фотографија со Tpaмп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху ја отстрани фотографијата со американскиот претседател од својата насловна страна на социјалната мрежа Твитер.

Како што пренесува Ројтерс, тој негов потег претставува очигледно “раскинување” со политичкиот сојузник кој се соочува со отповикување.

Како што се наведува, фотографијата која беше отстранета сведочеше за блиската пријателска врска меѓу израелскиот премиер и американскиот претседател.

Прилепска тутунарска мака: Тутунарите цели ноќи чекаат пред откупните пунктови (Фото)

И покрај ниските откупни цени, тутунарите чекаат да го предадат својот труд.

Ова е сликата секоја вечер пред еден од откупните пунктови во Прилеп, каде се наредени трактори, комбиња и возила со приколки, а производителите на тутун остануваат и преспиваат тука, со цел утрото побрзо да го предадат својот труд.

Причината за ваквата слика како што велат дел од нив е слабата динамика за откуп на тутунот.

Инаку, тутунарите во среда имаат закажано нова средба со министерот за земјоделие и откупувачите, каде одново ќе се бара зголемување на откупните цени.

Beчepва Bладата го cпои пpилепcкиот “ypeд” со болницата

Владата на денешната седница ја прифати Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението за 2021 година во која е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии.

-Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за пoeдини вакцинации, видот на вакцини кои се даваат и начинот на давање, календарот за имунизација на деца од нула до 18 години и Календарот за „catch-up“ имунизација за нередовно вакцинираните деца од пет до 18 година, сопшти владината Прес-служба.

Во соопштението се спосочува дека вкупно одобрените финансиски средства за оваа програма изнесуваат 805 милиони денари од кои 415 милиони денари се наменети за обезбедување на потребните количества вакцини за континуирана вакцинација, минимум потребни резервни дози на вакцини и имуноглобулини по епидемиолошки индикации, а 390 милиони денари за набавка на КОВИД-19 вакцини.

На седницата Владата донесе и Одлука за спојување на јавните здравствени установи Здравствен дом Прилеп и Општа болница Прилеп во Јавна здравствена установа Општа болница со проширена дејност – Прилеп.

-Со спојувањето на овие две здравствени установи сите здравствени услуги кои во моментот се пружаат во две здравствени установи сега ќе се добиваат во една со што им се олеснува правото на пациентите да добиваат квалитетни услуги на едно место, без да бидат оптоварувани со дополнителни административни процедури за упатување од една во друга установа. Со спојувањето се намалуваат трошоците во административните процедури и се надополнува кадарот што недостасува, пред се медицински персонал во установите, а воедно со спојувањето се овозможува порационално искористување на буџетот, намалување на долгот, а со тоа и поефикасно работење, како и спојување на возниот парк, што ќе значи и надминување на досегашните проблеми со транспорт на пациенти, со посебен акцент на транспортот на пациенти со возило на итната медицинска помош, се додава во соопштението од владината седница.

(Видео) Започнува “мега-судењето” во Италија

Стотина осомничени членови на најмоќната италијанска мaфиjaшка група ќе се соочат со судија оваа недела, во наменски преуредената судница, која ќе користи за најголемото “мега-судење” во државата во последните три децении.

Се очекува постапката против синдикатот Ндрангет и неговите соучесници (политичари, државни службеници, полиција) – да трае над две години.

На судењето вкупно ќе учествуваат 355 обвинети, над 900 сведоци на обвинителството и 400 адвокати, како и 58 државни сведоци кои се подготвени да го прекршат кодексот за молчење.

Судењето ќе се одржи во посебно опремена зграда во срцето на Калабрија.

Потребни беа три часа да се прочитаат имињата на обвинетите на претходното рочиште – во случајот е вклучен и Луиџи Манкуза “Вујкото”, меѓу мноштвото надимаци во кои беа и “Волк”, “Дебел”, “Колач”, “Блонди”, “Малиот јарец” и “Вриштач”.

Светската куќа на ракометот потврди: Македонија патува во Египет, првиот натпревар во четврток

Meѓународната ракометна федерација (ИХФ) потврди дека репрезентацијата на Македонија ќе учествува на Светското првенство во Египет, како замена за селекцијата на Чешка.

Чесите нема да патуваат за Египет поради голем број инфицирани ракометари со Koвид-19, a како прва замена беше токму нашата селекција.

Со ова Македонија ќе ја продолжи низата на учества на големите натпреварувања, непрекинато од Европското првенство во Србија во 2012 година.

Македонија ќе игра во група со Шведска, Египет и Чиле, а првиот натпревар нашите момци ќе го имаат во четврток (14 јануари) со Швеѓаните, со почеток од 20:30 часот.

На Светското првенство во Египет учествуваат 32 селекции кои се сместени во осум групи.

Чешка се откажува! Македонија ги пакува куферите и заминува на Светско!

Ракометната Федерација на Чешка објави дека нивната репрезентација нема да учествува на Светското првенство поради голем број играчи инфицирани со kopoнавиpyc – пишува “Balkan handball”.

Тоа значи дека Македонската репрезентација, сепак ќе учествува на Светското првенство во Египет кое стартува утре.

Според информациите, сите 24 избраници на нашиот селектор Данило Брестовац денеска направиле тестови и ниту еден не е позитивен.

Претходно денеска проструи и информација дека Македонија ќе ги замени САД, кои имаат 18 позитивни ракометари на коронавиpyc.

Сепак, Американците подоцна објавија дека ќе патуваат во Египет со 12 ракометари.

Ако Македонија и официјално ја замени Чешка, во група ќе биде со Шведска, домаќинот Египет и Чиле.

Кај СДСМ нема стари и нови кадри, туку заслужни и незаслужни: Сугарески од денеска директор на Царина

На денешната седница, владата го именуваше Горан Сугарески за директор на Царинската управа.

Сугарески дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, каде станал и магистер по политички науки. Во периодот од 2000 до 2003 година бил советник во советот на Општина Прилеп, по што во таа општина до 2008 година работел како комунален инспектор.

Во периодот од 2008 до 2016 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Во текот на пратеничкиот мандат, Сугарески бил член на парламентарната делегација за соработка со НАТО, на комисиите за прашања за избори и именувања, за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија, како и заменик-член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во периодот од 2013 до 2015 година бил заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ, а потоа станал и координатор до 2016 година.

Сугарески до пред неколку месеци ја извршуваше функцијата министер за транспорт и врски.

Изгуби 14 милијарди во еден ден: Маск падна од “тpoнот”! Џеф Безос е повторно најбогатиот човек на светот

Сопственикот на компаниите “Тесла” и “SpaceX” Илон Маск, кој неодамна беше прогласен за најбогатиот човек во светот, повторно се најде на второто место на листата, откако изгуби 14 милијарди долари во еден ден.

Акциите на неговата компанија за производство на електрични возила “Тесла” паднаа за 8%, со што вредност на Маск се намали за 13.5 милијарди долари, односно на 176.2 милијарди долари.

Според Форбс, по овој настан Џеф Безос повторно се врати на првото место на светската листа.

Имено, вредноста на богатството на Безос се проценува на 182.1 милијарди долари, што е за 6 милијарди долари повеќе од Маск.