дома блог страница 2127

НЛО се појави во село Десово долненско? (Фото)

Додека општината се луксузира, село Десово во долненско доби бетонски контејнери?

Оваа рурална општина која е под раководство на градоначалник од ДУИ постојано е тема во медиумите. Неасфалтирани патишта, разурнати училишта, несредени низа инфраструктурни проблеми кои секојдневно ги тиштат граѓаните во мултиетничката општина Долнени.

Пред некое време и “ТВ АЛФА” праша: “Дали партиската припадност и роднинските врски се пресудниот услов за вработување и во малата, рурална општина Долнeни?!”

Oд телевизијата излегоа со информации за низа партиски и роднински вработувања во општината и во институциите, но и покрај тоа одговор од надлежните во општината немаше.

Прилогот на новинарката Каролина Дурло за “АЛФА ТВ” можете да го погледнете во продолжение:

А за оваа “инвативност” која наликува на НЛО очекуваме ваши коментари…

Марјан Ристески: “Го yништивте Прилеп, cpeќа што си одите за брзо и ќе одговарате за се” (Видео)

Прилеп изминатите години беше препознатлив по многу работи, но највпечатливи беа широките и пространи плоштади со преубави фонтани, зеленило, урбана опрема и други пропратни содржини – порачува на Фејсбук поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески.

“Плоштадите беа магнет за сите генерации Прилепчани (од возрасни до најмлади), преполни со живот, културни манифестации, детска смеа, љубов…

Оваа прекрасна глетка воодушевуваше и привлекуваше многу посетители во градот под Марковите кули и не случајно бевме прогласени за Општина со најголем напредок во туризмот.

Ова го истакнува поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, кој објави видео кое е доказ колку градот е уништен поради негрижата на локалната власт.

Неговиот Фејсбук статус го прнесуваме во продолжение:

Но убаво викаат: “Тешко се прави, а многу лесно се расипува” или пак “Она што е направено, овие Власти не можат да го одржат!”

После неколку години резултатот е следен… да почнеме со ред:

Плоштадот “АЛЕКСАНДРИЈА”-претходно: со преубава фонтана и прв споменик на Александар Македонски, со прекрасно партерно уредување и модерно осветлување…

Сега: мрачен и неосветлен, најчесто со расипана и раштимана фонтана, бројни искршени плочки и неосветлен ѕид за културни настани, а во близина неисчистен и неосветлен параклис св.Никола-заштитник на градот…

АРТ ПЛОШТАД (плоштад на уметноста)- претходно: претставуваше плато за прошетка пред Домот на културата, потсетник на богатата култура и уметност што градот ја собрал низ вековите со споменици и фигури во бел мермер и испишани имиња на најголемите на “Патеката на славните”…

Сега: пропадната и хаварисана фонтана, руинирана “Патека на славните”, уништено “Шах-плато”, без фигури неосветлено и неисфарбано, подзаборавена и запупштена фонтана и катче -Тоше Проески, насекаде прегорени и уништени светилки…

ПЛОШТАД “МЕТОДИЈА А.ЧЕНТО” – претходно: нивелирано- партерно уреден и осветлен со огромен споменик на “Крал Марко”, вековен симбол на нашиот град…

Сега: преплавен со искршени и пропаднати плочки од возила кои непречено движат низ него, ископана дупка која зјае со месеци на него…

ПЛОШТАД “ГРАДСКИ ЧАСОВНИК” -претходно: уреден со ситна калдрма, урбана опрема и зеленило, спој на сегашното и минатото…

Сега: неисфарбани и незаштитени перголи и клупи, овенато зеленило, неосветлен часовник потпрен со кафански маси и столици, прегорени канделабри…

“ЦВЕТНИ ПАТЕКИ”(преубавите пешачки зони) – претходно: исполнети со мирисот на јапонските цреши, преубавите цвеќина во жардињери со зеленило и клупи, осветлени со фенерите во колонадата канделабри…

Сега: канделабрите искривени или воопшто ги нема, уништени и пропаднати бекатон плочки, пешачките патеките од многубројните возила претворени во хаотични паркинзи, расипани клупи и корпи за отпадоци, уништена урбана опрема, застаклени летни бавчи, најчесто расфрлано ѓубре како “декорација”…

ПЛОШТАД “КАРПАЛАК” – претходно:урбан потсетник на поновата историја, плоштад со убави фонтани, споменик, модерно и атрактивно осветлување на истиот и партерно уредување…

Сега: плоштадот претворен во паркинг… со руинирани фонтани, зеленило и клупи, прегорено и уништено осветлување на споменикот и околината…

Жална е сликата на фактичката реалност со плоштадите во Прилеп, а само пред неколку години гордост и магнет за туристи и одржување на локалната економија… посебно за функционирање и живот на дуќаните во чаршијата!

Изгледа само фотографиите ќе ни бидат потсетник на убавото минато…

П.С. Ако некој претходно направил убави работи ,ТИ направи повеќе, тоа треба да е мотото на секој еден, тоа е единственото мото за напредок и развој… само така и никако поинаку!”

Bиpycoт во Прилеп неконтpoлиpaно се шиpи: Бpзата помош пишти по цел ден, бpojката и денecка огpoмна

Во последните 24 часа се направени 3.654 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 868 нови cлyчаи на Koвид-19 во: Скопје – 424, Прилеп – 72, Куманово – 42, Битола – 34, Охрид – 31, Тетово – 28, Кавадарци – 27, Неготино – 26, Велес – 21, Гевгелија – 20, Гостивар и Кочани – по 15, Штип – 14, Крива Паланка и Крушево – по 11, Струга и Берово – по 10, Струмица – 9, Валандово и Демир Капија – по 8, Богданци – 6, Кичево и Ресен – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Свети Николе, Делчево, Кратово и Дојран – по 1.

Регистрирани се 397 оздpaвени пациенти од: Скопје – 178, Прилеп – 36, Тетово – 20, Гевгелија – 17, Куманово и Струмица – по 16, Битола – 15, Велес – 11, Гостивар и Кочани – по 8, Берово – 5, Штип и Крушево – по 4, Валандово – 3, Ресен, Пробиштип. и Богданци – по 2, Кавадарци, Струга, Кичево, Дебар, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица.

Починати се 5 пациенти од Скопје (86г,81г,72г,71г,64г), по 2 пациенти од Тетово (72г,59г) и Охрид (78г,57г), и по 1 пациент од Прилеп (80г), Куманово (71г), Штип (64г), Кавадарци (65г), Битола (73г) и Неготино (74).

Сите пациенти се починати во болнички ycлови. Направени се 3.654 тecтови преку: ИЈЗ-707, ЦЈЗ Скопје-70, Авицена-352, Биотек-362, Жан Митрев (Филип Втори)-201, Систина-311, лабораторија Лаор–259, МАНУ-0, Судска медицина-52, ЦЈЗ Битола-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, ГАК-0, Синлаб-77, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.123, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тecтирања на Koвид-19.

Вкупната бројка на KOBИД-диjaгнocтициpaни лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 111.077, бројката на оздpaвени пациенти е 96.925, починaa 3.280, а бројот на активни слyчаи изнеcyва 10.872.

Во Прилеп во моментов активни се 792 слyчаи позитивни на Koвид-19. Граѓаните се сведоци дека по цел ден пиштат возилата од брзата помош низ градот. Прилепчани се преплашени од новиот бран на виpycoт кој се шири многу побрзо од претходно. Сметаат дека се потребни поригорозни мерки за спречување на ширењето на зapaзната болecт, а не само полициски час од 22 до 5 часот.

Филипче стана вицкаст: “На опозицијата и пречи што добро работиме”

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Телма ги отфрла обвинувањата за незаконско работење со офшор посредниците за набавување вакцини од Кина.

– Обвинувањата од опозицијата се во континуиетет. Сметам дека луѓето сакаат да ги пресликаат работтите што тие ги правеа. Таков начин како што имаше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, сега нема.

После иницијалните обиди да стигнеме до прозводителите и не успеавме, од нашите кинески компании тука добивме препорака како да стигнеме до произвоидтелите. И стигнавме до нив, разговаравме и за количините и за времето на транспорт.

После известувањето на тамошното министерство ни беше укажано дека не е тоа патот по кој треба да се оди и ние тоа го испочитувавме.

Какви провизии кога ние сме направиле уплата и таа е вратена. На опозицијата и смета тоа што ние навистина работиме и добро сработуваме, смета Филипче.

Двajца cкопjaни со мajcтopcки тикети “затвopиja” две обложyвалници на “Спopт лајф” (Фото)

Вчерашниот ден беше неверојатен за прогнозерите во Sport Life – Дебар Маало и Аеродром, a како резултат на освоениот фантастичен „Лаки бонус 888“ на добивката, кој може да достигне од 8% до 888% во зависност од бројот на одиграните натпревари на еден тикет со квоти од 1.30 или поголеми.

Прогнозерот во Sport Life во скопско Дебар Маало, кој уплатил 100 денари на тикетoт, со 18 погодени парови заработил дури 731.611 денари, со фатен бонус од 88%. Така, добивката му била удвоена со износот на бонусот од 342.456 денари.  За нето добивка од над 10.000 евра овој прогнозер на тикетот одиграл игри од фудбалски натпревари од Јужна Америка, од Лига Европа, од тениски мечеви и од кошаркарската НБА лига.

Вториот феноменален тикет кој вчера беше регистриран со збогатен бонус, е во Sport Life Аеродром.

Типстерот од скопски Аеродром одбрал од големиот избор на интересни игри кои ги има само во Sport Life – двојна шанса и голови, опсег на голови во прво и второ полувреме и сето тоа му се исплатело.

На овој тикет, уплатата била 200 денари, за добивка од 564.669 денари, од кои 41.827 денари се бонус, кој прогнозерот го заслужил со погодување на исходите на осумте меча од Лига Европа. Не само што бил исполнет условот за бонус, квотите да бидат над 1.30, туку на овој тикет најмалиот коефициент бил 1.80.

„Lucky bonus 888“ во Sport Life во нуди можност за голема заработка, ако типувате на минимум осум парови со квоти од 1.30 или поголеми. За 18 погодоци, бонусот е 88 проценти. Максималниот бонус од 888 отсто е ако погодите 40 до 50 натпревари на еден тикет.

Важна информација за фирмите од Централниот регистар

Рокот за електронско поднесување на годишна сметка до Централниот регистар се продолжува заклучно со 25.03.2021 година до полноќ.

По барањата пристигнати до Владата на Република Македонија и до Централниот регистар за одложување на рокот за доставување на годишна сметка, Централниот регистар излегува пресрет на обврзниците и на сметководителите за продолжување на рокот за поднесување годишна сметка.

Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи врз основа на состојбата и мерките од Владата за заштита и превенција од виpycoт KOBИД-19, а со цел запазување на законските рокови.

Согласно податоците од Централниот регистар заклучно со вчерашниот ден 11.03.2021 година над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка. Централен регистар како сервисно ориентирана институција е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности

Бонус тикет за бонус добивка во Евротип!

Највисоките квоти за уплата и денеска се само во спортските обложувалници Евротип!

Само денеска, во акцијата која трае од пладне, па се од 18. часот, одиграјте го бонус тикетот составен од четири натпревари за кои се дадени неверојатни квоти и искористете ја единствената можност за добивка од дополнителни 30 отсто, во споредба со регуларната понуда!

Се што треба да направите е да ги одиграте предложените типови со дадените шифри, а Евротип за тоа ќе Ве награди!

Бонус тикетот во регуларната понуда денеска има вкупна квота од 9,34, но доколку ја искористите приликата и ги одиграте натпреварите со дадените шифри во дадениот период денеска, Евротип нуди вкупна квота од 12,54!

Не пропуштајте, посетете ја најблиската Евротип обложувалница денеска пред 18. часот и стигнете до дополнителна заработка!

(Видео) Пее како да е роден Македонец: Јапонски оперски пејач ја испеа “Земјо македонска”

Врвниот јапоснки оперски пејач, Казухиро Котецу е вљубеник во Македонија и македонската песна.

Тој на својот Јутуб канал редовно изведува македонска народна музика, а има илјадници прегледи од нашинци кои се воодушевени од неговите изведби.

Последната преработка на македонска песна е на познатата „Земјо македонска“ кој тој ја изведува брилијатно.

Убаво е кога ќе добиете потврда за прекрасната култура на сопствената земја од некој друг.

Погледнете:

Погледнете и дел од преостанатиот репертоар на Котецу:

Мицкocки: Кој повеќе лаже, пpeмиepoт или пpeтceдателот? (Видео)

“Кој повеќе лаже? Премиерот или Претседателот?

Факт е дека Македонија, освен неколкуте илјади донирани, уште не виде ниту една вакцина од било кој произведувач.

Оставка на најнеспособната Влада!”, пишува во својата Фејсбук објава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Вархеи: “Албанија ги исполнува условите на ЕУ – Македонија да продолжи со реформите”

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, изутринава на Тиранскиот Форум изрази силна поддршка за отворањето на преговори со Албанија, во однос на Македонија, истакна дека треба да продолжи со реформите како и изнаоѓење на заедничко прифатливо решение за билатералните прашања помеѓу Македонија и Бугарија.

Вархеји ја пофали и новата методологија за преговори благодарение на која се надмина ветото на Франција за почетокот на преговорите со Албанија и Македонија.

-Оваа нова методологија веќе се одразува во нацрт преговарачките рамки за Албанија и Македонија. Земјите членки сѐ уште не постигнале договор за нив и разговорите продолжуваат во Советот. Ги поддржуваме овие напори и се надевам дека првите меѓувладини конференции ќе можат да се свикаат што е можно поскоро под португалско претседателство, изјави Вархеји.

Веднаш потоа еврокомесарот порача дека сите услови се исполнети за одржување на првата меѓувладина конференција со Албанија и дека земјата остварила голем напредок во делот на правдата, владеењето на правото и изборното законодавство.

– Македонија задржа стабилен чекор во имплементацијата на ЕУ реформите, посебно во делот на фундаменталните услови. Важно е да се изнајде заеднички прифатливо решение за билатералните прашања помеѓу Македонија и Бугарија брзо, рече Вархеји околу Македонија.