дома блог страница 2126

Не се caмо боите на бyгapcкото знаме во cпотот: Вacил пpизна дека пoceдyва и бyгapcки пacoш (Видео)

Васил Гарванлиев има бугарски пасош. Македонскиот претставник на Евросонг во интервју се фали дека поседува бугарски пасош. На прашањето на водителот од каде бугарски пасош тој започнува приказна за неговата баба, но приказната не завршува. Што со неговата баба останува нејасно, но она што Васил јасно го кажува е дека Струмица е блиску до Бугарија.

– Далечен роднина на мојата баба е роден…Струмица е блиску до границата со Бугарија, јас сум од тој крај на државата, и затоа.

На МТВ беше промовирана нашата евровизиска песна и видео записот за истата. Станува збор за нумерата „Here I stand“ со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам.

Но, набргу по промоцијата на социјалните мрежи се актуелизираа обвинувања дека во спотот се забележуваат боите на бугарското знаме, што наводно, претставува намерна или случајна провокација.

Oколу оваа сцена се крена голема фама и по националните телевизии, а на тоа Васил одговори дека песната била најмакедонска досега.

Според последните информации кои протекоа по медиумите, сепак ќе се снима нов спот за песната.

Пpoштевањето е чиcтење на дyшата: Денеска е Пpoчка, кој проштева тој љyби, а кој љyби тој е од Бога и Бог е во него

Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите … се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ. Прочка, всушност, може да се нарече и наш празник, празник на македонскиот народ затоа што овој народ најмногу проштевал и проштева. Ние сме со духот на Прочка, со дух на проштевање. Кому сè не сме му простиле и што сè сме претрпеле и пак сме простиле.

Така сме правеле низ вековите, а така правиме и денес. Тоа е нашата евангелска определба. Таква е нашата душа. Таков е нашиот дух. Такво е нашето трпение и љубовта кон сите. Ваквиот христијански однос е вграден во нас, низ нашата вера и традиција. Така е воспитуван и така се воспитува македонскиот човек, усовршувајќи се во доброто.

На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

Таа глетка е многу мила. Полнота на љубов и радост. Колку е благопријатно тоа чувство на проштевање и прегратка. Тоа ја облагородува душата и го поттикнува добродетелството. Тоа е рајска сцена и блажена состојба од душевната радост.

Проштевањето е духовно миење. Тоа е очистување на душата, односно, очистување на две души одеднаш. Се ослободува и оној што пришол кон другиот и оној што простил. Првиот, за да му пријде нему, веќе му простил и му приоѓа со љубов и покајание, а тој се топи од силата и топлината на љубовта и му ја дава сета своја љубов и прошка. Двајцата се духовно радосни и весели. Бог се радува и ги благословува да останат во взаемната љубов и радост, правејќи си добро едни на други, со збор, помисла и дело.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден.

Сите тие обичаи се добра семејна радост. Тоа го прави семејниот амбиент топол и мил. Другите, пак, забави по повод Прочка, кои претставуваат јавен настап и посебни претстави (маски и карневали), немаат црковна или верска порака. Тие содржат повеќе хумор и смеа кои се овосветски и земни, материјални димензии на човечкото празнување или испразнување.

Тие го празнат човечкиот дух, а не го полнат. Тоа се пагански остатоци од претхристијанското време, со некои нови примеси за забава. Убаво е и тоа и добра е таа традиција, ама не такваа каква што е, туку, ако претставува парада и промоција на нашата кутура, музика, уметност и вера.

Таа да биде јавен настап на улиците и плоштадите, со претставување на делата полни со мотиви од нашата вера и култура. Да се види тој израз во нашата преубава македонска носија, во уметничките ракотворби, во постигнатите дела, во преубавата песна и во нашето оро со народната инструменталност. Да биде тоа претстава на градската музика и облека, платформа за убавите костими и тоалети, подиум со делата на македонскиот гениј и сето исполнето со богатството на убавината.

Таквата полнота на амбиентот ја облагородува душата и го полни духот со убавина и со добрина. Ете, тоа ни треба и тоа е манифестација на Прочка. Тоа е што го издигнува човекот повисоко, а не што го валка и што го урива надолу. Тоа треба да претставуваат тие излегувања на Прочка пред очите на луѓето и пред очите на Бога.

Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.

Гаси интернетот: Вицепремиерот Николовски се пофали дека заплениле путер со поминат рок

Вицепремиерот за бopба пpoтив кopyпциja и кpиминал, Љупчо Николовски, со “неверојатна” вест на социјалните мрежи…

“Во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје е пронајден и запленет путер со поминат рок на употреба. Производот е повлечен од пазарот. Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност”, напиша Николовски.

Четиpи години биле paзделени: Емотивна средба на двајца вљyбени на скопскиот aepoдpoм (Фото)

Во време кога сме преплавени со вести врзани со пандемијата, црни сценарија и константен страв оваа убава приказна дефинитивно ќе ви стопли срцата.

Впрочем, во текот на вчерашниот ден на скопскиот аеродром се случила една ретка љубовна приказна која веднаш ги преплави социјалните мрежи.

Со транспарент на кој пишувало „Доцниш 1.399 дена“, солзи во очите и со букет прекрасни рози, мажот ја пречекал својата сакана на аеродромот, по 4 години разделеност.

Како што се гледа на фотографиите, и двајцата не можеле да ги сокријат своите емоции, а ниту ние не останавме имуни на оваа голема љубов.

Фото: Moments Production

Кире Лазаров: “Ce oженив два пати, еднаш за Љyбица, еднаш за Maкедониja”

Kaпитенот и тренер на македонската ракометна репрезентација, легендарниот Кире Лазаров, имаше деби од соништата на како играч-тренер совладувајќи го светскиот шампион Данска. За сајтот на Европската ракометна репрезентација Лазаров раскажува за својата кариера, за своите успеси и за својот живот.

“Доаѓа време кога човек се наоѓа на раскрсница. Имам полни 40 години и уште многу работи сакам да ги направам. Имам глава полна со спомени, емоции, но и соништа и очекувања за иднината. Можеби постигнав многу голови, кренав многу трофеи и се уште ќе бидам гладен за победи по неколку месеци, но наскоро тоа ќе биде минато. Минатиот месец бев назначен за селектор на Македонија. Ми значи најмногу на светот, но не стигнав тука преку ноќ“, раскажува Лазаров.

“Моето патување почна на улиците. Но, не со ракометот, туку со кошарката. Едноставно беше да се игра со двајца или тројца заедно. Прв идол ми беше Тони Кукоч, а бројот седум на неговиот дрес додека играше за Чикаго булс го избрав и во мојата кариера.

Ако кошарката беше моја прва љубов, ракометот беше љубовта на мојот живот. Татко ми беше одличен ракометар и се сеќавам дека често ги следев неговите тренинзи. Бев најмал во тимот, но се чувствував природно во таа средина. Инспирација за бројот на дресот не е ми беше само Тони Кукоч, туку и мојот прв тренер со кој пораснав, Илија Јанев, исто така носеше дрес со бројот “7“. Тогаш мислев дека сите левораки спортисти го носат овој број, па заглавив со него“, вели за себе Кире и додава:

“Потоа дојде времето да станам лидер. Нешто за што некои мислат дека сум се родил да бидам. Од деновите во Пелистер кога имав само 18 години досега, 22 години подоцна, имав лидерска улога без разлика каде и да играв.

Некои луѓе тежнеат да бидат лидери цел живот. Да бидат храбри и да постигнат кога е потребно, да имаат самодоверба и сила да донесат важни одлуки. За мене, тоа доаѓаше природно. Никогаш не се форсирав себеси и можеби тоа е поврзано со мојот карактер и дисциплината на моите родители Благоја и Милка.

Моите родители ме научија да ги почитувам другите и никогаш да не се откажам од своите соништа. Па си дадов едноставна мантра: постави си цел и фокусирај се да ја оствариш. Да, можеби изгледам како цврст човек, но постојано имам желба да се докажувам себеси.

Татко ми беше клучната личност во мојот живот. Тој сакаше јас и брат ми да растеме со дисциплина и многу ретко ми кажуваше дека е горд на мене. Но, кога за првпат се преселив во Загреб, можев да ја почуствувам оваа емоција кај него“.

Загреб бил и големата пресвртница во неговата кариера затоа што таму сретнал луѓе кои го обликувале како човек и играч, луѓе како Златко Сарачевиќ, еден од неговите идоли и Лино Червар, неговиот прв странски тренер.

“Тогаш сфатив што значи да си странец во спортот. Секогаш живеев со мисла дека некој инвестирал во мене и има очекувања кои не сакам да ги расипам. Тоа ви прави притисок, но мојата желба да им докажам дека направиле вистинска одлука што ме ангажирале е нешто што ми помогна да играм ракомет на највисоко ниво сите овие години.

Кога патувате низ Европа и менувате клубови, често го напуштате домот за да играте на гости, важно е да знаете од кај ви се корените. Пријатели, семејство. Ги ценам. Се обидувам по секоја цена да избегнувам луѓе со негативна енергија.

Морам да признаам дека би можел и би требало да бидам подобар родител на моите две деца, Благојче и Лана. Поради ракометот пропуштив неколку родендени и важни семејни настани. Тоа е животот на професионалните спортисти. Веројатно го компензирам моето отсуство со тоа што сум “добриот“ родител во семејството. Тоа понекогаш ја излудува мојата сопруга Љубица која сака децата да израснат на вистинскиот пат. Но, ја обожавам Љубица. Цела кариера таа беше најголема поддршка која некој играч некогаш ја посакал и покрај тоа што беше најголемата жртва на ракометот. Таа е тука и во добро и во лошо повеќе од 20 години. Се грижеше за семејството и многу сум и благодарен за тоа“, со емоции за своето семејство раскажува Лазаров.

Тој вели дека се оженил двапати, еднаш со Љубица и еднаш со националниот тим на Македонија.

“Тоа е како врска. Долго време сме заедно и кога сме разделени, сме несреќни. За мене, играњето за мојата земја е свето – и кога сте капитен тоа чувство е уште поголемо. Да го водиш тимот на терен и да ја пееш националната химна е голема работа. Бликам од гордост секојпат кога излегувам на терен“.

Кире Лазаров сега има нова задача, да игра и да ги води младите ракометари на Македонија. Тој сега ќе носи уште поголеми одлуки, а дебито синоќа против Данска ја покажа неговата големина.

“Голем чест е да седам на клупата на мојата земја. Дали има притисок? Секако, затоа што секогаш сакаме да славиме успех. Но, само затоа што сум Кирил Лазаров, не значи дека успехот ќе дојде преку ноќ. Каков тренер ќе бидам, ме прашуваат. Червар, Душебаев, Пасквал, сите имале влијание врз мојот развој како играч и како човек. Време е да креирам сопствен модел и да ги најдам моите белешки од пред 20 години. Ракометни тактики, спортска психологија, мотивација, одржување на врвот после победа, сите идеи ми се тука. Тие ми помогнаа за големи соништа и уште поголеми победи“, зборува Кире.

“Ми требаа 15 години да го подигнам трофејот во Лигата на шампионите. Тоа беше сон кој го остварив во мојот омилен клуб Барселона. Освојувањето на Лигата на шампиони носејќи го дресот на Барса беше совршено. Сега, тие раскрницата е блиску. Можеби неколку месеци или неколку години, се уште имам да одиграм, но после тоа, почнува нов живот.

Она што е најблиску до мене, секогаш ќе биде тука за мене: моето семејство, мојата земја и се разбира, ракометот“.

извор: eurohandball.com

Како вистински пајак: Една од 13-те фантастични одбрани на Митревски против Данска заврши во топ 5 на колото (Видео)

Македонскиот голман Никола Митревски одигра фантастичен меч против Данска во квалификациите за ЕП.

Митревски запиша 13 интервенции против Данска, а ена од нив се најде во топ-5 на колото.

А ЕХФ ги издвои и овие одбрани на Митревски од првото полувреме со Данска:

Над 1.000 нови слyчаи во Maкедониja, Прилеп во врвот и денеска – останавме yште без тpojца наши сограѓани

Во последните 24 часа се направени 4.373 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 1.031 нови cлyчаи на Koвид-19 во: Скопје – 492, Прилеп – 64, Кавадарци – 53, Велес – 47, Тетово и Гостивар – по 45, Охрид – 31, Битола – 30, Куманово и Неготино – по 29, Гевгелија – 25, Струмица – 20, Штип – 16, Струга – 13, Берово – 12, Ресен, Радовиш и Крушево – по 9, Кочани – 8, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Демир Хисар – 4, Кратово – 3, Кичево, Богданци и Демир Капија по 2, Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани се 241 оздpaвен пациент од: Скопје – 152, Гевгелија – 20, Велес – 15, Куманово – 14, Гостивар – 13, Битола – 9, Штип – 6, Ресен – 4, Валандово – 3, Струмица – 2, Кичево, Радовиш и Свети Николе – по 1.

Приjaвени се вкупно 20 починати лица, на возраст од 50 – 93 години и тоа: 9 пациенти од Скопје, 3 лица од Прилеп, Велес и Битола – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани. Сите пациенти се починати во болнички ycлови.

Направени се 4.373 тecтови преку: ИЈЗ-777, ЦЈЗ Скопје-109, Авицена-403, Биотек-364, Жан Митрев (Филип Втори)-193, Систина-337, лабораторија Лаор–437, Судска медицина-46, ЦЈЗ Битола-91, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Синлаб-158, Ремедика-39, лабораторија болница Козле-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.399, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0.

Досега во земјата се направени вкупно 563.394 тecтиpaња на Koвид-19.

Вкупната бpojка на KOBИД-диjaгнocтицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 112.107, бројката на оздpaвени пациенти е 97.166, починaa 3.300, а бројот на активни слyчаи изнесува 11.641.

Додека нашите се поклонyвaaт кај стаcaaт, Apтан Гpyби не се поклони пред спомен плочата на загинатите припадници на ЕСЗ Тигap (Видео)

Денес се одбележува 40 години од формирањето на Единицата за специјални задачи Тигар.

Во касарната Илинден, државниот врв предводен од претседателот на владата Зоран Заев положи свежо цвеќе пред споменикот изграден во чест на загинатите припадници на ЕСЗ Тигар.

Во делегацијата беше и министерот Артан Груби кој не се поклони пред споменикот.

ВИДЕО: “А1оn.mk”

Cподелете го видeoво за cpeќа

Како се наближуваат новите локални избори, добро е да се потсетиме што се’ ветуваа и колку од ветеното реализираа актуелните градоначалници

Еве кои беа “приоритетите” на актуелниот градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски, кога пред 4 години ја бараше и ја доби довербата на прилепчани:

Анкета на „Europe Elects”: Еве како стојат силите на политичките партии

„Europe Elects“ е лидер на пазарот во анализата на анкетите и податоците за изборите во Европа.

Германската старт-ап контекстуализира бесплатни податоци за 120.000 следбеници на Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Јутјуб и обезбедува анализа за Ал Џезира, Еуронеа, Фондацијата Хајнрих-Бул, Универзитетот во Грузија и други големи меѓународни актери.

„Europe Elects“ објави и истражување за довербата на граѓаните во политичките партии во Македонија.

Според оваа анкета спроведена на почетокот на март со 1109 испитаници, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите во Македонија со 34,7 проценти.

СДСМ 31,9 проценти, ДУИ 10,4 проценти, Алијанса за Албанците-Алтернатива 8,9 проценти, Движењето БЕСА, 1,7 проценти и Левица, 6,6 проценти.