дома блог страница 2152

Бордање низ Битола (Видео)

На битолчани се чини најдобро им дојде снегот

Неисчистените улици низ градот одлично му дојдоа на овој битолчанец, кој се одлучил да борда.

Погледнете:

И Свети Трифун е Ден на вљубените: Зошто во туѓата религија го бараме она што во нашата веќе постои?

Се почест е трендот на младите во Македонија да 14-ти февруари, денот кога Христијанската Православна црква го празнува Св. Трифун, да го празнуваат Денот на вљубените, Св. Валентин, кој како празник го празнува Католичката црква.

Она што многумина не го знаат оние кои бегаат од своето наследство и традиција, е дека и Свети Трифун се обележува како ден во кој се слави љубовта. Еве и како!.

Освен што се смета за заштитник на лозарите и лозјата, како и за чувар од непогоди и штети, Свети Трифун е и заштитник на искрената љубов на сите христијани.

Македонската православна црква го одбележува Свети Трифун на 14 февруари по новиот календар, или на 1-ви по стариот.

Затоа е обичај, да на овој ден се искажува љубов со некој гест на онаа личност која ни е важна во животот.

Ако планирате овој ден да и го посветите на саканата личност, би било идеално тоа да го одбележите со некое вино и така заедно да го прославите нашиот заштитник на виното и винските насади.

Доколку овие предлози ви изгледаат како неосновани, еве една приказна која од дамнешни времиња се раскажува помеѓу балканските народи, а потврдува дека Свети Трифун е заштитник на искрената и чиста љубов.

Според приказната, големиот грешник Трифун, кој на душата носел 99 луѓе што ги убил, осуден бил на Божја казна. Легендата вели дека казната би можела да биде изземена само кога би разлистал врбовиот корен. Трифун одгледувал бостан и на секој минувач според таа казна морал да му даде лубеница. Меѓутоа, кога еден ден некој минувач, брзајќи, не обрнал внимание на поклонот од Трифун, тој потрчал по него и со голем бес го удрил со лубеницата човекот по глава и го убил.

Разочаран што го убил стотиот човек, се вратил, и што да види – врбата раззеленила! Имено, човекот што не можел да го спречи брзал да ѝ напакости на девојката која ја сакал пред нејзината свршувачка.

А тоа, според народните верувања е непростив грев, па со тоа ова убиство на Трифун не можело да се земе како зло.

Според приказната сите претходни злодела на Трифун му биле простени.

Колку има или нема вистина во оваа народна легенда не знаеме, но веруваме дека негувањето на своите традиции, своите вредности и своите обичаи, секогаш треба да имаат предност пред останатите.

Само така ќе имаме што да оставиме и на идните генерации!

За многу години и наздравје!

Денecка се пpaзнyва Cвети Тpифyн – заштитник на лозapите, за многy години

Денеска се празнува Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите.

Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана која што не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот христијански православен свет како поим за младост и доследност на христијанските традиции. Подоцна за свој покровител го зеле градинарите, лозарите и меанџиите.

Светиот маченик Трифун е роден околу 225 година во Кампсада, во малоазиската област Фригија, во близината на градот Апамија. Неговите родители биле христијани и уште рано кај него ја поттикнале љубовта кон Христовата вера. Во детството чувал гуски, но уште тогаш се истакнал со исцелителска способност.

Со Божја помош лечел болни од разни болести и од луѓето ги бркал лошите демони. За неговите чуда се раскажувало во целата империја поради што бил викнат во Рим кај царот Гордијан, кого што во тоа време го снашла голема несреќа, бидејќи ќерка му Гордана се разболела од душевна болест и не можел да ја излечи ниту еден лекар во империјата. Во еден момент нечистиот дух од неа проговорил дека никој не може да го избрка освен Трифун.

Најпосле, по Божја промисла во Рим пристигнало и младото, 17-годишно момче од Кампсада, коешто за кусо време ја излечило царската ќерка и се стекнало со уште поголема слава. Од царот било дарувано со многу дарови кои на враќање им ги разделило на сиромасите.

Свети Трифун со маченичка смрт умрел за време на царот Децие кога бил вршен голем прогон на христијаните. Од обласниот римски царски намесник по име Аквилин бил повикан да дојде во Никеја каде што било седиштето на обласната управа и му било предложено да се откаже од Исус и на римските богови да им принесе жртви. Трифун го одбил тоа поради што бил многу мачен. Бил обесен на дрво и тепан со прачка, потоа бил врзан за опашката од коњот и влечен низ полето, а кога и со тоа не го заплашиле го осудиле да му биде пресечена главата со меч.

Но пред да биде извршен тој чин, додека војниците го воделе надвор од градот, Трифун се молел на Бога да му ја земе душата и кога дошле на местото за егзекуција тој ја предал душата пред мечот на џелатот да падне на неговиот врат. Тоа се случило на 14/1 февруари 248 година (според други во 250 година), кога имал само 21 година. Локалните верници го погребале на своите гробишта, но тој им се јавил на сон и посакал да биде погребан во своето село. Оваа желба му била исполнета и подоцна моштите му биле пренесени во неговото родно село.

Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и Свети Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници.

Во некои краишта на Македонија како што се Охрид и Прилеп празникот е познат и како свети Трипун (или Триун) ‒ пијаница. Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби, но и на народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на лозарите и градинарите. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи.

Свети Трифун се празнува на 14 февруари според новиот (или на 1 сечко според стариот) календар. Во повеќе краишта на Македонија на овој ден рано наутро се одело во црквата каде што попот пеел молитва и светел вода. Од оваа вода за која се смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни демони и има лековита моќ, луѓето земале во шишиња и ги прскале лозјата при што го изведувале и обредното закројување.

Во скопско, како што забележал М. Кратовалиев, во запис од деветнаесеттиот век, на тој ден по црквите крштевале вода, и од таа вода секој селанин си носел по лозјата заедно со пепел. Во лозјето ќе турел малку од пепелта и ќе полеел од крстената вода. Водата ја поливал за да има бериќет, а пепелта за да „испрхнува“, т.е. да бидат поголеми зрната на гроздовите. Потоа закројувале по неколку лозинки, по што седнувале, се гоштевале и правеле големи веселби.

На иконите св. Трифун е претставен или со сорче за режење на лози или со наметка како чувар на гуски.

Обичаите и верувањата поврзани со овој празник упатуваат на заклучок дека во неговата основа лежи некој голем претхристијански празник поврзан со првите пролетни активности, пред сè со обработката на градините и лозјата.

Победа успеа да ангажира напаѓач во последните часови од преодниот рок

Прилепскиот второлигаш Победа во последните часови од зимскиот преоден рок обезбеди засилување на најневралгичната точка во тимот-напаѓач.

Нов шпиц на Победа во пролетната полусезона ќе биде младиот Дарко Грозданоски (15.4.1999 г одина). Тој во Победа доаѓа од Силекс, чиј играч беше изминатаата 1,5 година, а во есенската полусезона како позајмен фудбалер настапуваше за Тиквеш од Кавадарци при што на 14 натпревари постигна 4 голови.

Минатата сезона во Првата лига настапи на 20 натпревари за Силекс при што постигна 2 гола(против Вардар и Струга Трим Љум)

Станува збор за млад но веќе афирмиран фудбалер кој минал низ Младинската школа на Црвена Звезда , Чукарички и БСК Белград во кои тренери му биле познати имиња на српскиот фудбал како Огњен Короман, Александар Трифуновиќ, Душко Љубичиќ…

Со доаѓањето во Прилеп младиот голгетер Грозданоски има убава можност претстојната пролет со своите квалитети да се докаже во екипата на Победа која е составена главно од фудбалери негова генерација-родени 1999-тта година и со своите игри и голови му помогне на клубот во претстојната пролетна полусезона во која приоритет е сочувување на второлигашкиот статус.

Tpaмп ocлoбоден од обвинение за пpeдизвикyвање бyнт: Против него глаcaa 7 републиканци, а тој најави нова кандидатура за 4 години

По петдневното историско судење, поранешниот американски претседател Доналд Трамп е ослободен од сите обвиненија за „поттикнување бунт“ во немирите на Капитол на 6 јануари.

Во Сенатот, 57 сенатори го прогласија Трамп за виновен, што не беше дволно за да се исполни условот од двотретинско мнозинство, додека 43 беа против.

Ова беше најкраткиот процес за отповикување во историјата на Америка. Со оглед на тоа дека е ослободен од сите обвиненија, Трамп може да учествува на следните претседателски избори во САД.

Трамп е единствен американски претседател против кого двапати се водеше процес за отповикувње.

Доналд Трамп објави соопштение прославувајќи го гласањето во Сенатот за ослободување од обвинението за поттикнување бунт.

– Сакам прво да им се заблагодарам на мојот тим посветени адвокати и другите за нивната неуморна работа што ја поддржуваат правдата и ја бранат вистината, рече поранешниот претседател.
Тој продолжи со заблагодарување.

– Најдлабока благодарност, исто така, до сите сенатори и членови на Конгресот на Соединетите Држави што гордо се залагаа за Уставот што сите го почитуваме и за светите законски принципи во срцето на нашата земја, вели Трамп.
Трамп го осуди судењето за импичмент како „уште една фаза од најголемиот лов на вештерки во историјата на нашата земја“, иако седум републикански сенатори гласаа за да биде осуден.

Поранешниот претседател ја навести и својата политичка иднина сега кога е слободен да се кандидира за Белата куќа во 2024 година.

– Нашето историско, патриотско и прекрасно движење „Да ја направиме Америка повторно голема“ само што почна. Во месеците пред мене, имам многу работи да споделам со вас и со нетрпение очекувам да го продолжиме нашето неверојатно заедничко патување за да ја постигнеме американската величина за целиот наш народ. Никогаш немало ништо слично, рече Трамп.

Менаџерите на импичментот со денови предупредуваа дека Трамп е закана за безбедноста на американската демократија доколку повторно му биде дозволено да се кандидира за јавна функција.

Милошocки: Нecфатливо е што му пpeчи на 3aeв во личните кapти да cтои „Maкедонка“ / „Maкедонец“

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ прифатливо е во личните карти да стои и етничката припадност Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав, Бошњак, Хрват и друго, бидејќи тоа е лична определба, национално чувство и право на секој граѓанин, а било пракса и во минатото, истакнува Антонио Милошоски.

Но, несфатливо е што во овој закон на Заев му пречи во личните карти во графата националност да стои припадноста „Македонка“ / „Македонец“, што изгледа како координиран став со понижувачката забрана за употреба на термините „Македонија“ и „АСНОМ“. Затоа, блокирањето на овој закон му оди во прилог на Заев.

ВМРО-ДПМНЕ по овој закон, предложен од БЕСА, има поднесено еден амандман кој предлага да се изостави употребата на новата придавка на државата, особено што дури и според договореното од Заев и Димитров тоа не претставува обврска во период од најмалку 5 години – пишува Милошоски.

Прилеп облечен во бело руво: Уживајте во прекрасната снежна идила (Фото галерија)

Снежните врнежи доцна синоќа го зафатија и Прилеп

Снегот и понатаму паѓа, а градот потона во бело руво…

Колку и да ви смета студеното време, ќе се согласите, снежната бајка му годи секому…

Излезете, прошетајте, уживајте во чистиот воздух…

(Видео) Meчка се обиде да нaпaднe скијач: Се спаси откако го изваде ранецот

Неверојатна сцена се случи на скијачка патека во Романија. Сноубордер се спушташе по падините на Клабука и забележа како мечка се обидува да naпaдне скијач.

Се слушна силен вpecoк, но мечката не се откажа. На крајот, скијачот одлучи да го фрли ранецот, а мечката ја промени насоката.

Оваа немила сцена се случи во Романија, а сноубордерот го сними ова со мобилниот телефон додека се возеше на жичарата.

Владата заглави “в ливада”, како што ги нарекуваа инвестициите од ВМРО-ДПМНЕ – Ниту една нова во изминатите 4 години (Видео)

Во посета на Прилеп вчера беа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Тие заедно со градоначалникот на општина Прилеп, ја посетија американската компанија “Гентерм” која се наоѓа во технолошко-индустриската зона “Алинци” и вработува неколку илјади граѓани од Прилеп и прилепско.

Фабриката беше отворена во 2016 година, а беше плод на долги преговори на економските тимови на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во индустриската зона која се наоѓа недалеку од Прилеп денеска функционираат три фабрики. Покрај “Гентерм”, таму се сместени и компаниите “Вик” и “Акомпласт”.

Oвие три компании значително ја подобрија економската слика на Прилеп, кој пред нивното доаѓање располагаше со армија од 18.000 невработени лица.

За жал оваа владина гарнитура не успеа во изминатите 4 години да донесе ниту една нова фабрика во оваа зона, а граѓаните се сеќаваат дека актуелните функционери зоната ја нарекуваа ливада и нива, а подоцна ги кудеа и компаниите кои отворија свои фабрики тука.

Ќе се потсетиме на една од прес конференциите на СДСМ пред зоната:

“Алфа TВ”: Дали и во општина Долнени е разработена масовна шема за партиски и роднински вработувања? (Видео)

Дали партиската припадност и роднинските врски се пресудниот услов за вработување и во малата, рурална општина Долнeни?! – прашува “АЛФА ТВ”

Според информациите до кои дојде телевизијата, од свои извори, братучедот на актуелниот градоначалник на оваа општина е советник за образование, култура и спорт, а додека неговиот шура пак, бил поставен за возач.

Исто така, како што тврдат изворите на телевизијата, ниту братот на градоначалникот не останал покусо за работно место, а ни негова друга роднина која наводно работела во Детска градинка во село Црнилиште, а воопшто не одела на работа, иако земала плата од Општината.

Приказна за себе биле и вработувањата во Основното училиште во с. Житоше, каде советник од Општината, користејќи ја својата функција, себе си се вработил како секретар, сопругата – наставничка, а чичко му е директор на училиштето, чии деца пак, се вработени како полицаец и наставничка. Во ова училиште свои блиски роднини си вработил и директорот на Агенцијата за развој на земјоделието, кој потекнува од ова село.

И секретарот на општина Долнени, според изворите на “АЛФА”, си вработил десетина свои роднини, помеѓу кои и внукот кој бил вработен во Општината пред пет месеци, а не бил мал бројот и на оние кои треба да бидат дел од новите Рамковни вработувања, кои врз база на партиски списоци, требало да бидат вработени во државни институции во Прилеп.

За дел од нив, “АЛФА” веќе пишуваше, конкретно за престојните вработувања на тројца жители од општина Долнени во прилепскиот Центар за социјални работи, за што потврда имавме и од директорот на оваа Јавна установа. Нашите извори велат дека според оваа шема на партиски ургенции, а во склад со новите Рамковни вработувања, еден човек требало да биде вработен во Бирото за вработување во Прилеп, друг во УЈП и неколку лица во МВР – ПС Прилеп, но нашите извори не ја исклучуваат и можноста дека сите овие вработувања ќе се чувале во тајност и на стенд-бај, додека не поминела вревата во јавноста, за потоа дел од нив, на мала врата, можеби да бидат префрлени на работа во матичната општина Долнени.

„Градоначалникот има направено фамилијарни вработувања. Неговиот братучед Емран, неговиот шура Џемил, брат му Рамадан, роднините Хава, Неџат… Ги има овие имиња или во институциите во Прилеп, или во Долнени… Само не се знае, се ќути за ова… Сeто ова е по партиски клуч… Се изготвуваат списоци на состанок на ДУИ за тоа кој каде треба да се вработи…Вработувањата им станаа фамилијарен бизнис, иако голем дел од нововработените немаат ниту соодветно образование или пак имаат купени, фалсификат дипломи…“ – откривa изворот чиј идентите им е познат на редакцијата на “АЛФА ТВ”.

Со цел да ги провериме овие тврдења, уште пред неколку дена, одговор побаравме од градоначалникот на општина Долнени, Џемил Ќамили, меѓутоа се до денес, оттаму не добивме ниту потврда, ниту демант – велат од телевизијата.

Каролина Дурло