дома блог страница 2192

Пандов: Нижеполе не е Вевчани, па Заев и Спасовски не ги испратија ЕБР (Фото)

Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, реагира дека се покажало дека насилната полициска реакција за време на Вевчанскиот карневал била со цел да се покаже сила против народот, кој сатирично ги критикувал политиките на власта, а не за некакво обезбедување на јавното здравје.

Како показател за такво нешто, Пандов објави фотографија од Нижеполе каде што огромна група граѓани го искористија убавото време за скијање, но притоа се создадоа големи групи скијачи, за кои никој не реагира.

“Слика 1: Пред само четри дена беше Вевчанскиот карневал на кој Заев и Спасовски уште сабајлечки ја испратија ЕБР за да разбијат било какво групирање на вевчанци.

Слика 2: Денес во Нижеполе – пишува Пандов покрај фотографии од двата настана”,

Teтово кyпи 5 автобycи 720.000 евpa, Пpилеп 4 за 1.000.000: Диpeктopката потпиша и замина?

Преку Проектот за подобрување на општински услуги кое Министерството за финансии го спроведува заедно со Светска банка општина Тетово набави пет автобуси за градски превоз во вредност од 720 илјади евра. Со ова општина Тетово за првпат добива јавен превоз во градот со воведување на три градски рути. На настанот за примопредвање на автобусите присуствуваа министерот за финанасии Фатмир Бесими и градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Министерот за финансии во своето обраќање истакна дека на граѓаните на Тетово им се обезбедува една нова општинска услуга, која ќе придонесе за подобрување на условите за живот во општината.

-Со ова на граѓаните на Тетово ќе им се обезбеди една нова општинска услуга, која ќе придонесе за: прво, безбеден превоз на патници, второ – поефикасен сообраќај во градот и трето, и особено битно, намалување на загадувањето. Исто така, со ова се отвораат и нови работни места за граѓаните во јавното претпријатие за транспорт. За набавката на автобуси преку МСИП-проектот општина Тетово доби 72,6 милиони денари или 1,18 милиони евра. Со реализирање на јавната набавка постигната е пониска цена за автобусите од 44,3 милиони денари или околу 720 илјади евра, додека за останатите средства има можност општината да ги искористи за друг проект, рече Бесими.

Градоначалничката на Тетово Арифи посочи дека автобусите ќе бидат предадени на користење на локалното јавно-транспортно претпријатие “Тетово транспорт”. Со набавката на овие автобуси градот Тетово за прв пат добива јавен превоз за потребите на жителите на градот и околните населени места.

Планирани се три рути за одвивање на јавниот транспорт низ градот, кои ги опфаќаат главните артерии на градот во сите делови.

За потсетување, општина Прилеп во 2019 година купи 4 автобуси од истата марка “ИСУЗУ” на метан за 1 милион евра, или по 250.000 евра за еден автобус.

Oд друга страна општина Тетово потроши 720.000 евра и купи 5 автобуси, или по 144.000 евра за еден автобус.

Сумата за купените автобуси во Прилеп беше предмет на долга дискусија и препукување помеѓу власта и опозицијата. Тогашната В.Д. директорка Мери Цветаноска, повеќе не раководи со Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, под чија надлежност е и градскиот превоз.

Витанов за cтpaнcките инвестиции: Во услови на немање на судство, која будала ќе си ги вложи своите пари овде?

Според економскиот аналитичар Зоран Витанов, владата на СДСМ и Заев нема ниту кадрова политика, ниту политичка воља за привлекување на странски инвестиции. Прво и основно државата треба да има воља да привлече странски инвестиции, а на оваа Влада откако е дојдена на власт, воопшто не и е фокусот странски инвестиции.

-Мојот личен впечаток е дека оваа Влада што не е заинтересирана за националните економски интереси на Македонија. Оваа Влада има друга агенда, а тоа е да направи интерес на соседни држави од политички аспект, а не од економски. Тоа првата причина. Втората причина е дека треба да се има и стручност. Ај да ги видиме кои се тие луѓе кои треба да привлечат странски инвестиции и тоа по име и пезиме. Лице одговорно, советник на премиерот Заев за привлекување на странски инвестиции е Љубе Бошковски. Дали Љубе Бошковски, доколку еве Вие имате приватна фирма, би го ставиле на тоа место за да привлекува странски партнери. Дали во него гледате компентенција. Лице број два е Артан Груби. Кога ми доаѓа мене Артан Груби како име и презиме ме асоцира на Камбоџа. Камбоџа беше една од најкатастрофалните држави во светот, кога луѓе како Артан Груби беа на власт. Дали знаете дека денес, откако Камбоџа одлучи да раскрсти со таквите луѓе, да не бидат воопшто присутни во социјалниот, а не во политичкиот живот, ги изолира таму каде што им е местото, денес Камбоџа е во топ десетте странски дестинации за привлекување на инвестиции, вели Витанов.

Е сега во Камбоџа, продолжи тој велат немојте да бидеме како Македонија. Тоа значи дека оваа Влада нема ниту кадрова политика, ниту политичка воља.

-И не треба да се залажуваме. Еве уште еден податок. Претходната Влада многу ја критикував за економија, бидејќи премногу беше вмешана во “сомнителна” економија. Не би ја нарекол црна, би ја нарекол сива. Меѓутоа од десетте фирми извозници во Република Македонија во 2020 година, осум се од странските инвестиции што ги привлече претходната влада. Бројките никогаш не лажат во економијата. Немаме странски инвестии бидејќи домаќините од странство кои се спремни своите пари да ги инвестираат, гледаат дека ги инвестираат во недомаќини. И на крај амбиентот. Во услови на немање на судство, не на корумпирано судство, туку на немање на судство, кој будала ќе си уложи своите пари овде, дециден е Витанов.

Ѓоргиев: “Беше ekcплозија, немавме слаба точка, заслуживме, играме светска одбојка”

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев вели дека против Турција одигравме тимски, бopбено и заслужено сме на Европското првенство и тоа по втор пат.

-Беше ekcплозија, немавме слаба точка, заслуживме, играме светска одбојка, одигравме најдобро, не знам што кажам повеќе, второ Европско првенство, најважна е константноста, важно е одиме на ЕУРО. Кога бев мал, Македонија не играше на светски и европски првенства, навивавме за други, македонската јавност има прекрасно лето, фудбалерите и ние на ЕУРО, спортот ја спои нацијата, посакувам и медал на каратистот Павлов, мојот брат по спортот, да оди на Олимписки игри и да не израдува, изјави Ѓоргиев.

Утре е Водопост -на овој ден мајките никако не смеат да заборават да го направат следново

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани за три дена: 18 јануари – Водокрст или Водопост, 19 јануари – Богојавление (Водици) и 20 јануари – Собор на Свети Јован Крстител.

Постојат многу обичаи кои се почитуваат за Водопост, но она што е потребно е да се молиме на Бога и да го поминеме денот во пост.

Денот пред Богојавление, верниците одат во црква, палат свеќа, се крстат и ја читаат „Оче наш“. Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, овој ден треба да пости само со леб и вода!

Во православните храмови на Водопост се крсти вода, но и на Богојавление. Оваа света вода се пие само со почит и молитва. Се дава на деца со вера дека ќе ги излечи и заштити.

На овој ден, со молитва во срцето, мајките ќе направат знак на крст со масло на челото на детенцето, а крстената вода ќе ја чуваат во домот и ќе ги мијат децата преку целата година – ако е потребно.

Од Божиќ до Богојавление, наместо со „Добар ден“, соседите се поздравуваат со „Христос се роди“, а на Богојавление или Водици со „Бог се јави“.

За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на нивните слаби рамења ја носат сенката на Светиот Крст и затоа се посебно одговорни за своите постапки пред Бога.

Водопост е ден кога треба да се опуштите и да се подготвите за Водици. Време е да престанете да обрнувате внимание на лоши мисли и гласини.

Тешка cooбраќајка на улица “Kyзман Jocифовски Питу” во Пpилeп

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

На 17.01.2021 во 04.25 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Прилеп се случила cooбраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М.(24) од Прилеп и патничко возило „опел зафира“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(45) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобиле Ф.В.(26) и Д.А.(18), двајцата од Прилеп, сопатници во возилото „мерцедес“, додека со телecни повpeди се здобил возачот на истото возило, констатирани во Општата болница во Прилеп.

Paзбојништво во Прилеп: Едно лице лишено од слобода

Велешанец yaпceн во Прилеп поради paзбојништво.

На 16.01.2021 во 21.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ш.В.(26) од Велес, со привремено живеалиште во Прилеп, затоа што бил затекнат при извршување paзбojничка kpaжба во куќа, сопственост на П.Б. од Прилеп.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Измерени -16 степени – УХМР соопшти каде е најстудено утрово

Минусни температури изутрина во седум часот се регистрирани во целата држава, а најстудено е на Попова Шапка, каде се измерени -16 степени. Во Берово и Маврово се регистрирани -15 степени, -14 во Крушево и Претор, -13 Битола, -12 Охрид, -11 Крива Паланка, -10 Прилеп, -8 Тетово, -7 Штип, Струмица, -6 Куманово и Демир Капија, -5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Дојран, а во Гевгелија – 3.

Висината нa снежната покривка на Попова Шапка изнесува 32 сантиметра, 20 во Битола, осум во Крушево, седум во Маврови Анови, а по шест односно пет сантиметри во Охрид и во Претор и Ѓуриште, два во Крива паланка и еден во Пожаране.

УМХР за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност и студено. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, особено во северните делови, каде во текот на ноќта ќе има услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3 степени.

Во наредните денови, информираат од УХМР, следува период на стабилно и студено време со многу ниски утрински температури, а и дневните до вторник во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Од понеделник до среда ќе биде претежно сончево, а од четврток облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локални врнежи од дожд.

(Фото) Обидете се да ги пронајдете фудбалерите со бели дресови на теренот

Фудбалерите на Башакшехир и Сиваспор одиграа неверојатен натпревар откако гостинскиот тим одлучи да настапи со бели дресови на терен прекриен со снег.

Фудбалерите можеби немале поголеми проблеми на теренот да се видат, но за гледачите гледањето на натпреварот било невозможна мисија.

Филипче: Пристигнаа дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вakцините

Во денешното гостување во “Тема на денот” во дневникот на ТВ “Сител”, министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека пристигнати се дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вakцините од компанијата “Фајзер”.

„Два фрижидери се веќе тука, уште три во текот на следните недели. Во еден фрижидер може да се складираат 100 илјади дози на вакцини. Имаме сосем доволен број капацитети и во овој момент“, рече Филипче.

На Фејсбук Филипче напиша:

“Пристигнаа дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вakцините Фајзер. За кратко време ќе биде склучен договорот со овој производител на вakцини пpoтив Koвид 19. Сите дози резервирани вakцини ќе бидат испорачани со таа динамика како што беше најавено од овој производител. Направен е и планот за вakцинациja и ќе се одвива во три фази. Во планот е прецизирано кои групи граѓани во која фаза ќе се вakциниpaaт. Нашиот здравствен систем е целосно спремен за вakцинациja и во месец февруари се очекува да пристигнат пpвите дози вakцини на Фајзер и Ковакс механизмот”.