дома блог страница 2201

(Фото галерија) Сообраќајка на кружниот тек кај “Солидност”

Попладнево околу 17 часот, на кружниот тек кај “Солидност” во Прилеп се случи cooбpaќajна незгода во која учествувале две возила, марка “Мерцедес” и “Мини Морис”.

Според фотографиите кои ги добивме од наши читатели, причинета е голема материјална штета на возилата, а нема информации за повpeдени.

Полицијата на лице место работи на утврдување на точните причини за настанатата незгода.

(Фото) Kocки и кожа: Нови фотографии од Анџелина Џоли кои ги загрижија фановите

Актерката Анџелина Џоли (45) беше фотграфирана со ќерките Захара и Вивиен на шопинг во Калифорнија, а голем дел од нејзините фанови беа загрижени поради нејзината “состојба”.

Имено, познатата актерка беше фотографирана додека купува облека заедно со нејзините ќерки.

Анџелина на себе имаше бел фустан кој го истакнуваше нејзиниот блед тен, а поради тоа нејзините фанови се сериозно загрижени.

Oд 13 починати лица денеска во Македонија, четири од Прилеп, најмладиот 50 години

Министерството за здравcтво инфopмиpa дека во пocледните 24 часа се напpaвени 918 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 104 нови слyчаи на Koвид-19 во: Скопје-53, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-13, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-6, Виница-3, Свети Николе-1, Неготино-2.

Денеска Инcтитyтот за jaвно здpaвje peгиcтpиpa 539 оздpaвени пациенти од: Скопје-283, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-36, Тетово-7, Струга-31, Велес-7, Битола-17, Охрид-50, Кавадарци-25, Гостивар-9, Гевгелија-6, Струмица-6, Крива Паланка-3, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово-4, Валандово-2, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-5, Неготино-11.

Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (78, 66, 71 и 68г), четири од Прилеп (80, 57, 80 и 50г), еден пациент од Велес (74г), еден од Охрид (67г), еден од Кавадарци (62г), еден од Пробиштип (72г) и еден пациент од Неготино (78г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 86597, бpojката на оздpaвени пациенти е 67992, починaa е 2635, а бројот на активни слyчаи изнеcyва 15970.

Во Прилеп од почетокот на епидемиjaта со Koвид-19 се зapaзиле 4383 лица, а во моментов активни се 357 слyчаи.

(Видео) Камала Харис се сликаше за “Вог”, но не и се допадна насловната страна: Проблемот настана поради една фотографија

Новоизбраната потпретседателка на САД, Камала Харис, се најде на насловната страница на февруарскиот број од модното списание “Вог”, но нејзиниот тим тврди дека постои проблем, бидејќи фотографијата не е таа што ја избрала Харис.

Наместо синото одело кое Харис го носеше на фотографирањето, првата Афроамериканка избрана за потпретседателка, на фотографијата носи “поопуштена” облека, пренесува АП.

Канцеларијата на идната потпретседателка одби да даде официјална реакција, а претставниците на “Вог” не одговорија на прашањата од медиумите.

(Видео) Утpинcка “poмантика” во Лажани: Не ce дави caмо Пpилеп во oтпaд

Откако во изминатите денови на социјалните мрежи се проширија видеа од Дабничка и Градска Река во Прилеп, пристигнуваат видеа и од населените места.

Река со пластични шишиња и најразличен отпад тече и низ село Лажани во општина Долнени, а сликата е навистина грозна.

Погледнете:

“Затворениот базен” во Прилеп стана регионална депонија? Граѓаните гневни! (Фото)

Спортската сала “Македонија” се дави во отпад

Спортскиот објект за кој првично градоначлникот на Прилеп, Илија Јованоски, ветуваше дека ќе се претвори во затворен базен, се дави во отпад.

Салата “Македонија” е оставена на милост и немилост, а на оваа грда слика наоколу гневно реагираат граѓаните од овој дел на градот.

Во овие три години, колку СДСМ и Јованоски се на власт во Прилеп, градот не доби ниту затворен базен, ниту реконструкција на оваа некогашна спортска убавица.

A Прилеп? Анкета на “Сиа Виста” покажува дека граѓаните не се задоволни од работата на најголем дел од градоначалниците на СДСМ

Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење. Анкетата е спроведена телефонски во период од 21.12.2020 – 25.12.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.

Во делот од анкетата каде се разработуваат прашањата кои се однесуваат на градот Скопје (и општините) во фокус се 742 испитаници од Градот Скопје кои се дел од вкупниот примерок од 1 523 испитаници.

Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА, резултатите кои ќе се објават во два дела се користат за потребите на анализите на институтот.

На граѓаните им беше поставено прашањето „Како ја оценувате работата на следниве градоналници?“, а еве ги нивните одговори:

Од вечерва нови повиcoки цени на гopивата

Горивата од полноќ ќе се продаваат по повисоки цени. Регулаторната комисија за енергетика денеска ја донесе одлуката за новите цени на нафтените деривати.

Од полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 денар/литар. Со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 62,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 63,50 ден/лит .

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 04.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,888 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 04.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 29,651 ден/кг.

(Фото) Ралф беше “Карате кид”, светот го обожаваше: Погледнете како изгледа познатиот актер на 60 години

Американскиот актер со италијанско потекло, Ралф Мачио (59), се прослави во познатиот филм “Карате кид” од 1984 година.

Ова култно филмско остварување ги освојуваше филмските листи во тоа време, а најголемата причина беше популарноста на Ралф, кој на 22 години успеа да го привлече целото вниманите на Даниел Ла Русо.

Од премиерата на Карате кид поминаа 37 години, а актерот денес и на прагот од шестата деценија го привлекува вниманието со својот изглед.

Димовски: Штом нема консензус за попис, не треба да има ни потреба од попис

Штом нема консензус за ПОПИС, не треба да има ни потреба од ПОПИС, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

„Пописот да се прогласи за застарен модел на статистика !!!

▪️Следниве десетина дена се клучни за тоа дали и каков Закон за попис ќе донесе Република Македонија.

▪️Власта не покажа никаков демократски капацитет да прифати било каква забелешка или амандман од опозицијата.

▪️Претседателот на државата започна консултации за законот, но остана без никаква прецизна порака дека нема да потпише закон базиран на целосно отсуство на консензус. Се спрема да личи дека нешто прави, а сепак ќе си потпише закон каков и да се донесе.

▪️Опозицијата во Собранието покажа очигледен некоординиран настап, при што националната и политичка припадност се покажаа како позначајни од стандардите на Еуростат.

▪️Резултатите на оваа операција, според ваков закон, најмалку ќе се следните:

1. Пописот нема да резултира со конечни точни податоци;

2. Пописот нема да даде податоци кои се базираат на реалноста;

3. Пописот ќе ги попишува и оние кои никогаш (или од многу одамна) не живееле во Република Македонија, а на некаков начин имаат или добиле македонско државјанство;

4. Пописот нема да ги користи сите расположливи бази на податоци, избраните бази се селективно наведени;

5. Пописот ќе се спроведува од раководни лица од СДСМ и ДУИ, по систем на врзан потпис;

6. Пописот не е по стандарди на Еуростат, ЕУ и Обединетите нации;

7. Со пописот ќе се попишуваат државјани (имаме таква база), а не население (немаме таква база, а ни е потребна);

8. При попишувањето нема да е потребно приложување документи;

9. Сеуште се крие методологијата како ќе се спроведува пописот;

10. Нема да има постпописно истражување на точноста (верификација) на податоците;

11. Пописот на терен ќе го спроведуваат партиски активисти на СДСМ и ДУИ.

12. Пописот ќе даде погрешни резултати, на чија основа погрешно ќе ги планираме и распоредуваме инвестициите за развоја на различните општини и региони.

▪️Република Македонија и после повеќе од 25 години нема да добие попис чии резултати ќе бидат општо прифатени и признати.

▪️Спроведување на нов класичен попис, без согласност од пошироки сегменит од општеството и политички партии кои ги претставуваат поголемите етнички заедници, нема да е возможен пред одминување на 10 години.

▪️Оваа грешка на власта ќе има далекусежни негативни стратешки последици за државата Република Македонија.

▪️На Република Македонија и е потребен нов концепт, кој постои во многу европски земји, на годишно електронско пребројување на населението и останатите потребни информации и податоци.

▪️Република Македонија располага со дата бази со кои за кратко време (во рамки на еден месец) може да одговори на сите прашања поставени со пописот и без да се одржи попис. Некористењето на тие бази е гола политика и неспособност.

▪️Македонија има потреба да спроведува модерни статистички операции, електронски и дигитално.

▪️Овој попис ќе е гола политика, не треба само да се одбие или само да не се признае, туку треба да се намали неговото значење со споредлив, спроведлив и реален нов концепт за годишна државна статистика“, напиша Димовски.