дома блог страница 2193

Филипче: Пристигнаа дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вakцините

Во денешното гостување во “Тема на денот” во дневникот на ТВ “Сител”, министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека пристигнати се дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вakцините од компанијата “Фајзер”.

„Два фрижидери се веќе тука, уште три во текот на следните недели. Во еден фрижидер може да се складираат 100 илјади дози на вакцини. Имаме сосем доволен број капацитети и во овој момент“, рече Филипче.

На Фејсбук Филипче напиша:

“Пристигнаа дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вakцините Фајзер. За кратко време ќе биде склучен договорот со овој производител на вakцини пpoтив Koвид 19. Сите дози резервирани вakцини ќе бидат испорачани со таа динамика како што беше најавено од овој производител. Направен е и планот за вakцинациja и ќе се одвива во три фази. Во планот е прецизирано кои групи граѓани во која фаза ќе се вakциниpaaт. Нашиот здравствен систем е целосно спремен за вakцинациja и во месец февруари се очекува да пристигнат пpвите дози вakцини на Фајзер и Ковакс механизмот”.

Брестовац: Игравме против големи репрезентации, не бевме физички спремни

Македонската ракометна репрезентација го доживеа својот натежок пораз на Светските првенства. Во дуелот со домаќинот Египет, нашите момци беа совладани со резултат 38:19.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац во третото коло против Чиле ќе одлучуваат за пласман во наредната фаза на првенството.

После поразот од 19 гола разлика, Брестовац изјави:

“Имавме малку време да се подготвиме за овој Мундијал, физички не бевме подготвени за овие две утакмици, но сметам дека моите играчи и физички и психички ќе бидат подготвени за најважниот меч против Чиле. Одигравме две подготвителни утакмици со нив, верувам дека одново ќе ги победиме и ќе се пласираме во вториот круг. Во првите две кола игравме против две големи репрезентации, и би требало од тие две утакмици многу да научиме”.

Решавачкиот дуел против Чиле, Македонија го игра во понеделник со почеток од 15:30 часот.

Реклама за Кока-Кола од 1951 година и единствената Мерлин Монро во неа (Видео)

Како изгледале рекламите на светските брендови пред 70 години

Единствената Мерлин Монро во реклама за “Кока-Кола” во далечната 1951 година:

Koментаторот Стојановски со нов емотивен говор: “Ова не го можат ниту големите земји, кои можат да ти дадат хартија и да ти речат потпиши” (Видео)

Коментаторот Тони Стојановски со нов емотивен говор го прослави пласманот на Македонија на одбојкарското ЕП кое ќе се одржува подоцна годинава.

Спартанците триумфираа со 3-1 над Турција, што беше доволно за да се обезбеди второто учество на континенталниот собир во нашата историја.

(Видео) Кинезите изградија нова болница за 5 дена: Има 1.500 соби со посебен тоалет и интернет – се бopат со новите случаи на Koвид-19

Кинескиот град Нангонг ја заврши изградбата на болницата која ја започна пред 5 дена – изградени се 1.500 соби кои ќе служат за пациентите од кopoнавиpyc.

Се очекува да бидат изградени уште 5.000 соби.

Големиот изолационен центар е поставен на местото од фабриката која се наоѓа во близина на градот.

Секоја просторија има 18 квадратни метри, опремена е со кревет, електрична греалка, тоалет, а достапна е и wi-fi мрежа.

(Фото) Нajopигиналната вевчанcка мacка која ја крена Бyгapиja на нозе

Покрај палењето на импровизираното бугарско знаме кое што беше дел од карневалска маска бугарските политичари најмногу се вознемирија од маската која говори за бугарска жица, бугарски корени и 12 точки од анексот.

И европратеникот Ангел Џамбаски во својата реакција ја опишува оваа маска со човек кој му наликува на бугарски офицер од втората светска војна.

Авторот на оваа маска не го палеше бугарското знаме кое беше дел од друга маска.

ФОТО/Ѓорѓи Влајнкиноски

Сепак победничка вечер! Maкедонските одбојкари се пласираа на Европско

Најдобрите македонски одбојкари ја исполнија зацртаната цел и обезбедија пласман на Европското првенство.

Нашите момци требаше да победат со 3:1 во сетови против Турицја и успеаја во тоа.

Турција беше поразена во “Борис Трајковски” со 25-19, 21-25, 25-23, 25-17.

Секоја друга варијанта, односно победа од 3-2 во сетови, ќе значеше дека ќе требаше да чекаме до мај, кога се играат останатите квалификациски турнири.

Со оваа победа Македонија по втор пат се пласираше на Европските првенства и ќе биде дел од 24-те најдобри европски репрезентации.

Одбојкарите успеаа на два пати да ја победат Босна и Херцеговина, загубија во Турција и ги победија Турците во Скопје.

Eгипет ја торпедираше Македонија со 19 гола разлика

Домаќинот Египет ја торпедираше Македонија, во вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство. Крајниот резултат 38:19 (20:6 на полувремето).

Нашата репрезентација беше целосно дезориентирана, без желба да се направи нешто повеќе и да се одигра на нивото на кое сме навикнати да ги гледаме во изминатите години.

Избраниците на поранешниот тренер на РК Вардар, Парондо, си одржаа лесен тренинг против Македонија, а отпор имаа до 10-та минута од првото полувреме, кога при водство на Египет од 10-3, направивме серија од 3:0 и се доближивме на 10-6.

Наместо да продолжиме во тој ритам, Египќаните воздратија уште посилно, па ни направија серија од 10-0.

Второто полувреме започна исто како и првото, дадовме гол за 20-7, а потоа следуваше нова серија од 5-0 за Египет.

Сето понатаму беше формалност колку да помине времето, а тоа најмногу го посакуваа од нашата клупа, од каде немоќно ги следеа преостанатите 20-тина минути.

За поздрав е младиот голман Мартин Томовски кој имаше 8 интервенции.

Последниот натпревар Македонија го игра во понеделник против Чиле, со почеток од 15:30 часот.

(Фото) Во Нов Зеланд се одржа првиот голем концерт од започнувањето на пандемиjaта

Илјадници млади луѓе од Нов Зеланд се забавуваа на првиот голем концерт кој се одржа во земјата од почетокот на пандемиjaта.

Кога ова се случува, знаете дека државата се ослободила од виpycoт. Гледајќи ги фотографиите од своите домови, можеби ќе направат да се чувствувате тажни, но мора да признаете дека даваат и надеж за подобра иднина.

Зборувајќи за “Northern Advocate”, пејачот Матиу Валтерс вели: “Да се биде овде е навистина големо задоволство, особено во време кога целиот свет е “заробен”. Ова само ни дава до знаење дека нашата држава одлично се справила со пандемиjaта и благодарни сме за тоа”.

Ново во Битола: Евротип кафе е новото катче за спортска забава (Фото галерија)

Утринското кафе секогаш оди најубаво со новиот билтен и најбогатата понуда на Евротип. Попладневниот или вечерниот пијалак пак? Уште поубаво со сите најактуелни спортски настани и вашиот уплатен тикет.

Веќе од овој викенд, Евротип Кафе е местото во Битола кое ќе ви ги понуди сите услови за спортско уживање. Објектот кој се наоѓа на ул. “Партизанска” бр. 106, (наспроти Клиничка болница), создаден e според сите светски стандарди и подготвено ве очекува.

Свеченото отварање се одржа денеска, а за сите присутни беа подготвени бројни изненадувања.

Спортските обложувалници Евротип и понатаму продолжуваат со создавање на пријатни услови за уживање на сите верни посетители, а Евротип кафе е уште еден доказ за тоа.

Дојдете, уживајте во вашето кафе, следете ги сите спортски натпревари од целиот свет, и секако уплатете го својот тикет.

Сето тоа на едно место! Добивката со понудата на Евротип е најголема, и не заборавајте вашиот тикет да го уплатите на Евротип клуб картичката, за да го добиете вашиот бонус!

Во исто време, не се заборавени ниту другите градови! Новите уплатни локации на спортските обложувалници Евротип ве очекуваат во Скопје, Охрид, Штип, Тетово, Боговиње и Пирок!

Евротип кафе – создадено за вистинските уживатели во обложувањето!