Додека cите се вocxитyваме на мекcиканcкиот коментaтop, кој на цел глac викаше “Македониja”, забopaваме нешто многу важно (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација оствари голема победа против Германија (1:2) во квалификациите за СП во Катар.

Целиот свет е воодушевен од играта и победата на нашата селекција, а за тоа говори и видеото од мексиканска телевизија, каде коментаторот буквално ,,зајде” после голот на Елмас.

Сепак, додека сите се воодушевуваме на ова видео и жарот на спортскиот коментатор, да се потсетиме дека дома Македонија ја гледаме на српски и хрватски телевизии, а нема директен пренос на државниот сервис на македонски јазик.

Ах, како ли само фали ТОНИ СТОЈАНОВСКИ!

Сепак, од дното на душата му благодариме на коментаторот од “Спорт клуб” кој за сите 90 минути не’ нарекуваше Македонија, Македонци… и со сигурност навиваше за нас.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.