Како ли ќе спие рускиот претседател: И Македонија побара од Путин да го ослободи Навални?

Македонија е потписник на заедничката изјава на Советот за човекови права, која ја повикува Руската Федерација за итно и безусловно ослободување на опозиционерот Алексеј Навални и сите лица кои се незаконски или произволно лишени од слобода.

Во изјавата, потпишана од 45 други земји, се изразува загриженост за влошувањето на човековите права и основните слободи во Руската Федерација.

„Апсењето и следното изрекување на казната на Навални се засноваа на претходната пресуда што Европскиот суд за човекови права ја прогласи за произволна и очигледно неразумна. „Тоа се случи во контекст на обид да се отруе овој руски државјанин, без настанот да биде соодветно истражен и веродостојно објаснет“, беше наведено во изјавата потпишана во рамките на 46-та седница на Советот за човекови права.

Земјите потписнички се загрижени и за големиот број на самоволни апсења на демонстранти кои изразија поддршка за Навални во многу руски градови.

На списокот на држави потписнички се вклучени и Македонија, Албанија, Хрватска, Франција, Германија, Велика Британија и САД.

Eдинствената вакцина која министерот за здравство Венко Филипче успеа да ја набави е руската вакцина Спутник V. Toj заедно со рускиот амбасадор на Меѓународниот аеродром во Скопје ја пречекаа првата пратка од вакцината против коронавирусот (Koвид-19), од рускиот производител „Спутник В“.

Како што соопшти Министерството за здравство на Македонија, министерот Филипче изрази благодарност до амбасадорот за неговиот личен ангажман за овие дози, што побрзо да стигнат во земјата. Од рускиот производител, РСМ обезбеди 200.000 вakцини, денешната испорака е 3.000 дози за исто толку граѓани, а за ревакцинација ќе стигне нова пратка.

Се поставува прашањето дали по ваквата постапка на Владата во Македонија ќе пристигнат останатите 197 илјади дози руска вakцина?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.