Пандев е институција: Прв историски погодок за Македонија на европските првенства (Видео)

Горан Пандев го даде првиот гол во име на Македонија на ЕП 2020.

Во 18-тата минута Штефан Лајнер при центаршут на Сабитцер реализираше за 1:0 за Австрија, но при едно невнимание на австриската одбрана и голман во 27-та минута, топката се одби до Пандев кој без многу тешкотија погодија за 1:1.

Македонија одлично и парира на Австрија, па фудбалските фанови со право очекуваат многу повеќе во вториот дел од натпреварот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.