дома блог страница 2040

Битолчани возеле бpзо, без возачки дозволи, под дejcтво на алкoxoл – caнкциониpaни 67 возачи во еден ден

На 18.05.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциcка контpoла за алкoxoл, бpзина, пoceдyвање на возачка дозвола, некористење на сигурносен пojac, користење на мобилен телефон при управување возило, тexничка неиcпpaвнocт на возилата.

Притоа, било констатирано дека 24 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената, 17 лица управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, еден возач управувал возило под дејство на алкохол и тој бил исклучен од сообраќај, нерегистрирани биле три возила, на телефон разговарале пет возачи, двајца возачи не користеле сигурносен појас, а непрoписно биле паркирани 15 возила.

За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

Bладата ќе се поднови со 45 автомобили

Владата на Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата за потреба од набавка на моторни возила од страна на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и ја задолжи да ја отпочне постапка за повеќегодишна јавна набавка на 45 моторни возила, по пат на оперативен лизинг (деловен закуп) со времетраење од 36 месеци.

-Оваа одлука е донесена врз основа на карактеристиките на сите разгледани можни начини за набавка на моторни возила, обврските кои произлегуваат од нив, како и од аспект на искуствената примена на оперативниот лизинг досега, и согласно сите сознанија, Владата го прифати мислењето на СОЗР дека најдобра опција е да се спроведе повеќегодишна јавна набавка на моторни возила по пат на оперативен лизинг заради помалите финансиски оптеретувања – информираат од Владата.

(Видео) Популарниот “Ел Матадор” постигна погодок од 40 метри: Погледнете ја оваа мајсторија

Едисон Кавани во 37. коло од Премиерлигата погоди против Фулам (1-1) и се покажа како еден од најдобрите трансфери на Манчестер јунајтед во последните години.

Кавани пред крајот на сезоната има постигнато 16 голови и шест асистенции и си доби нов договор на уште една година, а тоа го прослави со прекрасен гол.

На едно коло пред крајот, вицешампонот Јунајтед и отпишаниот Фулам немаа натпреварувачки дух, но беа сведоци на најдобриот гол во сезоната.

Кавани ја прими топката на центарот, по што го забележа Алфонсо Ареаола дека е излезен од гол-линијата и го матираше од речиси половина терен.

Универзитет во Крагуевац поништи 22 дипломи: Доктор на науки од Битола вели дека знае 100-тина кои треба да се поништат и кај нас

Универзитетот во Крагуевац неодамна поништи 22 дипломи кои ги издал Факултетот за медицински науки, а уште толку диполми се проверуваат, изјави за “Радио слободна Европа” Ненад Филиповиќ, ректор на Универзитетот во Крагуевац.

Според она што во март го кажа Филиповиќ, поништена била и една диплома на доктор на науки, а се проверуваат уште 15 докторски дисертации на доктори на науки од Косово и Македонија, за кои од универзитетот се сомневаат дека се стекнати на нелегален начин.

Информацијата на социјалните мрежи кај нас ја сподели Д-р Дејан Трајковски, редовен професор на Техничкиот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола.

Кога ќе започнат кај нас со поништување на дипломи?

“Нека ме побараат, веднаш ќе им дадам список со стотина имиња од последниве 10 години (само од машинскиот отсек) чии дипломи треба веднаш да се поништат, бидејќи се стекнати со измама организирана од самиот факултет преку лажирани комисиски полагања, откако кандидатите три пати поднеле празни испитни тетратки на регуларни испити.

Сите тие денеска имаат дипломи за дипломирани машински инженери, повеќето и за магистри, некои дури и за доктори на науки, а не знаат, на пример, што е тоа имагинарна единица.

Кучињата лаат, карванот врви…”, напиша Тајковски на ФБ.

Најпознатата стројничка во Прилеп: Благодарение на нејзе се склучиле над 300 успешни бракови

На почетокот од ХХ век Прилеп бил еден од многуте градови во Македонија каде што на специфичен начин луѓето се женеле и мажеле: Тогаш во мода било помеѓу идните младенци да посредува некој стројник…

Стројниците најчесто биле постари мажи и жени и по обичај морале да имаат „Мед во устата“ т.е зборовите да му бидат благи и убедливи.

Една од најпознатите стројничици во тоа време во Прилеп била некоја жена по име Надежда.

Надежда штом за некого посредувала никогаш не промашувала.

Се верува дека благодарение на Надежда во Прилеп се склучиле повеќе од триста бракови и сите успешни за што секогаш била богато наградувана со разни подароци.

Извор: “Прилеп стари фотографии”

Поранешната потпретседателка на СДСМ: “Со Велико Трново во науката- напред!”

Поранешната потпретседателка на СДСМ и професор Ана Павловска Данева со остра критика до министерката за образование Мила Царовска.

– -Со Велико Трново во науката – напред!
Ова е веќе сериозен напредок во подигањето на квалитетот на високото образование и наука во Македонија, пишуваа таа на Фејсбук, споделувајќи ја објавата со наслов „ЧЕСТИТО НА БУГАРИЈА“: ВЛАДАТА ОДОБРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД ВЕЛИКО ТРНОВО ДА ОТВОРИ ФИЛИЈАЛА ВО МАКЕДОНИЈА.

Инаку, на денешната 71-ва седница, Владата ја усвои Одлуката за одобрение за вршење на високообразовна дејност на странска високообразовна установа – Великотрновскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија, на територијата на Македонија.

Ваквата одлука на Владата на РСМ пред неколку дена, на бугарското Национално радио, ја најави ректорот на Великотрновскиот универзитет – проф. Христо Бонџолов, кој изјави дека имал телефонски разговор со премиерот Зоран Заев во кој му била потврдена информацијата.

Владата донесе одлука: Се продолжуваат рестриктивните мерки – еве до кога ќе трае полицискиот час

На денешната седница, на препорака на Комисијата за зapaзни болecти, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година.

Владата одлучи да ги продолжи рестриктивните мерки до 1 јуни со цел намалување на шиерњето на зapaзната болecт предизвикана од виpycот Koвид-19. Имено, бројките на новозapaзени се намалуваат, но бројот на починати е константен и многу висок.

По две недели Владата повтоно ќе одлучува дали мерките ќе се продолжат или ќе се укинат, во секој случај, се ќе зависи од новите бројки на зapaзени од кopoнавиpyc.

Забраната за движење во моментов важи за периодот од 24 до о4 часот.

Ангел Џамбаски со критика кон хрватскиот претседател: “Ова е антибугарска кампања“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што рече, ја обвини Софија за мешање во внатрешните работи на Македонија, дека сака да и наштети и да ја понижи.

Џамбаски вели дека ова е уште една антибугарска кампања и намерна провокација, и тоа на прашање каде што не се потребни тензии.

Според Џамбаски, Милановиќ е загрижен поради барањата на Софија за промена на некои делови од историјата во македонските учебници, што е услов Бугарија да даде зелено светло и да овозможи отворање на преговорите за влез на официјално Скопје во ЕУ.

Осудувајќи ја изјавата на Милановиќ, Џамбаски вели дека хрватскиот претседател се меша во внатрешните работи на Бугарија, со најавата дека отворено ќе се спротивстави на бугарските услови за членство на Македонија во ЕУ.

„Шефот на хрватската држава е огорчен од фактот дека ваквите активности против РСМ доаѓаат од земја која е членка на ЕУ. Јас сум огорчен и од фактот дека една членка на ЕУ напаѓа друга и зазема силна страна во спорот во кој тој не е вмешан“, напиша Џамбаски.

Тој вели дека однесувањето на Милановиќ е неодговорно поради тврдењето дека Бугарија сака да и наштети на Македонија и да ја понижи.

(Фото) “Баба лаже, Америка не лаже”: Поштенски марки со лицата на македонските револуционире изадени во САД во 1928 година

Твит на денот:

“Ова се поштенски марки издадени во САД во 1928 со ликови на македонски револуционери и карта на обединета Македонија”

(Видео) Од стара приколка направиле куќа од соништата, погледнете како изгледа овој дом

Хилда и Мајкл успеале да спакуваат се што им треба за живот на 20 квадратни метри.

Тие се јасен доказ дека со малку фантазија и добра организација, сè е можно.

Од стара камп приколка направиле куќа од соништата во која сега живеат. Има дури две нивоа, а целиот мебел е практичен и секој дел од просторот се користи максимално.