дома блог страница 2052

Импpecивно: Pycија покажа со што pacполага – одржана вoeната парада по повод Денот на победата (Видео)

По повод 76-годишнината од крајот на Втората светска војна, на Црвениот плоштад во Москва се одржува Парадата на победата

Оваа година пешадиската колона ќе ја формираат 37 парадни единици со повеќе од 12,5 илјади војници. Механизираната колона се состои од повеќе од 190 модели на воена опрема, вклучително и разни видови руски тенкови, пет типа оклопни возила од семејството „Тајфун“, борбени возила за пешадија, тактички ракетен систем „Искандер М“, ракетен систем со повеќе барели “ Торнадо С “, самооден хаубиц„ Мста С “, артилериски систем„ Коалиција СВ “и многу други.

Акробатските тимови „Руски витези“ и „Свифтс“ во авиони Су-30СМ и Миг-29, „Беркути“ во хеликоптери Ми-28Н, екипи на стратешки ракетни носачи Ту-160 и Ту-95МС, воени транспортни авиони ќе учествуваат во воздушен дел од воената парада.Авиони Ил-76, ловци Су-35С, бомбардери Су-34 и Су-24М, хеликоптери Ми-26, Ми-8, Ка-52, екипи на авиони Миг-31К и Су-57 и Авиони за напад Су-25.

Победа врза три победи со ред, сепак ќе се бори за опстанок

Попладнево вои натпревар од претпоследното 26-то коло на Втората лига-Исток во Кочани фудбалерите на Победа го совладаа домашниот состав на Осогово со 0-1, полувреме 0-1.

Во отворен натпревар од двете страни и со многу борбена игра црвено-белите на крајот стигнаа до третата последователна победа во финишот на сезоната. И навистина е штета што кога формата на екипата е во евидентен подем, што се евидентира низ изданијата на неколкуте последни натпревари, шампионатот привршува.

Денес избраниците на Крстески прикажаа максимално борбена игра и издржаа и покрај фактот дека од 56-тата минута имаа играч помалку, по исклучувањето поради втор жолт картон на Јошески, а во втората од 4-те минути судиско надополнување втор жолт картон доби и Петроски, па Победа мечот го заврши со 9 играчи.

Отворената игра од двете страни резултираше со доста возбудувања. Победа се закани од самиот почеток со волеј на Грозданоски кој беше блокиран а по корнерот Петкоски биеше млако од 5-6 метри од тешка позиција во домашниот голман. Во 8-та минута најубавиот потег на мечот-прекрасен волеј од над 25 метри на младиот Јошески кој немаше среќа бидејќи неговиот удар заврши во пречката од домашниот гол.

Доброто отворање на мечот резултираше со рано отворање на резултатот. Во 17-тата минута по корнер за домашните Победа започна контра од својата половина.

Јошески го проигра Кисески-Илијоски кој ја доби топката на 15-тина метри во својата половина и истрча со неа до околу 30-тина метри од противничкиот гол од каде упати силен и неодбранлив удар за Размовски за водство на Победа од 1-0. Домаќините се заканија во 32-та минута но обидот на Недановски го одбрани Столевски.

На почетокот на вториот дел повторно среќа за домашниот тим-уште еднаш се затресе домашната пречка по ударот на нововлезениот Димитријески, а неколку минути подоцна се обиде и Ангелески но овојпат Размовски одбрани. Откако во 56-тата минута по непромисленото влечлење од страна на Јошески-за втор жолт картон Победа остана со 10 играчи домаќините ја презедоа теренската иницијатива.

Но, и покрај тоа што имаа играч помалку со максимално борбена игра, како и што доликува на еден фудбалер на Победа, момците во црвени дресови не дозволија ниеднаш посериозно да биде загрозен голот на Столевски, кој имаше уште една интервенција по слободниот удар на Поповски.

Победа: Столевски, Бошески (од 92 мин Каралиоски), Петровски, Петкоски, Стомнароски (од 88 мин Спиркоски), Дунимаглоски (од 46 мин Димитријески), Кисески-Илијоски, Ангелески, Јошески, Неделков (од 77 мин Симјановски) и Грозданоски (од 88 мин Алимоски).

Резултати 26 коло: Осогово-Победа 0-1, Росоман-Плачковица 0-1, Кит-Го-Брегалница 1-2, Тиквеш-Саса 3-1 и Кожуф Слога 0-2.

Табела: Брегалница 70, Тиквеш 61, Кит-Го 42, Кожуф 35, Слога 33, Саса 32, Осогово 29, Победа 26, Плачковица 18 и Росоман 9 бодови.

Двојки за наредното последно 27-мо коло (сабота 15 мај): Победа-Кожуф, Брегалница-Тиквеш, Саса-Росоман, Плачковица-Осогово и Слога-Кит-Го.

Одличен спот! Објавена химната за Европско на македонската фудбалска репрезентација (Видео)

ФФМ предмалку го објави видео записот од официјалната навивачката химна посветена на македонската фудбалска репрезентација.

ВИС РИСОВИ – “Одиме на Европско”…. Уживајте во продолжение:

Радувај се Македонијо! Ова момче ќе ти донесе злато од Олимпијада (Фото)

Дејан Георгиевски обезбеди историска олимписка норма за македонското таеквондо и ќе се натпреварува на Олимпијадата во Токио. Веста за овој голем успех на социјалните мрежи ја сподели неговиот тренер, пратеникот во Собранието, Дарко Костовски.

“Дејан Георгиевски со победа над актуелниот ОЛИМПИСКИ шампион Радик Исаев од Азербејџан резултат 13:6 обезбеди
ИСТОРИСКА ОЛИМПИСКА НОРМА ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА ОЛИМПИСКОТО МАКЕДОНСКО ТАЕКВОНДО ЗА ОЛИМПИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА !!!
Дејан имаше денеска две борби, првата над Динко Шегедин ја доби со апсолутна доминација!

ДОПОЛНИТЕЛНА УБАВИНА Е ТОА ШТО НА ДЕЈАН ДЕНЕСКА МО Е РОДЕНДЕН !!! Фала му на Господ за овој Божји подарок !

Да не заборавиме дека вчера Филип Додевски го спречи скршеница на раката на патот за олимписка норма, за малку чудото ќе беше уште поголемо со две норми, секако одлична беше и Анамарија!

Во оваа прилика сакам лично да му се поклонам на братми Борче Костовски, кој што исто како и јас живееше за овој миг, но тој е НАЈГЛАВНИОТ кривец за овој ИСТОРИСКИ МАКЕДОНСКИ МИГ!

Благодарност до претседателот на МОК Даниел Димевски и спортскиот директор Владимит Богоевски што пвие олимписки квалификации ги поминаа заедно со нас во Софија.

РАДУВАЈСЕ МАКЕДОНИЈО, ВО ТОКИО ОДИМЕ ПО ЗЛАТО И НИКАКО ПОИНАКУ!”

Овој трик загарантирано работи, а пеглата ќе ви биде како нова: Потребна ви е само таблета која сите ја имаме дома (Видео)

Ако мислевте дека ова е знак дека пеглата е уништена, се лажете. Дури и овие црни наслаги можат лесно да се отстранат, и еве еден трик за употреба.

Црните наслаги на железото ќе се појават порано или подоцна, а освен што ја оштетува пеглата, може да ја оштети и облеката.

Иако повеќето луѓе мислат дека чистењето на овие наслаги е едноставно невозможна мисија, постои сосема едноставен трик по кој ќе светне железото. Потребни ви се само пинцети и таблета парацетамол.

Постапката е целосно едноставна:
Вклучете ја пеглата за да се загрее, а потоа земете ја таблетата со пинцети (за да не се изгорите) и започнете да ги триете дамките. Наскоро ќе видите како нечистотијата испушта од пеглата, а потоа е доволно само да ја избришете со сува крпа и да изгледа како нова.

(Видео) Еве како се приготвува специјалитетот од 800 евра: “Златните”стекови на Нусрет се магнет за холивудските и фудбалските ѕвезди

Познатиот готвач стана вистинска интернет сензација откако сподели видео на кое приготвува стек прелиен со 24-каратно злато.

Нусрет Гок кој е познат под надимакот “Salt bae”, е сопственик на луксузниот ланец ресторани Нуср-Ет.

Најавата дека својот златен стек чија цена е 805 евра ќе го однесе и во Велика Британија, предизвика големо внимание кај островјаните, а домаќин ќе му биде ресторанот во Парк Тауер во лонодонски Најтсбриџ.

Мурињо на веспа се појави во центарот на Рим

Португалскиот тренер Жозе Мурињо, кој во јули го презема италијанскиот прволигаш Рома, доби мурал во римската четврт Тестачио на кој е прикажан како во одело вози „веспа“.

Муралот е дело на Хари Греб, урбан сликар инспириран од истоимениот легендарен американски боксер од 20-те години на минатиот век.

Мурињо во вторникот потпиша тригодишен договор со Рома, која официјално ќе ја преземе на крајот од сезоната, а остана без ангажман минатиот месец по отказот што го доби во премиерлигашот Тотенхем.

Португалскиот тренер по пауза од 11 години се враќа во италијанската Серија А во која од 2008 до 2010 година седеше на клупата на Интер со кој освои две „скудета“, по еден Куп и Супер куп, како и трофејот во Лигата на шампиони.

Kyлтното мecто во Пpилеп кое бyди пpeкpacни cпомени: Baшите poдители знaaт нajдобpo зошто (Фото)

Вртелешките, циркузите, велосипедите, моторите, па и мечките што играат, биле своевидна забава за младите пред шест децении за Велигден и за Гурѓовден.

Околу киното Работнички и кај што е сега споменикот на Ченто се инсталирале високи и мали вртелешки, кои привлекувале млади, но и деца со родители на забава пролетно и летно време.

На столчињата се качувале да им се мели умот и да вриштат и девојки и момчиња. Се врзувале за синџирчињата едни со друг се лулале во ритамот во кругот и музиката, се возбудувале до бескрај од синилото што се “движи”.

Дотерани ко за на корзо, со рубата за шетање и за на свадба, со костими и шизички пантолони, со мини здолништа, местата биле собиралиште да се фрли ишарет на некоја чупа.

Се тргале девојките за некој од прамените, се потсвирнувало или се потдопирале и се намигнувало, да се даде знак за бендисување.

Се правеле секакви марифети и керефеки да се освои вниманието и погледот на девојките. Некои тежнееле да измамат погледи и со лижавче или друга “занимација”.

Мангупите успевале да “ќарат” погледи, а повлечените останувале со прстот в уста, односно со семките и сончогледот на многубројните семкари.

Извор: “Неделник Зенит”

Coпpyгата на Апavиев: Moeто дете има 2,5 години и yште го дojaм и во jaвнocт, свpтете глава ако не ви чини

Во државава, многу жени се противници на доење на детето во јавност?! Не било убава глетка?! Дома да си седеле?! А не им пречат децата што просат на улица или ѓубриштето расфрлано насекаде или исеченото зеленило и бетонот. За тоа, не коментираат. Тоа им е таман глетка, запраша на Фејсбук Тамара Јованов, сопруга на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„А и не е толку чудно, кога ќе видиш дека мизогинијата во голем дел произлегува од нив.

Со тој памет, добро е што и дотука сме стигнале ко држава!

Пс. За таквите, поздрав од мене и моето дете – има 2,5 години и уште го дојам (и во јавност). Свртете глава ако не ви чини глетката“, напиша Јованов.

Ceмejcтвото на Bepче чии opгани беа дониpaни, ќе добие cтан во Cтpyмица

Семејството на Верица Белчовска, чии органи беа донирани откако таа почина ќе добие стан во Струмица.

-Имајќи ја предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица, соопшти министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој додава дека семејството Белчовски ги помести вредностите во општеството, а граѓаните на земјава бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост.