РК Прилеп со двајца нови играчи, ги започна подготовките за опстанок во Супер лигата

Прилеп под водство на Кузманоски ги започна подготовките за престојната полусезона!

Кузманоски прозиваше, Прилеп засилен ги започнува подготовките за тешката полусезона која претстои.

Изминатиот период Прилеп остана без услугите на пикерот Пајкоски кој ја напушти нашата екипа но затоа во составот на Прилеп доаѓаат две искусни имиња. Станува збор за пикерот Александар Тренчевски, како и искусниот среден бек Златко Везенкоски.

Главна цел на тимот е освојување на првото место во Плеј-аутот, што би значело опстанок во Супер лигата.
Се надеваме на една успешна полусезона во која клубот ќе обезбеди опстанок во Супер лигата.

Прилепскиот тим го зазеде 5 место на табелата и ќе учествува во плеј-аутот, меѓу 8 екипи што ќе се борат за опстанок. По одиграни 14 кола ќе има конечна табела, од која првиот ќе има опстанок, вториот ќе игра бараж-меч со првиот од Првата лига, а останатите досегашни суперлигаши отпаѓаат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.