дома блог страница 2197

Ежење до макcимyм пpeд вечepaшниот натпpeвap со Швеѓаните: Maкедонcката xимна гpмеше од илjaдници гpла на дyeлот во 2012 година (Видео)

Македонија вечерва со почеток од 20:30 часот ги стартува натпреварите на Светското првенство во Египет.

Противник на нашите момци е фаворизираната Шведска, која на првенството допатува ослабена без поголем број играчи зapaзени со кopoнавиpycoт.

Последен пат на големо натпреварување со Швеѓаните се сретнавме во 2012 година, кога одигравме 26:26. Македонија на Европското првенство во Србија го освои петтото место.

Македонската химна тогаш грмеше од илјадници грла навивачи кои беа присутни во Ниш. Погледнете:

Со Швеѓаните игравме и во април месец истата година, кога на квалификациите за Олимписките игри загубивме со 23:27.

Професорка открива: Царовска планирала да ја укине и групата македонскиот јазик на Филолошки факултет

Професорката Јасна Котеска на социјалните мрежи открива скриен план, што го нарекува “Таен државен удар”.

Во својата информација професорката објавува дека концептот на министерката за образование Мила Царовска требало да купи време додека да бидат изработени учебници по бугарски терк, но и дека со новата стратегија за образованието на Филолошкиот факултет при УКИМ требало да се воведат две научни гранки, а да се укине предметот македонски јазик.

“Да сумирам.

1. Мила смислила 10-то летка без науки додека дојдат бугарските учебници по историја.

2. На Филолошки без писмен допис се планирале две научни гранки: лингвистика и литература, ама македонскиот да бил тек дел од гранките.

Ова е тоа што го викаат таен државен удар?”, пишува професорката Јасна Котеска во врска со активностите на министерката Мила Царовска за реформи на образованието.

(Фото) Ќерката на Денис Родман тргна по неговите стапки: “Тринити е подготвена за големата сцена”

Ќерката на петкратниот НБА шампион и членот на “Дрим тимот” на Чикаго Булс, Денис Родна, ќе биде дел од овогодинешниот драфт на NWSL, женското фудбалско првенство во САД.

Тринити Родман е една од најталентираните американски фудбалерки, па поради тоа Вашингтон ја избра како втор “пик”.

Ќерката на Родман е родена во 2002 година и веќе го носи дресот на американската репрезентација, а беше и финалистка на изборот за најдобра млада американска фудбалерка. Пред неа е драфтувана само Емили Фокс, која е постара четири години, а беше одбрана од Лујвил.

“Да се биде дел од “драфтот” на овие години е навистина лудо, а уште полудо е тоа што сум избрана за втор “Пик”, не можам да барам ништо повеќе”, изјави тинејџерката.

Нина Ангеловска си ги спаси своите пари, ги остави тие на министерството?

Нина Ангеловска, претходната министерка за финансии, ги повлекла своите лични пари од Еуростандард банка пред нејзиното затворање, но ги оставила депозитите на Министерството за финансии во висина од речиси 40 илјади евра, кои се сега дел од стечајната маса на пропаднатата банка со голема веројатност никогаш и да не се вратат поради огромниот грабеж на депозити што е направен во банката, реагираат Оштетените штедачи од Еуростандард банка, пренесува Курир.

– Овој чин покажува дека, иако неодговорно и несовесно, Нина Ангеловска се грижела само и исклучиво за својот личен интерес, но не и за јавниот интерес за којшто таа била поставена и одговорна да се грижи, а за што била и скапо платена од наши пари. Антикорупциската комисија испита и потврди дека Нина Ангеловска знаела за очекуваното затворање на Еуростандард банка и врз основа на нејзиното учество во Комитетот за финансиска стабилност. Со повлекување на нејзиниот личен депозит од Еуростандард банка непосредно пред нејзниното затворање, таа ја искористила службената положба како висок владин функционер за остварување на лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирана положба во однос на другите доверители кои ги загубија своите пари во банката. Во рамките на своите надлежности, Антикорупциската комисија констатираше само судир на интереси преку крајно непрофесионално и неетичко однесување на министерката Ангеловска – велат оштетените штедачи.

Според нив, од сето ова, наместо да има одговорност, Владата ја награди Нина Ангеловска со место член во Одборот на директори на Македонски телеком. Тие велат дека и покрај ваквиот недоличен, арогантен и искривен однос, сепак веруваат дека неодамна поднесената кривична пријава за несовесно работење на Нина Ангеловска во службата ќе го види светлото на денот и во некое догледно време ќе има можност да се докаже нејзината кривична одговорност низ транспарентна судска постапка.

– Во март 1997 година пропадна штедилницата „ТАТ“. Тогашниот премиер Бранко Црвенковски од собраниската говорница декларативно објави војна против „октоподот“, алудирајќи на организираниот криминал. Во тоа време се зборуваше и дека еден ден пред затворање на штедилницата, некој висок владин функционер, таканаречен „министерот во тренерки“, бил виден како излегува од штедилницата со полни црни вреќи доцна во ноќта. И во случајот со пропаѓањето на Еуростандард банка има вклучено висок владин функционер, но за разлика од случајот со ТАТ, овојпат идентитетот на министерот е добро познат – велат тие.

Аферата ТАТ остана длабоко врежана во сеќавањата на граѓаните во земјава. Резултираше и со многу трагедии. Статистиката вели дека повеќе од сто битолчани банкротирани во пирамидалната афера со штедилницата се самоубиле во следните десет години. И тогаш беа украдени 120 милиони германски марки или 60 милиони евра. Партијата на тогашниот премиер, СДСМ, претрпе тежок пораз на парламентарните избори во 1998 година, а голем дел од причината за тоа се припишува токму и на аферата ТАТ.

– Дали сегашната Влада и надлежите државни институции ќе ја откријат вистината за пропаѓањето на Еуростандард банка, ќе ги казнат сите инволвирани лица и ќе ни помогнат да ни се вратат нашите украдени пари во целост или пак ќе чекаат да дојдат избори оставајќи на времето да повторно се случат трагедии – прашуваат оштетените штедачи.

После 22 години повторно во Египет: Ова е првиот погодок на Кире Лазаров за Македонија на СП во 1999 година (Видео)

Кирил Лазаров пред 22 години го постигна првиот гол за репрезентацијата на Македонија, токму на Светското првенство во Египет во 1999 година.

Тогаш како тинејџер, на 19 години, Лазаров најави дека пред него е блескава кариера. На првенството постигна 10 погодоци, од кои 8 му даде на домаќинот.

Дел од тогашната македонска репрезентација беше и Данило Брестовац, актуелниот селектор.

Ова е првиот погодок на нашиот Кире, со коментар на легендата Златко Калински.

(Видео) На дното од Охридско езеро запален василичарски оган

Нуркачите од Охрид, по повод Стара Нова година, по Јулијанскиот календар, вчера на дното од Охридското езеро традиционално запалија василичарски оган.

Снимката од подводниот празничен ган, на која двајца нуркачи „пржат“ колбаси беше објавен на Фејсбук страницата Нуркачки центар „Амфора“.

„Традиционално и оваа година беше запален василичарски оган во водите на Охридското езеро. На православните верници им ја честитаме Стара Нова година и Василица“, порачаа охридските нуркачи.

Не мора да значи дека сте заразени со Koвид-19 ако го изгубите чувство за мирис

Иако дури 77 проценти од зaбoлeните од кopoна го губат чувството за мирис и вкус, треба да се има предвид дека ова можеби не е сигурен показател за инфекциjaта со Koвид-19.

Меѓутоа, ако не чувствувате вкус и мирис на одредена храна, тоа може да биде знак на тревога.

Експертите забележуваат дека храната што најдобро може да го тестира сетилото за вкус и мирис се кафе, лук, портокали, лимон и шеќер.

Редовното тестирање на сетилото за мирис може да укаже на Koвид-19 пред да се појават какви било симптоми, а тоа може да го сторат многубројни производи како што се кафе, парфем, босилек, рузмарин, паста за заби со мирис на ментол, рози.

Сепак, научниците забележуваат дека мирисот може да се оштети кај луѓе кои имаат Паркинсонова или Алцхајмерова болecт, па ваквите тестови можат да ги охрабрат лекарите да ја испитаат можноста за постоење на овие невродегенеративни болecти.

Денес се празнува Свети Василиј Велики – вечно име Васка, Васил, Весела, Нове

Денеска се празнува Св. Василиј Велики.

Именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка…

Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква.

Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството. Денес се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век.

Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил голем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.

Конгресот го отповика Tpaмп

Американскиот Конгрес на седницата одржана денеска, усвои член околу отповикување на досегашниот претседател Доналд Tpaмп, кој се товари за поттикнување на нередите во Капитол минатата недела.

Tpaмп со тоа стана првиот претседател на САД кој бил два пати отповикан.

Најмалку девет членови на Републиканската партија поддржаа отповикување на Tpaмп. Отповикувањето е успешно ако има поддршка од сите Демократи, и најмалку пет Републиканци.

Во резолуцијата за отповикување, има само една точка која гласи: „поттикнување на нacилство“.

Заседавањето денеска траело околу девет часа. Одлуката за почеток на дебата за отповикување ја поддржаа 221 пратеник, додека против биле 203.

Претходно Tpaмп обидот за импичмент го нарече „смешна одлука“.

(Видео) Милошоски: “Пендpeк за вевчанци по наредба на Заев”

Власта на Заев не трпи критика и исмевање, ни медиумски, ни локално. Тоа е суштинската причина зошто полицијата денес со употреба на сила го растури Вевчанскиот карневал, традиција постара од 1.300 години, во која на духовит начин се критикувала секоја власт, напиша на Фејсбук, Антонио Милошоски.

– Карневалот во Вевчани е на отворено и под маски, исто како што на отворено играа госпоѓите од “Џерусалем-Прилеп-транс”, но вториот настан не беше растурен од полицијата затоа што таму денсаше и градоначалникот на СДСМ заедно со директорките од партијата, во пофалба на власта.

Престапот на маскираните Вевчанци бил што и по 1.000 години се “дрзнале” да ја критикуваат власта која не поднесува критики. Затоа пендрек!

– Крсто, по замолница на министерот за внатрешни, бил маскиран во специјалец и помогнал колку што можел.