дома блог страница 2041

Maкедонcките земjoделци на чекop до мacoвни пpoтecти (Видео)

На македонските тутунари им пукна трпението. Изманипулирани и излажани, навредени и понижени и во секојдневна битка со осиромашеноста, на власта и’ поставија ултиматум. Или до в петок да им се исплатат субвенциите и помошта од Петтиот Ковид-пакет, или од понеделник, сите земјоделци излегуваат на масовни протести – објави “АЛФА ТВ”

„Веднаш исплата на субвенциите и на петтиот Ковид-пакет.Тутунарите, и општо сето земјоделие се на колена. Без пари, без исплатени субвенции, сезона која што е неизвесна од немање средства да се продолжи. Земјодлеските аптеки веќе не ни веруваат на фразата дека ќе ви исплатиме од субвенциите, бидејќи субвенциите се уште се неизвесни…Од писмото што го добивме од Министерството беше потврдено дека субвенциите ќе се исплатат во првата половина од мај, но еве, сведоци сме дека тоа не се случи“, – ни изјави за Алфа Игор Мирчески, координатор на 4-те новофомирани тутунски здружренија.

„Не може нашите политичари да си играат држава, додека ние трпиме за корка леб. Нашите апели и укажувања дека ниската откупна цена во минатата реколта драстично ќе се осети кај тутунарите, беа занемарени. Субвенциите, кои секаде во светот се развојна компонента, кај нас за жал, се чекаат за преживување, велат тутунарите и додаваат дека во Македонија немало земјоделска гранка која е успешна. Згора на тоа, особено се бесни и на идејата за распродавање на македонското земјиште.

„Земјоделците не се задоволни од ова решение. Воопшто не треба да се распродава нешто што треба да биде во сопственост на земјоделците, во сопственост на државата, не само за сегашните земјодлеци, туку и за идните генерации“, – посочува Мирчески.

Доколку власта се оглуши и овој пат, Мирчески вели дека веќе од идната недела, не само тутунарите, туку и сите земјоделци, ќе ги остават нивите и повторно ќе се вратат на улица на масовни протести, се до исполнувањето на нивните барања.

Каролина Дурло

Јованоски: “Учениците кои ќе започнат со печатени учебници, за една недела ќе побараат дигитални”

Учениците кои ќе започнат со дигитални учебници на почетокот на годината, нивните другарчиња кои немаат, по само една недела и тие ќе побараат дигитални учебници, ова вчера го истакна градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на воведувањето на дигитални учебници во училиштата, нешто на што се противат најголем број од родителите и децата.

“Станува збор за печатени учебници и дигитални учебници за кои има полемика помеѓу граѓаните. Станува збор само за учениците од 4 одделение од наредната учебна година. Учениците од 4 одделение ќе имаат можност да бираат дали ќе користат дигитални учебници или печатен учебник, или може да користат и дигитален и печатен учебник. За оние кои сакаат печатени учебници училиштето ќе биде одговорно, односно општината да ги обезбеди тие учебници. Мислам дека тука нема ништо спортно. Можеби ќе треба да се објаснува малку поконкретно, подиректно. А за дигиталните учебници, јас верувам дека учениците кои ќе започнат со дигитални учебници на почетокот, нивните другарчиња кои немаат, по една недела и тие ќе побараат дигитални учебници. Тоа е основата што секаде ја има во земјите во развиениот свет и земјите од околината”, истакна Јованоски.

Силна држава сме: Македонија протера pycки дипломат

Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Македонија, информира МНР.

– Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена, велат од МНР.

Пoвторно кpивична за Градоначалникот на Крушево…именувана како “крушевски транспортер” (Видео)

Oпштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Крушево денеска поднесе нова кривична пријава за крушевскиот градоначалник

На денешната прес конференција пред Основниот суд во Прилеп, претседателката на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево, Билјана Проеска, информираше дека е поднесена нова, шеста по ред кривична пријава, против градоначалникот Томе Христоски.

Според Проеска се работи за злоупотреба на службената положба во делот на обезбедување превоз за ученици од општина Крушево.

“Без никаков реализиран тендер, градоначалникот на Крушево, на своја фаворизирана фирма, исплаќал две години сума на пари која што не е дозволена според Законот за јавни набавки. Во тој дел градоначалникот на Крушево го отвара вториот случај “Транспортер”, овојпат “крушевски транспортер”, истакна Проеска.

Прес конференцијата проследете ја во продолжение:

Дали и Левица ја призна “Северна”? (Фото)

Како го шитнавте ИМЕТО, така ќе го вратиме, напиша еднаш лидерот на Левицта, Димче Апасиев.

Сѐ тече, сѐ се менува… ПА се смени и навидум цврстиот став и големото ветување на апасиев. Двајцата пратеници на Левица, Апасиев и Борислав Крмов, се потпишаа на Предлог-законот за измена на Изборниот законик, каде нашата држава се нарекува „Cеверна Македонија“. Овојпат на Апасиев не му пречеше што државата е посочена како Cеверна Македонија.

Ни следyва нов пpoдолжен викенд: Понеделник е нepaботен ден за сите гpaѓани на Република Македониja

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2021 година (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита празникот “Св.Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители.

После подолго време регистрирани два нови cмpтни cлyчаи од кopoнавиpycoт во Прилеп

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 19, Прилеп, Штип и Виница – по 2, Струга и Кочани – по 1.

Регистрирани се 192 оздравени пациенти од:

Скопје – 83, Куманово – 17, Битола – 11, Струмица – 9, Велес – 7, Штип, Струга, Кочани и Крива Паланка – по 6, Прилеп – 5, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 4, Тетово, Неготино и Крушево – по 3, Свети Николе и Виница – по 2, Кичево, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 19 починати лица: 7 од Скопје (58г, 61г, 67г, 74г, 76г, 76г и 78г), 3 лица од Тетово (46г, 72г, 74г), по 2 лица од Прилеп (61г и 67г) и Ресен (66г и 73г), по едно лице од Велес (63г), Гостивар (78г), Охрид (85г), Виница (68г) и Гевгелија (76г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 15 лица во болнички услови.

Направени се 1.314 тестови преку: ИЈЗ-132, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-108, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-36, Жан Митрев (Филип Втори)-199, Авицена-127, Биотек-134, Систина-199, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–3, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 329.

Досега во земјата се направени вкупно 757.794 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.725, бројката на оздравени пациенти е 146.043, на починати е 5.230, а бројот на активни случаи изнесува 3.452.

Во Прилеп со Ковид-19 досега официјално се зapaзиле 8264 лица, а во моментов активни се 160 случаи. Починаа 412 лица.

Гopивата од вечepва со нови намалени цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51 % во однос на Одлуката од 10.05.2021 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.05.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,647 ден/кг и сега ќе изнесува 34,596 ден/кг.

Од 18.5.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 68,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 70,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,596 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 0,82%, кај дизелот има зголемување за 1,048% и кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,35%, додека кај мазутот има намалување за 1,856%.

Ja запознавме пред 17 години кога напpaви cпектакл на Eвpoвизиja: Денecка Pycлана има 47 години и ce уште изгледа пpeкpacно (Фото)

Ја запознавме пред 17 години. На Евросонг, во 2004-та година, кога Руслана од Украина победи со песната „Wild Dances”.

Видеото за оваа песна на YouTube има над 20 милиони прегледи.

Руслана денес има 47 години, но за неа како да запре времето – таа воопшто не се смени. Таа остана во одлична форма, и сè уште ужива голема популарност.

Дpaма во cкопcки Илинден: Им влегле дома и почнале да ги тепaaт и да им ja кpшат покyќнината

На 17.05.2021 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од cлобода С.В.(21), П.Ѓ.(19) и С.М.(26), сите од нас.Илинден, постапувајќи по пpиjaва според која во 01.45 часот, заедно со Н.П.(26), со yпотpeба на cила влегле во домот З.П.(52) во нас. Илинден.

Потоа почнале да ја оштетyвaaт покуќнината и физички ги нападнале З.П., К.П. и Л.П..

Според пpиjaвеното, З.П. во caмooдбpaна со ocтap пpeдмет го повpeдил Н.П., кој бил пpeнeceн во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за yкажyвање лекapcка помош, a З.П., К.П. и Л.П. биле пpeнeceни во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Како што стои во пpиjaвата, причина за нападот е наводен долг на К.П. кон напаѓачите. Пpиjaвените лица се пpиведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од МВР.