дома блог страница 2196

Eвропска Унија “мало cyтpa”: Угледниот германски вecник ни ги ypна сите надежи

Никој веќе реално не верува дека проширувањето на ЕУ ќе продолжи со шесте држави од Западниот Балкан, или дури и со само некоја од нив, во следната декада, пишува денеска Франкфуртер алгемајне цајтунг во анализа во која на површина излегува старата алтернатива- членство во Европската економска зона – пренесува “Инфомакс”

„Веќе со актуелните 27 земји-членки, во однос на надворешно-политичките, буџетските и другите прашања кои бараат едногласност, ЕУ е честопати во потешкотии, а понекогаш и воопшто не е способна да делува. Во една Унија со 33 членки тоа ќе биде уште потешко. Можете да си замислите што ќе значи кога Србија како членка ќе има право на вето по прашањето за односите на ЕУ со Русија“, пишува ФАЦ.

Од една страна, ЕУ не сака целосно да се одвои од балканското соседство, а од друга, преку Договорот за стабилизација и асоцијација веќе им понуди на земјите од регионот меѓу-скалило кон полноправно членство. Сега, кога според германскиот весник, е јасно дека од полноправното членство нема ништо, што би била алтернативата која, од „една страна би била реалистична, а од друга, би била доволно атрактивна за регионот“ за да се запрат автократските процеси, да се забрзаат реформските процеси или воопшто идејата да заживее?

„Рецептот, кој секогаш одново се споменува, гласи: Полноправно членство на балканските држави во Единствениот европски пазар. Со други зборови: целосно економско учество без право на политички збор“, наведува ФАЦ.

За овој концепт (кој за првпат беше изложен од Гералд Кнаус по француското вето во октомври 2019, н.з.) во меѓувреме се залага и долгогодишниот германски европратеник и член на претседателството на владејачката ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел, Елмар Брок.

-повеќе на темата: Скопје се противи на алтернативи, но тие се веќе на масата на ЕУ

За него е разбирливо што повеќе нема ентузијазам за натамошно проширување на ЕУ.

„Францускиот претседател Макрон има право кога пред натамошното проширување бара реформа на ЕУ“, вели Брок за ФАЦ.

„Дури и на некоја балканска држава да и појде од рака да ги затвори преговорите согласно барањата на ЕУ, ратификацијата на членството во Европскиот парламент и во националните парламенти е малку веројатно. За очекување е дека секогаш одново одредени земји-членки ќе наоѓаат причини за одложување“.

Наместо такво „разочарување“, Брок предлага решение кое на луѓето во регионот ќе им донесе забележителни придобивки, а во истовреме ќе биде прифатено и од членките на ЕУ. Тоа испробано решение е „членството во Европската економска зона, ЕЕЗ”.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

(Видео) Им ветувал дека ќе им го реши проблемот со водата: Бecни гpaѓани вpaзaa гpaдоначалник за дpво

Градоначалникот на мексиканскиот град Фронтера Комалапа, Оскар Рамирез, бил врзан за дрво со јаже од лути локални жители.

Имено, инцидентот се случил додека Рамирез и презентирал на јавноста „серија проекти“ што претходно им ги ветил на локалното население, меѓутоа, претставници на 11 општини го опколиле и се соочиле со бројни прашања.

Како што наведуваат, тие се многу незадоволни затоа што проблемот со водата за пиење не е решен.

-Тој ни вети дека ќе има пристојна работа за луѓето од Комалапа, но сè беше лага затоа што водоснабдувањето не работи добро. Тоа е голем проблем што мора да се реши на вистински начин и мора да биде приоритет во овој мандат, бидејќи тој дојде кај нас во куќите и ни ветуваше, а сега тој не се согласува со тоа, вели еден локален жител.

Од друга страна, Рамирез во изјавата посочи дека имал средба со претставниците на општините, но не спомнал врзување за дрво.

Удpeн пешак на улица “Кузман Јосифовски” во Прилеп

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 14.01.2021 во 11.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Кузман Јосифовски“ во Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Ѓ.(55) од Прилеп, удpилo во пешакот В.П.(71) од Прилеп.

Во незгодата, В.П. се здобила со тешки телecни повpeди, констатирани во Општата болница Прилеп.

Вечниот еpген “рипна во тавче”: Ова е 23-годишната девојка ќе го однесе пред олтарот Леонардо Ди Каприо (Фото)

Леонардо ди Каприо како што изгледа е на чекор од брак со неговата девојка, моделот Камила Мороне.

Доколку веста на магазинот „Cosmopolitan“ се покаже како точна, тоа ќе предизвика земјотрес во Холивуд, каде славниот актер се смета за „вечен ерген“. Всушност, Ди Каприо имаше многу врски што изгледаа дека ќе завршат на олтарот, но ненадејно завршуваа

Но, извори блиски до парот велат дека овој пат е поинаку и дека холивудската starвезда смета дека во неговата 23-годишна девојка со аргентинско потекло, тој пронашол сè што барал кај една жена.

Двајцата се во врска повеќе од три години и се вели дека се од глава до пети заљубени еден во друг. Се чини дека бринетата конечно го спушти Ди Каприо на земја, но сепак треба да почекаме да видиме дали овој брак ќе стане реалност!

(Фото) Словенија постигна 51 гол на еден натпревар – играч на натпреварот беше ракометарот кој постигна само еден гол

Словенија на фуриозен начин стартуваше на Светското ракометно првенство откако убедливо со 51:29 ја победи Јужна Кореја. Азиската репрезентација на Мундијалот пристигна со јуниорскиот тим, па не е ни чудно што загуби со 22 гола разлика.

Гајиќ со 10 гола беше најдобар стрелец кај Словенија, а Јанц постигна девет погодоци. Одличен беше и Мачковшек со пет гола, а тоа што беше чудно, се случи по завршување на средбата. На традиционалното прогласување за најдобар играч на дуелот, наградата му припадна на Миха Зарабец.

Ова е повеќе од неочекувана одлука, ако се знае дека Зарабец даде само еден гол, а шутна само двапати на цел меч. Кога спикерот го прогласи Зарабец за МВП на мечот, сите во словенечката репрезентација беа збунети, а секако и самиот Миха не очекуваше дека ќе ја добие наградата.

На крајот, Зарабец гордо се фотографираше за спомен дека бил МВП на натпреварот кој Словенија го доби убедливо.

Мицкоски: По ниту една цена нема да прифатам дека до 45та сме биле Бугари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во централниот дневник Сител ТВ, одговарајќи на прашањето дали би седнал да разговара со власта за да се изнајде национален консензус за прашањето со Бугарија, рече дека и покрај тоа што предупредувал да не се потпишува договорот, власта го потпишала, додавајќи дека само политички аматер може да стави историските настани на Балканот на дневен ред за да може државата да напредува кон Европската унија.

Мицкоски е дециден дека нема цена која ќе го натера да прифати дека до 45та година Македонците биле Бугари и дека македонскиот јазик бил бугарски.

А за што да разговараме, отидоа таму потпишаа договор каков што мислеа дека треба да го потпишат, им велевме не го потпишувајте договор зошто само политички аматер може да ги стави историските настани на Балканот на дневен ред за да може државата да напредува кон Европската унија. Го ставија тоа, мислејќи дека така еве сите ќе им донесат букет рози, а еве до каде дотеравме, денеска да бидеме блокирани. И за што да седнеме да разговараме, за да ни кажат тоа е тоа, ако сакаме Европска Унија треба да прифатиме дека до 45та сме биле Бугари, дека македонскиот јазик бил бугарски итн. Јас тоа не го прифаќам и нема цена за тоа да го прифатам. Не сакам за тоа да разговарам, вели Мицкоски.

Вевчанци го запалиja бyгapcкото знаме: Три часа палea огнови, факли, пyкaa…

Втор ден во крајно тензична и драматична атмосфера се одвива карневалот во Вевчани.Со многу пркос, непредвидливот дух на василичарите кулминираше попладнево кога на плоштадот пред општинската зграда започна палењето на маските, чин со кој што практично завршува карневалот. Изгореа маските кои ја одсликаа македонската реалност, огнот го голтна и бугарското знаме кое василичарите го фрлија – oбјави “АЛФА ТВ”

Но, не стивнува револтот кај вевчанци по вчерашниот инцидент кога полицијата го растури дефилето на василичарите, тие денеска цели три часа палеа огнови, факли, пукаа со распрскувачки матерјали дофрлувајќи им на полицајците кои за разлика од утринава, сега беа во значителен број. Малку фалеше да дојде до сериозен инцидент.

-Ако не се почитувале протоколите, велат вевчанци зошто полицијата вчера не го спречи одржувањето на карневалот, зошто не ги стопира маскираните уште на влезот во селото од каде традиционално тргнува поворката на василичарите од Горна и долна маала?

-Зарем заслужува Вевчани со 30 писатели, со врвни интелектулаци од различни области, со човек во првото заседание на АСНОМ да му се деси ова.Ова е навистина жално што ни се случи. Олку специјалци, Бејрут да беше Вевчани немаше да се распоредат, вриеше уште од самиот почеток на денот на влезот во селото беа распоредени специјалци со сета опрема, зошто ?, се прашува Сашо Бетоски-хроничар.

Целиот прилог погледнете го ТУКА

Вечерва ни доаѓа снегот, наредните денови не’ очекува многу студено време

Локалните врнежи од снег во вечерните и ноќните часови ќе се прошират насекаде, а позастапени и пообилни ќе бидат во западните делови. Само во крајните југоисточни подрачја врнежите ќе бидат од дожд и снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

За утре УХМР прогнозира сончево време со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени. Во Скопје температурата утре ќе биде од -4 до 3 степени.

За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува претежно суво и многу студено време, со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота ќе има локални слаби врнежи од снег.

Според мерењата од 16 часот денеска, најмногу снег има на Попова Шапка, 31 сантиметар, а најниска температура од 0 степени во Крива Паланка.

Ова се температурите за Прилеп во наредните денови:

Бopко со поддpшка до paкометapите: “Cpeќно момци, Maкедониja вечна”

Голманот на Вардар, Борко Ристовски не е во националниот тим на Светското првенство 2021 во Египет согласно определбата на селекторот Брестовац за подмладување на репрезентацијата.

Тој можеби не е со тимот, но испрати поддршка за поранешните свои репрезентативни соиграчи пред денешниот прв натпревар со Шведска.

– Среќно момци, Македонија вечна, напиша Борко поставувајќи и фотографија од националниот тим на својот Инстаграм профил.

Eве како, каде и кои документи ви се потребни за да пријавите вишок тyтyн

Тутунарите од Прилеп и прилепско започнаа со пријавување на вишокот на тутун, откако на вчерашната средба на тутунарите, откупувачите и министерот за земјоделие Аријанит Хоџа, беше договорено после 15 февруари да биде откупен и вишокот на тутун кој не влегува во договорите на производителите.

Вишокот на произведен тутун, тутунарите можат да го пријават во подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, како и кај поверениците директно на откупните пунктови.

За пријавување на вишок тутун на тутунарите им е потребно: ИДБР – идентификациски број од земјоделското стопанство, име и презиме од тутунарот, телефон за контакт и количина на вишокот на тутун.