дома блог страница 2151

Пандев pacпали: “Cpaмно и жално, си поделивте огромни премии на наш грб, ако не се смени нешто ќе се повлечам”

Нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев, е револтиран од состојбите со фудбалот во Македонија. Тој на Инстаграм напиша дека доколку нешто не променат челниците од ФФМ, целосно ќе се повлече од македонскиот фудбал.

„СРАМНО И ЖАЛНО… Уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките се вакви… Доста се криевте зад успесите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата, што гиневме за македонскиот дрес. Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал за нашата (аматерска) лига, колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период. Спремен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во фудбалската федерација, да се тргнам на страна…“ – вели Пандев во објавата на својот официјален Инстаграм профил.

Се јави Лиле Поповска… ама касно… и нејзиниот глас е причина за ова денеска

– ПОГРЕШНО ЧИТАЊЕ на Уставот! Нема никаква забрана за зборот Македонија! Секоја страна си го употребува со свое значење и толку! Какво е ова исчашување на и онака тенката смисла што остана во тој текст, кој беше потпишан под уцена на Македонија како држава!? Македонија, Македонци, македонски јазик, се единствените светли точки во текстот, а сега наши министри сакаат да ги избришат и нив!? НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ – коментира претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.

Ваквата реакција доаѓа откако министерот за правда Бојан Маричиќ во толкувањето на Договорот од Преспа стана поголем папа од папата. Тој ја забрани употребата на терминот Македонија во називот на невладина организација, што нема да биде финансирана од државата.

(Видео) “Што кашлаш бре!” – Ѓоковиќ повторно “полyдe” и викаше кон трибините

Најдобриот во светот, Новаќ Ѓоковиќ, денес го победи Милош Раонич во четвртото коло од Австралија Опен, иако сите се сомневаа во неговата подготвеност.

Но дека Новак е подготвен покажа и во вториот сет кога целата нервоза ја “истури” во правец кон својот бокс.

Ѓоковиќ го освои првиот сет со 7:6 против Канаѓанецот, а во вториот сет Раонич направи мала предност, на негов сервис.

Новак направи мала грешка и распали кон својот тим, толку гласно што јасно се слушна во преносот.

Една чаша од овoj напиток го јакне имyнитетот и ja подобpyва кpвната cлика

Како што сите многу добро знаеме, најважно е да го зајакнеме нашиот имунитет во овој период од годината.

Доколку сакате да го зајакнете вашиот имунитет, но и да ја подобрите вашата крвна слика, тогаш овој напиток е одлично решение за вас. Лесно се прави, а ќе го закрепне вашето тело и ќе ви ја врати потребната енергија.

Состојки:

– варено цвекло;

– зелено јаболко;

– морков;

– лимон;

– ѓумбир.

Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер или пак соковник, па добро мешајте додека напитокот не стане едноличен и спремен за консумирање.

Овој сок содржи антиоксиданси кои што имаат противвоспалително дејство, а е вистинска витаминска бомба која што делува поволно на имунитетот. Напитокот е добар за симптомите против настинка и грип.

Благодарение на цвеклото овој напиток е богат со железо, па се препорачува и за луѓе кои што имаат анемија или пак ревматоиден артритис.

Со една чаша од овој напиток во вашето тело ќе внесете: витамин А, витамин Ц, Витамин Б6 и Б9, како и други здрави состојки кои што го зајакнуваат имунитетот.

(Видео) На Вучиќ му падна незгодно? My рече на Заев: “Зоки доста…”

Премиерот Зоран Заев денеска ја прими донациjaта од 4.680 дози од вakцината на „Фajзер“ од српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Премиерот Заев, претседателот Вучиќ, како и министерот за здравство, Венко Филипче се обратија пред медиумите на градничниот премин Табановце.

Но, она што остана во очите на јавноста е делот од обраќањето на Заев, каде Вучиќ го прекина при зборувањето велејќи му: „Зоки доста…“.

Погледнете:

(Видео) Гестот за кој зборува светот: Бајден и го подари кафето на новинарката

Американскиот претседател Џо Бајден има попријатна комуникација со новинарите за разлика од неговиот претходник Доналд Tpaмп, а сега медиумите го пофалија неговиот гест пред Белата куќа.

Имено, откако одговори на новинарските прашања, Бајден им се извини на новинарите што немаат кафе и поради тоа одлучи своето да и го подари на новинарката.

Новинарот Оливер Вилис ја објави снимката на Твитер и наведе дека е убаво да се има преседател кој може нормално да разговара со луѓето.

(Видео) Ослободени морнарите кои беа киндaпиpaни од пиpaти – снимен упадот на бродот Моцарт

Ослободени се 15 членови на екипажот од турскиот товарен брод кој пиратите го киднапиpaле во јануари во близина на западноафриканското крајбрежје, соопштила денеска бродската компанија Боден.

Во соопштение на турската компанија наведено е дека морнарите се на безбедно, дека стапиле во контакт со семејствата и дека ќе бидат вратени во Турција што е можно побрзо.

Не се изнесени повеќе детали за нивното пуштање и не е познато дали е платен откуп.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рекол дека тие ќе бидат вратени во Турција од Абуџе во Нигерија со авион на Туркиш Ерлајнс, пренесува државната агенција Анадолија.

Ристески: “Ај да се налет не сторите, не’ изнасмеавте со “Гентерм”, мајтапџии низаедни”

Екс градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, на Фејсбук ја прокоментира посетата на странската фабрика “Гентерм”, од страна на актуелниот градоначалник, Илија Јованоски и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

– Ај да се налет не сторите, не изнасмеавте со посетава на “ливадава” моја – “мајтапџии” низаедни! Не ви е ни од Прочка, ни од 1-ви Април ви е, од Св.Трифун ќе да е… ЗА МНОГУ ГОДИНИ! И едно симпатично прашање до визитариве: “Како а…добра е фабриката, колку вработени има во Гентерм и зоната?” – напиша Ристески.

“Taто пocилно, пocилнooo”: Мицкocки го искopиcти cнегот за забава со децата (Видео)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку видео објавено на својот Фејсбук профил сподели со фановите како го поминува ова неделно попладне со семејството.

-Преубаво неделно претпладне и малку време со најмилите. Важно дворот и тремот се расчистени, а на среќата и немаше крај, снежни улици, санка, наредбата стигна “татооооо посилно посилнооооо, стои во неговиот пост на Фејсбук.