дома блог страница 2054

25 починати од Koвид 19 во Македонија: Најмладиот има 27 години

Вкупната бројка на KOBИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 153.694, бројката на оздравени пациенти е 137.331, на починати е 5.067, а бројот на активни случаи изнесува 11.296.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.907 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на KOBИД-19 во:

Скопје – 83, Куманово – 27, Битола – 16, Тетово – 14, Струмица – 13, Штип и Виница – по 9, Кичево – 7, Прилеп и Велес – по 6, Гостивар, Струга и Кочани – по 5, Охрид – 4, Радовиш, Крушево и Демир Хисар – по 3, Пробиштип, Богданци и Демир Капија – по 2, Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Делчево, Валандово, Кратово и Пехчево – по 1.

Пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје (46г,60г,64г,65г,67г, 67г, 70г,71г, 74г и 75г), по 2 лица од Тетово (70г и 72г), Штип (69г и 70г) и Гостивар (67г и 79г) и по 1 починато лице од Куманово (64г), Прилеп (63г), Охрид (80г), Виница (27г), Струмица (78г), Кочани (56г), Кичево (62г), Струга (78г) и Свети Николе (57г). Од пријавените, 4 лица се починати во домашни услови, а останатите 21 во болнички услови.

Регистрирани се 786 оздравени пациенти од:

Скопје – 348, Куманово – 61, Тетово – 47, Прилеп – 43, Битола – 38, Кавадарци – 37, Велес – 32, Неготино – 25, Гостивар – 20, Штип – 18, Струмица и Кичево – по 17, Гевгелија – 16, Охрид – 13, Кочани и Ресен – по 9, Богданци – 5, Виница – 4, Струга, Радовиш, Крушево, Свети Николе и Делчево – по 3, Демир Хисар, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод – по 2, Демир Капија, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

“Лaжнa ЕУфopиja”

Пишува: Филип Георгиески

Еврокомесарот Оливер Вархеји вели дека раздвојувањето на Албанија и Македонија од преговорите за ЕУ е опција ако двете државни не пронајдат заедничко решение.

– Ако и понатаму наидеме на потешкотии со Македонија, тоа би значело неуспешни преговори со Бугарија, тогаш би можеле да продолжиме само со Албанија. И треба да го разгледаме тоа прашање, истакна Вархеји.

И додека пред нецела година целата јавност беше убедена дека кочницата на европската патека за нашата држава е Албанија, денес ситуацијата е целосно променета. Или можеби ништо не се променило, но сме биле во заблуда. Но, мора да признаеме дека е добар изговор.

Ако пред три години нашата кочница беше Грција, а сега тоа се Албанија и Бугарија, останува прашањето: “Дали Македонија ќе добие датум за преговори ако ја комплетира продажбата со Бугарија?”.

Па добро луѓе, во различна ли држава живееме? Нели сите ги имаме истите проблеми? Нели сите сме имале потреба од некаков документ кој требало да ни биде издаден од “Солитаре” администрацијата? Нели сите сме имале потреба да застанеме пред корумпирани обвинителки-политичарки кои не ги гонат криминалците, туку се занимаваат со невладини организации? Нели сите можевме да видиме како судиите си ги сместуваат своите деца во Академијата? Нели сите имавме можност да видиме како се уништува образованието со бесмислени “реформи”? И за крај, нели сите загубивме по некој близок во оваа пандемија, а некои профитираа на туѓата несреќа?

Станавме безимена држава, без суверенитет, достоинство, а наскоро и без историја. На народот му беше одземена единствената можност да одлучува за важните прашања, а сега да слушаме само бледи изговори на некакви си специјални советувачи, пратеници, професори. Најдобар доказ за специјалните во Македонија е Специјалното јавно обвинителство.

Специјалниот пратеник во Софија, Владо Бучковски во една прилика рече дека се случило најлошото сценарио за Македонија бидејќи во Бугарија не може да се состави Влада.

Доста е веќе со изговори! Ние, самите ние сме си најголемата препрека на патот до Европа! Не барајте ја ЕУ во Брисел, донесете ни ја во Македонија!

Нашиот менталитет е европски, и нашето место е во Европската Унија. Но, за жал нашите политичари како да се увезени од некоја средноафричка диктатopска држава.

Потврден притopoт за Хашим Тачи: Му се заканува доживотен затвop

Советот на Апелациониот суд во Хаг го потврди притворот за поранешниот главен командант на ОВК, како и за другите началници на таа паравoeна единица.

На 30 април советот донесе четири решенија со кои се одбиени жалбите на одбраната на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи против одлуките на судијата на претходна постапка, со кои се одбиени четирите барања за привремено ослободување.

Во февруари Тачи и останатите тројца побараа од судијата на претходна постапка да им го укине притворот и да ги ослободи привремено, што судијата го одби и тие поднесоа жалби.

Сите четворица беа yaпсени на 5 ноември минатата година. Тачи претходно поднесе оставка од претседателската функција и се предаде на Хашкиот трибунал.

Сите четворица поранешни началници на ОВК се обвинети за голем број вoeни злocтopcтва и злостopcтва против човештвото и се товарат за злостopcтва на 40 места каде што луѓето биле неосновано лишени од слобода, мачени и ybиени. Сите се соочуваат со доживотен затвop.

Каков ли (HE)човек може овие невини очи да ги смести во пластична кеса и да ги фрли на улица? (Фото)

Не ретка слика по улиците на Прилеп е да наидете на пластична кеса со кученца или маченца, оставени така од некој НЕЧОВЕК да yмpaт.

За среќа постојат хумани граѓани и здруженија за заштита на животните кои реагираат на ваквите нечовечки појави, ги згрижуваат, хранат и ги подаруваат на љубителите на животни.

За еден ваков пример напиша и фотографот Андреј Златаноски, кој во пластична кеса пронашол две преслатки маченца.

“Денеска овие две мачиња беа пронајдени исфрлени во пластична кеса која беше врзана. Ги згриживме овие две братчиња кои се неразделни еден од друг.

Ако тие можеа да проговорат, се чудам какви ли се тајни ќе слушнев..

Но затоа го доловив тој момент во нивните очи кои јасно говорат, очи во кои јасно се гледа тагата и осаменоста кои тие ја чуствуваат, многу нормално, како вие ќе се чуствувате да ве разделат од мајка си, затворени во кеса и фрлени на улица? Ова се прашања кои сакам да му ги поставам на НЕчовекот кој го сторил тоа.

Како и да е мачињата се во добра состојба. Има многу нелуѓе што го прават ова, не ми е прв пат да пронајдам мачиња во кеса, се надевам дека ако налетате на ваков случај дека ќе изреагирате исто како мене и дека ќе го спасите животот на суштество кое не е ништо поразлично од вас”, напиша тој на ФБ.

Од први jyни свадби на отвopeно, без мacки и по шecтмина на мaca?

Комисијата за заразни болести на 15 мај ќе одлучува дали ќе одговори позитивно на барањето на угостителите да се организираат свадбени веселби со посебни протоколи.

Ова е за првпат, на средбата со вицепремиерот Фатмир Битиќи, да ни биде кажано дека ќе се разгледува прашањето да се отворат рестораните за организирање свадби. Досега такво нешто воопшто не ни беше ни најавувано, ова е првпат тоа да се случи. Но, сепак, конечниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести, зависно од епидемиолошката состојба, вели Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора при ССК за „Фактор“.

Тој очекува, доколку Комисијата за заразни болести даде позитивно мислење на 15 мај, да се дозволи вакво работење на објектите веќе од почетокот на јуни. Дотогаш би се одредувале протоколи кои би важеле за нивното функционирање, кои исто така треба да добијат согласност од Комисијата.

Ќе бараме да се дозволи на маса да седат повеќе луѓе, нема логика да бидат четворица, иако тоа е во ред за обичните ресторани. Но, нашите свадбарски маси се големи, од 1,8 до 2 метра, и сосема логично и безбедно е на нив да седат најмалку по шест лица, вели Ангеловски.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Hajcтapaта нaceлба во Прилеп го пpaзнува Голем Петок: За многy години!

Денес православните христијани го празнуваат големиот верски празник Голем или Источен петок, односно Балаклија.

Оваа година поради пандемијата со кopoнавиpycoт ќе изостане масовноста во најстарата прилепската населба Варош и манастирот Св. Архангел Михаил, но варошани сигурно во нивните домови со своите семејства ќе си прослават како што доликува.

Инаку празнувањето на Голем Петок е вековна традиција која започнува со литургија во утринските часови во манастирската црква, каде огромен број верници доаѓаат, ќе се помолат и ќе нацрпат од изворските води на манастирот, за кои се верува дека се лековити.

Варошани своите куќи на овој ден ги украсуваат со зелени гранчиња и чекаат гости.

Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори.

На сите граѓани, а посебно на варошани им го честитаме празникот, со желби до година да пречекаат голем број гости.

За многу години!

Денесka е Балаклија – и болните може да се излечат

Првиот петок по Велигден е Источен петок – Балаклија.

Имено, тој ден е посветен на Богородица, а уште и се вика Извор на лекувањето, па затоа верниците одат на најблискиот извор и се измиваат верувајќи дека ќе се излечат од разни болести.

Се слави во петокот на Светлата седмица. Во Цариград во V век, во близина на таканаречената „Златна Порта“ постоело место полно со кипариси и чинари, уште одамна посветено на Пресвета Богородица. Во шумичката постоел извор, исто така одамна познат како источник на чуда. Со текот на времето местото обраснало со грмушки, а водата исчезнала во калта. Само влажноста на земјиштето навестувала дека постои извор.

Еднаш војникот Лав Маркел минувајќи низ тоа место наишол на беспомошен патник, слеп човек кој го беше загубил патот не можејќи да се снајде. Лав му помогнал да се врати на патеката, и го одведел човекот, ослабен заради истоштеноста, под сенка да се одмори, а тој, пак, тргнал во потрага по вода за слепиот. Одеднаш слушнал глас кој му велел: „Лав, не барај вода некаде далеку. Таа е тука блиску.“ Лав, вчудоневиден од таинствениот глас, почнал да бара наоколу, но вода не можел да најде.

Додека стоел така, натажен и замислен, истиот глас повторно му се обратил: „Цару Лав! Појди во сенката на шумичката, нацрпи од водата што ќе ја најдеш таму и подај му од неа на жедниот. Стави му врз очите од калта во изворот. Тогаш ќе узнаеш Која сум Јас, Која е Таа што толку долго време го благословува ова место. Набргу ќе ти помогнам да подигнеш тука црква со Моето име и на сите што ќе притекнат овде и со вера ќе Ме повикаат ќе им бидат услишани молитвите и потполно ќе се исцелат од нивните болести“.

Лав поитал кон назначеното место, зел кал од изворот и ја ставил врз очите на слепиот, давајќи му и вода да се напие, и на овој веднаш му се вратил видот. Без водач тој пристигнал во Цариград, славејќи ја благодатта на Пресветата. Овој настан се случи за време на цар Маркијан (391-457).

Царот Маркијан го наследил Лав Маркел (457-473). Тој го запамтил јавувањето на Пресветата и наредил изворот да се исчисти од тињата; изградиле насип за да се оддели овој од другите извори во близината, а водата ја затвориле во голем тркалест камен базен, над кој изградиле црква посветена на Пресвета Богородица.

Царот Лав го нарекол изворот „Животодавен Извор“, зашто таму била објавена чудотворната благодат на Пресветата. Стотина години по Маркијан, владеел царот Јустинијан Велики (527-565), човек длабоко посветен на православната вера. Многу време тој страдал од водена болест, не наоѓајќи помош кај лекарите и сметајќи се себеси веќе за осуден на смрт.

Еднаш на полноќ тој слушнал глас: „Ти, цару, нема да оздравиш с? додека не се напиеш од Мојот извор.“ Царот не знаел за кој извор му зборувал гласот, та паднал во очајание. Тогаш, дента, Богородица му се јавила велејќи му: „Стани, цару, појди до Мојот извор и напиј се од него, па ќе бидеш здрав како порано.“ Болниот ја послушал Пресветата Владичица. Го нашол изворот, се напил од неговата вода и наскоро му се повратило здравјето.

Во близина на црквата изградена од Лав, благодарниот цар подигнал нова велелепна црква, каде што подоцна бил основан голем манастир. Во петнаесеттиот век царскиот град паднал во рацете на муслиманите. Прочуената црква на Животодавниот Извор била уништена, а градежниот материјал бил употребен за изградба на џамија на султанот Бајазит. Местото каде што порано стоела црквата било покриено со земја и кршен камен, така што и од самите нејзини темели немало трага.

Прекрасната околина била претворена во муслимански гробишта. Турската стража, поставена при урнатините на црквата, им забранувала на христијаните не само да се собираат на тоа место, туку дури и да пријдат таму. Со текот на времето забраната станала не толку строга и на христијаните им било дозволено да направат малечка црква на тоа место. Но, во 1821 г., и таа била урната, а самиот извор бил затрупан. И повторно христијаните ги расчистиле урнатините, го откопале изворот и повторно црпеле вода од него.

Дури и при овие остатоци од некогашното величествено свето здание, Пресветата, како и порано, со Својата благодат им помагала на оние што притекнувале при Неа. Подоцна, меѓу скршените парчиња кај еден од прозорите била пронајдена, веќе полураспадната од времето и влагата, плоча на која биле запишани 10 чуда што се беа случиле при Животодавниот Извор меѓу 1824 и 1829 година. За времето на владеењето на султанот Махмуд, православните добиле малку слобода за извршување на богослужбите.

Тие го искористиле ова да подигнат, по трет пат, црква над Животодавниот Извор. Во 1835 г., со големо велелепие, Вселенскиот патријарх Константин, во сослужение со 20 епископи и во присуство на мноштво верници, ја осветил црквата којшто и до ден денес стои. Во близина била изградена болница и прифатилиште за сиромашни.

Дури и муслиманите зборуваат со голема почит за Животодавниот Извор, како и за Богородица, Која преку него ја излева Својата благодатна моќ. „Голема меѓу жените Света Марија“, вака тие зборуваат за Пресветата Дева. Водата од Животодавниот Извор ја нарекуваат „вода на Светата Марија“. Невозможно е да се наведат сите чуда источени од Животодавниот Извор преку кои беше излеана благодат врз цареви, патријарси, врз големци како и врз обични луѓе. Силата на благодатта до денешен ден дејствува преку изворската вода. Таа сила лично ја имаат доживеано не само православни христијани, туку и католици, Ерменци, па дури и Турци.

Пpилепчани денecка на пpoтecт кај езepoто: Пpичина pyдниците за мepмep кои го загадyвале извopoт за вода (Видео)

Масовната експлоатација на мермери во околината на прилепското Вештачко езеро, се повеќе го загадува изворот „Леково“, а чија вода влегува и во градскиот водовод. Оваа појава станала многу загрижувачка во последниве дваестина дена, заради што околу двеста сопственици на викендици, денеска два часа го блокраа патот кон рудниците – објави “АЛФА ТВ”

„Се работи за отворен рудник со широк коп. Пред 8-9 години добиена е концесија да ископува руда…Барањето е зошто е дадена концесија на рудникот кога во Законот за води стои..дека минимум 500 метри не смее да има никакви ни животни да се вртат околу изворот, а не пак да се ископува руда…Со самото нивно копање ние велиме дека водата ќе ја снема… – вели Зоран Тодороски.

„Ако снема вода „Студенчица“, што ќе прави градот..?! Тој извор е најголем од тој ракав нагоре..тој има 30 литри вода во секунда, а другите сите се под 10…“ – објаснува Илија Талески.

„Како иди, секоја година фазла се насипува…се запира водата со бело брашно, и плус тоа и чешмите и водата се загадува, одвреме-навреме почна да течи и жолта вода и чешмите нон-стоп се затнуваат…“– посочува Горан Тасески.

Овој извор е еден од најстарите и природно најиздашните извори со квалитетна вода, што е особено важно во ова време кога секоја капка се брои, вели директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески, и додава дека единствен начин да се заштити изворот е да престане експлоатаијата на рудникот лоциран над Лековскиот извор.

„Проблем немаат само викендиците кои што се поврзани на потисниот цевковод од Лековскиот извор, од каптажата на Лековскиот извор, туку цел град….Таа е вода која што отсекогаш ја користеле прилепчани и пред да се снабдуваат со вода од „Студенчица“. Таа е вода која што е исклучително квалитетна и по гравитационен пат е бесплатна за ЈП за разлика од водата од „Студенчица“ која ја купуваме. Лековскиот извор дава околу 10-12 литри вода во секунда и тоа се околу 25-30 илјади кубни метри месечно, – вели директорото на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески.

Сопственикот на спорниот Рудник пак, Блаже Тодороски, во телефонскиот разговор за Алфа, ги отфрли овие обвинувања. Тој, повикувајќи се на Министертсвото за животна средина, тврди дека се било според Закон и дека проблемот најверојатно бил од соседниот Рудник и од Рудникот на Мермерниот комбинат кои, за разлика од него, експлоатацијата ја врешеле со минириње.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”

Teшка гpyпа за Maкедониja на Евpoпcкото пpвенcтво: Ha мегдан одново со Данcка

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година.

Кирил Лазаров и останатите момци се најдоа во групата А, каде ќе играат против Словенија, Данска и Црна Гора, а град домаќин на нашата група ќе биде Дебрецин.

ЕП ќе се одржи во две земји, Унгарија и Словачка од 13. до 30. јануари следната година. Според системот за натпреварување само првите две репрезентации од секоја група одат во следната рунда. Бранител на титулата е селекцијата на Шпанија.

Група А: Словенија, Данска, Македонија, Црна Гора (град – Дебрецин)

Група Б: Португалија, Унгарија, Исланд, Холандија (град – Будимпеша)

Група Ц: Хрватска, Србија, Франција, Украина (град – Сегедин)

Група Д: Германија, Австрија, Белорусија, Полска (град – Братислава)

Група Е: Шпанија, Шведска, Чешка, БиХ (град – Братислава)

Група Ф: Норвешка, Русија, Словачка, Литванија, (град – Кошице).

Не помага ниту бojкот, од МОН велат реформите ќе се спроведат

Министерството за образование и наука соопшти дека како за сите останати реформски процеси, така и за Законот за учебници, консултира и го слуша мислењето на сите засегнати страни.

-Сепак, во носењето на законското решение предност се дава на квалитет на наставата и повеќе бенефиции за младите, така што тоа не смее да биде причина за бојкот, информира МОН по денешната средба со претставници на фејсбук-групата која бара стопирање на предлог-законот за учебници во основното и средното образование.

Промените во основното образование ќе се случат, затоа што тоа не е самоиницијативна одлука на Министерството за образование и наука, туку е резултат на сеопфатни анализи на квалитетот на националниот образовен систем спроведени од кредибилни меѓународни организации. А исто така, промените се и барање на наставниците и на многу генерации на ученици, но и потреба која ја наметнува современиот свет и глобалните образовни трендови со кои Македонија конечно мора да фати чекор и да ги следи. Ова беше истакнато на денешниот работен состанок на претставници од МОН кои ги сослушаа барањата на Иницијативата за бојкот на наставата, наведува МОН во соопштение.

Дигитализацијата на материјалите за учење е дел од промените кои започнуваат од идната учебна година и дека е глобален процес кој, како што наведува – „нема и не треба да ја одмине нашата земја“.

МОН посочи: Промените во основното образование ќе се случат, тоа не смее да биде причина за бојкот
Министерството за образование и наука соопшти дека како за сите останати реформски процеси, така и за Законот за учебници, консултира и го слуша мислењето на сите засегнати страни.

МОН посочи: Промените во основното образование ќе се случат, тоа не смее да биде причина за бојкот
-Сепак, во носењето на законското решение предност се дава на квалитет на наставата и повеќе бенефиции за младите, така што тоа не смее да биде причина за бојкот, информира МОН по денешната средба со претставници на фејсбук-групата која бара стопирање на предлог-законот за учебници во основното и средното образование.

Промените во основното образование ќе се случат, затоа што тоа не е самоиницијативна одлука на Министерството за образование и наука, туку е резултат на сеопфатни анализи на квалитетот на националниот образовен систем спроведени од кредибилни меѓународни организации. А исто така, промените се и барање на наставниците и на многу генерации на ученици, но и потреба која ја наметнува современиот свет и глобалните образовни трендови со кои Македонија конечно мора да фати чекор и да ги следи. Ова беше истакнато на денешниот работен состанок на претставници од МОН кои ги сослушаа барањата на Иницијативата за бојкот на наставата, наведува МОН во соопштение.

Дигитализацијата на материјалите за учење е дел од промените кои започнуваат од идната учебна година и дека е глобален процес кој, како што наведува – „нема и не треба да ја одмине нашата земја“.

-Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на креирање на најдобрите решенија кои ќе треба да се интегрираат во системот. Ова е досегашната практика и начин на работа на МОН, принципи по кои ќе се водиме и во иднина. Затоа што само јавен и широк процес во кој се вклучени сите засегнати страни и експертската јавност, може да резултира со подобар квалитет на националниот образовен систем и со обезбедување повеќе и подобри можности за учениците, студентите, наставниците и професорите, нагласува МОН.

Потсетува дека новото законско решение, во кое е дефинирана етапната дигитализација на материјалите за учење, ќе обезбеди достапност на учебниците за сите ученици, поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно и инклузивност, имајќи предвид дека тие ќе бидат достапни во аудиоформат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид. Исто така, преку поставувањето повеќе филтри низ постапката за изработка и усвојување на учебниците, ќе биде елиминирана веројатноста за појава на какви било грешки. Посочува и дека се воведуваат содржини од областа на мултикултурализмот, толеранцијата, почитување на различностите итн. и дека можноста за ажурирање на учебниците секоја година значи дека повеќе ќе нема да се применуваат учебници со застарена содржина.

-МОН останува отворена институција за соработка со секој заинтересиран поединец, група, граѓанска организација, здружение со намера да даде конструктивен предлог, идеја или коментар за унапредување на содржината и квалитетот на законското решение, земајќи го во преден план најдобриот интерес на учениците, информира МОН.