дома блог страница 2195

Победа закажа четири пријателски: Започнаа подготовките за вториот дел од сезоната

Екипата на Победа пред неколку дена ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига – Исток.

Прилепчани за пролетните предизвици ќе се подготвува на домашно тло, а паралелно со тренинзите ќе одигра и неколку контролни натпревари кои ќе служат за воигрување на екипата предводена од Крстевски.

Првиот тест меч на 24-ти јануари ќе биде со третолигашот Напредок Крушеани, на 27-ми јануари во Кичево следи дуелот со второлигашот Велазерими.

Третиот закажан дуел е со прволигашот Пелистер на 7-ми февруари во Битола, на 13-ти следи дуел со уште еден второлигаш – Велешта во Охрид, а “генералката” на 20-ти февруари со Тиквеш.

Останува евентуално да се договори уште еден тест натпревар во терминот сo 13-ти до 20-ти февруари за кој се бара спаринг партнер – информираат од клубот.

Вие плајќајте патарини: Еве како некои си поминуваат на “шерифски” начин (Видео)

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски има нов инцидент за решавање.

Овој пат се работи за припадник на некоја полициска или друга безбедносна институција, која што користи службени легитимации.

Возачот чие име се гледа на видеото што негов близок, или тој лично го објавил на социјалната мрежа Тик-Ток, наместо да плати на патарина ја вади легитимација и минува без да плати на наплатна рампа на автопатот Скопје – Гостивар.

Според законот освен тие службени лица што во моментот вршат оперативни дејствија, сите останати мораат да платат патарина.

Со оглед на тоа што во моментот кога минувале на патарината неговиот совозач го снимале, јасно е дека возачот не вршел оперативни дејствија.

Доколку работникот на патарина не го пријавил и тој треба да одговара за пропуштен возач кој не платил.

(Видео) Историја која малкумина ја знаат: Фудбалскиот клуб “Гоце Делчев” од Прилеп ги предводел прилепчани во бopба пpoтив бугарскиот окyпатop

Maлкумина знаат дека Прилеп имал фудбалски клуб во далечната 1941 година.

На јутјуб се појави еден интересен документарен филм кој датира од мај месец 1981 година, а во него се раскажува за 40-годишната фудбалска историја на Прилеп и спортското друштво “Гоце Делчев”, како претходник на денешната ФК Победа.

Спортското друштво “Гоце Делчев” e формирано од тогашната политичка младина “Скоевци”, а со согласност на тогашната Комунистичка партија, како легална форма на дејствување на партијата против германскиот и бугарскиот фашистички окупатор.

Друштвото освен како фудбалски клуб, водело пропаганда против окупаторот од втората половина на 1941 година до неговото постоење октомври 1942 година. Сите негови членови биле учесници во Народноослободителната борба.

Фудбалскиот клуб “Гоце Делчев” имал огромна улога во подигнувањето на националната свест на прилепчани. На секоја утакмица доаѓале по повеќе од 10.000 гледачи. Низ улиците се носеле слики со Гоце Делчев, се извикувале пароли, а сето тоа му помагало на народот да се охрабри во тие тешки услови кои ги имал поставено бугарскиот окупатор.

Покрај “Гоце Делчев” во Прилеп постоел уште еден клуб – ФК Mакедонија, кој бил под влијание на окупаторот. Пред првиот натпревар помеѓу овие две екипи, бугарската власт затворила тројца играчи, но и покрај сите притисоци Гоце Делчев славел со 1:0.

Во видеото во продолжение има интересни сведоштва, како се снаоѓале за спортска опрема, како патувале до Битола и Скопје, но и кои биле активностите на друштвото кои умешно се криеле зад превезот на фудбалскиот клуб.

30-тина минути историја и сеќавање кои мора да ги проследите:

Забранети биле долги коси и бради: Фудбалерите на Ајакс морале да се стрижат и бричат за да играат во Тирана во далечната 1970 год.

За време на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа во Албанија имало многу правила кои морало да се почитуваат, а сето тоа се пресликувало и во спортот.

На пример во 70-те и 80-те години на мажите им било забрането да носат брада, долга коса, а била забранета и рок музиката. Се сметало дека овие трендови би можеле да ги расипат младите.

Во 1970 година, во рамки на првото коло од Купот на европските шампиони, екипата на Ајакс гостувала кај клубот од Тирана 17 Нентори, или денешна ФК Тирана.

Албанската државна агенција за патувања ги информирала Холаѓаните дека нема да им биде дозволено да влезат во државата, доколку не си се пострижат, или доколку имаат бради.

Жените кои биле дел од стручниот штаб на клубот не смееле да носат мини сукњи. Претседателот на Ајакс, Јап Ван Праг се жалел во УЕФА и барал исклучување на Албанците од натпреварувањето, но на крајот Холаѓаните направиле компромис и натпреварот се одиграл.

Во тимот на Ајакс тогаш биле и легендарните Јохан Кројф, Дик Ван Дајк, Велибор Васовиќ…

Ајакс водел со 0:2, но албанскиот клуб се изборил за нерешено. На повратниот натпревар во Амстердам, Ајакс победил со 2:0.

Најдобриот cтpeлец на Лидc за нашиот Џaни: Тој е еден од најдобрите со кои сум играл во кариерата

1291639380

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски е омилен во соблекувалната на Лидс Јунајтед. Не е најважно дали екипата на Биелса победува или губи, но нашиот Џани е секогаш насмеан и ведар.

Напаѓачот на „белите“ на Биелса, Патрик Бамфорд вели дека македонскиот интернационалец е еден од најдобрите соиграчи со кои што играл во кариерата.

– Да го имаш Алиоски во својот тим е нешто неверојатно. Позитивната енергија ни ја пренесува на сите, атмосферата во тимот со него е на едно повисоко ниво. Тој е еден од тие луѓе што посакуваш да ги имаш во својот тим, вели негиовиот соиграч Бамфорд.

Тој додава и дека тој е одличен и со противниците.

– Џани ги полудува противниците. Не знам што би правеле противниците кога тој е на спротивната страна од теренот, додава Бамфорд.

Алиоски постигна еден гол сезоната, против Вест Бромвич Албион, неговиот Лидс Јунајтед собра 23 бода и се наоѓа на средината на табелата, на 12-тото место.

Министерката Царовска со шал Гучи кој чини стотици евра ?!

Министерката за образование, Мила Царовска, денес имаше густа агенда. Во рамките на разговорите за реформа на образовниот процес во земјата, таа најпрво се сретна со претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура во земјата, Јаким Неделков, како и со други претставници на синдикатот.

Царовска потоа се состана со претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Петре Шилегов, како и со други претставници, од каде доби поддршка за реформа на образовниот процес на локално ниво, пренесува Алсат.

Но, она што се истакна при презентацијата на министерот, е шалот на луксузната марка „Гучи“. По кратко пребарување на Интернет, може да се заклучи дека овој модел што денес го носеше министерката Царовска чини од 260 до 300 евра, пишува порталот Курир.

Според ДКСК, Царовска пред стапувањето на функција, во 2020 година има пријавено имот вреден 2.683.742 евра. Сепак, имајќи предвид дека во нашата земја има многу фалсификувани производи на луксузни брендови и црниот пазар работи слободно, можно е и оваа марама да е копија од оригиналот.

Извор: kurir.mk

(Урнебесно видео) Надзорната камера сними мечка: Работниците не можеле да поверуваат што гледаат

Познато е дека мечките ја поминуваат зимата во длабок зимски сон.

Не го сакаат снегот и студеното време, па ладните месеци ги поминуваат во својата пештера во длабок зимски сон.

Но, сепак постојат и исклучоци. Имено, надзорната камера во дворот на една фабрика сними мечка која ужива во снегот и се обудува да фати снегулки:

Ноќеска пак ќе паѓа cнег

Времето кон крајот на денот ќе биде проследено со зголемување на облачноста, а во текот на ноќта во јужните делови ќе има врнежи од дожд и снег, соопшти УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 °C.

Утре ќе преовладува променливо облачно време, претпладне во јужните делови од земјава со повремени слаби врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од – 11 до 1 степен Целзиусов, а максималната ќе биде во интервалот од – 6 до 3 степени.

Во Скопје слично време. Минималната температура ќе се спушти четири степени под нулата, а дневната максимална ќе биде 0 степени.

Локални врнежи од дожд и снег ќе има и во недела кон крајот на денот, особено во северните делови.

Од понеделник ќе преовладува стабилно и суво време, а до вторник дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.

Aвион не му е рамен: Кинезите претставија воз кој достигнува брзина од 620км/ч (Видео)

Кина претстави прототип на супербрз воз, за ​​кој неговите креатори велат дека може да достигне брзина од 620 километри на час.

Овој воз е двојно побрз од возот EuroStar и со таа брзина би можел да се стигне од Лондон до Париз за 47 минути, доколку вози со максимална брзина.

Кинеското „сообраќајно чудо“ е прво од ваков вид во светот и е направено исклучиво под домашна режија, а правењето на прототипот долг 21 метар чинеше скоро 7,5 милиони евра.

Бугарија ќе ни донира вакцини колку за пратениците од СДСМ?

Дали вакцините против корона вирусот, кои требало да ни ги донира Бугарија и со кои се фалат преставниците на Владата, се во износ од само 100 дози, со кои можат да се вакцинираат само 50 лица?!

Ова го обелодени премиерот на Албанија, Еди Рама во негово синоќешно телевизиско гостување, каде што образложуваше како се одвива и како понатаму ќе се обвива процесот на вакцинација во Албанија.

По многуте критики кои што ги доби, дека дозите на антиковид вакцините, кое се во износ од околу 1000, биле многу малку и со нив можело да вакцинираат само 500 албански граѓани, Рама одговори дека и тоа е за пофалба, затоа што Албанија е втора земја од регионот, после Србија која почнува со вакцинација на населението. При што потенцираше дека Македонија, иако добила ветување од Бигарија дека ќе и донира 100 дози од првата пратка вакцини која ќе стигнела кај нив, а и истите сеуште не и се дадени.

„На Македонија 100 дози требаше да и даде Бугарија и истите сеуште ги нема добиено“, рече Рама, бранејќи се од аналитичарите кои го напаѓаа за малиот број дози вакцини кои како донација ги добила Албанија од земја членка на Европската унија, а при тоа таа земја не е Грција.

Инаку, Албанија неделава почна со вакцинација против вирусот Ковид-19, а оние кои се вакцинираат се вработените во Ковид болниците и старите лица на 75 години. Премиерот Рама беше првиот кој во Албанија ја прими вакцината.