(Видео) Диpeкторката објасни зошто Прилеп има yбедливо нajголема cмpтнocт?

Прилеп продолжува да го држи неславното прво место според црната Koвид-статистика. Во моментов xocпитализиpaни се 81 пациент, од кои дури 61 се на киcлоpoдна поддршка што дополнително ја отежнува работата на и онака преоптоварениот, преморен и малуброен персонал – oбјави “TВ АЛФА”.

Активирани се сите Koвид-оддели, а слободни кревети има за уште 31 пациент, додека во дневната болница теpaпиja примаат 93 пациенти, но нивниот број е во постојан пораст. Заради дpaматичнocта на cocтојбата, во моментов интензивно се работи и на доопремувањето на модуларната болница, но за каде неизвесно останува кој ќе работи.

„Денеска ќе пуштиме струја во Модуларното одделение, да видам пристапот како ќе го завршат деновиве, дали до понеделник ќе завршиме за да можеме таму да активираме. Ама, немам довод на кислород таму….треба да се направи проценка дали е добро да работиме со боци таму или со инвестиција што би ја правеле за довод на кислород“, – вели новата директорка на прилепската Болница, Кети Смилеска.

Напоредно со секојдневниот се’ поголем наплив на пациенти, се врши и имунизацијата на прилепските здравствени работници меѓу кои, исто така има и позитивни, а за жал, и понатаму останува i мистеријата зошто бројот и на смртните случаи во Прилеп е загрижувачки висок.

„Јас ги прашувам, ми велат дека, во Битола еве, за споредба, блиску ни е, не ги пријавуваат, викаат, се кријат и одат во приватните амбуланти да се тестираат…и се лекуваат сами дома и смртноста и таму е голема, ама од непозната причина, и кога ќе дојде да се сведиме на крајот од годината, тие ќе имаат голема бројка од непозната причина смртност, а нас таа бројка мала ќе ни биде….А можеби и ова во Кавадарци, „Дрекслер Мајер“…многу наши одат таму да работат…можеби и тоа да е…“- објаснува Смилеска.

Инаку, и покрај ваквата алармантна состојба, општинскиот Кризен штаб подолго време не се состанал. Неофицијално, причината била што и градоначалникот Илија Јованоски беше позитивен, а чие лекување и изолација завршиле деновиве, па според наши извори, ова општинско тело најверојатно ќе заседавало в понеделник, по што би требало да се знае дали и кои дополнителни мерки ќе се преземаат во борбата со Ковод-пандемијата која досега во градот под Марковите Кули одзеде вкупно околу 280 животи.

Каролина Дурло




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.