Мицкоски: По ниту една цена нема да прифатам дека до 45та сме биле Бугари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во централниот дневник Сител ТВ, одговарајќи на прашањето дали би седнал да разговара со власта за да се изнајде национален консензус за прашањето со Бугарија, рече дека и покрај тоа што предупредувал да не се потпишува договорот, власта го потпишала, додавајќи дека само политички аматер може да стави историските настани на Балканот на дневен ред за да може државата да напредува кон Европската унија.

Мицкоски е дециден дека нема цена која ќе го натера да прифати дека до 45та година Македонците биле Бугари и дека македонскиот јазик бил бугарски.

А за што да разговараме, отидоа таму потпишаа договор каков што мислеа дека треба да го потпишат, им велевме не го потпишувајте договор зошто само политички аматер може да ги стави историските настани на Балканот на дневен ред за да може државата да напредува кон Европската унија. Го ставија тоа, мислејќи дека така еве сите ќе им донесат букет рози, а еве до каде дотеравме, денеска да бидеме блокирани. И за што да седнеме да разговараме, за да ни кажат тоа е тоа, ако сакаме Европска Унија треба да прифатиме дека до 45та сме биле Бугари, дека македонскиот јазик бил бугарски итн. Јас тоа не го прифаќам и нема цена за тоа да го прифатам. Не сакам за тоа да разговарам, вели Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.