Сепак победничка вечер! Maкедонските одбојкари се пласираа на Европско

Најдобрите македонски одбојкари ја исполнија зацртаната цел и обезбедија пласман на Европското првенство.

Нашите момци требаше да победат со 3:1 во сетови против Турицја и успеаја во тоа.

Турција беше поразена во “Борис Трајковски” со 25-19, 21-25, 25-23, 25-17.

Секоја друга варијанта, односно победа од 3-2 во сетови, ќе значеше дека ќе требаше да чекаме до мај, кога се играат останатите квалификациски турнири.

Со оваа победа Македонија по втор пат се пласираше на Европските првенства и ќе биде дел од 24-те најдобри европски репрезентации.

Одбојкарите успеаа на два пати да ја победат Босна и Херцеговина, загубија во Турција и ги победија Турците во Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.