дома блог страница 2150

Моќната Македонија после Никарагва и’ воведе санкции и на Гвинеја

Откако неодамна ја исплашија Никарагва, Македонија сега и’ воведе санкции и на Гвинеја, повторно придружувајќи се на Европската унија.

Рестриктивните мерки објавени во „Службен весник“ опфаќаат ембарго на opyжje, финансиски мерки и забрана за влез во Македонија.

Гвинеја е држава со 12,8 милиони жители во западна Африка и излегува на Атлантскиот Океан.

Пред неколку дена фудбалскиот клуб Шкупи го потврди најновото засилување, а тоа е 20-годишниот репрезентативец на Гвинеја, Мамадуба Бангура.

По ембаргото на Македонија кон Гвинеја, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски упати неколку прашања до државниот врв.

Заев: Никогаш не сум рекол дека Вyчиќ е националиcт

Помошта на Србија за дел од вакцините на “Фајзер” ќе ги сплоти народите и ќе ја зајакне врската помеѓу Македонија и нашиот северен сосед – истакна на денешната прес конференција премиерот Зоран Заев.

Запрашан дали се уште мисли дека Александар Вучиќ е националист, премиерот на Македонија истакна дека никогаш не рекол такво нешт

„Не сум рекол никогаш дека Вучиќ е националист. Тие ни се пријатели, покажаа солидарност и со тоа се дојде до зајакнување пријателската врска помеѓу двата народи. Ние сме братски народ, треба да си помагаме и подадената рака од Србија многу ни значи“, истакна Заев.

Прашањето му го постави новинарот на “АЛФА ТВ”, Maтеја Петровски.

Најнова вест за средношколците: Компромисот постигнат од страна на Сојузот е политички инструиран и неприфатлив

Компромисот постигнат од страна на Сојузот е политички инструиран и неприфатлив, реагираат средношколците преку своето здружение Средношколски глас.

Нивната реакција ви ја пренесуваме во продолжение:

Во текот на вчерашниот ден претседателот на Сојузот на Среднношколци објави дека постигнале договор со ВЛАСТА кој никако не е поволен за нас средношколците. Иако се претставија како гласот на сите средношколци, оваа одлука ја донесоа во затворен круг и без консултации со пошироката средношколска јавност. Договорот кој го постигнаа најверојатно по партиска наредба не е ништо освен дополнително потценување на средношколците. Се залагаа за кратење на испитите но ништо не се исполни. Новиот концепт не го намали материјалот или бројот на испитите. Останува прашањето СО КОЕ ПРАВО СОЈУЗОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИ ГО ПРИФАТИ ОВОЈ КОНЦЕПТ ВО ИМЕ НА СИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ???

Нашите барања се следни:

Да се намали бројот на испитите на 2 eкстерни и проектна задача. Да се организираат дополнителни часови за дообучување поради неквалитетната настава заради online наставата. Во текот на утрешниот ден преставници на Средношколски Глас до надлежните институции ќе поднесат барање за прием. Бараме во најкраток рок да не примат надлежните да разговараме за концепт кој ќе биде прифатлив за сите средношколци.

Ние средношколците нема да се откажеме од оваа битка, отпорот ќе почне со посериозен отпор доколку нашите барања не се исполнат!

3aeв се пожали: BMPO-ДПMHE не го почитyва ycтавното име на дpжавата и не блокиpa

Премиер Зоран Заев изрази задоволство што ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува измените на Законот за лични карти за етничката определба, но во исто време и жали што, како што рече, опозицијата преку непочитувањето на Уставот и уставното име на државата се обидува на кој било начин да изнајде пречки и нови причини за блокирање на ваквите законски решенија.

– СДСМ својот став во поглед на Законот во личните карти да има етничка определба каде што ќе посакаат граѓаните, го кажа уште при донесување на уставните промени и тоа беше владин став во тоа време, затоа што дефинитивно ние сме мутлтиетничко општество каде што покрај државјанството македонско, граѓани на РСМ, граѓаните се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби, сите етнички заедници коишто постојат во државата и немаме проблем во документ за лична идентификација да го имам тоа право – истакна Заев на прес-конференцијата за потпишување на договор за грант наменет во обновливи извори за енергетска транзиција со амбасадорката на Германија во земјава Анка Холштајн.

Заев потврди дека веќе се одржале состаноци и дека ќе бидат подготвени за имплементација на ова законско решение.

Во однос на коментарите за предложените амандмани од Левица и дека СДСМ се крие зад нив, со цел да не се донесе тој закон, Заев рече дека Социјалдемократскиот сојуз, а и владината коалиција секојпат е транспарентена со своите ставови, јавно ги соопштува и ги дава аргументите за таквите ставови.

– Ниту имаме, ниту ќе имаме каква било причина да се криеме со некојси опозиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, во случајот Левица или со која било друга политичка партија – додаде Заев.

Пред два дена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека нема проблем во личната карта да му стои неговата етничка определба дека е Македонец.

– Не гледам проблем во тоа да стои во личната карта дека сум Македонец. Апсолутно не гледам причина. За жал, има и такви парламентарни партии кои се обидуваат да го спречат сето тоа. Не гледам причина зошто во мојата лична карта да не стои мојата национална, етничка определба дека сум Македонец, а некој тоа сака да го спречи – истакна Мицкоски.

Роки Балбоа од Гостивар (Видео)

Македонскиот Роки Балбоа живее и тренира во Гостивар:

Победа доби донација дресови од “Моцарт”

Преку кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ компанија Mozzart досега помогна на повеќе од 40 спортски клубови на кои им обезбеди комплетна спортска опрема.

Нови дресови за домашните и гостинските натпревари добија и фудбалерите на прилепска ФК Победа.

“Продолжуваме со хуманитарната кампања “Нови дресови за нови шампиони” и со поддршка на локалните спортски клубови и развој на домашниот спорт. Овој пат, нова спортска опрема (комплетна домашна и гостинска гарнитура) добија фудбалерите на ФК Победа од Прилеп. Им посакуваме многу успеси!”, напишаа од Моцарт.

Гopивата од полноќ пocкапyвaaт, ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,458 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,342 ден/кг.

Голд Слот ги награди најдобрите оператори за 2020 година

Квалитетната работа, трудот и довербата секогаш доаѓаат до израз. Затоа, Голд Слот клубовите се одлучија да ги наградат најдобрите оператори за годината што измина, година во која сите ние се соочивме со бројни предизвици.

Според изборот на регионалните менаџери, а водејќи се по параметрите на најдолг стаж во Голд Слот, но секако и грижата и односот кон клиентите, посветеноста кон работата и станувајќи пример кон другите вработени, Голд Слот ги избра операторите на 2020 година кои дефинитивно го заслужија приматот најдобар.

Првичната селекција е направена со 14 кандидати по предлозите дадени од регионалните менаџер, Благој Наумовски и Владо Стојаноски на Голд Слот клубовите, од кои во потесен круг останаа 6 кандидати: Марио Трајкоски од Прилеп, Елена Даниловска од Гостивар, Душица Апостоловска од Тетово, Катерина Наневска од Битола, Катерина Огнанова од Штип и Николче Даскаловски од Ресен.

Приматот “Најдобар Оператор за 2020” им припадна на Елена Даниловска од Гостивар и Николче Даскаловски од Ресен. Најдобрите оператори за минатата година се наградени со рачен часовник.

Грижата кон клиентите, но пред се вреднувањето на своите вработени е еден од фундаментите на Голд Слот клубовите, а нивната вредна работа и лојалност секогаш ќе бидат на првото место во Голд Слот.

Cpeдношколците ja победиja влacта, но пак ќе полагaaт четири пpeдмети?

Матурантите го прифатија решението кое го договараа на средба со премиерот Зоран Заев, соопшти Сојузот на средношколци.

-Искрено веруваме дека компромисот што го постигнавме ги задоволува нашите два клучни принципи: квалитетот на образованието и интересот на учениците, се вели во соопштението од Сојузот на Средношколци.

Сепак, претседатело на Сојузот, Бленди Ходаи за Прес24 појаснува кои услови надлежните институции ќе треба да ги исполнат.

-Прифатено е да се полагаат два екстерни и два интерни предмети, од кои едниот екстерен да се полага интерно. Но ќе треба да се формира Работна група меѓу Државниот испитен центар и Сојузот на средношколци. Задачата на оваа Работна група е да одлучи кои наставни програми треба да се скратат за екстерните испити. Вториот услов е наставниците да ги споделат материјалите за интерните предмети со учениците најмалку три недели пред одржувањето на испитот. Третиот услов е да се зголеми коефициентот за добиените поени од екстерниот испит, доколку тој е несоодветен за студиите на кои ќе се запише ученикот, вели Ходаи во телефонски разговор за Прес24.

Предметите кои се несоодветни за запишување на одреден факултет носат само 5 поени, средношколците бараат тие да носат 7.

Во однос на вториот услов, споделувањето на материјали Бленди појаснува дека учениците најмалку три недели пред испитот би требало да го знаат форматот на испитот, конкретната содржина, но и да добијат прашања. На пример, доколку испитот содржи 30 прашања, тие да добијат повеќе од 100 можни кои би се падналае на испитот.

Денеска е Сретение Господово – еден од 12-те големи црковни празници

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 февруари.

Денеска е Сретение Господово.

Празникот Сретение е еден од 12-те големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец.

На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата. На неговото чекање доаѓа крај 40 дена по раѓањето на Исус Христос.

Според Мојсеевиот закон, во тој ден секое првородено машко дете се носело во Ерусалимскиот храм. На тој ден, во храмот, се случила средбата на свети Симеон и Богочовекот Исус Христос, и тоа е првата средба лице в лице на човекот со Бога.

Длабоката смисла на овој празник се состои токму во таа оттогаш отворена можност за општење со наднебесниот Бог лице в лице.

Сретение е еден од најважните празници за христијаните. бидејчи укажува на првата средба на Спасителот со луѓето.

Постојат неколку верувања кои во народот се врзуваат со овој празник, а едно од нив е дека денеска се среќаваат летотот и зима, па деновите стануваат подолги, а времето потопло.

Ако денеска, верува народот, изгрее сонце, а мечкитње се исплашат од сопствените сенки и се вратат во зимски сон, зимата ќе трае уште 6 недели. Ако не ја видат својата сенка, ќе излезат од своите пештери да побараат храна и зимата е готова.

Меѓутоа, најинтересно верување е тоа дека на денешниот празник се верува дека немажените девојки ќе ги пронајдат своите избраници. Девојките веруваат дека идниот маж ќе им личи на првиот маж кој денеска ќе го сретнат.