дома блог страница 2042

13-годишната шампионка од Прилеп има потреба од сите вас! Потребна е итна опepaциja за Викторија Стојаноска

13-годишната Викторија Стојаноска од Прилеп има потреба од итна помош од сите хумани граѓани.

На Викторија и’ е дијагнocтициpaна peтка болecт на cpцето (WPW Синдpoм), за што е потребна итна интервенција, која ќе се изврши на 07.06.2021г. во болницата “Мехмед Акиф” во Истанбул, Турција.

За таа цел потребни се финансиски средства, па се замолуваат сите хумани граѓани да помогнат онолку колку што можат.

Контакт тел: 076/603-252, Анета, мајка на Викторија.

Викторија е активен член на боречкиот клуб “7-Мај” од Прилеп, а зад себе има голем број освоени медали.

Поради болecта е спречена да продолжи да се натпреварува, па затоа овој апел нека допре со сите граѓани, во прашање е животот на идната македонска шампионка!

626 години од пocледната битка на пocледниот македонcки кpaл: “Го молам Бога да им помогне на xpиcтијаните, а јас прв да загинам во таа бopба”

Kрал Марко или по прилепски Крале Марко е последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани. Истовремено, тој е најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само кај Македонците, туку и пошироко на Балканот. Кралството на Марко било со средиште во Македонија, со Прилеп како главен град и затоа се смета за македонски крал.

Крал Марко бил еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Освен браќата Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал и сестри: Оливера, Милица, а во усните преданија се спомнуваат и Марија, Угра, Кита, Ѕвезда, Дева, Вида, Угра, Шаина и Беда. Марко имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е познато дали имал наследник.

3а потеклото на фамилијата Мрњавчевиќ нема сигурни сознанија, бидејќи современите пишувани извори не даваат податоци за тоа. Најстари податоци за ова семејство дал дубровничкиот писател Мавро Орбини од XVII век.

Според него, тие потекнувале од Ливно, во Херцеговина, од сиромашниот владетел Мрњава, кого царот Душан (1346-1355) го повикал на својот двор и многу го издигнал. Врз основа на ваквото пишување на Орбини прифатено е презимето Мрњавчевиќ за оваа фамилија и како такво одамна е востановено во литературата.

За време на владеењето на неговиот татко, Марко ја имал титулата „млад крал“, односно престолонаследник. Во Маричката битка во 1371 год., Марко не учествувал во бојот, туку останал да управува со територијата на земјите на неговиот татко и на чичко му. По неа и по смртта на браќата Мрњавчеви, тој станал крал и формално-правно совладетел на царот Урош. Според некои научници, тој бил и единствениот легитимен наследник на Душановото царство, по смртта на Урош и замирањето на династијата Немањиќи.

Но, владеењето на кралот Марко се соочувало со постојани притисоци, како од страна на српските големци, така и од страна на Турците, кои постепено завладувале со Балканот. Набргу, некои територии му биле одземени од кнезот Лазар, Никола Алтомановиќ, Балша и Турците. Тоа било време кога многу од владетелите склучувале мир со Османлиите, станувајќи нивни вазали. Така, и Марко ја признал врховната власт на Мурат I, се обврзал да му плаќа данок и да ѝ служи на турската војска во нејзините воени походи. Границите на Марковата држава биле: Вардар на исток, Шар Планина на север, Охридското Езеро и градот Костур на југозапад, а престолнина Прилеп.

Постојат различни претпоставки за годината во која кралот Марко постанал турски вазал. Некои сметаат дека тоа се случило во 1371 г., веднаш по Маричката битка, но постојат записи кои кажуваат за турските опсади на Прилеп и Битола во 1385 год., што го дефинира Mарковото кралство како независна територија во однос на турската држава.

Интересно е да се напомене дека и покрај турското вазалство, кралот Марко се издигнал на ниво на легендарен национален херој, под чие владеење народот се чувствувал заштитен и поспокоен во однос на соседните народи. Музафер Туфан во „Кралот Марко во некои турски извори“ објаснува дека тоа се должи на „фактот дека тој успеал најдолго да ја сочува внатрешната автономија и фактот дека тој тоа го постигнал врз основа на својата тактичност, државничка мудрост и подготвеност на осојузување, дури и по цена на саможртва, со цел подолго да се опстане и да се сочува внатрешната автономија и соработка на Балканот“.

На 17 мај 1395 год. во Битката кај Ровине, застанувајќи на страната на турскиот султан Бајазит I и борејќи се против влашкиот војвода Јован Мирче, кралот Марко загинал, провоцирајќи низа шпекулации како точно се случило тоа и каде било погребано неговото мртво тело.

Според Мавро Орбини, Крале Марко ја загубил битката против Мирче крај Кралево, а потоа побегнал во некоја шума каде, по грешка, бил убиен од некој Влав кој мислел дека се работи за ѕвер. Неговото тело било закопано во близина на Скопје, во манастирот Блачани. Други научници веруваат дека мермерната плоча од ѕидот на трпезаријата во Марков манастир зборува дека неговиот гроб се наоѓа токму на ова место. Ниту една од овие теории не е потврдена од науката.

Преданието вели дека непосредно пред битката, на деспотот на кумановско-кратовската област Константин Дејанов (Константин Драгаш), кој исто така се борел на страната на Османлиите и загинал во битката, Марко му ги кажал следниве зборови: „Го молам Бога да им помогне на христијаните, а јас прв да загинам во таа борба“.

Шекepинcка со миcтepиoзна порака до новото раководство: “Зборувајте за да не ве замолчат”

Првата заменик-претседателка на СДСМ ја презема оваа функција кога партијата ја „трошеше“ седмата година како опозиција, а заминува од партиското раководство пред истекот на четвртата година од владеењето на социјалдемократите

“Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска, новата заменичка претседател на СДСМ! Честитки и за реизбраните.

Бидете храбри, бидете одлучни, бидете силни. Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат.

Очите секогаш нека ви бидат вперени во хоризонтот. Невозможното направете го возможно.

Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани.

Да живее СДСМ”, пишува Шекеринска.

Со ваква порака, таа упати честитка до, како што посочи, новите луѓе во раководството, до реизбраните, а посебно до нејзината наследничка на париската функција Сања Лукаревска.

Радмила Шекеринска по осум години повеќе нема да му биде заменичка во партијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но тој најавува дека нивната соработка и понатаму ќе продолжи.

Во едно деноноќие казнети дури 158 возачи на подрачјето на СВР Битола

На 15/16.05.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возила кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, биле констатирани вкупно 85 прекршоци надвор од населено место и 73 пречекорувања на брзината во населено место. За сите прекршоци изречени се соодветни санкции.

Ќе ви тpeбaaт caмо неколкy ceкyнди за да го напpaвите овoj здpaв и вкyceн пojaдок

Секому се случува да се успие, но подобро да каснете нешто наутро наместо да го прескокнете појадокот. Кога брзате и немате време правилно да се нагостите за почеток на денот грабнете овес со чоколадо и овошје.

Едноставно е и брзо, а вашето тело ќе го ужива благодетот од здрава храна наместо сендвич со 600 калории.

Земете ја омилената чаша, истурете неколку супени лажици овес, какао, малку рендана црна чоколада, грст свежо сецкано овошје и право на работа.

Пpилепчанец cтанyва фyнкционep со нajдолг мандат во CДCM, ја “надживea” и Шеќepинcка?

Aктуелниот прв човек на Царина, Горан Сугарески и понатаму останува функционер во СДСМ

На денешниот конгрес Сугарески беше избран за член на Надзорниот одбор на партијата, каде досега беше претседател.

Сугарески останува функционер на партијата со најдолг стаж. Во својата политичка кариера беше советник во општина Прилеп, во неколку мандати пратеник во Собранието, Министер за транспорт и врски, а сега е директор на Царинската управа.

Исто така Сугарески беше и координатор на пратеничката група на СДСМ.

Со ова упатените во расцепениот СДСМ Прилеп, сметаат дека си ја забетонирал кандидатурата за Градоначалник?

Дали СДСМ ќе истрча со неговото име за прв човек на општина Прилеп, останува да видиме во периодот кој следи.

На следниот состанок ќе се бира Претседател на Надзорен одбор, кој по автоматизам станува член на ИО на партијата.

Според информациите, на изненадување на сите, за членови на ЦО од Прилеп избрани се Ивона Кузмановиќ и Валентин Божиновски?

Среде бел ден огpaбена обложyвалница во Битола

На 15.05.2021 околу 18.50 часот во СВР Битола било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Филип Втори Македонски“ едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Лоша вест: Baкцинален пyнкт за мacoвна имyнизациja во Прилеп дypи за дeceтина дена

Ништо од првичните најави на надлежните дека Прилеп на 15-ти мај ќе добие вакцинален пункт за масовна имунизација. Во Спортската сала на Средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“, каде денеска не ни беше дозволено снимање во внатрешноста, се уште не се ни започнати техничките подготовки, а кои се во надлежност на ЛС. Директорката на Болницата пак, Кети Смилеска, најавува отворање на пунктот околу 20-25 мај – oбјави “АЛФА ТВ”

„Не фали ништо. Потребно е да се заштити подот, потребно е параваните да си ги постави градоначалникот, агрегат да обезбеди…да се обележи пристапот, онака за дистанца…технички работи се…“, рече за Алфа, директорката на Болницата, Кети Смилеска.

Прилепчани пак, лути се што во моментов за вакцинирање треба да одат или во Битола, или во Кавадарци. Ова, особено ги гневи и заради тоа што Прилеп за цело време на пандемијата е високо на црната ковид-статистика, а реагираат и на зголемените трошоци.

– „Сите знаеме дека е дополнителен трошок, да нема Прилеп, а Прилеп имаше најмногу заразени..Кој ќе ти каже што е, како е…?!“

– „Мислам дека не е во ред, затоа што нашиот град е голем, тука доаѓаат и од околниве села, би требало да има, ние сме голем град, не сме малку. За Битола да одиш треба некој да те носи, сам не можиш да одиш, од каде знеш, може ќе ти се слоши, чоек си…“.

– „Рекоа на 15-ти ќе биде, еве сега го продолжија рокот, сега не знајш ни кога ќе биде…Како не е трошок..во Битола на гости да појдиш, една илјадарка ќе летни…“.

– „Прилеп отсекогаш е Прилеп и дека има поголеми специјалисти од Битола, само што е работава – не знам. Дали е некоја политика, а прилепчани нема да одат во други градови дури не дојдат во Прилеп.Еве, прва јас кажувам за мене – дури не дојди вакцината во прилеп, не се вакцинирам…“.

Инаку, засега во Прилеп, вакцинација се врши единствено во Здравствениот дом и тоа само на лица над 70 години. Новиот вакцинален пункт требало да има 15 пулта со капацитет за 1.000 вакцинации дневно.

Каролина Дурло

За CДCM вчepaшните пpoтecти на poдителите биле целосно фиjacко

Според владеачката СДСМ тотално фијаско се случи вчера на протестите за кои таа тврди дека се дело на ВМРО-ДПМНЕ а се случија во неколку градови низ државата.

Од СДСМ не прифаќаат дека протестите се дело на автентична граѓанска иницијатива туку тврдат дека се политичка операција на ВМРО-ДПМНЕ.

“Со недели ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да манипулира со родителите и учениците, од белиот дворец постојано хушкаа, ширеа невистини и лажни вести, се затскриваа зад наводни граѓански иницијативи.

Денеска се покажа дека ова се протести на ВМРО-ДПМНЕ на кои освен членови и симпатизери на партијата, немаа никаква поддршка од јавноста.

Граѓаните, учениците и нивните родители не подлегнаа на манипулациите од белиот дворец и упатија јасно порака дека не им веруваат на лажните вести пласирани од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски”, пишува во соопштението на СДСМ.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново се поразени од граѓаните на кои им е совршено јасно дека се што прави опозициската партије се деструкции, лажни вести и одбрана на криминалот. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција, се вели во ставот на владеачката партија со кој протестите на граѓанската иницијатива “Учебници и настава мора да има”, се препишуваат на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор СДСМ

Во Скопје се одржа пpoтecт против нападите на Изpaeл кон пojacoт Гaза

Во Скопје се одржа протecт пpoтив нападите од Израел кон појасот Газа.

Преносот во живо на ФБ го пренесуваше ТВ 21, погледнете ТУКА