дома блог страница 215

Од скромен почеток до највреден македонски бренд – 70 години Витаминка

Има брендови што ги купуваме. Има и брендови со кои растеме. Витаминка веќе 70 години е дел од втората приказна. Седум децении, низ различни времиња, држави, генерации и навики, Витаминка остана присутна таму каде што е најважно, во домовите. Во вкусот што нè потсетува на детството, во секоја семејна средба, во малите секојдневни моменти што стануваат најдраги спомени. Затоа речиси и да нема семејство што не ја препознава Витаминка како „своја“.

Приказната за денешна Витаминка започна во 1956 година во Прилеп, скромно, со мелен црвен пипер и голема посветеност. Од тој почеток, чекор по чекор, Витаминка изгради свет на вкусови што денес брои стотици производи и брендови кои се дел од секојдневниот живот од првите детски ужинки со Стоби флипс, преку семејните трпези со Витанез мајонез и препознатливиот кечап, до слатките моменти со Атлантис, Фрути и Деспина и освежувањето со Цевитана.

И токму во тоа е силата на оваа приказна, вкусовите што не се менуваат затоа што се докажани, а се сакани затоа што будат доверба. Витаминка е нишката што ги поврзува генерациите, преку истиот препознатлив вкус.

Витаминка освен што е емоција и вкус на повеќе генерации, таа е највредниот македонски бренд, создаден од македонски знаења и труд, симбол за квалитет, сигурност и континуитет.

По 70 години Витаминка продолжува напред, со истата посветеност, со препознатливите вкусови и со јасна визија. Да остане бренд што не се мери само по бројот на производи, туку по местото што го има во животите на луѓето. Бренд што не е само дел од пазарот, туку дел од домот.

Општина Крушево започнува процес за репроценка на недвижниот имот

Општина Крушево информира дека од денес започнува процесот на репроценка на недвижниот имот на територијата на општината.

Во наредниот период, овластени тимови од Општина Крушево ќе спроведуваат теренски посети со цел прибирање на потребните податоци за ажурирање и усогласување на евиденцијата за недвижниот имот.

Од Општината апелираат до граѓаните за соработка и разбирање при реализацијата на оваа законска обврска.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Општина Крушево.

Бесплатни физиотерапевтски услуги за граѓаните од Општина Кривогаштани

Во Општина Кривогаштани започа спроведувањето на нова услуга – бесплатни физиотерапевтски третмани наменети за граѓаните на општината.

Според информациите од општината, услугата ќе се реализира еднаш неделно, секој вторник во периодот од 10:00 до 14:00 часот. Целта на оваа иницијатива е да им се овозможи на жителите полесен пристап до физиотерапевтска помош, особено на лицата кои имаат потреба од рехабилитација, третмани за болки во мускулите и зглобовите или превентивна терапија.

Од Општина Кривогаштани информираат дека сите заинтересирани граѓани можат да добијат дополнителни информации за термините и начинот на пријавување на телефонскиот број 076/250-29.

Со оваа услуга локалната самоуправа има за цел да придонесе за подобрување на здравјето и квалитетот на живот на жителите во општината.

Фонтаната со шеснаесеткракото македонско сонце наскоро повторно ќе блесне на Плоштад Магнолија (ФОТО)

Екипите на ЈКП Водовод Битола започнаа со подготовките за повторно пуштање во работа на фонтаната кај Саат Кулата во Битола. Во тек се технички активности и проверки, по чиј завршеток фонтаната повторно ќе биде ставена во функција.

Од претпријатието информираат дека и понатаму продолжуваат со редовните активности на терен, со цел уредување на јавните површини и подобрување на условите за граѓаните.

Liza Makeup and Nails Прилеп – место каде убавината се негува со љубов (Фото галерија)

Секој заслужува момент за себе – момент кога ќе застане, ќе се опушти и ќе се почувствува убаво во својата кожа. Во Liza Makeup and Nails веруваат дека негата не е само услуга, туку внимание, грижа и убаво искуство за секој клиент.

Со многу посветеност, професионалност и позитивна енергија во Liza Makeup and Nails ви нудат:

💅 Маникир – за негувани и елегантни нокти

🦶 Педикир и медицински педикир – грижа за здрави и убави стапала

🫧 Jelly Spa – релаксирачки третман за стапала со желе бања што ја омекнува кожата и овозможува вистинско spa уживање

✨ Депилација – прецизна и внимателна услуга за мазна и негувана кожа

💄 Професионална шминка – за настани, прослави и посебни моменти

👰 Шминка за невести – нежна, долготрајна и совршена визија за вашиот најважен ден

Работaт со внимание на секој детал, квалитетни производи и индивидуален пристап, со желба секој што ќе ги посети да си замине со насмевка, самодоверба и чувство дека направил нешто убаво за себе.

🌸 Дозволете си момент на нега, убавина и релаксација во Liza Makeup and Nails.

📩 За повеќе информации и закажување термин, пишете им на Инстаграм: Lizamakeupandnails, јавете се на телефонскиот број: 075 680 100 или посетете ги на ул. “8-ми Март”,  во Старата прилепска чаршија, во близина на Саат Кулата.

Жртвите се охрабруваат! Сопруги од Прилеп и Битола си ги пријавиле мажите за семејно нacилство

Во денешниот полициски билтен, МВР информира за шест пријавени настани со семејно насилство во изминатото деноноќие низ Македонија, при што лишени од слобода се пет лица. Меѓу настаните има еден регистриран во Битола и еден Прилеп.

-На 10.03.2026, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Р.(33) од битолско село, затоа што, според пријавеното, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 25 – годишна сопруга.

-На 10.03.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп, 45 – годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.Ш..

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави – стои во соопштението од МВР.

Убавината не само изглед – Прекрасен креативен настан во Битола посветен на жените кои создаваат стил, самодоверба и нови можности (Фото галерија)

Убавината не е само изглед. Убавината е храброст, креативност и самодоверба, е мотото на настанот „Убавината како став“, посветен на промоција на жени претприемачи од индустријата за убавина – жени кои преку својата работа создаваат стил, самодоверба и нови можности.

На настанот кој го организираше Советот за женско претприемништво на Општина Битола, се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Присутните имаа можност да се запознаат со успешни жени од секторот за убавина, да видат презентации во живо на нивните услуги и производи, да слушнат инспиративни приказни за претприемништво и да воспостават нови соработки и контакти.

На неколку дена по Меѓународниот ден на жената се случи овој настан кој беше простор каде креативноста, бизнисот и женската енергија се спојиа, се прославуваше убавината како сила, став и претприемачка приказна.

„Добредојдени се сите кои веруваат дека убавината е повеќе од изглед – таа е начин на изразување и создавање сопствен пат“ , беше речено на настанот.

Викенд програма во Pub Club Terasa – местото каде што Прилеп пее, се забавува и ужива!

Ако барате место каде што се спојуваат добрата атмосфера, квалитетната музика и вкусните мезлаци – тогаш Pub Club Terasa е вистинската адреса. Најдобрата и најраспеаната тераса во Прилеп ви нуди уникатно доживување – место од каде прилепската чаршија ја имате буквално на дланка, со поглед, амбиент и енергија што се паметат.

Добро друштво, насмевки, одлична музика и разновидни мезлаци – совршена комбинација за викенд што ќе го раскажувате и следната недела. Ваше е само навреме да резервирате, да понесете добро расположение и омиленото друштво, а за се друго ќе се погрижи тимот на Тераса.

ПРОГРАМА ЗА ОВОЈ ВИКЕНД:

Петок | 13.03.
Одличното дуо G & G Band ќе ја загрее атмосферата со жива музика и добро познати хитови.

Сабота | 14.03.
Новa вечер, нова дружба – на сцената настапуваат маестралните DUO FISH, кои гарантираат уште една незаборавна ноќ на Тераса.

☕ А помеѓу двете забави…
Не заборавајте ја саботната кафе-дружба на Тераса. Топлото пролетно сонце е вистински магнет навреме да си зафатите маса со поглед кон Градскиот Саат – совршен момент за кафе, муабет и уживање во чаршиската атмосфера.

📞 Резервации: 070 304 967

Terasa – таму каде што викендите имаат посебен вкус.

Новиот Управен одбор ги расчистува наводите за криминал во Водовод – Ќе следува и пријава до МВР

Дали бомбастично најавениот нов Управен одбор во ЈКП Водовод и канализација ќе успее да се справи со сите неправилности во претходниот период? Се чини дека ќе стане јасно за брзо…

Неофицијално денес ќе се поништи старата комисија за попис и записникот што го направила, се со цел да има ново пребројување и одговор дали фалат само 90.000 евра според некои или повеќе…

Треба да почнат да се реализираат и 6 нови проекти во интерес на градот.

Но, сепак фокусот на јавноста е одговорот како од најуспешно јавно претпријатие во Македонија до 2017, нашиот Водовод падна на ова ниво?

Донесена е одлука за комерцијална ревизија и барање до Државен завод за ревизија да се испита финансиското работење.

Очекувањата се индициите за злоупотреби во теков на неделава да бидат процесуирани и до МВР, за конечно да им дојде умот на сите што од заедничкото претурале во индивидуалното…

Наредниот петок ни следува продолжен викенд

Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд.

Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори.

За сите граѓани на РСМ

Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани:

  • 1 јануари (четврток) – Нова Година
  • 7 јануари (среда) – Божиќ, првиот ден на Божиќ
  • 20 март (петок) – Рамазан Бајрам (Продолжен викенд)
  • 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден (Продолжен викенд)
  • 1 мај (петок) – Ден на трудот (Продолжен викенд)
  • 25 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела) (Продолжен викенд)
  • 3 август (понеделник) – Ден на Републиката (бидејќи 2 август е во недела) (Продолжен викенд)
  • 8 септември (вторник) – Ден на независноста
  • 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (бидејќи 11 октомври е во недела) (Продолжен викенд)
  • 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба (Продолжен викенд)
  • 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски

За граѓаните од православна вероисповед

Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди:

  • 19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици) (Продолжен викенд)
  • 10 април (петок) – Велики Петок (пред Велигден)
  • 29 мај (петок) – Духовден (петок пред Духовден) (Продолжен викенд)
  • 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) (Продолжен викенд)

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 27 мај (среда) – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 6 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден
  • 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
  • 25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ