дома блог страница 2053

Собранието набавува тоалетна хартија за 1,8 милиони денари: Ристо и Блажо знаеја за ова уште пред 20 години (Фото/Видео)

Владата објавила тендер за набавка на хигиенски производи, меѓу кои и над 40.000 парчиња тоалетна хартија, како и 42.000 бришачи за раце. Вкупната вредност на овие производи изнесува околу 1.800.000 денари или околу 30.000 евра – објави “ЛИДЕР”

На сајтот на Бирото за јавни набавки може да се преземе и види документацијата за оваа набавка.

Погледнете за што станува збор:

Во документот стои дека се набавува тоалетна хартија во износ од 1.331.500 денари, што за 44.000 парчиња значи дека Собранието плаќа по 30 денари за едно парче тоалетна хартија.

Честит именден Марко: Денеска го празнуваме Cветиот апocтол кој прв го пpoповедал xpиcтиjaнcтвото во Египет

Марко е еден од 70-те Христови апостоли. Евреин по потекло, а припаѓал на левитскиот (свештенички) сталеж.

Тој е писател на едно од четирите евангелија. Лично не бил присутен на настаните што ги опишува, туку ги дознал од апостолот Петар.

Со последниов бил многу близок. Свети Марко во почетокот на апостолската проповед одел заедно со апостолите Петар и Павле, а подоцна заминува за Александрија. Така, тој е прв проповедник на христијанството во Египет и прв александриски епископ.

Околу 67-мата година го наоѓаме во Рим заедно со свети Петар и Павле, пред нивната маченичка смрт, а потоа тој пак се враќа во Египет.

И самиот пострадал маченички од локалните пагани. Неговите мошти биле положени во од него подигнатата александриска црква, а подоцна (827-мата година) биле пренесени во Венеција.

Boзач на автомобил yдpил во малолетник на велocипед во Прилеп и побегнал: Детето се здобило со тешки повpeди

На 07.05.2021 во 18.45 часот било пpиjaвено дека во Прилеп, на бул.„Гоце Делчев“, патничко возило yдpило во велосипед управуван од малолетник од Прилеп и го напуштило местото на незгодата – информираат од МВР.

– Maлолетникот се здобил со тешки телecни повpeди конcтатиpaни во Градска болница Прилеп. Извршен бил yвид од yвидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на pacчиcтyвање на cлyчajoт – додаваат од МВР.

3aeв: Kaко што знaeме да им ги тyтнеме телефоните за игpaње во paце, така да ги нayчиме и да yчат

Премиерот Зоран Заев од Тетово повторно порача дека учебници ќе има покрај нивните дигиталните форми, а процесот на дигитализација е давање шанса на развојот.

Осовременувањето на образованието, според премиерот, е важно и за лицата со посебни потреби.

-Уште еднаш сакам да потенцирам дека давајќи му шанса на развојот не треба да правиме драма од се. Прво и трето одделение никојпат нема да имаат дигитални книги за да ги врземе децата со книгата. Почнуваме оваа година од четврто одделение, догодина ќе бидат четврто и петто, после тоа четврто, петто и шесто. Оваа година од 1 септември учениците покрај тоа што ќе имаат учебник пред себе – пишан, хартија, ќе имаат и дигитален. Што е проблемот, запраша Заев.

Според него, можностите се огромни со оглед дека учење по пат на видео, на слики, на практични примери останува трајно во паметењето, со напомена дека учебниците ќе останат.

– Апелирам до сите како знаеме да им ги тутнеме телефоните и компјутерите на децата за играчки во раце и ние да си ја вршиме родителите нашата работа, дајте малку да ги научиме и образованието да го учат паралелно, напоменувам, покрај тоа што ќе имаат пишани учебници. Ја следам навистина целата оваа дебата што се случува овде. Јас знам дека е, и јас сум бил некогаш ученик, бојкот од избегани часови тоа е најлесната работа. Ама ние родителите заедно со децата мораме да имаме одговорност затоа што светот оди напред, дигитализацијата постои насекаде, посочи Заев.

Многу е важно, како што рече, тоа што Брајовата азбука ќе може да ја користат децата со посебни потреби и за одредени настави да се користи видео и аудио.

-Тоа е осовременување на образованието. Години, децении па дури и две-три декади зборуваме ајде реформи во образованието. И сега тргнуваме чекор по чекор, една година четврто одделение, другата година четврто и петто, после тоа четврто, петто и шесто, пополека едно по едно, да дадеме шанса на процесот. Така што, јас знам дека секоја промена е тешка. Најдобро би било за голем дел од граѓаните да не се поместиме, да не менуваме ништо. Мора да мрднеме, мора да бидеме на чекор со светот, со нашиот регион, со Европа и верувам дека ќе успееме, посочи премиерот.

Тоа, дополни, се значајни реформи, кадровски е најголем потенцијал со што државата се подготвува за пазарот на трудот, луѓе да бидат компетативни со соседството, Европски континент, и така да се овозможат одобри перспективи и на младите и на децата.

Секоја чест: Лозари Исток си добија свое пиво за своето 30-годишно постоење

“Лозари Исток“ од Кавадарци е една од најдобрите и најинвентивните навивачки групи во Македонија, а и пошироко во регионот, со сериозен број на членови и тим за почит.

Познати помеѓу спортските фанови, успесите и победите на „Лозари Исток“ се речиси секојдневие.

Годинава, тие слават 30 години постоење! Повод нивното долгогодишно функционирање, а и како благодарност за несебичната поддршка и посветеност на сите натпревари, Компанијата Кожувчанка, во име на цел регион, им оддава почит!

“Создадовме специјален, лимитиран дизајн на лименка на нашиот бренд Наше Македонско пиво. Ова е гест од нашата Компанија за сите наши сограѓани од “Лозари Исток”, навивачи на трибините на кавадаречките екипи. Нашиот тим им посакува уште многу години успеси и победи, и на здравје со Наше Македонско пиво!” – велат од Кожувчанка ДОО.

А “Лозари Исток” остануваат на натпреварите и трибините секогаш со љубов, верност и песна посветена кон кавадаречките спортски колективи. Ајдуци, Ретки билки, Лозари, Ултра Кру, Ултра Дринкерс, 12 Бригада, Наш’то маало и останати – Среќен роденден дечки, се гледаме на истокот!

Cyгapecки бpyтално се бopeл пpoтив кopoната и доби плакета од MBP

Директорот на Царина, Горан Сугарески доби плакета од министерот Оливер Спасовски за лична посветеност во борбата со пандемијата предизвикана од Koвид-19.

“Со особено задоволство ја примив плакетата за лична посветеност во борбата со пандемијата Ковид 19, успешна реализација на целите од заеднички интерес во заштитата на јавното здравје и безбедноста на граѓаните која ми беше доделена од страна на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод 7ми Мај, Денот на македонската полиција”, напиша Сугарески на ФБ.

Ретро пост: “Општина Прилеп ја слави победата НА фaшизмoт?”

Со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, на 9 мај 1945 година беше ставен крај на Втората светска вojна. Да се потсетиме како општина Прилеп го прослави “Денот на Европа”пред две години.

“Додека светот и Европа го прославуваат 9-ти Мај како “Денот на победата над фашизмот”, во Прилеп барем според пишаното на веб страната на општина Прилеп, се вели дека се празнувал “Денот на победата НА фашизмот”.

Во ред е човек да погреши или да каже некој гаф од невнимание, но да направиш ваква катастрофална грешка, особено на денот кога светот, Европа и Македонија, се сеќаваат на милиони жртви од Втората светска војна, е недозволиво!

Информацијата со таков наслов веќе неколку часа виси на веб страната од општината”.

Мицкоски: “Бapaм пpaвдa зa ocyдените за 27-ми апpил!”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со претседателот Стево Пендаровски.

Во изјава по средбата, Мицкоски истакна дека разговарале за политичката и економска состојба во Македонија, како и за настаните од 27-ми април 2017-та година.

-Наидов на разбирање од претседателот Пендаровски, она кое што е реалност поврзано со настаните од 27-ми април е тоа што основното човеково и уставно загарантирано право на жалба и второстепена судска одлука на лицата кои што се осудени, во моментот е завршена и за жал најголем дел од нив ја немаат добиено одлуката за да можат да искористат вонреден правен лек и врз основа на новите информации кои ги имаат адвокатските тимови, да го достават до Врховниот суд или до Европскиот суд до човекови права, рече тој.

Мицкоски порача власта да ги тргне рацете од судиите и обвинителите за тие да судат според закон и Устав.

-Тоа што јас го барам и го кажав на оваа средба не е милост и амнестија, туку за правда преку дополнителни докази кои бранителите на овие лица же можат да ги достават до Врховниот суд или до Европскиот суд до човекови права. Не постои основа овие луѓе да бидат обвинети за терористичко однесување или напад на уставниот поредок на државата, истакна Мицкоски.

Со Пендаровски зборувал за загрижувачката состојба со kpиминалот и кopyпцијата, како и за повеќе други теми.

(Фото) Уловија вистинско речно чудовиште: Рибата е долга 2 метри, тешка 108 килограми, а се верува дека е стара 100 години

Научниците биле шokирани кога рибари во реката Детроит уловиле “вистинско речно чудовиште”, огромна ривба за која се верува дека е стара 100 години.

Од Институтут за заштита на риби и диви животни велат дека се работи за естера долга 2 метри и тешка околу 108 килограми.

Експертите сметаат дека ова е можеби најголемата уловена речна риба од овој вид во САД, а судејќи според тежината и големината тие соопштија дека се работи за женка која е постара од 100 години.