Maкедонија денеска на мегдан со Казахстан: Последна проверка пред ЕП

Македонската фудбалска репрезентација вечерва против Казахстан во Скопје го игра завршниот контролен натпревар пред историскиот настап на Европското првенство што започнува на 11 јуни.

Селекторот Игор Ангеловски на вчерашната прес-конференција најави измени во составот, истакнувајќи дека дуелот против Казахстан со почеток од 18 часот на арената „Тодор Проески“ ќе биде искористен како подготвителен тренинг.

– Можеби ќе излеземе со поразличен состав од оној со Словенија. Сакам да им дадам повеќе минутажа на некои што играат помалку, изјави Ангеловски.

Во комбинација за настап на дуелот против Казахстан со сигурност нема да биде Енис Барди, откако играчот за врска на вчерашниот тест повторно беше позитивен на коронавирус и останува неизвесно до понеделник дали ќе може да и се приклучи на репрезентација пред заминувањето на Европското првенство.

На првиот од двата подготвителни натпревари пред настапот на ЕУРО2020, македонскиот до понеделник ќе може да и се приклуч состав во понеделникот ремизираше 1:1 против Словенија во Скопје.

Македонката репрезентација на стартот на ЕУРО2020 игра против Австрија, на 13 јуни, пред дуелот со Украина, четири денови подоцна. По двата натпревари во Букурешт, македонскиот состав на 21 јуни во Амстердам против Холандија го игра завршниот натпревар во рамки на групата Д.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.